Poslednje Teme
Hidžretski kalendar
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:14
» Odgovora: 0
» Pregleda: 840
Kako glasi Ikamet
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:14
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.033
Dova poslije ezana
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:12
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.061
Šta je ezan i kako se uči...
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:11
» Odgovora: 0
» Pregleda: 996
Kako se uzima abdest
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:08
» Odgovora: 0
» Pregleda: 916
Vrste i načini liječenja ...
Forum: Džinni & Ostalo
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:48
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.584
Propisi hamajlija i njiho...
Forum: Džinni & Ostalo
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:43
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.801
Lijek za sihr i šejtanski...
Forum: Džinni & Ostalo
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:35
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.462
Kako učiti samome sebi ru...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:29
» Odgovora: 2
» Pregleda: 2.202
Kad je bolje jesti
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:20
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.908
Post drugog dana Bajrama
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:16
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.891
Kako se održava svadba na...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:02
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.667
Slanje novca da se kurban...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:58
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.990
Chatanje na Facebook grup...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:40
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.171
Poklanjanje mehra ili odu...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:33
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.131
Muž ne da vjenčani dar
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:31
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.185
Kur’an kao lijek
Forum: Hutbe & Dersovi
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:28
» Odgovora: 1
» Pregleda: 1.888
Vrijednost Ramazana i pos...
Forum: Hutbe & Dersovi
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:26
» Odgovora: 2
» Pregleda: 972
Zekat i sadekatul fitr
Forum: Hutbe & Dersovi
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:24
» Odgovora: 0
» Pregleda: 613
Da li glas žene spada u n...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:20
» Odgovora: 0
» Pregleda: 769
Šta je avret žene pred že...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:19
» Odgovora: 0
» Pregleda: 778
Da li je ženi dozvoljeno?
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:16
» Odgovora: 0
» Pregleda: 762
Da li je ženi dozvoljeno ...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:12
» Odgovora: 0
» Pregleda: 802
Fetve savremenih učenjaka
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:55
» Odgovora: 2
» Pregleda: 1.032
Kada su džuma i bajram u ...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:52
» Odgovora: 1
» Pregleda: 920
Kazivanje o Idrisu, a.s
Forum: Poslanici u Islamu
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:43
» Odgovora: 7
» Pregleda: 2.156
Uzroci propasti i nesreće
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:30
» Odgovora: 1
» Pregleda: 720
Bitka kod Hunejna
Forum: Historija & Nauka
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:05
» Odgovora: 9
» Pregleda: 2.409
Žena koja “skida sihre”
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
26-12-2023.18:23
» Odgovora: 1
» Pregleda: 919
Razumijevanje sunneta
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.18:08
» Odgovora: 1
» Pregleda: 888
Javno činjenje grijeha
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.18:04
» Odgovora: 2
» Pregleda: 1.026
Ustraj i ne požuruj rezul...
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.18:02
» Odgovora: 1
» Pregleda: 798
U zamci virtualnog svijet...
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:59
» Odgovora: 2
» Pregleda: 941
Korištenje spornih izreka
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:53
» Odgovora: 0
» Pregleda: 642
Davanje novca za iskup ne...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:51
» Odgovora: 1
» Pregleda: 845
Kako razumjeti hadise koj...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:50
» Odgovora: 0
» Pregleda: 787

 
Rainbow Ет-Тегабун (Меѓусебна измама)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.14:56 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕТ-ТЕГАБУН” (“Меѓусебна измама”)


Медина- 11 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави! Власта е - Негова! И блгодарноста - Нему Му припаѓа. Он е Кадар за се!

2. Он е Оној кој ве создаде: Меѓу вас има верници а има и неверници. Аллах го гледа она што го работите!

3. И небесата и Земјата ги создаде со вистина и ве обликува, давајќи ви најличен облик. Свратилиштето е - кон Него!

4. Он го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата, Он го знае и она што го криете и она што го обелоденувате. Аллах го знае она што го кријат градите!

5. Нели ви дојде кажувањето за оние кои не веруваа од порано па ги вкусија последиците од постапката своја... ? И за нив има казна болна!

6. Ете, тоа е зашто им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии, па зборуваа: “Човек ли да не упатува?” Па, не веруваа и ги вртеа плеќите. А на Аллах не Му треба ништо. А Аллах е Богат и за благодарност Достоен!

7. Оние кои не веруваат мислат дека нема да бидат проживеани. Кажи: “Да, се колнам Господарот мој ќе ве оживи, сигурно, и ќе ве извести за она што го работевте, сигурно! Тоа за Аллах, секако, е лесно!

8. Па, верувајте во Аллах и во пејгамберот Негов и во светлината што Ние ја објавивме. Аллах е Известен за она што го работите!

9. Денот во кој Он ќе ве збере - Денот на собирањето - ете, тоа е Ден на измама меѓусебна. А оној кој верува во Аллах и кој работи добро... ќе ги отстрани од него лошите дела негови, и ќе биде воведен во бавчите џеннетски низ кои реки течат; и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голема!

10. А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... онаквите се жители на огнот и во него за навек ќе останат. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

11. Никаква неволја не се случува без одобрението Аллахово. Оној кој верува во Аллах го упатува своето срце. Аллах знае се!

12. Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов! Па, ако ги свртите плеќите... пејгамберот Наш е задолжен само да извести јасно!

13. Аллах! Нема друг бог освен Него! И врз Аллах, тогаш, нека се потпираат верниците!

14. О верници, меѓу жените ваши и меѓу децата ваши имате непријатели. Внимавајте, тогаш! А ако, пак, ги помилувате и поминете преку тоа и ако им простите... та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

15. И имотите ваши и децата ваши се искушение, навистина! Кај Аллах наградата е најголема!

16. Плашете се, тогаш, од Аллах! Слушајте онолку колку што можете; бидете послушни и делете добро заради вас самите! А оној кој се чува себеси од лакомост... онаквите, токму, се спасените!

17. А ако на Аллах Му дадете добар заем, Он ќе ви го удвои и Он ќе ви прости. Аллах е Благодарен и Благ!

18. Зналец на тајното и јавното, Силен и Мудар!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Мунафикуун (Дволичници)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.14:56 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕЛ-МУНАФИКУУН” (“дволични”)

Медина - 11 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Кога ти дојдоа дволичните ти зборуваа: “Сведочиме дека си, навистина, Аллахов пејгамбер.А Аллах знае дека си ти Негов пејгамбер! А Аллах, пак, сведочи дека дволичните се лажговци!

2. Заклетвите нивни ги земаат за штит па оддалечуваат од Аллаховиот пат. Навистина, колку е лошо она што го работат!

3. Ете, тоа е заради тоа што веруваа а потоа не веруваа: па, се запечатија срцата нивни и не сфаќаа.

4. А кога ќе ги видиш телата нивни те вчудоневидуваат, а кога, пак, ќе прозборат нешто, го слушаш говорот нивни: како да се дрва потпрени, мислејќи дека секој глас е против нив. Ете, тоа се, токму, непријатели: внимавај на нив! Аллах нека ги отепа! Па, каде кинисуваат?

5. А кога ќе им се рече: Дојдете! Аллаховиот пејгамбер ќе бара прошка за вас! - ги тресат главите свои и ги гледаш како се оддалечуваат. Токму се горделивите!

6. Сеедно е: да бараш или да не бараш прошка за нив - Аллах не ќе им прости. Аллах, навситина, не го упатува народот расипнички!

7. Тие, токму, зборуваат: “Не делете им на оние кои се крај пејгамберот Аллахов за да се оддалечат!” Ризниците и на небесата и на Земјата се Аллахови, но, ете, дволичните не сфаќаат.

8. Тие, токму, зборуваат: “Ако бидеме вратени во Медина посилниот ќе го натера послабиот, сигурно! Моќта му припаѓа на Аллах, и на пејгамберот Негов, и на верниците но, ете, дволичните не знаат!

9. О верници, нека не ве одвратат од споменувањето на Аллах ни имотите ваши ни децата ваши. А кој тоа ќе го направи... па, онаквите се поразени!

10. И делете од ‘рскот што Ние ви го дадовме пред да му дојде некому смрт, па да рече: Господаре мој, е, кога би ме задржал барем малку, па да давам садака и да бидам меѓу добрите!?”

11. Кога некому ќе му дојде крајот Аллах сигурно не ќе го продолжи животот негов. Аллах е Известен за она што го работите!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Џуму'а (Џума)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:17 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕЛ-ЏУМУ'А” (“Џума”)

Медина - 11 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави, Владарот, Светиот, Силниот и Мудриот!

2. Меѓу незнабошците Он испрати пејгамбер од нив: да им ги кажува ајетите Негови, и да ги очисти, и да ги поучи и во Книгата и во Мудроста, иако порано беа скршнати во заблуда очигледна!

3. И на други меѓу нив кои уште не им се приклучија... Он е Силен и Мудар!

4. Ете, тоа е добрината Аллахова што ја дава кому Он сака. Аллах е Поседник на добротија неизмерна!

5. Примерот на оние кои го понесоа Теврат, а потоа го напуштија, е како примерот на магаре кое носи книги. Е, само колку е лош за луѓето народот кој ги сметаше за лажни ајетите Аллахови! Аллах не го упатува народот зулумќарски!

6. Кажи: “О Евреи, ако замислувате дека сте пријатели на Аллах за разлика од другите луѓе, тогаш, посакајте ја смртта ако сте искрени!”

7. Никогаш не ќе ја посакуваат токму заради она што го направија рацете нивни. Аллах најдобро ги знае зулумќарите!

8. Кажи: “ Смртта од која бегате... па, ќе ве стигне, навистина! Потоа ќе бидете вратени кон Зналецот на тајното и јавното, па така, ќе ве извести за она што го работевте!”

9. О верници, кога ќе се повика на намаз во петок... па, побрзајте кон споменувањето на Аллах, и оставете ја купопродажбата. Ете, тоа е подобро за вас само да знаете!

10. А кога намазот ќе се изврши... па, растурете се по земјата и барајте од добрината Аллахова, и споменувајте го Аллаха, многу, за да бидете спасени!

11. А кога ќе видат нешто од трговијата или од веселба некаква, се расфрлаат и те оставаат, стоејќи. Кажи: “Нема добро кај Аллах ни од веселбата ни од трговијата. Аллах меѓу снабдувачите е најдобриот Снабдувач!”

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ес-Сафф (Редови)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:16 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕС-САФФ” (“редови”)

Медина - 14 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави! Он е Силен и Мудар!

2. О верници, зошто го зборувате она што не го работите?

3. Е, само колку е гнасно кај Аллах кога го зборувате она што не го работите!

4. Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени!

5. И кога Муса му рече на народот свој: “О народе мој, зошто ме казнувате кога веќе знаете дека сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер?”И бидејќи скршнаа настрана Аллах даде да скршнат и срцата нивни. Аллах не го упатува народот расипнички!

6. И кога Иса, синот на Мерјем, рече: О синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосница за пејгамберот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед. И бидејќи им дојде со јаснотии, рекоа: Ова е волшебништво јасно!

7. А кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах а кој е повикан кон Исламот? Аллах не го упатува народот зулумќарски!

8. Оние посакуваат да ја угаснат светлината Аллахова со устите свои. А Аллах ја надополнува светлината Своја, и покрај тоа што го презираат неверниците!

9. Он го испраќа пејгамберот Свој, со Патоказ и со вера вистинска, за да ја изрази над сите други вери, и покрај тоа што го презираат многубошците!

10. О верници, да ви укажам ли на трговијата која ќе ве спаси од казната болна?

11. Верувајте и во Аллах и во пејгамберот Негов и борете се на Аллаховиот пат и со имотите ваши и со животите ваши! Ете, тоа е подобро за вас... само ако знаете!

12. Он ќе ви прости за гревовите ваши и Он ќе ве воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во живеалишта убави меѓу бавчите на Адн. Ете, тоа е победа голема!

13. И други работи што ги сакате: Помошта е од Аллах а и победата блиска. И зарадувај ги верниците!

14. О верници, бидете поддржници Аллахови како, кога им рече синот на Мерјем на Другарите: “Кој ќе биде заради Аллах поддржник Мој?” Рекоа: “Ние сме поддржници на Аллах.” И, ете, така поверува една дружина меѓу синовите Израилови, а една дружина, пак, не поверува. И: оние кои веруваа Ние ги потпомогнавме против непријателите нивни и, ете, станаа победници!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Хашр (Протерување)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:15 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕЛ-ХАШР” (“Протерување”)

Медина -24 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Аллаха го слави и она што е на небесата и она што е на Земјата. Он е Силен и Мудар!

2. Он е оној кој ги изведе оние кои не веруваат меѓу Следбениците на Книгата од домовите нивни при првото протерување. Вие и не помислувате дека ќе си отидат. А тие, всушност, помислуваа дека тврдините нивни ќе ги заштитат од Аллах. Па, така, Аллах им даде казна отаде од каде што не се надеваа. И Он во срцата нивни внесе страв: ги рушеа домовите свои и со рацете свои и со рацете на верниците. Тогаш, земете ука, о островидни!

3. А Аллах да не им пропишеше прогонство, ќе ги казнеше на овој свет, сигурно! А на Ахирет за нив има казна огнена!

4. Ете, тоа е заради тоа што се одвоија и од Аллах и од пејгамберот Негов. И секој оној кој прави раздор во однос на Аллах... па, Аллах, навистина, е Строг Казнувач!

5. Урмите што ги посековте или што ги оставивте да стојат врз корените нивни... тоа го направивте со одобрението Аллахово за да ги уплашите расипаните!

6. Се она што Аллах направи за да стигне пленот до пејгамберот Негов... вие не ги впрегнавте за тоа ни коњите, ни камилите... туку Аллах им донесува власт на пејгамберите над кого сака, а Аллах, секако, е Кадар за се!

7. Се она што Аллах направи да стигне пленот до пејгамберот Негов од жителите на градот па... тоа му припаѓа на Аллах, и на пејгамберот, и на ближните, и на јетимите, и на сиромашните, и на патниците... да не би поминувало од раце в раце на богатите меѓу вас. А она што ќе ви го даде пејгамберот - прифатете го, а она што ќе ви го забрани - забранете го! Плашете се од Аллах! Аллах, навистина, е Жесток Казнувач!

8. Им припаѓа на сиромашните мухаџири кои се истерани од домовите свои и од имотите свои, тежнеејќи кон задоволството и добрината Аллахова; и кои го помагаат Аллаха и пејгамберот Негов. Оние, токму, се искрените!

9. И оние кои ја спремаа Медина за живот и за иман уште пред нив: кои ги сакаа оние што се иселија кај нив, и кои не наоѓаат во градите нивни никаква потреба од она што им е дадено, зашто ги сакаат повеќе од самите себеси, иако кај нив има недостиг! А оние кои ќе се сочуваат од лакомост, па оние, токму, се спасените!

10. Оние кои дојдоа по нив, зборуваат: “Господаре наш, прости ни, нам и на браќата наши, и на оние кои ни претходеа во иманот, а срцата наши, пак, сочувај ги од злоба, кон оние кои веруваат. Господаре наш, Ти си, навистина, Сочувствителен и Сомилосен!

11. Не ги гледаш ли оние кои дволично се однесуваат како им зборуваат на браќата свои што не веруваат меѓу Следбениците на Книгата: “Ако бидете истерани и ние со вас, сигурно, ќе излеземе и никојпат никому против вас нема да бидеме послушни, а ако, пак, бидете нападнати, ќе ви помогнеме, сигурно! А Аллах сведочи дека се тие лашковци, навистина!

12. А ако, пак, бидат истерани, не излегуваат со нив,а ако бидат нападнати, не им помагаат; а ако, пак, им помогнат, ќе побегнат, сигурно! И потоа ќе останат беспомошни!

13. Повеќе стравуваат од вас, во градите свои, отколку од Аллах. Ете, тоа се луѓе кои, навистина, не разбираат!

14. Тие заедно се борат против вас само во градовите утврдени или зад ѕидовите. Јачината своја ја покажуваат само едникондруги. Помислуваш дека се сложни, а срцата пак им се разединети. Ете, заради тоа што се луѓе кои не сфаќаат, навистина!

15. Слични се на оние пред нив, не многу далеку, кои непосредно ги вкусија последиците на постапката своја: за нив, меѓутоа, има казна болна!

16. Слични се на Шејтанот кога ќе му рече на човекот: Не верувај! И бидејќи не ќе верува, ќе рече: Јас сум, навистина, далеку од тебе. Да, јас се плашам од Господарот на световите!

17. И двајцата ќе бидат казнети; во огнот ќе останат за навек, навистина! Ете, тоа е казната за зулумќарите!

18. О верници, плашете се од Аллах, и секој човек нека го погледа она што го направил за утре! Плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

19. И немојте да бидете како оние кои заборавија на Аллах... та, самите на себеси заборавија. Онаквите, токму, се расипаните!

20. Не се еднакви жителите на огнот и жителите на Џеннетот. Жителите на Џеннетот, токму, се победниците!

21. Кога овој Кур’ан би го објавиле на некое брдо... ќе го видиш брдото како ќе се здроби, плашејќи се од Аллах. Ете, тоа се примерите кои Ние ги изнесуваме за луѓето да размислуваат!

22. Он е Аллах! Нема друг бог освен Него; Зналец на видливото и невидливото. Он е Милостив и Сомилосен!

23 Он е Аллах! Нема друг бог освен Него! Владар, Свет, Спасител, Мирољубив, Заштитник, Силен, Моќен, Горд! Славен нека е Аллах, високо над она што Му го здружуваат!

24. Он е Аллах! Создател, Творител, Обликувач! Најубавите имиња се - Негови! Него го слави и она што е на небесата и она што е на Земјата! Он е Силен и Мудар!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Муџаделе (Расправа)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:14 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕЛ-МУЏАДЕЛЕ” (“расправа”)

Медина -22 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Аллах, секако, го слушна зборот на таа која расправаше со тебе за мажот нејзин и која се жалеше на Аллах. Аллах ја слушна расправата ваша. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

2. Оние меѓу вас кои ќе прават зихар на жените свои, тие не им се мајките нивни, а мајките нивни се само оние кои ги родија... зборуваат, секако, тешки зборови. А Аллах, навистина, е Помилувач и Простувач!

3. А оние кои прават зихар кон жените свои, а потоа ќе се вратат кон она што го рекоа, треба да ослободат роб пред да се состанат со нив. Ете, тоа ви се советува. Аллах е Известен за она што го работите!

4. А оној кој не ќе може, па нека пости два месеца едензадруг пред да се состанат. А ако тоа некој не може, нека нахрани шеесет сиромаси. Ете, тоа за да верувате во Аллах и во Пејгамберот Негов. Ете, тоа се границите Аллахови. А за неверниците, пак, има казна болна!

5. Оние кои му се спротиставуваат на Аллах и на Пејгамберот Негов ќе бидат осрамотени како што се осрамотени оние пред нив. Ние објавивме, секако, ајети јасни. А за неверниците има, пак, срамна казна!

6. На Денот во кој Аллах ќе ги збере сите па ќе ги извести за она што го работеа. Аллах тоа го преброи и тие тоа го заборавија. Аллах, секако, е Сведок за се!

7. Не виде ли дека Аллах, навистина, го знае се она што е на небесата и на Земјата? Нема доверлив состанок меѓу тројца а Он да не е четвртиот; нема ни меѓу петмина а Он да не е шестиот; ниту помалку ниту повеќе од тоа, а Он да не е со нив и каде било да се! Потоа ќе ги извести за она што го работеа на Денот суден. Аллах, навистина, знае се!

8. Не ги виде ли оние на кои им се забрануваше да се состануваат тајно, потоа се вратија кон она што им беше забрането; се состануваат тајно заради грев и непријателство и непослушност кон пејгамберот. И кога ти доаѓаат ти упатуваат поздрав онака како што Аллах не те поздрави, а во себеси си зборуваат: “Па, Аллах не не казнува за она што го зборуваме!” Џехеннемот, во кој ќе бидат фрлени, е доста за нив! Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

9. О верници, кога ќе се состанувате не состанувајте се тајно за грев, и непријателство и непослушност на пејгамберот, туку состанувајте се за доброчинство и богобојазливост. Плашете се од Аллах кај кого, токму, ќе се зберете!

10. Состанувањето тајно, навистина, е една од шејтанските работи: само да се вознемират оние кои веруваат. Тоа во ништо не ќе им наштети, освен со одобрението Аллахово. Па, врз Аллах нека се потпираат верниците!

11. О верници, кога ќе ви се рече: “Направете места, таму каде што се држат состаноци, на другите... та, и вам Аллах ќе ви пушти место!” А ако се рече: “Станете па, станете! Аллах ќе ги воздигне меѓу вас оние кои веруваат и на оние на кои им е дадено знаење, кои се на повисоки степени. Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

12. О верници, кога ќе се состанете со пејгамберот, поделете садака пред да се состанете со него. Ете,тоа, секако, е подобро и почисто за вас! А ако, пак, немате... па, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

13. Се плашите ли, пред состанувањето со него, да дадете садака? Па, ако тоа не го направите, а Аллах ви прости, тогаш, намаз извршувајте и зекат давајте и бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах е Известен за она што го работите!

14. Не ги виде ли оние кои се спријателија со народот, а на кој Аллах се налути? Оние не се ваши а не се и нивни. А се колнат за лагата, знаејќи!

15. Аллах им подготви жешка казна. Е, само колку е лошо она што го работеа!

16. Ги земаат заклетвите свои како штит, па така, одвраќаат од Аллаховиот пат. И за нив има казна срамна.

17. Не ќе им користат ни имотите нивни, ни децата нивни, кај Аллах, во ништо. Оние се жители на огнот, и во него за навек ќе останат!

18. На Денот кога Аллах сите ќе ги оживи: ќе се колнат во Него како вам што ви се колнат, сметајќи дека тоа ќе им користи во нешто. Не, лашковци се, навистина!

19. Шејтанот изнајде начин како да ги совлада, па така, ги натера да го заборават споменувањето на Аллах. Тие се странка на Шејтанот. Да, странката на Шејтанот е онаа која губи.

20. Оние кои, навистина, Му се спротиставуваат на Аллах и на пејгамберот Негов... тие ќе бидат, токму, најпонижените!

21. Аллах пропиша: “Јас и пејгамберите Мои ќе победиме, сигурно!” Аллах, навистина, е Јак и Силен!

22. Не ќе најдеш луѓе кои веруваат во Аллах и во Денот суден да се дружат со оние кои се против Аллах и пејгамберот Негов: било да се тоа предците нивни, синовите нивни или браќата нивни или роднините нивни. Во срцата нивни го впиша верувањето и ги оспособи со Духот од страна Негова, и Он ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат! И Аллах ќе биде задоволен од нив а и оние ќе бидат задоволни од Него. Ете, тоа е странката на Аллах. Да, странката на Аллах, навистина, е онаа која победува!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Хадид (Железо)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:13 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕЛ-ХАДИД” (“железо”)

Медина- 29 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!



1. И се што е на небесата и на Земјата го слави Аллаха. Он е Силен и Мудар!

2. Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Он оживува и Он усмртува! Он е Кадар за се!

3. Он е и Прв и Последен! Видлив и Невидлив! Он знае се!

4. Он е Оној кој ги создаде и небсата и Земјата за шест дена а потоа се утврди на Аршот. Он знае и што влегува во земјата и што излегува, што се спушта од небото и што се воздигнува кон него. И Он е со вас каде и да сте. Аллах го гледа она што го работите!

5. Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! И кон Аллах се враќаат нештата!

6. Он ноќта ја вовлекува во денот а денот го вовлекува во ноќта. Он го знае она што е во градите!

7. Верувајте и во Аллах и во пејгамберот Негов и делете од она што ви го оставија да располагате со него. Па, оние кои веруваат меѓу вас и кои делат... ги чека награда голема!

8. Што ви е? Не верувате во Аллах, а пејгамберот ве повикува да верувате во Господарот ваш. Да, Он го прифати договорот ваш - само ако сте верници!

9. Он е Оној кој му објавува на робот Свој ајети јасни за да ве изведе од темнината во светлина. Аллах, навистина, ви е Сочувствителен и Сомилосен!

10. Што ви е? Зошто не делете на Аллаховиот пат? Миразот и на небесата и на Земјата е - Аллахов! Меѓу вас не се еднакви оние кои делеа пред победата и кои се бореа. Оние кои се бореа се на повисоки степени од оние кои делеа по тоа и кои се бореа. А и на едните и на другите Аллах им вети награда. Аллах е Известен за она што го работите!

11. На оној што ќе му позајми на Аллах убав заем... па, Аллах ќе му удвои, и за него има награда благородна,

12. на Денот во кој верниците и верничките ќе ги видиш како светлината нивна поминува пред нив, од десната страна нивна: Еве ви радосница: бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе се остане. Ете, тоа е победа голема!

13. На Денот во кој дволичните, мажи и жени, ќе им зборуваат на верниците: Почекајте не, да позајмиме од светлината ваша! Ќе им се рече: Вратете се назад, па побарајте светлина! Меѓу нив ќе биде поставен ѕид во кој ќе се наоѓа врата. Од внатрешната страна има милост, а од надворешната страна казна.

14. Ќе ги повикаат: Не бевме ли со вас?” Ќе речат: Да! Но, вие самите се сплеткавте, очекувавте, се двоумевте, и по желбите ваши ве заведоа се додека не дојде наредбата Аллахова. Заводникот ве заведе од Аллах!

15. Па, денес од вас не ќе се земе откупнина, а и од оние кои не веруваа. Огнот е престојувалиштето ваше и засолништето ваше. Е, само колку е лошо тоа свратилиште!

16. Не дојде ли мигот за оние кои веруваат срцата да им смекнат, да се уплашат кога ќе се спомене Аллах, и вистината што им се објавува, и да не бидат како оние порано со дадената им Книга... па, времето им се оддалечи а срцата им станаа тврди. Мнозинството од нив се расипани!

17. Знајте дека Аллах, навистина, ја оживува земјата по мртвилото нејзино! Веќе ви ги објаснивме ајетите за да се вразумите!

18. Оние кои, навистина, даваат садака, мажи и жени, му даваат на Аллах добар заем. Он ним ќе им удвои и за нив има награда благородна!

19. А оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов - тоа се, токму, искрените; шехидите кај Господарот нивни ќе имаат награда своја и светлина своја. А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... тоа се жителите џехеннемски!

20. Знајте дека животот на овој свет, навистина, е игра и забава, и украс и горделивост меѓу вас, и натпреварување и во имотот и во децата, како дожд што ќе ги вчудоневиди земјоделците со растенијата што ќе никнат од него кои, потоа, ќе се осушат па ќе ги видиш пожолтени, а потоа ќе ги видиш како се ронат. А на Ахирет има казна жешка, и прошка и задоволство Аллахово. Животот на овој свет е само уживање кое заведува.

21. Претходете еднинадруги во барање прошка од Господарот ваш, и во барање на Џеннетот кој се простира колку што се простираат небесата и Земјата. Подготвен е за оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов. Ете, тоа е добрината Аллахова која ја дава кому сака. Поседник на добрината голема!

22. И секоја неволја што ќе се случи на земјата и меѓу вас е внесена во Книгата, од порано, од Нас создадена, што, за Аллах, навистина, е лесно,

23. за да не се жалостите за она што не можете да го избегнете и да не се радувате многу за она што Он ви го дава. А Аллах не го љуби оној кој се фали и кој се гордее,

24. и оние кои шкржават, и кои им наредуваат на луѓето скришно, и кои ги вртат плеќите... па, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

25. Ние ги испративме пејгамберите Наши, навистина, со јаснотии и преку нив објавивме Книга и Мизан за луѓето да се однесуваат праведно. А и железото го создадовме во кое има голема сила и корист за луѓето. И за да се знае кај Аллах кој Го помага Него и пејгамберите Негови во тајност. Аллах, навистина, е Јак и Силен!

26. Да, и Ибрахим и Нух Ние ги испративме, а меѓу потомството нивно одредивме и пратеништво и Книга: некои од нив беа упатени, а мнозинството меѓу нив се расипани!

27. Потоа Ние по трагите нивни испраќавме пејгамбери
Наши; го испративме и Иса, синот на Мерјем, и му дадовме Инџил, а во срцата на оние кои го следеа, внесовме и доблест и милост а монаштвото самите го создадоа. И се што Ние им пропишавме е само желба за задоволството Аллахово. Но, тие за него не водат грижа вистинска. А на оние кои веруваа ќе им ја дадеме наградата нивна, а мнозинството беа расипани!

28. О верници, плашете се од Аллах и верувајте во пејгамберот Негов: Он ќе ви даде од милоста Своја две награди, и ќе ви одреди светлина по која ќе одите, и ќе ви прости. Аллах е Простувач и Сомилосен!

29. А Следбениците на Книгата нека знаат дека ништо не можат да постигнат од добрината Аллахова, и дека добрината е во рацете Аллахови, и Он ја дава кому сака. А Аллах е Поседник на добрината голема!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Вакиа (Случка)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:12 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕЛ-ВАКИ’А (“Случка”)

Мекка - 96 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Кога Случката ќе се случи,-

2. за таа случка не може да се слаже,-

3. таа ќе потцени и ќе воздигне!

4. Кога земјата, тресејќи се, ќе се затресе, силно,

5. и кога брдата, кршејќи се во делови, ќе се скршат силно...

6. па, ќе станат прашина разнесена,

7. и ќе ве има три видови:

8. - луѓе исправни, - а кои се тие луѓе исправни?

9. - луѓе неисправни, - а кои се тие луѓе неисправни?

10. - оние кои претходат, - а кои се тие кои претходат?

11. Ќе бидат до Господарот нивни блиски,

12. во бавчите џеннетски, прекрасни!

13. Многумина од народите одамнешни,

14. а малкумина од народите недамнешни!

15. На кревети едникондруги поставени,

16. и на дивани потпрени, едникондруги свртени!

17. Ќе ги служат вечно млади момчиња, одејќи од едендодруг,

18. со чаши, и со ибрици и со пехари, со вода изворска,

19. од неа не ќе се оддалечат и не ќе се откажат.

20. Ќе има и овошје од кое сами ќе си бираат,

21. и месо птичје, од она што ќе го посакуваат,

22. и Хурии со очи крупни,

23. слични на бисер скриен -

24. како награда за она што го работеа!

25. Во него не ќе се слушаат ни безработици ни обвиненија,

26. само ќе се вели: “Селам! Селам! “

27. И луѓе исправни, - а кои се тие луѓе исправни? -

28. ќе бидат меѓу градини со плодови изобилни, без трње,

29. и меѓу банани, со плодови поредени,

30. и меѓу ладовини растегнати,

31. и крај вода што тече;

32. ќе има и овошје разновидно:

33. ниту ќе престане ниту ќе се забрани,

34. и на постели подигнати!

35. Да, Ние хурии ќе создадеме одново!

36. Па, Ние ќе одредиме да бидат девици,

37. вљубени во мажите свои, со иста возраст,

38. за луѓето исправни:

39. ќе има многу меѓу народите дамнешни,

40. и многу меѓу народите недамнешни!

41. А луѓето неисправни, - а кои се тие луѓе неисправни? -

42. тие ќе бидат во оган пламенен и во вода што врие,

43. и во сенката на чадот жежок;

44. ќе нема ни лад ни доблест.

45. Овие беа пред тоа, навистина, расипници,

46. во големите гревови истрајни,

47. и зборуваа: “Кога ќе умреме и кога коски ќе станеме, тогаш ли, навистина, оживеани да бидеме?

48. И уште ли предците наши одамнешни?”

49. Кажи: “Да, и одамнешните и недамнешните,

50. ќе бидат збрани на одредено место и во Денот познат.”

51. Потоа, о вие, во заблуда скршнати, вие што лажете,

52 ќе јадете од дрвото Зеккум,

53. и од него ќе ги полнете стомаците,

54. па, над тоа, вода што врие ќе пиете.

55. Тогаш ќе пиете како што пијат камилите жедни.

56. Ова е честењето нивно на Денот суден!

57. Ние ве создадовме... тогаш, зошто вие не признавате?

58. Вие не го гледате семето што го фрлате,

59. или, пак, вие го создавате или, пак, Ние сме создатели?

60. Ние меѓу вас одредуваме смрт и никој не може да Не претекне,

61. така што го менуваме изгледот ваш и ве обликуваме во она што не го знаете!

62. Познато ви е, секако, создавањето прво, па нема ли да се сетите?

63. Го видовте ли она што го посеавте?

64. Вие ли давате да никне или, пак, Ние даваме да никне?

65. Да посакавме ќе го здробевме, сигурно! И ќе останевте вчудоневидени.

66. Ќе речевте: “Да, оштетени сме!

67. Не, ускратено ни е се!”

68. Ја гледате ли и водата што ја пиете?

69. Вие ли ја спуштате од облакот или, пак, Ние ја спуштаме?

70. Да посакаме можеме да дадеме да биде солена. Па, нема ли да се заблагодарите?

71. Го гледате ли огнот што го палите?

72. Вие ли го создадовте дрвото за него или, пак, Ние го создадовме?

73. Ние даваме да биде опомена и корист за патниците низ пустиња.

74. Па, слави Го со името Господарот твој Голем!

75. Но, не! Се колнам во заоѓањето на ѕвездите,

76. дека тоа, навистина, е заклетва голема, е, кога би знаеле!

77. Да, тоа е Кур’ан благороден,

78. во Книгата сочуван!

79. Го допираат само чистите;

80. тој е Објава од Господарот на световите!

81. Овој ли Говор вие го потценувате?

82. Тоа е ‘рск ваш што ви се дава а вие, пак, лажете.

83. А зошто вие, кога душата ќе застане во грлото,

84. тогаш гледате?

85. А Ние сме поблиску до него од вас, но вие не гледате!

86. Зошто, тогаш, ако не сакате да бидете казнети,

87. не ја вратите ако сте искрени?

88. А ако некој биде од блиските на Аллах:

89. за него ќе има и радост и цвеќе мирисно и бавчи џеннетски, благословени!

90. А ако, пак, биде еден од среќните,

91. па, нека биде поздрав врз тебе од среќните!

92. А ако, пак, биде еден од лашковците, во заблуда скршнатите,

93. тогаш ќе биде дочекан со вода што врие,

94. и со пржење во џехеннемот.

95. Да, ова е вистина доверлива!

96. И слави Го, тогаш, со името Господарот твој голем!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ер-Рахман (Милостивиот)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:12 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕР-РАХМАН” (“Милостивиот”)

Медина - 78 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Милостивиот!

2. Кој го поучи со Кур’анот!

3. Он го создаде човекот!

4. Он го поучи да објаснува!

5. И Сонцето и Месечината одат по пресметаното!

6. И ѕвездите и стеблата паѓаат на сеџде.

7. И Он небото го подигна и одреди рамнотежа.

8. Да не ја преминувате границата на правдата.

9. И мерете исправно и не откинувајте!

10. И Он земјата ја растегна за битијата,

11. и на неа има овошје и урми обвиткани,

12. и жито со лисје и цвеќиња мирисни,

13. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

14. Он го создаде човекот од стврдната глина,

15. а џиновите ги создаде од пламен огнен,

16. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

17. Господарот на два истока и на два запада,

18. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

19. Ги оддели две мориња кои само се допираат:

20. меѓу нив има Препрека, и не се мешаат,

21. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

22. Од нив излегуваат бисери и мерџан,

23. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

24. Негови се и бродовите кои се издигаат во морето како брда,

25. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

26. И се што е на земјата е - минливо;

27. останува само Господарот твој, Вишниот и Почитуваниот,

28. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

29. И се што е на небесата и на Земјата - Него го моли. И секој ден Он е спремен за се,

30. па за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

31. Наскоро Ние ќе ве испразниме, о џинови и луѓе,

32. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

33. О дружино на џинови и луѓе, ако можете да ги преминете краиштата на небесата и на Земјата, преминете ги! Ќе ги преминете само со голема моќ,

34. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

35. Против вас ќе се испрати еден огнен пламен, и уште чад и не ќе можете да си помогнете,

36. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

37. Па, кога небото ќе испука и кога ќе стане црвено како на оган спржен зејтин,

38. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

39. Тоа е Ден во кој луѓето и џиновите нема да бидат прашани за гревовите свои,

40. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

41. Силниците ќе се познаваат по изгледот свој, па ќе бидат зграбени и за чела и за нозе,

42. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

43. Еве, ова е Џехеннемот кој го сметаа за лажен силниците!

44. Меѓу него и водата што врие ќе се движат,

45. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

46. А за оној што се плаши од стоењето пред Господарот свој ќе има две бавчи џеннетски,

47. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

48. И двете со раскошни стебла преполни,

49. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

50. Во тие две бавчи ќе има и извори два кои ќе течат,

51. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

52. Во нив ќе има и овошје, од секое по два вида,

53. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

54. Ќе бидат наслонети на дивани чии прекривачи ќе бидат од кадифе, а бербата во нив ќе биде блиска,

55. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

56. Во нив ќе има и такви со соборени погледи што не ги допрел пред нив ни човек ни џин,

57. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

58. Како да се бисер и мерџан,

59. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

60. Наградата за доброчинството е само доброчинството, зар не?

61. Па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

62. Освен тие две бавчи ќе има за нив и две други,

63. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

64. Темнозелени ќе бидат,

65. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

66. Во нив ќе има и два извора што прскаат,

67. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

68. Во нив има и овошје, и урми и шипки,

69. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

70. Во нив ќе има и убавици, предобри и прелични,

71. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

72. Хурии, во шатори скриени,

73. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

74. Не ги допрел пред нив ни човек ни џин,

75. па, за која благосостојба на Господарот ваш лажете!?

76. Ќе бидат потпрени на седишта: зелени, вчудоневидувачки, убави,

77. па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

78. Нека е возвишен Господарот твој, Вишниот и Благородниот!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Камер (Месечина)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:10 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

Сура

“ЕЛ-КАМЕР” (месечина)

Мекка - 55 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

1. Часот се приближува а Месечината се расцепува.

2. А ако здогледаат знамение - рамнодушни се, и зборуваат: “Волшебништво постојано!”

3. И лажат и страстите свои ги следат, и секоја ствар е утврдена.

4. Да, им дојдоа кажувања да ги одвратат:

5. мудрост дофатна но, ете, опомената не вреди.

6. Па, сврти ги плеќите кон нив на Денот кога Он, повикувајќи, ќе повика кон нешто страшно.

7. Ќе се појават со соборени погледи од гробовите како да се скакулци расфрлени,

8. брзајќи кон Оној кој ги вика, а неверниците ќе речат: “Ова е тежок Ден.”

9. А пред нив лажеше и народот на Нух, го сметаа за лажен робот Наш, и зборуваа: “Луд е!” И го оневозможуваа!

10. Па го повика Господарот свој: “Јас сум, навистина, победен; тогаш, помогни ми!”

11. И тогаш Ние ги отворивме вратите небесни низ кои потече пороен дожд;

12. па, така, Ние дадовме да избијат извори и да се спои водата како што беше со наредбата одредено;

13. и го префрливме на штици, со шајки заковани:

14. плови пред очите Наши; тоа е казна за оној кој не верува.

15. Да, тоа го оставивме да биде знамение: па, има ли некој кој го прифаќа?

16. Каква беше, тогаш, казната Моја и опомената Моја?

17. Да, Ние го олеснивме Кур’анот за опомена, па кој го прифаќа?!

18. Ад лажеше, па каква беше казната Моја и опомената Моја?!

19. И врз нив Ние испративме, во еден ден определен, ветар кој постојано мете:

20. луѓето ги носеше како да се гранки од урма скршени.

21. Па, каква беше казната Моја и опомената Моја?!

22. Да, Кур’анот Ние го олеснивме за опомена, па кој го прифаќа?!

23. И Семуд лажеше за опомените,

24. па, зборуваа: “Човек ли да биде меѓу нас што ќе го следиме? Ние сме, тогаш, во беспаќе и лудило.

25. Нему ли меѓу нас му се достави Опомена? Но, не! Тој е лашко и злодеец!”

26. Ќе узнаат утре кој е лашко а кој е злодеец!

27. Ние ќе им ја испратиме камилата како искушение нивно, а ти, почекај и стрпи се!

28. И извести ги дека водата, навистина, е поделена меѓу нив; секој ќе си пие по редоследот свој.

29. Потоа тие ќе го повикаат другарот свој; овој ќе дојде и ќе ја пресече!

30. Па, каква беше казната Моја и опомената Моја?!

31. Да, Ние им испративме страшен глас и, ете, тие станаа како суво лисје на оној кој има плевна.

32. Да, Кур’анот Ние го олеснивме за опомена, па кој го прифаќа!?

33. И народот на Лут ги сметаше за лажни опомените.

34. Да, Ние им испративме виор со песок, но не и на семејството на Лут: ги спасивме при мугрите

35. заради мудроста Наша. Ете, таква беше наградата за благодарните.

36. Да, Ние ги опоменавме со казната Наша, но се сомневаа во опомената!

37. Да, тие ги бараа гостите негови, па затоа, Ние решивме да обневидат: “Па, вкусете ја казната Моја и опомената Моја!”

38. Да, изутрина ги погоди казната непрекидна.

39. “И вкусете ја казната Моја и опомената Моја!”

40. Па, го олеснивме Кур’анот за опомена, па кој го прифаќа!?

41. И на семејството фараоново му дојдоа опомените, сигурно!

42. Ги сметаа за лажни сите ајети Наши... па, затоа Ние ги казнивме со казната на Силниот и Моќниот.

43. Неверниците ваши подобри ли се од оние? Или: Имате ли договор некаков во Зебур?

44. Или, пак, зборуваат: “Ние сме дружина победничка!”

45. Дружината, меѓутоа, ќе биде победена и тие ќе се вратат назад.

46. Но Часот им е закажан, а тој е и потежок и пострашен!

47. Да, силниците се во беспаќе и оган.

48. Денот во кој лицата нивни ќе бидат залепени со огнот: “Вкусете го огнот Секар!”

49. Да, секоја ствар Ние ја создадовме урамнотежено.

50. Наредбата Наша е само една. Како трепет на окото!

51. Да, Ние ги уништивме одделувачите ваши! Па, кој ќе прифати?

52. И се што направија е во Зебур,

53. и мало и големо е во редиците поредено.

54. Да, богобојазливите ќе бидат во џеннетски бавчи и крај реки,

55. на местото благородно, кај Владарот Моќен!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ен-Неџм (Ѕвезда)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:08 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

“ЕН-НЕЏМ” (звезда)

Мекка - 62 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!

1. Се колнам во ѕвездата кога ќе зајде,

2. дека другарот ваш не скршна во заблуда, а ниту, пак, залута,

3. и не зборува по желба своја,

4. туку тоа е само Објава што се објавува!

5. Го поучува Силниот и Моќниот,

6. Кој е полн со сила, па завладеа!

7. Он е на највисокиот видик,

8. потоа пријде и се наведна,

9. и, ете, се приближи колку две стрели или поблиску,

10. и така му го објави на робот Свој она што, токму, му го објави;

11. и срцето не го изневери она што го виде.

12. Е, па, ќе се расправаш ли со него за она што го здогледа?

13. И го виде, секако, повторно

14. кај Сидретул Мунтеха,

15. кај Него и престојувалиштето џеннетско,

16. кога Сидра ја покри она што ја покри.

17. Погледот не се ни сврте и не се ни збуни.

18. Да, виде од знаменијата големи на Господарот свој.

19. Што мислите за Лат и Узза?

20. И за Менат, оној третиот, последниот?

21. За вас ли машко а за Него, пак, женско?

22. Поделбата таква, тогаш, е неисправна.

23. Ете, тоа се имиња со кои ги именувате вие и предците ваши; за тоа Аллах не ви објави доказ; го следат само сомнежот и она што го пожелуваат душите. А од Господарот нивни, навистина, им дојде Патоказ!

24. Или: Ќе го има ли човекот она што ќе го посака?

25. И Ахирет и овој свет ... та, Аллахови се!

26. И колку има мелеки на небесата чие посредување не ќе им користи во ништо, освен, секако, со одобрението Аллахово, за оној за кој Он ќе посака и со кого Он е задоволен!

27. Да, оние кои не веруваат во Ахирет мелеките ги именуваат со имиња женски,

28. и за тоа не знаат ништо; го следат само сомнежот, а сомнежот во ништо не и користи на вистината.

29. Па, оддалечи се од оној кој ги сврти плеќите кон опомената Наша, и кој го посакува само животот на овој свет!

30. Ете, тоа е последната граница на знаењето нивно. Да, Господарот твој е оној кој најдобро го знае оној кој скршнал во заблуда, од патот Негов, и Он најдобро го знае по Патоказот упатениот!

31. Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! Он, навистина, ќе ги казни оние во чие работење зло нанесуваа и ќе ги награди, со награда убава, оние кои добро правеа.

32. Оние кои ги избегнуваат гревовите големи и делата срамни, освен малите... Господарот твој, навистина, има прошка голема и Он најдобро ве знае: дури кога ве создаде од земја, и кога бевте зачеток во утробите на мајките ваши. Но, не бидете уверени дека се безгрешни душите ваши. Аллах најдобро ги знае оние кои се чуваат од гревови.

33. Нели го виде оној кој ги сврте плеќите,

34. подели малку и престана?

35. Тој ли ја знае Тајната, тој ли гледа?

36. Или, пак, не беше известен за Страниците на Муса,

37. и за Ибрахим кој задачите ги извршуваше!

38. И не ќе ја понесеш тежината на бремето на другиот:

39. на човекот му припаѓа само она што настојува.

40. Да, настојувањето негово ќе го види,

41. потоа ќе се награди со награда соодветна!

42. Да, кон Господарот твој ќе заврши!

43. Да, Он ги насмевнува и Он ги расплакува!

44. Да, Он ги усмртува и Он ги оживува!

45. Да, Он создаде пар: машко и женско,

46. од семе кога ќе се закачи!

47. Да, повторно ќе ги создаде!

48. Да, Он е Оној кој дава богатство и кој задоволува!

49. Да, Он е Господарот на Ши’ра!

50. Да, Он го уништи Ад, одамнешен,

51. и Семуд: од нив ништо не остана;

52. и народот на Нух, порано. Да, оние беа најголеми зулумќари и силници!

53. И порушената населба ја испреврте,

54. и ја покри со она што ја покри.

55. Во која благосостојба од Господарот твој се сомневаш?

56. Овој е опоменувач меѓу опоменувачите одамнешни!

57. Блиското се приближува;

58. ова, освен Аллах никој не може да го открие!

59. За овој ли говор се вчудоневидувате,

60. се смеете а не плачете,

61. со дигнати глави?

62. Па, паѓајте на сеџде пред Аллах и обожавајте Го!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ет-Тур (Тур)
Poslato od: Boots - 09-10-2023.13:06 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ЕТ-ТУУР (Тур)

Мекка - 49 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во Тур,

2. и во Книгата во редици поредена,

3. на кожа одвиткана;

4. се колнам и во Куќата подигната,

5. и во сводот воздигнат,

6. и во морето затоплено, -

7. дека казната на Господарот твој ќе се случи:

8. никој не ќе ја отстрани,

9. и во Денот во кој небото ќе се затресе, тресејќи се силно,

10. и кога брдата, поместувајќи се, ќе се поместат силно,

11. ете, на Денот тој, тешко на лашковците,

12. оние кои, играјќи се, се зарија во лаги:

13. Ден во кој ќе се турнат во огнот џехеннемски, насилно:

14. ова е огнот кој го сметавте за лажен;

15. па, ова ли е волшебништво или, пак, вие не гледате:

16. треснете во него! Ќе трпете ли или нема да трпете, сеедно ви е. Ќе бидете казнети за она што го работевте!

17. Да, богобојазливите ќе бидат во бавчите џеннетски и во благосостојба.

18. Радосни на она што им го даде Господарот, и ќе ги сочува Господарот нивни од казната огнена!

19. Јадете и пијте и пријатно нека ви биде: за она што го работевте,

20. потпрени на дивани наместени, и ќе ги ожениме со хурии, со очи крупни.

21. А оние кои веруваа и чие верување го следеше потомството нивно... Ние ќе ги задржиме со нив и потомството нивно и ништо од делата нивни, според тоа, нема да скратиме. И секој ќе биде земен предвид по она што го спечалил.

22. И Ние ќе им дадеме и овошје и месо, од она што го сакаат,

23. еднисодруги ќе се служат со чаши. Во Џеннетот нема ни безработица ни кривица.

24. Ќе ги обиколува послуга од едендодруг, како да се бисери чувани,

25. ќе се сеќаваат еднинадруги и ќе се прашуваат.

26. Ќе речат: “Да, ние меѓу семејството наше, уште од порано, бевме богобојазливи.

27. Па, Аллах ни се наклони и не сочува од казната на ветрот што пече,

28. ние и порано Го повикувавме. Он, навистина, е Доброчинител и Сомилосен!

29. Па, потсетувај! Ти не си со благословот на Господарот твој ни маѓесник ни луд!

30. Или да зборуваат: Тој е поет. Очекуваме да видиме што ќе му биде пресудено.

31. Кажи: Очекувајте зашто јас сум, навистина, со вас, меѓу оние што очекуваат!

32. Или: Ова им го заповедаат сништата нивни или се, пак, народ тврдоглав?

33. Или зборуваат: “Тој ли го измами?” Но, не веруваат.

34. Па, нека донесат говор сличен ако се искрени, навистина!

35. Или, пак, се создадени од ништо или тие се создатели?

36. Или: Ги создадоа ли небесата и Земјата? Но, не се цврсто уверени.

37. Или: Кај нив ли се ризниците на Господарот твој или тие се владетели?

38. Или: Имаат ли скалила од каде што слушаат? Па, оној што слушнал од нив нека донесе доказ јасен?

39. Или: Он да има ќерки а вие да имате синови?

40. Или: Бараш ли награда, а тие се оптоварени со тежината своја?

41. Или: Кај нив ли е тајната, па тие ја пишуваат?

42. Или: Посакуваат ли стапици? Па, оние кои не веруваат паѓаат, токму, во стапици.

43. Или: Имаат ли друг бог освен Аллах? Славен нека е Аллах, над она што Му го здружуваат!

44. А ако видат кога паѓа некаков дел од небото, зборуваат: Облаци напластени!”

45. Тогаш, остави ги се додека не го сретнат денот свој во кој ќе бидат потресени!

46. Денот во кој не ќе им вредат стапиците нивни во ништо, а ниту, пак, ќе им се помогне.

47. За оние кои зулум направија има, навистина, казна и покрај тоа но, ете, мнозинството од нив не знаат!

48. И стрпи се! До пресудата на Господарот твој. Та, пред очите Наши си. И слави Го, заблагодарувајќи се, Господарот твој и кога стануваш,

49. и во ноќта, и кога ќе исчезнат ѕвездите, слави Го!

Štampaj ovaj članak