Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Муџаделе (Расправа)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-МУЏАДЕЛЕ” (“расправа”)

Медина -22 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Аллах, секако, го слушна зборот на таа која расправаше со тебе за мажот нејзин и која се жалеше на Аллах. Аллах ја слушна расправата ваша. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

2. Оние меѓу вас кои ќе прават зихар на жените свои, тие не им се мајките нивни, а мајките нивни се само оние кои ги родија... зборуваат, секако, тешки зборови. А Аллах, навистина, е Помилувач и Простувач!

3. А оние кои прават зихар кон жените свои, а потоа ќе се вратат кон она што го рекоа, треба да ослободат роб пред да се состанат со нив. Ете, тоа ви се советува. Аллах е Известен за она што го работите!

4. А оној кој не ќе може, па нека пости два месеца едензадруг пред да се состанат. А ако тоа некој не може, нека нахрани шеесет сиромаси. Ете, тоа за да верувате во Аллах и во Пејгамберот Негов. Ете, тоа се границите Аллахови. А за неверниците, пак, има казна болна!

5. Оние кои му се спротиставуваат на Аллах и на Пејгамберот Негов ќе бидат осрамотени како што се осрамотени оние пред нив. Ние објавивме, секако, ајети јасни. А за неверниците има, пак, срамна казна!

6. На Денот во кој Аллах ќе ги збере сите па ќе ги извести за она што го работеа. Аллах тоа го преброи и тие тоа го заборавија. Аллах, секако, е Сведок за се!

7. Не виде ли дека Аллах, навистина, го знае се она што е на небесата и на Земјата? Нема доверлив состанок меѓу тројца а Он да не е четвртиот; нема ни меѓу петмина а Он да не е шестиот; ниту помалку ниту повеќе од тоа, а Он да не е со нив и каде било да се! Потоа ќе ги извести за она што го работеа на Денот суден. Аллах, навистина, знае се!

8. Не ги виде ли оние на кои им се забрануваше да се состануваат тајно, потоа се вратија кон она што им беше забрането; се состануваат тајно заради грев и непријателство и непослушност кон пејгамберот. И кога ти доаѓаат ти упатуваат поздрав онака како што Аллах не те поздрави, а во себеси си зборуваат: “Па, Аллах не не казнува за она што го зборуваме!” Џехеннемот, во кој ќе бидат фрлени, е доста за нив! Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

9. О верници, кога ќе се состанувате не состанувајте се тајно за грев, и непријателство и непослушност на пејгамберот, туку состанувајте се за доброчинство и богобојазливост. Плашете се од Аллах кај кого, токму, ќе се зберете!

10. Состанувањето тајно, навистина, е една од шејтанските работи: само да се вознемират оние кои веруваат. Тоа во ништо не ќе им наштети, освен со одобрението Аллахово. Па, врз Аллах нека се потпираат верниците!

11. О верници, кога ќе ви се рече: “Направете места, таму каде што се држат состаноци, на другите... та, и вам Аллах ќе ви пушти место!” А ако се рече: “Станете па, станете! Аллах ќе ги воздигне меѓу вас оние кои веруваат и на оние на кои им е дадено знаење, кои се на повисоки степени. Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

12. О верници, кога ќе се состанете со пејгамберот, поделете садака пред да се состанете со него. Ете,тоа, секако, е подобро и почисто за вас! А ако, пак, немате... па, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

13. Се плашите ли, пред состанувањето со него, да дадете садака? Па, ако тоа не го направите, а Аллах ви прости, тогаш, намаз извршувајте и зекат давајте и бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах е Известен за она што го работите!

14. Не ги виде ли оние кои се спријателија со народот, а на кој Аллах се налути? Оние не се ваши а не се и нивни. А се колнат за лагата, знаејќи!

15. Аллах им подготви жешка казна. Е, само колку е лошо она што го работеа!

16. Ги земаат заклетвите свои како штит, па така, одвраќаат од Аллаховиот пат. И за нив има казна срамна.

17. Не ќе им користат ни имотите нивни, ни децата нивни, кај Аллах, во ништо. Оние се жители на огнот, и во него за навек ќе останат!

18. На Денот кога Аллах сите ќе ги оживи: ќе се колнат во Него како вам што ви се колнат, сметајќи дека тоа ќе им користи во нешто. Не, лашковци се, навистина!

19. Шејтанот изнајде начин како да ги совлада, па така, ги натера да го заборават споменувањето на Аллах. Тие се странка на Шејтанот. Да, странката на Шејтанот е онаа која губи.

20. Оние кои, навистина, Му се спротиставуваат на Аллах и на пејгамберот Негов... тие ќе бидат, токму, најпонижените!

21. Аллах пропиша: “Јас и пејгамберите Мои ќе победиме, сигурно!” Аллах, навистина, е Јак и Силен!

22. Не ќе најдеш луѓе кои веруваат во Аллах и во Денот суден да се дружат со оние кои се против Аллах и пејгамберот Негов: било да се тоа предците нивни, синовите нивни или браќата нивни или роднините нивни. Во срцата нивни го впиша верувањето и ги оспособи со Духот од страна Негова, и Он ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат! И Аллах ќе биде задоволен од нив а и оние ќе бидат задоволни од Него. Ете, тоа е странката на Аллах. Да, странката на Аллах, навистина, е онаа која победува!
Odgovori


Skoči na Forum: