|
|
|
|
 |
Ел-Инсан (Човек) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:55 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕД-ДЕХР” (“Време”)
Медина - 31 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Му помина ли на човекот она време кога не беше за ништо спомнат?
2. Ние човекот го создадовме, навистина, од мешавина на семе за да го ставиме во искушение, и му дадовме и слух и вид.
3. Ние, навистина, го упативме по Патот: ќе биде ли благодарен или неверник - негово е!
4. Да, Ние за неверниците подготвивме и пранги и синџири и Саир.
5. Добротворите, навистина, ќе пијат од чаша чиј напиток ќе биде смеса на камфор
6. од изворот што ќе го разводат, како што сакаат, ќе пијат робовите Аллахови:
7. оние што го исполнуваа договорот и кои стравуваат од Денот во кој ќе преовладува злото негово,
8. и со храна нахрануваа, и покрај тоа што ја сакаа, и сиромав, и јетим, и затвореник.
9. “Ве храниме, навистина, заради лицето Аллахово: од вас не посакуваме ни награда ни благодарност.
10. Ние, навистина, се плашиме од Господарот наш на Денот во кој лицата ќе бидат намуртени и затемнети.”
11. На Денот тој Аллах ќе ги сочува од злото и ќе им даде радост и среќа,
12. и ќе ги награди, затоа што беа трпеливи, со Џеннет и свила;
13. ќе бидат потпрени на дивани и тука ни жед ни студен не ќе усетат;
14. сенките негови во непосредна близина ќе им бидат, и плодовите негови ќе им бидат спуштени.
15. И од едендодруг ќе се служи со чинии од сребро и со чаши што ќе бидат провидни,
16. провидни од сребро што сами ќе ги одредуваат колкави да бидат;
17. во Џеннетот ќе пијат од чаши чиј напиток ќе биде смеса од ѓумбар,
18. од изворот во Џеннетот со името Селсебил именуван,
19. и од едендодруг ќе ги служат вечно млади момчиња. И кога ќе ги погледнеш веднаш ќе помислиш дека се бисери растурени.
20. И кога ќе погледнеш тамо и пак, кога ќе погледнеш, ќе видиш благодат и царство големо,
21. на нив ќе видиш облека зелена, и од потенка и од подебела свила; ќе бидат накитени со ракавници од сребро, и Господарот нивни ќе ги напојува со напиток чист.
22. “Ете, ова ви е наградата, навистина! Трудољубието ваше за благодарност е достојно!”
23. Ние, навистина, објавувајќи го, ти го објавивме Кур’анот:
24. па, стрпи се до одлуката на Господарот твој и меѓу нив не биди послушен, ни на грешникот ни на неверникот!
25. И споменувај Го името на Господарот твој и наутро и навечер!
26. И во еден дел од ноќта, падни Му на сеџде, и дуж ноќта слави Го!
27. Онаквите, навистина, ја посакуваат мигновеноста, а го оставаат она што е зад нив, Денот тежок!
28. Ние ги создаваме и зглобовите им ги соединуваме. А ако, пак, си посакаме ги менуваме наличјата нивни.
29. Ова, навистина, е Опомена! Па, кој сака ќе го прифати Патот кон Господарот свој.
30. А вие го пожелувате само она што Аллах го пожелува. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!
31. Ќе го воведе во милоста Своја кого сака. А за зулумќарите подготви казна болна!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Пропаст на светот (Ел-Кијаме) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:55 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-КИЈАМЕ” (“Пропаст на светот”)
Мекка - 40 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Не! Јас се колнам во денот кијаметски!
2. Но, не! Јас се колнам во душата која самата себеси се грди!
3. Мисли ли човекот дека Ние никогаш нема да ги збереме коските негови?
4. Е, уште како! Ние сме Кадри дури и да ги поредиме и јагодиците на прстите негови.
5. Но, човекот посакува пред него да греши;
6. прашува кога ќе се случи кијаметот.
7. Кога опулот ќе се закочи, плашејќи се,
8. и кога Месечината ќе потемни,
9. и кога ќе се соединат Сонцето и Месечината,
10. на Денот тој човекот ќе рече: “Каде да се побегне?”
11. Нема никаде! Нема засолниште!
12. Кон Господарот твој, на Денот тој, ќе се биде насочен!
13. Човекот ќе биде известен на Денот тој и за она што го оставил.
14. Човекот, меѓутоа, за себеси ќе си сведочи,
15. и покрај тоа што ќе ги изнесува оправдувањата свои!
16. Не изговарај ги харфовите на Кур’анот со јазикот твој за да брзаш со него:
17. Наша обврска, навистина, е да го збереме и да го читаме.
18. Па, кога ќе го читаме, следи го читањето негово!
19. Потоа неговото објаснување е Наша обврска, навистина!
20. Но, не! Вие ја посакувате мигновеноста,
21. а ја оставате вечноста!
22. На Денот тој некои лица ќе бидат блескотни,
23. со свртен поглед кон Господарот свој,
24. а некои лица, пак, ќе бидат намуртени,
25. и ќе очекуваат да се случи нешто што ќе им ги скрши пршлените.
26. Но, не! Кога душата ќе стигне до клучната коска,
27. и кога ќе се викне: “Кој ќе го излечи?!”
28. Ќе се убеди дека тоа е Разделба,
29. и ногата околу ногата ќе се свитка,
30. кон Господарот твој, на Денот тој, ќе се турне,
31. па, не веруваше и намаз не клањаше,
32. но затоа, пак, лажеше и плеќите ги вртеше,
33. а потоа, кај семејството свое, горделиво одеше.
34. Тешко тебе! Е, па, тешко тебе!
35. И уште еднаш: Тешко тебе! Па, пак, тешко тебе!
36. Мисли ли човекот дека ќе биде оставен тек така?
37. Не беше ли капка семе, семе што се фрла?
38. А по ова угрушок од крв, па го создаде и обличје му даде,
39. и од него создаде пар: машко и женско.
40. И нели тогаш Он е Кадар мртвите да ги оживи?
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Мудессир (Покриен) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:54 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
Ел-Мудессир (Покриен)
Мекка - 56 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Еј ти, покриен!
2. Стани и опоменувај!
3. и Господарот твој, величај Го,
4. и облеката твоја, очисти ја,
5. и од нечистото, оддалечи се!
6. Не мурти се, што ти се причинува многу!
7. И заради Господарот твој, стрпи се!
8. А кога во Сурлата ќе се дувне,
9. ете, тогаш, ќе биде Ден тежок:
10. за неверниците не ќе биде лесен!
11. Остави Ме насамо со оној што го создадов осамен,
12. и му дадов богатство големо,
13. и му дадов синови сведоци;
14. Јас за него подготвив и подготовка една.
15. А потоа сакаше да му дадам повеќе.
16. Но, не! Беше тврдоглав, навистина, кон знаменијата Наши,
17. и ќе го свиткам со тешкотии!
18. Тој, навистина, многу размислуваше и многу сметаше!
19. Па, нека биде убиен како така сметаше,
20. и пак нека биде убиен како така сметаше!
21. Потоа погледна,
22. потоа се намурти и се стемни,
23. потоа ги сврти плеќите и се надува,
24. па рече: Ова, навистина, е само волшебништво што се наследува!
25. Ова е само говор човечки!
26. Јас ќе го фрлам во огнот Секар.
27. А од кај знаеш ти што е тоа Секар?
28 Во него ништо не останува ни пепел;
29. пламеник за луѓето;
30. над него бдеат деветнаесетмина:
31. а мелеките Ние ги одредивме да бидат тие што бдеат врз огнот. Бројот нивни е искушение за оние кои не веруваа, и за да се уверат оние со дадената им Книга, и на верниците верувањето да им се зголеми и за да не се сомневаат оние со дадената им Книга, и верниците, и за да им се рече на оние кои имаат болештина во срцата нивни, и на неверниците - што сака Аллах да покаже со овој пример? Ете, така Аллах го скршнува во заблуда оној кого Он сака, и Он упатува кого сака. Војската Негова ја знае само Он! А тоа е само Опомена за луѓето!
32. Но, не! Се колнам во Месечината,
33. и во ноќта кога ќе зајде,
34. и во муграта кога ќе пукне...
35. тоа ќе биде несреќа голема, навистина,
36. за луѓето опомена:
37. за оној меѓу вас кој посакува тоа да го забрза или да го успори!
38. И секоја личност е јамец за она што го спечалила,
39. освен сретните
40. кои во бавчите џеннетски ќе се распрашуваат
41. за силниците,
42. и за она што ги одвело во огнот Секар,
43. и овие ќе речат: “Не бевме меѓу оние кои намаз клањаа,
44. и не ги храневме сиромашните,
45. и во безработица, со безработниците, се спуштавме,
46. и Денот ветен за лажен го сметавме,
47. се додека не се уверивме!
48. Па, не ќе им користи посредувањето на посредниците.
49. Па, зошто тогаш се рамнодушни кон Опомената?
50. Како да се магариња исплашени,
51. кои бегаат од ловот.
52. Но секој од нив посакува да му се дадат страници отворени.
53. Но, не! Оние не се плашат од Ахирет.
54. Но, не! Кур’анот е Опомена, навистина!
55. И тогаш кој сака го прима за Опомена,
56. а тие само со посак Аллахов се опоменуваат. Он е Достоен за богобојазливоста и Он е Достоен за прошката!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Муземмил (Завиткан) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:53 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-МУЗЕММИЛ” (“Завиткан”)
Мекка - 20 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Еј, ти завиткан!
2. Само малку стани во ноќта, во еден дел нејзин,
3. половина од ноќта или, пак, помалку од тоа,
4. или, пак, зголеми малку во тоа и читај Кур’ан по правило!
5. Ние, навистина, ќе ти објавиме тежок говор;
6. станувањето ноќе поисправо делува, секако, врз работата, и поисправно во зборувањето,
7. а и дење, исто така, подолго си зафатен.
8. И споменувај Го името на Господарот твој и посвети се, посветувајќи се, кон Него:
9. Господарот на Исток и на Запад; нема друг бог освен Него, и прифатете Го,тогаш, како Закрилник!
10. И стрпи се за она што го зборуваат и оддалечи се од нив, со расчекор пристоен!
11. И остави Ме Мене со лашковците кои поседуваат богатство, и остави ги извесно време!
12. Кај Нас ќе има, навистина, и пранги и Џехеннем!
13. и храна што не се голта, и казна болна!
14. Ден во кој ќе се потресат Земјата и брдата, а брдата ќе бидат расфрлани како од песок тумбиња.
15. Да, Ние ви испративме пејгамбер кој ќе сведочи против вас исто онака како што на фараонот му испративме пејгамбер.
16. И фараонот, тогаш, не го послуша пејгамберот и Ние, заради тоа, го зграбивме со еден грабеж груб.
17. Па, како не се плашите од Денот во кој не верувате... кога на децата ќе им побели косата.
18. Небото тогаш ќе испука и ветувањето Негово ќе се оствари.
19. Ова, навистина, е Опомена! Па, кој ќе посака ќе го прифати патот кон Господарот свој.
20. Господарот твој, секако, знае дека ти стануваш ноќе да се молиш помалку од две третини на ноќта, половина или, пак, една третина, а и дружината што е со тебе. Аллах го одредува и ноќта и денот. Он знае дека вие не знаете да го пресметате тоа и Он ви простува. Па, читајте го од Кур’анот она што ви е лесно! Он знае дека меѓу вас ќе има болни, и оние кои ќе шетаат по земјата барајќи ја добрината Аллахова, а други, пак, се борат на Аллаховиот пат. Па, читајте го од Кур’анот она што ви е лесно! И намаз извршувајте и зекат давајте! И позајмете Му на Аллах заем добар! А доброто што го давате од себе, ќе го најдете кај Аллах уште подобро, и поголема награда. И барајте прошка од Аллах! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Џин (Џинови) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:52 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-ЏИН” (“Џинови”)
Мекка - 28 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Кажи: “Објавено ми е дека една дружина на џинови го слушале, па рекле: ‘Да, ние слушнавме еден чудесен Кур’ан,
2. кој упатува кон показот и му поверувавме, и никогаш на Господарот наш нема здруженик да му припишуваме!’”
3. И нека Он биде возвишен, Господарот наш, Кој не присвои ни жена ни дете!
4. Еден луд, секако, зборуваше против Аллах, некакви претераности,
5. а Ние, пак, замислувавме дека ни џиновите ни луѓето не зборуваат лаги против Аллах,
6. или, пак, имаше мажи меѓу луѓето кои бараа заштита од мажите меѓу џиновите па овие им ја зголемуваа непромисленоста.
7. И оние мислеа како што вие мислевте како Аллах никогаш никого, навистина, нема да оживи.
8. И го допревме небото, навистина, па го најдовме како е исполнето со јаки чувари и ѕвезди што блекаат.
9. И да седевме во непосредна близина на местата за седење за да слушаме. А оној кој прислушкува сега ќе наиде на ѕвезда блескотна, од заседа!
10. и ние не знаеме зло ли си посакуваа за оние на земјата или, пак, Господарот нивни, за нив посакува показ?
11. Меѓу нас има, навистина, добри; меѓу нас има и поинакви. Не, бевме по патишта одделени!
12. Да, помислувавме дека сме немоќни пред Аллах на земјава и дека постојано ќе бидеме немоќни од Него да избегаме.
13. И штом го слушнавме Показот веднаш поверувавме во него, навистина! Па, оној кој верува во Господарот свој, па не се плаши ни од штета ни од непромисленост.
14. Да, меѓу нас има и Послушни, меѓу нас има и неправедни. А оние кои беа Послушни,ете, онаквите го бараа Показот!
15. А што се однесува до неправедните, ете, за Џехеннемот ќе бидат гориво!
16. А цврсто да останеа на Патот ќе ги напоевме со вода изобилна, навистина! -
17. за да ги ставиме во искушение: оној кој ќе биде рамнодушен кон Опомената на Господарот свој... ќе му следи казна што ќе се зголемува.
18. Џамиите, навистина, се за Аллах и, тогаш, никого не повикувајте освен Аллах!
19. И кога Аллаховиот роб се исправи да го замоли, само што не му се прилепија!”
20. Кажи: “ Само Господарот мој го повикувам, навистина! И ништо не Му здружувам!”
21. Кажи: “Да, не сум моќен ни да ви наштетам ни да ве упатам!”
22. Кажи: “Никој од Аллах не ќе ме заштити, навистина! И никогаш, освен Него, не ќе најдам засолниште!
23. освен да известам од Аллах и од посланијата Негови.” А оној кој ќе биде непослушен кон Аллах и кон пејгамберот Негов... па, за него, навистина, има казна џехеннемска! И во неа за навек ќе останат!
24. И кога ќе го здогледат она што им е ветено... па, ќе узнаат кој е послаб поддржник и помалкуброен!
25. Кажи: “Јас не знам дали е блиску она што ви е ветено или, пак, Господарот мој одреди тоа да се одложи.”
26. Зналец на Тајната? Па, тајната Своја никому не ја открива!
27. освен на оној кого Он ќе го избере за пејгамбер, кого Он, навистина, го штити и пред него и зад него,
28. за да знае дека пратенијата на Господарот нивни се известени, и и за да го опфати она што е при нив и за да изброи се!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Нух (Нух) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:52 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“НУХ” (Нух)
Мекка - 28 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Ние, навистина, го испративме Нуха до народот свој: “Опомени го народот твој пред да им настапи казната болна!
2. И рече: О народе мој, јас сум ви, навистина, опоменувач јасен;
3. обожавајте Го Аллаха, плашете се од Него, и бидете ми послушни:
4. Ќе ви прости од гревовите ваши и ќе ве остави до рокот определен. А кога ќе дојде крајот кој Аллах го одреди не ќе се одгоди. Ете, така да знаете!
5. И рече: “Господаре мој, деноноќно го повикував народот мој, навистина!
6. Но, повикот мој ги тераше само во бегство;
7. и секојпат кога ќе ги повикував за да им простиш ги ставаа прстите свои в уши, и се покриваа со огртачите свои, и беа тврдоглави, и се држаа нависоко!
8. Јас потоа ги повикував јавно, навистина,
9. потоа им возгласував, навистина, и тајно им зборував,
10. велејќи им: Барајте прошка од Господарот ваш. Он, навистина, е Простувач!
11. Од небото Он ќе ви испрати вода во изобилство,
12. ќе ви даде и имоти, и синови, а ќе ви даде и бавчи, и реки за вас наменети!
13. Што ви е? Па, не очекувате од Аллах недвосмисленост достојна,
14. и Он, секако, ве создава постапно.
15. Не гледаш ли како Аллах создаде седум небеса, еднинадруги?
16. Меѓу нив Месечината Он ја одреди да биде светлина, а Сонцето да биде светилка.
17. Аллах дава да никнете од земјата како растенија,
18. потоа Он ве враќа во неа и пак ќе ве извади од неа.
19. Аллах ја одреди земјата да ви биде постелнина,
20. за да патувате по широките патишта нејзини.
21. Нух рече: Господаре, непослушни ми се, навистина! И ги следат оние што имотите нивни и децата нивни ја зголемуваат пропаста нивна.
22. И сплетки големи сплеткарат,
23. и зборуваат: “Не оставајте ги никако божествата ваши, и не оставајте ги ни Ведд ни Суваа, ни Јегус, ни Јеук, ни Неср!
24. Веќе скршнаа во заблуда, наголемо! На зулумќарите само заблудата зголемувај им ја!”
25. И заради грешките нивни беа потопени и фрлени во огнот и, освен Аллах, не најдоа ниеден поддржник!
26. И Нух рече: “Господаре мој, не оставај ги на земјата, ниеден жител меѓу неверниците!
27. Ако ги оставиш ќе ги скршнуваат во заблуда, навистина, робовите Твои, и ќе доаѓаат само грешници и неверници!
28. Господаре мој, прости ми, мене и на родителите мои, и на оној кој ќе влезе во домот мој како верник, и на верниците, и на верничките, а на зулумќарите, пак, само зголеми им го страдањето!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Ме'ариџ (Степени) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:51 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-МЕ'АРИЏ” (“Степени”)
Мекка - 44 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Некој, прашувајќи, праша за казната што ќе се случи.
2. За неверниците казната никој не ќе ја спречи,
3. од Аллах, Сопственикот на степените,
4. преку кои се качуваат мелеките и Џибрил до Него, за еден ден кој изнесува педесет илјади години;
5. па, стрпи се, со стрпливост достојна,
6. тие мислат дека е далеку, навистина,
7. а Ние, пак, мислиме дека е блиску
8. Денот во кој небото ќе биде како руда растопена,
9. а брдата како волна;
10. и пријателот не ќе прашува за пријател
11. и покрај тоа што ќе се гледаат еденводруг. Силникот ќе посака на Денот тој да ја откупи казната со синовите свои,
12. и со жената своја, и со братот свој,
13. и со семејството свое што го штитеше,
14. и со се на земјава, ете, само потоа да се спаси.
15. Никогаш! Ќе биде во огнот Лаза, навистина!
16. ќе ги кине зглобовите,
17. повикувајќи го оној кој се оддалечи и кој ги сврти плеќите...
18. само збираше и, ете, скриваше!
19. Човекот, навистина, е создаден талмаќар!
20. Кога зло ќе му се случи, очајува
21. а кога, пак, добро ќе му се случи, одбива!
22. А не и оние кои намаз клањаат,
23. кои постојано внимаваат на намазот свој,
24. и оние во чиј имот има право познато
25. за оној што пита и оној што не пита,
26. и оние кои веруваат во Денот ветен,
27. и оние кои стравуваат од казната на Господарот свој!
28. Од казната на Господарот свој никој не е сигурен, навистина!
29. и оние кои ги чуваат срамните места свои,
30. освен со жените свои, или со оние кои ги поседуваат - со нив, навистина, не ќе бидат укорени!
31. а оние, пак, кои посакуваат други, освен нив, се грешници!
32. И оние кои го чуваат аманетот и кои се придржуваат кон договорот свој,
33. и оние кои стојат при сведочењата свои,
34. и оние кои внимаваат на намазот свој...
35. онаквите ќе бидат почестени со бавчи џеннетски!
36. Зошто брзаат кон тебе оние кои не веруваат,
37. и од десна и од лева страна, во дружини?
38. Стреми ли секој од нив да влезе во Џеннетот благословен?
39. Но, не! Ние ги создадовме од она што знаат, навистина!
40. Но, не! Јас се колнам во Господарот на истоци и запади дека Ние сме, навистина, Кадри
41. да ги замениме со подобри од нив, и Ние не сме немоќни.
42. Па, остави ги нека зборуваат еднисодруги и нека играат се додека не бидат фрлени во Денот што им се ветуваше,
43. на Денот во кој ќе излезат од мезарите, брзајќи, како да се брзаат кон здружениците,
44. со уплашени погледи свои и до земја понижени. Ете, тоа ќе биде оној Ден кој им се ветува!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Хакк (Час неизбежен) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.16:51 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-ХАКК” (Час неизбежен)
Мекка - 52 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Час неизбежен!
2. Што е тоа Чаз неизбежен?
3. Е, па, знаеш ли ти што е тоа Час неизбежен?
4. И Ад и Семуд кијаметот го сметаа за лажен!
5. Па, што се однесува до Семуд... беа уништени со гласот силни,
6. а што се однесува до Ад... беа уништени со ветрот кој фиука гласно и кој метеж остава!
7. Кој дојде да ги потчини нив седум ноќи и осум дена без прекин. . , па да ги видиш луѓето покуткани како да се трески урмини, попаѓани?
8. Па, гледаш ли дали остана трага од нив?
9. И фараонот и оние пред него, оние кои ги рушеа градовите, доаѓаа со гревови.
10. И тогаш беа непослушни кон пејгамберот на Господарот свој и така Он ги погоди со казна прекумерна.
11. И бидејќи водата надојде Ние ве понесовме во бродот,
12. за да ја направиме, секако, опомена за вас, и увото што слуша да ја слуша.
13. И кога ќе се дувне во Сурлата со дувеж еден,
14. и кога земјата ќе биде разнесена а брдата расфрлани со удар еден...
15. на Денот тој,тогаш, ќе се случи пропаста на светот!
16. И небото ќе испука и тоа, на Денот тој, ќе биде кршливо,
17. а мелеките ќе бидат на чошињата негови и ќе го носат престолот, на Господарот твој, на Денот тој, над нив, осум мелеки,
18. на Денот тој вие ќе бидете претставени и ништо од вас не можете да скриете.
19. Па, што се однесува до оној со дадената му Книга, во неговата десна рака, ќе рече: Еве, читајте ја оваа книга моја.
20. Јас, навистина, замислував дека ќе си полагам сметка.
21. И тој ќе биде во животот задоволен,
22. во Џеннетот возвишен,
23. чии плодови ќе му бидат блиску -:
24. “Јадете и пијте, и пријатно нека ви биде за она што го работевте во деновите што минаа.”
25. А што се однесува, пак, до оној со дадената му Книга, во неговата лева рака, ќе рече: О тешко мене! Е, да не ми беше дадена Книгава!
26. Да, не знаев за моево полагање сметка!
27. О тешко мене! Само смртта да ме докрајчеше!
28. Богатството мое ништо не ми користи;
29. се што е мое отиде во пропаст.
30. Земете го и,тогаш, заковајте го,
31. а, потоа, во огнот, пржете го,
32. а, потоа, во синџири, седумдесет лактови долги, врзете го,
33, тој, навистина, не веруваше во Аллах, Голем,
34. а ниту, пак, поттикнуваше да се нахрани сиромавиот...
35. Па, денес за него, овде, нема пријател близок,
36. а ниту храна друга, освен загадотина,
37. што ќе ја јадат само грешниците.”
38. Но, не! Јас се колнам во она што го гледате,
39. и во она што не го гледате...
40. тоа, навистина, е Говор објавен до пејгамберот благороден;
41. не е Говор на поет; малкумина верувате!
42. а не е Говор ни на волшебник; само малкумина се сеќавате.
43. Тоа е Објава од Господарот на световите.
44. А да зборуваше против нас зборови некакви,
45. Ние ќе го фатевме за десната рака, силно,
46. а потоа ќе му ја пресечевме вената што куца
47. и никој меѓу вас не ќе можеше да го спаси.
48. Кур’анот е Опомена за богобојазливите, навистина!
49. Да, Ние знаеме дека меѓу вас има лашковци,
50. и тој ќе биде хасрет за неверниците!
51. Куранот, навистина, е Вистина,
52. па, слави Го, со името, Господарот Голем!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Калем (Калем) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.15:00 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-КАЛЕМ” (“Калем”)
Мекка - 52 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Нун! Се колнам во калемот и во она што оние го пишуваат:
2. ти не си, со благодетот на Господарот твој, луд,
3. и ќе добиеш награда која никогаш не ќе престане, навистина!
4. Да, голем ахлак поседуваш ти!
5. Па, ќе видиш а и оние ќе видат,
6. кој меѓу вас, токму, е лудиот!
7. Господарот твој, секако, е Оној кој најдобро го знае оној кој скршнал во заблуда од патот Негов, и Он најдобро ги знае упатените!
8. Па, не слушај ги лашковците!
9. Посакуваат да се сплотиш па и тие да се сплотат.
10. И не биди послушен на ниеден голем колнач презрен!
11. голем клеветник, пренесувач на зборови,
12. кој спречува добро, голем престапник, голем грешник,
13. незаситен и, покрај тоа, неповикан гостин
14 затоа што има имот и синови,
15. кој, кога му се кажуваат ајетите Наши, вели: “Тоа се прикаски одамнешни!”
16. Ние ќе го обележиме на носот.
17. Ние ги ставаме во искушение онака како што ги ставивме во искушение сопствениците на една бавча кога се заколнаа дека ќе ја оберат штом ќе станат изутрина,
18. кои не рекоа: Иншаеллах!
19. Па, една несреќа од Господарот твој ја погоди бавчата додека оние спиеја,
20. и изутрината, ете,беше пустелија,
21. и тие, тоа утро, се повикаа меѓусебно:
22. “Одете изутрина кај поседот ваш ако сакате да го берете!
23. И тогаш тргнаа, зборувајќи еднисодруги по пат:
24. “Никаков сиромав денес нека не ви влезе во бавчата ваша!
25. И изутрината излегоа уверени во шкржавоста своја.
26. И бидејќи ја видоа бавчата, рекоа: Да, ние сме во заблуда скршнати
27. и уште се ни е скратено!
28. Најумерениот меѓу нив рече: “Нели ви реков дека Аллаха треба да Го славите?
29. Рекоа: Нека биде Славен Господарот наш! Ние сме зулумќари, навистина!
30. И започнаа да се грдат еднисодруги;
31. зборуваа: Е, тешко нам! Ние сме насилници, навистина!
32. Господарот наш можеби ќе ни ја замени со подобра бавча. Кон Господарот наш тежнееме, навистина!”
33. Ете, таква беше казната. А казната ахиретска е поголема. Е, само кога би знаеле!
34. За богобојазливите кај Господарот нивни има, навистина, бавчи џеннетски, благородни!
35. Па, послушните ли ќе ги третираме како силниците?!
36. Што ви е? Како така просудувате?
37. Или, пак, имате Книга во која читате
38. дека за вас, навистина, ќе го има она што ќе го сакате?
39. Или, пак, ви се заколнавме со заклетви такви кои ќе траат до Денот суден, дека, тогаш, ќе го просудувате она што го просудувате?
40. Прашај ги кој меѓу нив мисли за тоа дека е така!
41. Или, пак, имаат божества... па, нека дојдат со божествата свои ако се искрени!
42. Денот во кој ќе се разголи коската потколенична и кога ќе се повикаат да паднат на сеџде ... не ќе можат;
43. ќе бидат уплашени погледите нивни и понижување ќе ги обзеде: беа повикувани да паѓаат на сеџде кога беа здрави.
44. Па, остави Ме, и оние кои го сметаа за лажен овој говор Ние ќе ги поредиме еднинадруги, постапно, од каде што не знаат.
45. И Јас ќе им дадам време. Сплетката Моја, нависта, е цврста!
46. Или, пак, бараш од нив награда а тие се оптеретени со долг?
47. Или, пак, Тајната е кај нив, а тие пишуваат!
48. Па, стрпи се до пресудата на Господарот твој и не биди како другарот на рибата кога се молеше, пискајќи!
49. А да не беше милоста на Господарот твој што веќе му дојде ќе беше фрлен на пусто место, понижен!
50. Па, Господарот негов го спаси и одреди да биде меѓу добрите!
51. Неверниците само што не те оборат со опулите свои кога ќе ја слушнат Опомената, и кои зборуваат: Он, навистина, е луд!
52. А тоа е само Опомена за световите!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Мулк (Власт) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.14:59 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕЛ-МУЛК” (“Власт”)
Мекка - 30 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Возвишен е Оној во чија рака е власта: Он е Кадар за се!
2. Кој ги создаде и смртта и животот за да ве испроба кој меѓу вас прави најдобри дела. Он е Силен и Простувач!
3. Кој создаде седум небеса, еднинадруги. Во создавањето на Милостивиот не гледаш никаков недостаток: па, сврти го погледот: ќе видиш ли некаков недостаток?
4. И сврти го погледот по втор пат!... погледот ќе ти се врати поразен и, ете го, изнемогол!
5. Да, Ние небото на овој свет со ѕвезди го разубавивме и Ние одредивме да фрла камења по шејтаните. И за нив Ние подготвивме казна Саир!
6. А за оние кои не веруваат во Господарот свој има казна џехеннемска. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
7. И кога ќе бидат фрлени во огнот ќе го слушаат неговото пламтење и тој само ќе фрла пламен!
8. Ете, само што од лутина не ќе се распрсне. И секогаш кога ќе биде фрлено во него, во гомила, чуварите негови ќе го прашуваат: Нели ви доаѓаше опоменувач?
9. Ќе речат: Да, ни доаѓаше опоменувач, па го сметавме за лажен и зборувавме Аллах не објави ништо. Вие сте скршнати во заблуда голема!
10. И ќе речат: Да слушневме... и да бевме разумни не ќе бевме сега меѓу жителите на Саир!
11. Па, ќе ги признаат гревовите свои и, тогаш, далеку нека бидат меѓу жителите на Саир!
12. А за оние кои стравуваат од Господарот свој тајно, за нив има, навистина, прошка и награда голема!
13. Ќе ги преќутувате ли зборовите ваши или, пак, гласно ќе ги кажувате... Он, навистина, го знае она што е во градите!
14. Како да не знае Оној кој создаде. Он е Чувствителен и Известен!
15. Он е Оној кој ви ја потчини земјата: па, патувајте по пределите нејзини и јадете од ‘рскот Негов. Кај Него ќе се зберете!
16. Сигурни ли сте дека Оној кој е на небесата не ќе ве згнети во земјата кога таа одненадеж ќе се затресе?
17. Или сигурни ли сте дека Оној кој е на небесата не ќе ви испрати виор? Па, ќе узнаете каква е заканата Моја?
18. Да, лажеа и оние пред нив. И каква беше, според тоа, казната Моја?
19. Не ги гледаат ли птиците над нив како летаат со раширени и собрани крилја? Ги држи само Милостивиот. Он, навистина гледа се!
20. И кој е тој кој ќе ви биде војска ваша, кој ќе ви помогне, освен Милостивиот? Неверниците, навистина, се во обмана!
21. И кој е тој кој ќе ви даде ‘рск ако Он го задржи ‘рскот Свој? Но, тие постојано се тврдоглави и горделиви!
22. Оној ли кој оди со оборено лице е поупатен или, пак, оној кој оди исправно по патот вистински?
23. Кажи: Он е Оној кој ве создаде и ви даде и уши, и очи и срце. Само малку се заблагодарувате.
24. Кажи: Он е Оној кој ве растури по земјата и кај Него ќе се зберете!
25. И зборуваат: А кога ќе се случи таа закана? Ако сте искрени.
26. Кажи: Да, знаењето за тоа е кај Аллах. Јас сум, навистина, само опоменувач јасен!
27. И бидејќи ќе здогледаат како казната ќе им се приближува ќе обезличат лицата на оние кои не веруваат, и ќе се рече: Ова е она што вие го повикувавте!
28. Кажи: Мислите ли дека, доколку Аллах не упропасти мене и оние со мене и ни се смилува... ќе има ли некој што ќе ги заштити неверниците од казната болна?
29. Кажи: Он е Милостивиот! Во Него веруваме и врз Него се потпираме, а вие ќе узнаете кој е во беспаќе очигледно!
30. Кажи: Мислите ли дека, ако водата ваша ви пресуши, има некој што ќе ви даде изворска вода?
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ет-Тахрим (Забрана) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.14:58 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“ЕТ-ТАХРИМ” (“Забрана”)
Медина - 12 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. О пејгамберу, зошто го забрануваш, настојувајќи да им се исполнат барањата на жените твои, она што Аллах ти го дозволи? Аллах е Простувач и Сомилосен!
2. Да, Аллах ви пропиша како да ги оправдаде заклетвите ваши. Аллах е Пријател ваш! Он е Зналец и Мудар!
3. И кога пејгамберот тајно ќе проговори со некоја од неговите жени, и кога таа ќе ги извести другите за тоа - а Аллах даде тој да го открие тоа -, тогаш нешто од тоа и го откри а нешто го задржа. И бидејќи тој ја извести, таа рече: Кој те извести за ова? Рече: Ме извести Зналецот и Известениот!
4. А ако вие две Му се обратите на Аллах, каејќи се, срцата ваши ќе се приклонат! А ако, пак, вие се помагате против пејгамберот... та, Аллах, навистина, е Заштитникот негов, и Џебраил и добрите верници! И мелеките, по тоа, се поддржници!
5. Господарот негов, ако тој се разведе од вас, можеби ќе му даде други жени што ќе бидат подобри од вас: на Аллах послушни, вернички, оддадени, покајнички, побожни, постачки, стабилни и девици.
6. О верници, чувајте се себеси и семејствата ваши од огнот: луѓето и камењата ќе бидат негово гориво. А мелеките ќе се грижат за него и ќе бидат строги; не ќе бидат непослушни кон наредбата
Аллахова и ќе го работат она што ќе им се наредува.
7. О неверници, денес не ќе можете да се оправдате. Ќе бидете казнети, токму, за она што го работевте!
8. О верници, покајте се кај Аллах со покајание искрено! Господарот ваш, можеби, ќе ги избрише гревовите ваши и ќе ве воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, на Денот во кој Аллах не ќе ве ожалости, пејгамберот и оние кои веруваа со него. Светлината нивна ќе оди пред нив, и од нивната десна страна; ќе зборуваат: “Господаре наш, усоврши ја светлината наша и прости ни. Ти си, навистина, Кадар за се!
9. О пејгамберу, бори се против неверниците и дволичните и биди строг кон нив. Џехеннемот е престојувалиштето нивно. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
10. Аллах го донесе примерот на оние кои не веруваа: жената на Нух и жената на Лут кои беа мажени за двајца добри робови Наши. И двете нив ги осрамотија и затоа тие во ништо не ќе можат да им помогнат кај Аллах. И ќе им се рече: Влезете вие две во огнот меѓу оние кои веќе се влезени!
11. И Аллах го донесе примерот за оние кои веруваа: Жената на фараонот, кога рече: Подигни ми куќа, Господаре мој, во близината Твоја, во Џеннетот, и спаси ме од фараонот и од делото негово, и спаси ме од народот зулумќарски!
12. И: Мерјем, ќерката на Имран, која ја сочува невиноста своја, и во која вдахнавме од Духот, од страна Наша, и која ги потврди зборовите на Господарот свој, и Книгите Негови, и која беше една меѓу потчинетите на Аллах!
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Ел-Талак (Развод на брак) |
|
Poslato od: Boots - 09-10-2023.14:57 - Forum: Macedonian Translation
- Nema Odgovora
|
 |
СУРА
“АТ- ТАЛАК” (“Развод на бракот”)
Медина - 12 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. О пејгамберу, кога ќе се разведете со жените, разведете ги за време на иддетот нивни и, иддетот нивни, сметајте го. Плашете се од Аллах - Господарот ваш. Не истерувајте ги од домовите нивни, а и тие нека не излегиваат; истерувајте ги само тогаш кога ќе направат очигледно срамно дело. Ете, тоа се границите Аллахови, а оној кој ѓе ги премине границите Аллахови - тој, секако, себеси зулум ќе си направи. Не знаеш Аллах можеби ќе даде да се случи, по тоа, нешто друго!
2. И кога ќе дојде времето кога треба да се чека, па задржете ги учтиво или, пак, пуштете ги учтиво. И нека двајца, праведни меѓу вас, посведочат! И, заради Аллах сведочењето, извршете го! Ете, со тоа ви се советува: за оној кој верува во Аллах и во Денот суден. А оној кој се плаши од Аллах, Он ќе му изнајде излез!
3. И Он, исто така, ќе му даде ‘рск од каде што не се надева. А оној кој се потпира врз Аллах - та, Он му е доста. Аллах, навистина, ја изнесува наредбата Своја. За секоја работа Аллах одреди мера.
4. А оние, меѓу жените ваши, кои изгубиле надеж во месечното прање, и ако вие се сомневате, треба да чекаат три месеци. Исто е и за оние кои уште немаат добиено месечно прање. А оние, пак, кои ќе затруднат треба да чекаат с# додека не се породат. А оној кој се плаши од Аллах Он ќе му олесни во наредбата Своја!
5. Ете, тоа е наредбата Аллахова која Он ви ја објавува. А оној кој се плаши од Аллах, ќе му бидат простени гревовите негови и ќе му биде зголемена наградата.
6. Наредете да живеат таму каде што и вие живеете. Според можноста ваша. И не правете им никаква штета со цел да ги стесните. А ако се, пак, трудни, тогаш издржувајте ги се додека не се породат. А ако, пак, ги дојат децата ваши, ред е да им ги дадете подароците нивни. И учтиво однесувајте се едникондруги. А ако, пак, се појават некои недоразбирања, друга жена нека го дои детето!
7. Оној кој има богатство нека троши од богатството свое, а оној чиј имот му е ограничен, нека троши од она што му го одреди Аллах. Аллах никого не оптоварува над можноста негова. По тешкотијата Аллах дава леснотија.
8. И колку градови се оглушија од наредбата на Господарот свој и на пејгамберите Негови? Да, од нив побаравме строга сметка и Ние ги казнивме со казна нечуена!
9. Па, ги вкусија последиците од постапката своја. Тежок беше крајот на постапката нивна.
10. Аллах за нив подготви тешка казна. Плашете се од Аллах, о вие со разбир надарени, вие кои верувате, бидејќи Аллах веќе ви објави Опомена,
11. пејгамбер кој ви ги кажува ајетите Аллахови јасни: за да ги изведе оние кои веруваат и кои добри дела работат од темнини во светлина, а оние, пак, кои веруваат во Аллах и кои добро работат Он ќе ги воведе во бавчи џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Да, на таквиот Аллах ќе му даде ‘рск убав!
12. Аллах е Оној кој создаде седум небеса и исто толку земји. Он ја спушта наредбата меѓу нив за да знаете дека Аллах, навистина, е Кадар за се! Да, Аллах со знаењето Свое опфаќа се!
|
|
|
|
 |
|
|
|