Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ен-Неџм (Ѕвезда)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕН-НЕЏМ” (звезда)

Мекка - 62 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!

1. Се колнам во ѕвездата кога ќе зајде,

2. дека другарот ваш не скршна во заблуда, а ниту, пак, залута,

3. и не зборува по желба своја,

4. туку тоа е само Објава што се објавува!

5. Го поучува Силниот и Моќниот,

6. Кој е полн со сила, па завладеа!

7. Он е на највисокиот видик,

8. потоа пријде и се наведна,

9. и, ете, се приближи колку две стрели или поблиску,

10. и така му го објави на робот Свој она што, токму, му го објави;

11. и срцето не го изневери она што го виде.

12. Е, па, ќе се расправаш ли со него за она што го здогледа?

13. И го виде, секако, повторно

14. кај Сидретул Мунтеха,

15. кај Него и престојувалиштето џеннетско,

16. кога Сидра ја покри она што ја покри.

17. Погледот не се ни сврте и не се ни збуни.

18. Да, виде од знаменијата големи на Господарот свој.

19. Што мислите за Лат и Узза?

20. И за Менат, оној третиот, последниот?

21. За вас ли машко а за Него, пак, женско?

22. Поделбата таква, тогаш, е неисправна.

23. Ете, тоа се имиња со кои ги именувате вие и предците ваши; за тоа Аллах не ви објави доказ; го следат само сомнежот и она што го пожелуваат душите. А од Господарот нивни, навистина, им дојде Патоказ!

24. Или: Ќе го има ли човекот она што ќе го посака?

25. И Ахирет и овој свет ... та, Аллахови се!

26. И колку има мелеки на небесата чие посредување не ќе им користи во ништо, освен, секако, со одобрението Аллахово, за оној за кој Он ќе посака и со кого Он е задоволен!

27. Да, оние кои не веруваат во Ахирет мелеките ги именуваат со имиња женски,

28. и за тоа не знаат ништо; го следат само сомнежот, а сомнежот во ништо не и користи на вистината.

29. Па, оддалечи се од оној кој ги сврти плеќите кон опомената Наша, и кој го посакува само животот на овој свет!

30. Ете, тоа е последната граница на знаењето нивно. Да, Господарот твој е оној кој најдобро го знае оној кој скршнал во заблуда, од патот Негов, и Он најдобро го знае по Патоказот упатениот!

31. Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! Он, навистина, ќе ги казни оние во чие работење зло нанесуваа и ќе ги награди, со награда убава, оние кои добро правеа.

32. Оние кои ги избегнуваат гревовите големи и делата срамни, освен малите... Господарот твој, навистина, има прошка голема и Он најдобро ве знае: дури кога ве создаде од земја, и кога бевте зачеток во утробите на мајките ваши. Но, не бидете уверени дека се безгрешни душите ваши. Аллах најдобро ги знае оние кои се чуваат од гревови.

33. Нели го виде оној кој ги сврте плеќите,

34. подели малку и престана?

35. Тој ли ја знае Тајната, тој ли гледа?

36. Или, пак, не беше известен за Страниците на Муса,

37. и за Ибрахим кој задачите ги извршуваше!

38. И не ќе ја понесеш тежината на бремето на другиот:

39. на човекот му припаѓа само она што настојува.

40. Да, настојувањето негово ќе го види,

41. потоа ќе се награди со награда соодветна!

42. Да, кон Господарот твој ќе заврши!

43. Да, Он ги насмевнува и Он ги расплакува!

44. Да, Он ги усмртува и Он ги оживува!

45. Да, Он создаде пар: машко и женско,

46. од семе кога ќе се закачи!

47. Да, повторно ќе ги создаде!

48. Да, Он е Оној кој дава богатство и кој задоволува!

49. Да, Он е Господарот на Ши’ра!

50. Да, Он го уништи Ад, одамнешен,

51. и Семуд: од нив ништо не остана;

52. и народот на Нух, порано. Да, оние беа најголеми зулумќари и силници!

53. И порушената населба ја испреврте,

54. и ја покри со она што ја покри.

55. Во која благосостојба од Господарот твој се сомневаш?

56. Овој е опоменувач меѓу опоменувачите одамнешни!

57. Блиското се приближува;

58. ова, освен Аллах никој не може да го открие!

59. За овој ли говор се вчудоневидувате,

60. се смеете а не плачете,

61. со дигнати глави?

62. Па, паѓајте на сеџде пред Аллах и обожавајте Го!
Odgovori


Skoči na Forum: