Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Камер (Месечина)
#1
Rainbow 
Сура

“ЕЛ-КАМЕР” (месечина)

Мекка - 55 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

1. Часот се приближува а Месечината се расцепува.

2. А ако здогледаат знамение - рамнодушни се, и зборуваат: “Волшебништво постојано!”

3. И лажат и страстите свои ги следат, и секоја ствар е утврдена.

4. Да, им дојдоа кажувања да ги одвратат:

5. мудрост дофатна но, ете, опомената не вреди.

6. Па, сврти ги плеќите кон нив на Денот кога Он, повикувајќи, ќе повика кон нешто страшно.

7. Ќе се појават со соборени погледи од гробовите како да се скакулци расфрлени,

8. брзајќи кон Оној кој ги вика, а неверниците ќе речат: “Ова е тежок Ден.”

9. А пред нив лажеше и народот на Нух, го сметаа за лажен робот Наш, и зборуваа: “Луд е!” И го оневозможуваа!

10. Па го повика Господарот свој: “Јас сум, навистина, победен; тогаш, помогни ми!”

11. И тогаш Ние ги отворивме вратите небесни низ кои потече пороен дожд;

12. па, така, Ние дадовме да избијат извори и да се спои водата како што беше со наредбата одредено;

13. и го префрливме на штици, со шајки заковани:

14. плови пред очите Наши; тоа е казна за оној кој не верува.

15. Да, тоа го оставивме да биде знамение: па, има ли некој кој го прифаќа?

16. Каква беше, тогаш, казната Моја и опомената Моја?

17. Да, Ние го олеснивме Кур’анот за опомена, па кој го прифаќа?!

18. Ад лажеше, па каква беше казната Моја и опомената Моја?!

19. И врз нив Ние испративме, во еден ден определен, ветар кој постојано мете:

20. луѓето ги носеше како да се гранки од урма скршени.

21. Па, каква беше казната Моја и опомената Моја?!

22. Да, Кур’анот Ние го олеснивме за опомена, па кој го прифаќа?!

23. И Семуд лажеше за опомените,

24. па, зборуваа: “Човек ли да биде меѓу нас што ќе го следиме? Ние сме, тогаш, во беспаќе и лудило.

25. Нему ли меѓу нас му се достави Опомена? Но, не! Тој е лашко и злодеец!”

26. Ќе узнаат утре кој е лашко а кој е злодеец!

27. Ние ќе им ја испратиме камилата како искушение нивно, а ти, почекај и стрпи се!

28. И извести ги дека водата, навистина, е поделена меѓу нив; секој ќе си пие по редоследот свој.

29. Потоа тие ќе го повикаат другарот свој; овој ќе дојде и ќе ја пресече!

30. Па, каква беше казната Моја и опомената Моја?!

31. Да, Ние им испративме страшен глас и, ете, тие станаа како суво лисје на оној кој има плевна.

32. Да, Кур’анот Ние го олеснивме за опомена, па кој го прифаќа!?

33. И народот на Лут ги сметаше за лажни опомените.

34. Да, Ние им испративме виор со песок, но не и на семејството на Лут: ги спасивме при мугрите

35. заради мудроста Наша. Ете, таква беше наградата за благодарните.

36. Да, Ние ги опоменавме со казната Наша, но се сомневаа во опомената!

37. Да, тие ги бараа гостите негови, па затоа, Ние решивме да обневидат: “Па, вкусете ја казната Моја и опомената Моја!”

38. Да, изутрина ги погоди казната непрекидна.

39. “И вкусете ја казната Моја и опомената Моја!”

40. Па, го олеснивме Кур’анот за опомена, па кој го прифаќа!?

41. И на семејството фараоново му дојдоа опомените, сигурно!

42. Ги сметаа за лажни сите ајети Наши... па, затоа Ние ги казнивме со казната на Силниот и Моќниот.

43. Неверниците ваши подобри ли се од оние? Или: Имате ли договор некаков во Зебур?

44. Или, пак, зборуваат: “Ние сме дружина победничка!”

45. Дружината, меѓутоа, ќе биде победена и тие ќе се вратат назад.

46. Но Часот им е закажан, а тој е и потежок и пострашен!

47. Да, силниците се во беспаќе и оган.

48. Денот во кој лицата нивни ќе бидат залепени со огнот: “Вкусете го огнот Секар!”

49. Да, секоја ствар Ние ја создадовме урамнотежено.

50. Наредбата Наша е само една. Како трепет на окото!

51. Да, Ние ги уништивме одделувачите ваши! Па, кој ќе прифати?

52. И се што направија е во Зебур,

53. и мало и големо е во редиците поредено.

54. Да, богобојазливите ќе бидат во џеннетски бавчи и крај реки,

55. на местото благородно, кај Владарот Моќен!
Odgovori


Skoči na Forum: