Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Вакиа (Случка)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-ВАКИ’А (“Случка”)

Мекка - 96 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Кога Случката ќе се случи,-

2. за таа случка не може да се слаже,-

3. таа ќе потцени и ќе воздигне!

4. Кога земјата, тресејќи се, ќе се затресе, силно,

5. и кога брдата, кршејќи се во делови, ќе се скршат силно...

6. па, ќе станат прашина разнесена,

7. и ќе ве има три видови:

8. - луѓе исправни, - а кои се тие луѓе исправни?

9. - луѓе неисправни, - а кои се тие луѓе неисправни?

10. - оние кои претходат, - а кои се тие кои претходат?

11. Ќе бидат до Господарот нивни блиски,

12. во бавчите џеннетски, прекрасни!

13. Многумина од народите одамнешни,

14. а малкумина од народите недамнешни!

15. На кревети едникондруги поставени,

16. и на дивани потпрени, едникондруги свртени!

17. Ќе ги служат вечно млади момчиња, одејќи од едендодруг,

18. со чаши, и со ибрици и со пехари, со вода изворска,

19. од неа не ќе се оддалечат и не ќе се откажат.

20. Ќе има и овошје од кое сами ќе си бираат,

21. и месо птичје, од она што ќе го посакуваат,

22. и Хурии со очи крупни,

23. слични на бисер скриен -

24. како награда за она што го работеа!

25. Во него не ќе се слушаат ни безработици ни обвиненија,

26. само ќе се вели: “Селам! Селам! “

27. И луѓе исправни, - а кои се тие луѓе исправни? -

28. ќе бидат меѓу градини со плодови изобилни, без трње,

29. и меѓу банани, со плодови поредени,

30. и меѓу ладовини растегнати,

31. и крај вода што тече;

32. ќе има и овошје разновидно:

33. ниту ќе престане ниту ќе се забрани,

34. и на постели подигнати!

35. Да, Ние хурии ќе создадеме одново!

36. Па, Ние ќе одредиме да бидат девици,

37. вљубени во мажите свои, со иста возраст,

38. за луѓето исправни:

39. ќе има многу меѓу народите дамнешни,

40. и многу меѓу народите недамнешни!

41. А луѓето неисправни, - а кои се тие луѓе неисправни? -

42. тие ќе бидат во оган пламенен и во вода што врие,

43. и во сенката на чадот жежок;

44. ќе нема ни лад ни доблест.

45. Овие беа пред тоа, навистина, расипници,

46. во големите гревови истрајни,

47. и зборуваа: “Кога ќе умреме и кога коски ќе станеме, тогаш ли, навистина, оживеани да бидеме?

48. И уште ли предците наши одамнешни?”

49. Кажи: “Да, и одамнешните и недамнешните,

50. ќе бидат збрани на одредено место и во Денот познат.”

51. Потоа, о вие, во заблуда скршнати, вие што лажете,

52 ќе јадете од дрвото Зеккум,

53. и од него ќе ги полнете стомаците,

54. па, над тоа, вода што врие ќе пиете.

55. Тогаш ќе пиете како што пијат камилите жедни.

56. Ова е честењето нивно на Денот суден!

57. Ние ве создадовме... тогаш, зошто вие не признавате?

58. Вие не го гледате семето што го фрлате,

59. или, пак, вие го создавате или, пак, Ние сме создатели?

60. Ние меѓу вас одредуваме смрт и никој не може да Не претекне,

61. така што го менуваме изгледот ваш и ве обликуваме во она што не го знаете!

62. Познато ви е, секако, создавањето прво, па нема ли да се сетите?

63. Го видовте ли она што го посеавте?

64. Вие ли давате да никне или, пак, Ние даваме да никне?

65. Да посакавме ќе го здробевме, сигурно! И ќе останевте вчудоневидени.

66. Ќе речевте: “Да, оштетени сме!

67. Не, ускратено ни е се!”

68. Ја гледате ли и водата што ја пиете?

69. Вие ли ја спуштате од облакот или, пак, Ние ја спуштаме?

70. Да посакаме можеме да дадеме да биде солена. Па, нема ли да се заблагодарите?

71. Го гледате ли огнот што го палите?

72. Вие ли го создадовте дрвото за него или, пак, Ние го создадовме?

73. Ние даваме да биде опомена и корист за патниците низ пустиња.

74. Па, слави Го со името Господарот твој Голем!

75. Но, не! Се колнам во заоѓањето на ѕвездите,

76. дека тоа, навистина, е заклетва голема, е, кога би знаеле!

77. Да, тоа е Кур’ан благороден,

78. во Книгата сочуван!

79. Го допираат само чистите;

80. тој е Објава од Господарот на световите!

81. Овој ли Говор вие го потценувате?

82. Тоа е ‘рск ваш што ви се дава а вие, пак, лажете.

83. А зошто вие, кога душата ќе застане во грлото,

84. тогаш гледате?

85. А Ние сме поблиску до него од вас, но вие не гледате!

86. Зошто, тогаш, ако не сакате да бидете казнети,

87. не ја вратите ако сте искрени?

88. А ако некој биде од блиските на Аллах:

89. за него ќе има и радост и цвеќе мирисно и бавчи џеннетски, благословени!

90. А ако, пак, биде еден од среќните,

91. па, нека биде поздрав врз тебе од среќните!

92. А ако, пак, биде еден од лашковците, во заблуда скршнатите,

93. тогаш ќе биде дочекан со вода што врие,

94. и со пржење во џехеннемот.

95. Да, ова е вистина доверлива!

96. И слави Го, тогаш, со името Господарот твој голем!
Odgovori


Skoči na Forum: