Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ет-Тегабун (Меѓусебна измама)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕТ-ТЕГАБУН” (“Меѓусебна измама”)


Медина- 11 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави! Власта е - Негова! И блгодарноста - Нему Му припаѓа. Он е Кадар за се!

2. Он е Оној кој ве создаде: Меѓу вас има верници а има и неверници. Аллах го гледа она што го работите!

3. И небесата и Земјата ги создаде со вистина и ве обликува, давајќи ви најличен облик. Свратилиштето е - кон Него!

4. Он го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата, Он го знае и она што го криете и она што го обелоденувате. Аллах го знае она што го кријат градите!

5. Нели ви дојде кажувањето за оние кои не веруваа од порано па ги вкусија последиците од постапката своја... ? И за нив има казна болна!

6. Ете, тоа е зашто им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии, па зборуваа: “Човек ли да не упатува?” Па, не веруваа и ги вртеа плеќите. А на Аллах не Му треба ништо. А Аллах е Богат и за благодарност Достоен!

7. Оние кои не веруваат мислат дека нема да бидат проживеани. Кажи: “Да, се колнам Господарот мој ќе ве оживи, сигурно, и ќе ве извести за она што го работевте, сигурно! Тоа за Аллах, секако, е лесно!

8. Па, верувајте во Аллах и во пејгамберот Негов и во светлината што Ние ја објавивме. Аллах е Известен за она што го работите!

9. Денот во кој Он ќе ве збере - Денот на собирањето - ете, тоа е Ден на измама меѓусебна. А оној кој верува во Аллах и кој работи добро... ќе ги отстрани од него лошите дела негови, и ќе биде воведен во бавчите џеннетски низ кои реки течат; и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голема!

10. А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... онаквите се жители на огнот и во него за навек ќе останат. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

11. Никаква неволја не се случува без одобрението Аллахово. Оној кој верува во Аллах го упатува своето срце. Аллах знае се!

12. Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов! Па, ако ги свртите плеќите... пејгамберот Наш е задолжен само да извести јасно!

13. Аллах! Нема друг бог освен Него! И врз Аллах, тогаш, нека се потпираат верниците!

14. О верници, меѓу жените ваши и меѓу децата ваши имате непријатели. Внимавајте, тогаш! А ако, пак, ги помилувате и поминете преку тоа и ако им простите... та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

15. И имотите ваши и децата ваши се искушение, навистина! Кај Аллах наградата е најголема!

16. Плашете се, тогаш, од Аллах! Слушајте онолку колку што можете; бидете послушни и делете добро заради вас самите! А оној кој се чува себеси од лакомост... онаквите, токму, се спасените!

17. А ако на Аллах Му дадете добар заем, Он ќе ви го удвои и Он ќе ви прости. Аллах е Благодарен и Благ!

18. Зналец на тајното и јавното, Силен и Мудар!
Odgovori


Skoči na Forum: