Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Мудессир (Покриен)
#1
Rainbow 
СУРА

Ел-Мудессир (Покриен)

Мекка - 56 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Еј ти, покриен!

2. Стани и опоменувај!

3. и Господарот твој, величај Го,

4. и облеката твоја, очисти ја,

5. и од нечистото, оддалечи се!

6. Не мурти се, што ти се причинува многу!

7. И заради Господарот твој, стрпи се!

8. А кога во Сурлата ќе се дувне,

9. ете, тогаш, ќе биде Ден тежок:

10. за неверниците не ќе биде лесен!

11. Остави Ме насамо со оној што го создадов осамен,

12. и му дадов богатство големо,

13. и му дадов синови сведоци;

14. Јас за него подготвив и подготовка една.

15. А потоа сакаше да му дадам повеќе.

16. Но, не! Беше тврдоглав, навистина, кон знаменијата Наши,

17. и ќе го свиткам со тешкотии!

18. Тој, навистина, многу размислуваше и многу сметаше!

19. Па, нека биде убиен како така сметаше,

20. и пак нека биде убиен како така сметаше!

21. Потоа погледна,

22. потоа се намурти и се стемни,

23. потоа ги сврти плеќите и се надува,

24. па рече: Ова, навистина, е само волшебништво што се наследува!

25. Ова е само говор човечки!

26. Јас ќе го фрлам во огнот Секар.

27. А од кај знаеш ти што е тоа Секар?

28 Во него ништо не останува ни пепел;

29. пламеник за луѓето;

30. над него бдеат деветнаесетмина:

31. а мелеките Ние ги одредивме да бидат тие што бдеат врз огнот. Бројот нивни е искушение за оние кои не веруваа, и за да се уверат оние со дадената им Книга, и на верниците верувањето да им се зголеми и за да не се сомневаат оние со дадената им Книга, и верниците, и за да им се рече на оние кои имаат болештина во срцата нивни, и на неверниците - што сака Аллах да покаже со овој пример? Ете, така Аллах го скршнува во заблуда оној кого Он сака, и Он упатува кого сака. Војската Негова ја знае само Он! А тоа е само Опомена за луѓето!

32. Но, не! Се колнам во Месечината,

33. и во ноќта кога ќе зајде,

34. и во муграта кога ќе пукне...

35. тоа ќе биде несреќа голема, навистина,

36. за луѓето опомена:

37. за оној меѓу вас кој посакува тоа да го забрза или да го успори!

38. И секоја личност е јамец за она што го спечалила,

39. освен сретните

40. кои во бавчите џеннетски ќе се распрашуваат

41. за силниците,

42. и за она што ги одвело во огнот Секар,

43. и овие ќе речат: “Не бевме меѓу оние кои намаз клањаа,

44. и не ги храневме сиромашните,

45. и во безработица, со безработниците, се спуштавме,

46. и Денот ветен за лажен го сметавме,

47. се додека не се уверивме!

48. Па, не ќе им користи посредувањето на посредниците.

49. Па, зошто тогаш се рамнодушни кон Опомената?

50. Како да се магариња исплашени,

51. кои бегаат од ловот.

52. Но секој од нив посакува да му се дадат страници отворени.

53. Но, не! Оние не се плашат од Ахирет.

54. Но, не! Кур’анот е Опомена, навистина!

55. И тогаш кој сака го прима за Опомена,

56. а тие само со посак Аллахов се опоменуваат. Он е Достоен за богобојазливоста и Он е Достоен за прошката!
Odgovori


Skoči na Forum: