Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Џин (Џинови)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-ЏИН” (“Џинови”)

Мекка - 28 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Кажи: “Објавено ми е дека една дружина на џинови го слушале, па рекле: ‘Да, ние слушнавме еден чудесен Кур’ан,

2. кој упатува кон показот и му поверувавме, и никогаш на Господарот наш нема здруженик да му припишуваме!’”

3. И нека Он биде возвишен, Господарот наш, Кој не присвои ни жена ни дете!

4. Еден луд, секако, зборуваше против Аллах, некакви претераности,

5. а Ние, пак, замислувавме дека ни џиновите ни луѓето не зборуваат лаги против Аллах,

6. или, пак, имаше мажи меѓу луѓето кои бараа заштита од мажите меѓу џиновите па овие им ја зголемуваа непромисленоста.

7. И оние мислеа како што вие мислевте како Аллах никогаш никого, навистина, нема да оживи.

8. И го допревме небото, навистина, па го најдовме како е исполнето со јаки чувари и ѕвезди што блекаат.

9. И да седевме во непосредна близина на местата за седење за да слушаме. А оној кој прислушкува сега ќе наиде на ѕвезда блескотна, од заседа!

10. и ние не знаеме зло ли си посакуваа за оние на земјата или, пак, Господарот нивни, за нив посакува показ?

11. Меѓу нас има, навистина, добри; меѓу нас има и поинакви. Не, бевме по патишта одделени!

12. Да, помислувавме дека сме немоќни пред Аллах на земјава и дека постојано ќе бидеме немоќни од Него да избегаме.

13. И штом го слушнавме Показот веднаш поверувавме во него, навистина! Па, оној кој верува во Господарот свој, па не се плаши ни од штета ни од непромисленост.

14. Да, меѓу нас има и Послушни, меѓу нас има и неправедни. А оние кои беа Послушни,ете, онаквите го бараа Показот!

15. А што се однесува до неправедните, ете, за Џехеннемот ќе бидат гориво!

16. А цврсто да останеа на Патот ќе ги напоевме со вода изобилна, навистина! -

17. за да ги ставиме во искушение: оној кој ќе биде рамнодушен кон Опомената на Господарот свој... ќе му следи казна што ќе се зголемува.

18. Џамиите, навистина, се за Аллах и, тогаш, никого не повикувајте освен Аллах!

19. И кога Аллаховиот роб се исправи да го замоли, само што не му се прилепија!”

20. Кажи: “ Само Господарот мој го повикувам, навистина! И ништо не Му здружувам!”

21. Кажи: “Да, не сум моќен ни да ви наштетам ни да ве упатам!”

22. Кажи: “Никој од Аллах не ќе ме заштити, навистина! И никогаш, освен Него, не ќе најдам засолниште!

23. освен да известам од Аллах и од посланијата Негови.” А оној кој ќе биде непослушен кон Аллах и кон пејгамберот Негов... па, за него, навистина, има казна џехеннемска! И во неа за навек ќе останат!

24. И кога ќе го здогледат она што им е ветено... па, ќе узнаат кој е послаб поддржник и помалкуброен!

25. Кажи: “Јас не знам дали е блиску она што ви е ветено или, пак, Господарот мој одреди тоа да се одложи.”

26. Зналец на Тајната? Па, тајната Своја никому не ја открива!

27. освен на оној кого Он ќе го избере за пејгамбер, кого Он, навистина, го штити и пред него и зад него,

28. за да знае дека пратенијата на Господарот нивни се известени, и и за да го опфати она што е при нив и за да изброи се!
Odgovori


Skoči na Forum: