Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Мулк (Власт)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-МУЛК” (“Власт”)

Мекка - 30 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Возвишен е Оној во чија рака е власта: Он е Кадар за се!

2. Кој ги создаде и смртта и животот за да ве испроба кој меѓу вас прави најдобри дела. Он е Силен и Простувач!

3. Кој создаде седум небеса, еднинадруги. Во создавањето на Милостивиот не гледаш никаков недостаток: па, сврти го погледот: ќе видиш ли некаков недостаток?

4. И сврти го погледот по втор пат!... погледот ќе ти се врати поразен и, ете го, изнемогол!

5. Да, Ние небото на овој свет со ѕвезди го разубавивме и Ние одредивме да фрла камења по шејтаните. И за нив Ние подготвивме казна Саир!

6. А за оние кои не веруваат во Господарот свој има казна џехеннемска. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

7. И кога ќе бидат фрлени во огнот ќе го слушаат неговото пламтење и тој само ќе фрла пламен!

8. Ете, само што од лутина не ќе се распрсне. И секогаш кога ќе биде фрлено во него, во гомила, чуварите негови ќе го прашуваат: Нели ви доаѓаше опоменувач?

9. Ќе речат: Да, ни доаѓаше опоменувач, па го сметавме за лажен и зборувавме Аллах не објави ништо. Вие сте скршнати во заблуда голема!

10. И ќе речат: Да слушневме... и да бевме разумни не ќе бевме сега меѓу жителите на Саир!

11. Па, ќе ги признаат гревовите свои и, тогаш, далеку нека бидат меѓу жителите на Саир!

12. А за оние кои стравуваат од Господарот свој тајно, за нив има, навистина, прошка и награда голема!

13. Ќе ги преќутувате ли зборовите ваши или, пак, гласно ќе ги кажувате... Он, навистина, го знае она што е во градите!

14. Како да не знае Оној кој создаде. Он е Чувствителен и Известен!

15. Он е Оној кој ви ја потчини земјата: па, патувајте по пределите нејзини и јадете од ‘рскот Негов. Кај Него ќе се зберете!

16. Сигурни ли сте дека Оној кој е на небесата не ќе ве згнети во земјата кога таа одненадеж ќе се затресе?

17. Или сигурни ли сте дека Оној кој е на небесата не ќе ви испрати виор? Па, ќе узнаете каква е заканата Моја?

18. Да, лажеа и оние пред нив. И каква беше, според тоа, казната Моја?

19. Не ги гледаат ли птиците над нив како летаат со раширени и собрани крилја? Ги држи само Милостивиот. Он, навистина гледа се!

20. И кој е тој кој ќе ви биде војска ваша, кој ќе ви помогне, освен Милостивиот? Неверниците, навистина, се во обмана!

21. И кој е тој кој ќе ви даде ‘рск ако Он го задржи ‘рскот Свој? Но, тие постојано се тврдоглави и горделиви!

22. Оној ли кој оди со оборено лице е поупатен или, пак, оној кој оди исправно по патот вистински?

23. Кажи: Он е Оној кој ве создаде и ви даде и уши, и очи и срце. Само малку се заблагодарувате.

24. Кажи: Он е Оној кој ве растури по земјата и кај Него ќе се зберете!

25. И зборуваат: А кога ќе се случи таа закана? Ако сте искрени.

26. Кажи: Да, знаењето за тоа е кај Аллах. Јас сум, навистина, само опоменувач јасен!

27. И бидејќи ќе здогледаат како казната ќе им се приближува ќе обезличат лицата на оние кои не веруваат, и ќе се рече: Ова е она што вие го повикувавте!

28. Кажи: Мислите ли дека, доколку Аллах не упропасти мене и оние со мене и ни се смилува... ќе има ли некој што ќе ги заштити неверниците од казната болна?

29. Кажи: Он е Милостивиот! Во Него веруваме и врз Него се потпираме, а вие ќе узнаете кој е во беспаќе очигледно!

30. Кажи: Мислите ли дека, ако водата ваша ви пресуши, има некој што ќе ви даде изворска вода?
Odgovori


Skoči na Forum: