Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Ме'ариџ (Степени)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-МЕ'АРИЏ” (“Степени”)

Мекка - 44 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Некој, прашувајќи, праша за казната што ќе се случи.

2. За неверниците казната никој не ќе ја спречи,

3. од Аллах, Сопственикот на степените,

4. преку кои се качуваат мелеките и Џибрил до Него, за еден ден кој изнесува педесет илјади години;

5. па, стрпи се, со стрпливост достојна,

6. тие мислат дека е далеку, навистина,

7. а Ние, пак, мислиме дека е блиску

8. Денот во кој небото ќе биде како руда растопена,

9. а брдата како волна;

10. и пријателот не ќе прашува за пријател

11. и покрај тоа што ќе се гледаат еденводруг. Силникот ќе посака на Денот тој да ја откупи казната со синовите свои,

12. и со жената своја, и со братот свој,

13. и со семејството свое што го штитеше,

14. и со се на земјава, ете, само потоа да се спаси.

15. Никогаш! Ќе биде во огнот Лаза, навистина!

16. ќе ги кине зглобовите,

17. повикувајќи го оној кој се оддалечи и кој ги сврти плеќите...

18. само збираше и, ете, скриваше!

19. Човекот, навистина, е создаден талмаќар!

20. Кога зло ќе му се случи, очајува

21. а кога, пак, добро ќе му се случи, одбива!

22. А не и оние кои намаз клањаат,

23. кои постојано внимаваат на намазот свој,

24. и оние во чиј имот има право познато

25. за оној што пита и оној што не пита,

26. и оние кои веруваат во Денот ветен,

27. и оние кои стравуваат од казната на Господарот свој!

28. Од казната на Господарот свој никој не е сигурен, навистина!

29. и оние кои ги чуваат срамните места свои,

30. освен со жените свои, или со оние кои ги поседуваат - со нив, навистина, не ќе бидат укорени!

31. а оние, пак, кои посакуваат други, освен нив, се грешници!

32. И оние кои го чуваат аманетот и кои се придржуваат кон договорот свој,

33. и оние кои стојат при сведочењата свои,

34. и оние кои внимаваат на намазот свој...

35. онаквите ќе бидат почестени со бавчи џеннетски!

36. Зошто брзаат кон тебе оние кои не веруваат,

37. и од десна и од лева страна, во дружини?

38. Стреми ли секој од нив да влезе во Џеннетот благословен?

39. Но, не! Ние ги создадовме од она што знаат, навистина!

40. Но, не! Јас се колнам во Господарот на истоци и запади дека Ние сме, навистина, Кадри

41. да ги замениме со подобри од нив, и Ние не сме немоќни.

42. Па, остави ги нека зборуваат еднисодруги и нека играат се додека не бидат фрлени во Денот што им се ветуваше,

43. на Денот во кој ќе излезат од мезарите, брзајќи, како да се брзаат кон здружениците,

44. со уплашени погледи свои и до земја понижени. Ете, тоа ќе биде оној Ден кој им се ветува!
Odgovori


Skoči na Forum: