Poslednje Teme
Hidžretski kalendar
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:14
» Odgovora: 0
» Pregleda: 840
Kako glasi Ikamet
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:14
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.033
Dova poslije ezana
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:12
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.061
Šta je ezan i kako se uči...
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:11
» Odgovora: 0
» Pregleda: 996
Kako se uzima abdest
Forum: Učimo o Islamu
Poslednja Poruka: Media
05-11-2024.14:08
» Odgovora: 0
» Pregleda: 916
Vrste i načini liječenja ...
Forum: Džinni & Ostalo
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:48
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.584
Propisi hamajlija i njiho...
Forum: Džinni & Ostalo
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:43
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.801
Lijek za sihr i šejtanski...
Forum: Džinni & Ostalo
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:35
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.462
Kako učiti samome sebi ru...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:29
» Odgovora: 2
» Pregleda: 2.202
Kad je bolje jesti
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:20
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.908
Post drugog dana Bajrama
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:16
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.891
Kako se održava svadba na...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.20:02
» Odgovora: 3
» Pregleda: 2.667
Slanje novca da se kurban...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:58
» Odgovora: 0
» Pregleda: 1.990
Chatanje na Facebook grup...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:40
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.171
Poklanjanje mehra ili odu...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:33
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.131
Muž ne da vjenčani dar
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:31
» Odgovora: 0
» Pregleda: 2.185
Kur’an kao lijek
Forum: Hutbe & Dersovi
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:28
» Odgovora: 1
» Pregleda: 1.888
Vrijednost Ramazana i pos...
Forum: Hutbe & Dersovi
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:26
» Odgovora: 2
» Pregleda: 974
Zekat i sadekatul fitr
Forum: Hutbe & Dersovi
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:24
» Odgovora: 0
» Pregleda: 613
Da li glas žene spada u n...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:20
» Odgovora: 0
» Pregleda: 769
Šta je avret žene pred že...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:19
» Odgovora: 0
» Pregleda: 778
Da li je ženi dozvoljeno?
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:16
» Odgovora: 0
» Pregleda: 762
Da li je ženi dozvoljeno ...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
29-12-2023.19:12
» Odgovora: 0
» Pregleda: 802
Fetve savremenih učenjaka
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:55
» Odgovora: 2
» Pregleda: 1.032
Kada su džuma i bajram u ...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:52
» Odgovora: 1
» Pregleda: 921
Kazivanje o Idrisu, a.s
Forum: Poslanici u Islamu
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:43
» Odgovora: 7
» Pregleda: 2.156
Uzroci propasti i nesreće
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:30
» Odgovora: 1
» Pregleda: 721
Bitka kod Hunejna
Forum: Historija & Nauka
Poslednja Poruka: Media
28-12-2023.18:05
» Odgovora: 9
» Pregleda: 2.410
Žena koja “skida sihre”
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
26-12-2023.18:23
» Odgovora: 1
» Pregleda: 920
Razumijevanje sunneta
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.18:08
» Odgovora: 1
» Pregleda: 889
Javno činjenje grijeha
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.18:04
» Odgovora: 2
» Pregleda: 1.027
Ustraj i ne požuruj rezul...
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.18:02
» Odgovora: 1
» Pregleda: 798
U zamci virtualnog svijet...
Forum: Islamski Tekstovi
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:59
» Odgovora: 2
» Pregleda: 941
Korištenje spornih izreka
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:53
» Odgovora: 0
» Pregleda: 643
Davanje novca za iskup ne...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:51
» Odgovora: 1
» Pregleda: 845
Kako razumjeti hadise koj...
Forum: Razna Pitanja
Poslednja Poruka: Media
25-12-2023.17:50
» Odgovora: 0
» Pregleda: 787

 
Rainbow Мерјем (Мерјем)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:56 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА
МЕРЈЕМ (Мерјем)

Мекка - 98 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Каф, ха, ја, ајн, сад!

2. Спомен од милоста на Господарот твој за Зекерија, робот Негов:

3. кога го замоли Господарот негов со скришна молба.

4. Зекерија рече: “Господаре мој, коскиве мои, навистина, ослабнаа, а косава ми побеле. И никогаш не останав, Господаре мој, кога молба ти упатив, несреќен.

5. Јас, навистина, се плашам од наследниците по мене, а жена ми е неротка, па затоа подари ми од Тебе заштитник,

6. кој ќе ме наследи мене и семејството Јакубово, и одреди да бидеш, Господаре мој, задоволен со него!”

7. “О Зекерија, Ние, навистина, ќе те зарадуваме со дете чие име е Јахја. Со такво име порано Ние никого не именувавме!”

8. Рече: “Господаре мој, па како ќе имам дете кога жена ми е неротка, а јас паднав во старост длабока?”

9. - Рече: “Ете, така ти е.” Пак рече: “Тоа за Господарот твој е лесно. Те создадов порано кога не беше ништо.”

10. Рече: “Господаре мој, дај ми знамение некакво!” Рече: “Знамение ти е тоа што не ќе им зборуваш на луѓето три вечери, а ќе бидеш здрав!”

11. Па, се појави кај народот свој, од михраб и тогаш им објави: “Славете Го, тогаш, наутро и приквечерина!”

12. “О Јахја, прифати ја Книгата силно” - и Ние му дадовме мудрост додека беше дете,

13. и нежност, исто така, од Нас, и чистота; беше богобојазлив,

14. учтив кон родителите свои, а не дрзок и непослушен.

15. И нека е селам на него, и на денот во кој е роден, и на денот во кој ќе умре, и на денот во кој ќе биде оживеан!

16. И спомени ја Мерјем во Книгата кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток.

17. И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме Нашиот Џибрил и & се претстави како човек, еднакво!

18. Рече: “Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.”

19. Тој рече: “Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.”

20. Таа рече: “И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?”

21. Тој рече: “Ете, така ти е. Господарот твој рече: “Тоа е лесно за Господарот твој. Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена.”

22. И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно.

23. И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: “Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секојпат да бидам заборавена?”

24. И ја повика глас под неа: “Не жалости се, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор,

25. и стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми.

26. Па, јади, пиј и биди радосна! Ако здогледаш некого, кажи: “Да, јас ветив да постам за Милостивиот, и денеска со никого нема да разговарам!”

27. Потоа таа дојде кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: “О Мерјем, ти направи нешто, секако, невидено!

28. О сестро Харунова, твојот бабо не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!”

29. И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: “Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.”

30. Рече: “Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пејгамбер!

31. И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми остави во васиет и намаз и зекат с# додека сум жив,

32. да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг.

33. Нека е селам на мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.”

34. Ете, тоа е Иса синот на Мерјем, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат.

35. На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!

36. Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш! Па, обожавајте Го! Ова е патот вистински!

37. И меѓу себе тие, тогаш, се поделија во деленици. Тешко на оние кои не веруваат во сведочењето на Денот голем!

38. Е, како добро ќе слушнат и како добро ќе видат на Денот кога ќе ни дојдат! Но, зулумќарите денес се во заблуда очигледна!
39. Потсети ги на Денот на хасретот кога работата ќе биде решена. Оние се во заблуда, не веруваат.

40. Ние, навистина, ќе ја наследиме земјата и она што е на неа, и Нам ќе ни се вратат.

41. И спомени го Ибрахима во Книгата. Тој беше, навистина, искрен пејгамбер.
42. Кога му рече на бабо му: “О бабо, зошто го обожаваш она што не слуша, што не гледа, она што не ти треба за ништо.

43. О бабо, мене, навистина, ми дојде знаење кое тебе не ти дојде. Па, следи ме, ќе те упатам по патот вистински!

44. О бабо, не обожавај го Шејтанот. Шејтанот, навистина, е непослушен кон Милостивиот!

45. О бабо, јас, навистина, се плашам да не те погоди казната од Милостивиот, па да станеш заштитник на Шејтанот.”

46. Бабо му рече: “О Ибрахим, посакуваш ли да ги занемариш божествата мои? Ако не пристанеш ќе те каменувам, сигурно! Оддалечи се од мене за долго време!”

47. Ибрахим рече: “Нека е селам со тебе. Ќе побарам прошка за тебе од Господарот мој. Он постојано е добар кон мене, навистина!

48. Ве оставам вас и оние кои ги повикувате, освен Аллах. Го повикувам Господарот мој. Јас, можеби, со молбата кон Господарот мој нема да бидам несреќен.”

49. И бидејќи се оддалечи од нив и од она што го обожаваа, освен Аллах, Ние му ги подаривме синовите Исхак и Јакуб. И двајцата Ние одредивме да бидат пејгамбери!

50. И ним, на двајцата Ние им подаривме од милоста Наша и одредивме за нив двајцата возвишен јазик на искреноста.

51. И спомени го Муса во Книгата. Он, навистина, беше чист; пратеник и пејгамбер.

52. И Ние го повикавме од правецот на Тур, од десната страна, и го приближивме за да слушне.

53. И Ние му го подаривме Харуна од милоста Наша, братот негов, за пејгамбер.

54. И спомени го Исмаила во Книгата. Он, навистина, беше искрен во ветувањето; пратеник и пејгамбер.

55. Му наредуваше на семејството и намаз и зекат; Господарот негов со него беше задоволен.

56. И спомени го Идриса во Книгата. Он беше искрен пејгамбер, навистина!

57. И Ние го извишивме на високо место!

58. Ете, тоа се оние пејгамбери од потомците Адемови, врз кои се разлеа благодатот Аллахов; и од оние што ги носевме со Нух, и од потомството Ибрахимово и Израилово, и од оние што ги упативме и што ги одликувавме... И кога им се кажуваат ајетите на Милостивиот, паѓаат на сеџде, плачејќи!

59. По нив дојдоа поколенија кои го оставаа намазот и кои ги следеа страстите... па, оние ќе се сретнат со злото:

60. освен оние кои се покајаа и кои работеа добро. Овие ќе влезат во Џеннетот и во ништо не ќе им се наштети,

61. во бавчите еденски кои Милостивиот им ги вети на робовитеСвои, кои веруваа во невидливото. Ветувањето Негово, навистина, ќе се оствари:

62. во нив нема да слушаат празни зборови, туку ќе слушаат само Селам а ‘рск ќе има за нив и наутро и навечер.

63. Ете, тоа е Џеннетот кој ќе го наследи од робовите Наши оној кој е богобојазлив.

64. “Во него влегуваме само со наредбата од Господарот твој. Негово е се она што е пред нас и она што е зад нас, и она што е меѓу нив. Господарот твој не е заборавеник!

65. Господарот на небесата и на Земјата и она што е меѓу нив. Та, обожавај Го и, во обожавањето Него, биди истраен. Знаеш ли за некого кој го има името Негово?”

66. Човекот вели: “Ќе бидам ли, по смртта, изваден жив?”

67. Не се сеќава ли човекот дека Ние и порано го создадовме кога тој, токму, не беше ништо?

68. Па,се колнам во Господарот твој дека Ние ќе ги збереме нив и шејтаните, сигурно, а потоа ќе им го претставиме Џехеннемот околу кого на колена ќе клечат,

69. потоа Ние ќе ги одвоиме настрана сите дружини кои беа најдрски кон Милостивиот.

70. Потоа, Ние, секако, најдобро знаеме за оние од нив кои треба да бидат пржени.

71. Нема никој што таму нема да стигне: кај Господарот твој одлуката за тоа е донесена.

72. Потоа Ние ќе ги одвоиме оние кои беа богобојазливи, а зулумќарите ќе ги оставиме да клечат во огнот.

73. И кога ќе им се кажуваат ајетите Наши јасни, оние кои не веруваа ќе им се обратат на оние кои веруваа: “Која од двете дружини има подобра положба и поубава дружина?”

74. И колку поколенија пред нив Ние уништивме, кои имаа поубав изглед и кои беа побогати?

75. Кажи: “ Кој е во заблуда... па, Милостивиот нека му ја продолжи заблудата. “ И кога ќе го здогледаат ветеното им, било да е тоа казната, било пропаста на светот, ќе узнаат, тогаш, кој има полоша положба и послаба војска.

76. Аллах на упатените ќе им го зголеми Патоказот, а за делата добри кои остануваат, кај Господарот твој, има награда подобра и услуга подобра.

77. Го виде ли оној кој не веруваше во ајетите Наши, и кој зборуваше: “Ќе ми бидат дадени имот и деца, сигурно!”

78. Му се предочи ли невидливото? Или, пак, го прифати ли кај Господарот договорот?

79. Не, Ние ќе го запишеме она што го тврди и многу ќе му ја продолжиме казната.

80. И Ние ќе го наследиме она што го зборуваше и ќе ни дојде сам.

81. И прифатија, освен Аллах, друг бог да им биде поткрепник.

82. Не, божествата не ќе го признаваат верувањето свое и ќе се свртат против нив!

83. Не виде ли како Ние ги испративме шејтаните против неверниците за да ги навраќаат постојано на свое?

84. Не брзај, тогаш, против нив. Ние, навистина, им ги одбројуваме деновите:

85. Денот во кој Ние ќе ги збереме богобојазливите, кон Милостивиот, по порака,

86. а силниците Ние ќе ги турнеме кон Џехеннемот, како на поило.

87. Ќе поседуваат посредништво само оние кои го прифатија Договорот на Милостивиот.

88. И зборуваа: “Милостивиот си присвои дете!”

89. Да, вие дојдовте со злогласна работа.

90. Само што небесата не испукаа, а Земјата не се распарча, а планините не се урнаа,

91. затоа што на Милостивиот дете Му припишуваа.

92. А на Милостивиот не Му треба да зема дете.

93. Сите оние кои се на небесата и на Земјата ќе Му дојдат на Милостивиот како робови.

94. Он, секако, ги пореди и точно ги изброи.

95. И секој од нив на Денот суден ќе дојде поединечно.

96. За оние кои веруваа и кои работеа добри дела Милостивиот, навистина, ќе им подари љубов.

97. Ние Кур’анот, навистина, го олеснивме со јазикот твој за да ги зарадуваш со него богобојазливите и со него да ги опоменеш спротиставувачите.

98. И колку поколенија пред нив Ние уништивме? Знаеш ли некого од нив? Или, пак, им слушаш ли некаков глас?

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Кехф ( Пещерата )
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:55 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ЕЛ-КЕХФ (Пештера)

Мекка - 110 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Благодарение на Аллах кој на својот роб му објави Книга која не ја искриви,

2. туку: вистинска за да опомене со казна тешка од Него и да ги зарадува верниците кои работат добри дела дека за нив има, навистина, награда убава,

3. во која за навек ќе останат,

4. и да ги опомене оние кои тврдат дека Аллах си присвои дете.

5. Оние за тоа не знаат, а не знаат ни предците нивни. Е, само колку е крупен зборот што излегува од устите нивни! Тие само лаги зборуваат!

6. Па, жалејќи, зарем да пукнеш заради впечатоците нивни ако не веруваат во овој говор.

7. Се што е на земјата Ние, навистина, го создадовме да биде украс нејзин за да пробаме кој од нив ќе работи најубаво!

8. И Ние, секако, ќе ја направиме гола пустина!

9. Или сметаш ли дека жителите на пештерата и на Реким беа од знаменијата Наши најчудесни?

10. Кога младите момчиња се засолнија во пештерата, тогаш рекоа: “Господаре наш, дај ни од милоста Твоја и подготви не со добро однесување во работата наша!”

11. И Ние ги заспавме во пештерата години многу,

12. а потоа Ние ги пробудивме за да дознаеме која од двете странки подобро ќе го брои времето, во кое останаа.

13. И Ние вистински ти го кажуваме кажувањето за нив: тие беа млади кои, навистина, веруваа во Господарот свој и им го зголемивме Патоказот, навистина!

14. И Ние ги зајакнавме срцата нивни кога се разбудија, па рекоа: “Господарот наш е Господарот на небесата и на Земјата. Друг бог освен Него не повикуваме. Во спротивно, секако, невистина ќе зборуваме.

15. Еве, какви се луѓето наши! Прифатија други богови освен Него. Зошто, тогаш, за нив не донесоа доказ јасен? И кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах?

16. И штом се оддалечивте од нив и од она што го обожаваа освен Аллах: “Скријте се во пештерата. Господарот ваш ќе ве опсипа од милоста Своја, и ќе ви подготви од работата ваша корист некаква.”

17. И ти гледаш кога сонцето изгрева како се шири на десната страна од пештерата нивна, а кога заоѓа поминува на нивната лева страна, додека се тие во еден отворен простор во средината нејзина. Ете, тоа се од знаменијата Аллахови. Оној што Аллах ќе го упати... па, упатен е, а оној кого Он ќе го скршне во заблуда... па, за него не ќе најдеш ни заштитник ни показник.

18. И би поверувал дека се будни, а оние спијат. И ги вртиме било на левата било на десната страна, а кучето нивно беше ги пружило предните нозе кон отворот. И кога би ги видел во бегство ќе се дадеше и страв ќе те обземеше.

19. И ете, така Ние ги пробудивме за да се прашуваат еднисодруги. Говорник еден меѓу нив рече: “Колку останавте?” Рекоа: “Останавме еден ден или дел од еден ден.” Рекоа: “Господарот ваш најдобро знае колку останавте.” Испратете, тогаш, еден од вас со овие сребренарии ваши, па градот нека види која е најчистата храна и нека ви донесе од ‘рскот, нека се однесува учтиво и нека никого не извести за вас,

20. зашто, ако откријат за вас, навистина, ќе ве каменуваат или ќе ве вратат во верата нивна и тогаш, за навек, нема да успеете.”

21. И ете, така Ние ги запознавме другите за нив за да знаат дека ветувањето Аллахово, навистина, е вистинско и дека во Часот последен нема сомнение, навистина! Тогаш кога за работата нивна расправаа еднисодруги, рекоа: “Подигнете над нив една зграда. Господарот нивни најдобро ги знае.” Оние кои преовладуваа во таа работа нивна, рекоа: “Да изградиме еден храм пред нив!”

22. Ќе речат: “Тројца се, кучето нивно е четвртото.” Ќе речат: Петмина се, кучето нивно е шестото.” За невидливото ќе дофрлуваат. Ќе речат: “Седмина се, кучето нивно е осмото...” Кажи: “Господарот мој најдобро го знае бројот нивни.” И само малкумина го знаат. И расправај за нив само привидно и не барај, во врска со нив, мислење од никого!

23. И никогаш не вели, во врска со некоја работа: “Ова ќе го направам утре”,

24. - само: “Иншаллах,” и кога ќе заборавиш спомени Го Господарот твој, и речи: “Господарот мој, можеби, ќе ме упати кон она што е поблиску од овој показ!”

25. И останаа во пештерата своја триста години и додадоа девет години.

26. Кажи: “Аллах најдобро знае колку тие останаа. Тајната на небесата и на Земјата е - Аллахова!Е, колку Он гледа и колку Он слуша! Освен Него тие немаат заштитник и во одлуката Негова никој не учествува.

27. И кажувај го она што ти е објавено од Книгата на Господарот твој. Нема никој што може да ги промени Неговите зборови. И не ќе најдеш друго, освен Неговото прибежиште!

28. И стрпи се заедно со оние кои Го повикуваат Господарот свој и наутро и навечер, посакувајќи Го лицето Негово, и не тргај ги опулите твои од нив, посакувајќи го украсот во животот на овој свет; и не биди послушен кон оној чие срце го потемнивме и кој не Не споменува, и кој ја следи страста своја, а неговата постапка му е прекумерна.

29. И кажи: “Вистината е од Господарот твој... па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува.” За зулумќарите Ние, навистина, подготвивме оган чиј чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа! Е, само колку лошо сместување е тоа!

30. Оние кои, навистина, веруваат и кои работат добри дела... та, Ние не ќе ја поништиме наградата на оној кој прави добро дело!

31. За нив има бавчи еденски низ кои реки течат; ќе бидат украсени со белезии од злато и облечени со облека зелена од тенка и дебела свила и ќе бидат на дивани потпрени. Е, само колку е убава таа награда! Е, само колку убаво прибежиште е тоа!

32. И изнеси им го примерот на двајцата: на едниот од нив Ние му дадовме две бавчи со лозја и ги заградивме со урми и меѓу нив Ние нива поставивме.

33. И двете бавчи го даваа плодот свој и во ништо не беа оштетени, и меѓу нив Ние дадовме река да тече.

34. И за него имаше и други плодови, па му рече на својот другар, разговарајќи еден ден: “Побогат сум од тебе и посилно е потомството мое!”

35. И влезе во бавчата своја. Меѓутоа, направи грешка, говорејќи: “Мислам дека ова ќе остане за навек.

36. Не мислам дека ќе се оствари Часот. Ако бидам вратен кај Господарот мој ќе најдам подобро место во замена за ова.”

37. И му рече другарот негов, разговарајќи со него: “Не веруваш ли во оној кој те создаде од земја, потоа од семе, а потоа те создаде како човек?”

38. Но, Он, Аллах, е Господарот мој. На Господарот мој не Му здружувам никого.

39. Во бавчата твоја кога влезе да речеше: “Машаллах, нема друга моќ освен онаа кај Аллах, иако гледаш дека јас имам помалку имот од тебе, и деца!

40. Па, Господарот мој, можеби, ќе ми даде подобра бавча од твојата, па ќе испрати град од небо и ќе стане само лизгава површина,

41. или нејзината вода да потоне па никогаш да не можеш да ја најдеш.”

42. И пропадна плодот нејзин, и тогаш почна да ги крши прстите заради она што го потроши во неа, и потпорниците од лозјето се срушија. И рече: “Тешко мене! Зошто ли му припишував на Аллах здруженик!”

43. И тој немаше дружина која ќе му помогне, освен Аллах. И не беше победник!

44. Заштитата тука е од Аллах, Вистината. Он најдобро наградува и најдобро ги завршува работите!

45. И изнеси им го примерот за животот на овој свет: сличен е на вода која Ние ја спуштаме од небо со која се мешаат растенијата на земјата, па ќе станат суви и ветрот ќе ги разнесе. И Аллах е Кадар за се!

46. Имотот и синовите се украс во животот на овој свет. Добрите дела кои остануваат, меѓутоа, се подобри кај Господарот твој: наградата е подобра и надежта е подобра.
47. И на Денот во кој Ние ќе ги разнишаме планините земјата ќе ја видиш порамнета. И Ние ќе ги збереме без да изземеме некого!

48. И ќе бидат претставени кај Господарот твој во редови. Ни дојдовте, секако, онака како што ве создадовме првпат. Но, мислевте ли дека Ние никогаш не ќе го исполниме ветувањето кон вас?

49. Ќе биде поставена Книга, а силниците ќе ги видиш преплашени заради она што е во неа, па ќе речат: “Тешко нам! Каква е оваа Книга? Ни мало ни големо во неа не е изземено, се е изброено.” И ќе го најдат подготвено она што го работеа. И Господарот твој зулум не ќе направи никому.

50. И кога Ние им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем!” Сите паднаа на сеџде, освен Иблис. Тој беше меѓу џиновите па ја оскверни заповедта од Господарот свој. Ќе ги земате ли, тогаш, него и потомството негово за заштитници покрај мене? Оние се ваши непријатели. Е, само колку е лоша таа замена за зулумќарите!

51. Не ги имав за сведоци при создавањето на небесата и на Земјата и при создавањето нивно, и не ги земав за помош скршнатите во заблуда!

52. И Денот во кој Он ќе рече: “Повикајте ги оние кои ги сметавте за здруженици Мои.” Па, ќе ги повикаат и не ќе им се оѕвијат. Меѓу нив Ние одредивме место во кое ќе пропаднат.

53. И силниците ќе го видат огнот и тогаш ќе сфатат дека ќе паднат во него, и од него не ќе можат да се избават.

54. И Ние во овој Кур’ан поредивме, секако, примери секакви за луѓето. Човекот од сите суштества, меѓутоа, најмногу расправа.

55. И кога им дојде Патоказот им забрануваат на луѓето не им забрануваа да веруваат во нешто, и да бараат прошка од Господарот свој само за да им се повтори праксата на одамнешните или да им дојде казната непосредно.

56. Пејгамберите Ние ги испраќаме само како радосници и опоменувачи. Оние кои не веруваат расправаат за невистината за да ја отстранат вистината со неа. А знаменијата и опомените Мои ги исмеваат!

57. И кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе се споменат ајетите на Господарот негов, е рамнодушен кон нив, и кој заборава она што го направија рацете негови. Врз срцата нивни Ние им ставивме завеса за да не го разберат Кур’анот, а во ушите нивни тежина. И ако ги повикаш кон Патоказот, тогаш, за навек не ќе се упатат.

58. Господарот твој е Простувач и Посредник на милоста. Кога би го земал предвид кај нив она што го спечалија, казната веднаш ќе им дојде. Но, за нив има време определено и, освен ова, не ќе најдат засолниште.

59. И тие градови Ние ги уништивме, затоа што зулум правеа, и точно време определивме за уривањето нивно.

60. И кога Муса му рече на своето момче: “Не ќе престанам да одам се додека не дојдам до едно место кадешто се спојуваат две мориња или, пак, ќе печашам долго време.”

61. И бидејќи дојдоа до местото кадешто се спојуваат две мориња, ја заборавија рибата своја која слободно си го зеде својот правец кон морето.

62. И бидејќи поминаа преку, Муса му рече на момчето: “Дај ни ја храната зашто веќе се уморивме од ова патување наше!”

63. Рече: “Не виде ли дека кога отседнавме кај пештерата дека јас, навистина, заборавив на рибата. Само Шејтанот ме натера да заборавам на неа: таа си тргна кон својот правец низ морето, чудесно!”

64. Муса рече: “Ете, тоа е она, токму, кон што тежнееме.” Па, ете се вратија, следејќи ги стапалките свои!

65. Па, најдоа еден од робовите Наши кому му дадовме милост од Нас и кого Ние го поучивме со знаење од Нас.

66. И Муса му рече: “Да те следам ли па да ме поучиш со оној показ со кој си ти, токму, поучен?”

67. Рече: “Ти, навистина, не ќе можеш да издржиш со мене!

68. Како да се стрпиш за она за што не си известен?”

69. Рече: “Ќе ме најдеш, иншаллах, трпелив и во се послушен кон тебе!”

70. Му рече на Муса: “Па, ако ме следиш, тогаш, не прашувај ме за ништо се додека тоа не ти го објаснам!”

71. И така тргнаа тие двајцата, и кога се качија на чамецот, го избуши чамецот. Рече: “Го избуши ли за да се удават сопствениците негови? Направи, секако, крупна работа!”

72. Оној рече: “Нели ти реков дека ти, навистина, не ќе можеш да издржиш со мене!”

73. Муса рече: “Не земај го предвид она што го заборавив, и не оптоварувај ме во оваа моја тешка работа!”

74. И пак тргнаа тие двајцата, и кога сретнаа едно дете, го уби детето. Рече: “Уби ли чисто чедо, кое никого не убило? Направи, секако, голем престап.”
75. Рече: “Нели ти реков дека ти, навистина, не можеш да издржиш со мене?”

76. Рече: “Ако те прашам уште за нешто по ова, тогаш, не придружувај ме. Ете, така, што се однесува до мене, ти се оправдав!”

77. И пак тргнаа двајцата. И кога стигнаа до жителите на едно село, побараа да ги нахранат, но овие одбија да ги угостат, и така, наидоа на еден ѕид кој само што не беше се урнал, па го ипсрави. Муса рече: “Да посакаше, секако, ќе беше награден за ова!”

78. Рече: “Ова е одделувањето, всушност, меѓу мене и меѓу тебе. Ќе ти го откријам знаењето за она за што, токму, не можеш да се стрпиш!”

79. Што се однесува до чамецот, тој беше во сопственост на сиромашни кои работат на морето. Посакав да го оштетам, бидејќи зад нив е еден владар кој го плени и присвојува секој чамец.

80. Што се однесува до детето, родителите негови се верници, па не обзеде страв да не ги турне во пакост и неверство,

81. па посакавме Господарот нивни да им го замени со подобро дете од него, почисто и помилосно!

82. Што се однесува до ѕидот, па тој е во сопственост на две јетимчиња од градот. Под него се наоѓа благо за нив. Бабо им беше добар. И ете, така Господарот твој посака тие деца да пораснат, да сјакнат и да си го извадат благото свое: тоа е милост од Господарот твој. С# што направив, не направив по свое. Ете, така, тоа е толкување за она за што не можеш да се стрпиш!”

83. И те прашуваат за Зул Карнејн. Кажи: “Ќе ви изнесам за него едно сеќавање.”

84. Ние, навистина, му дадовме едно значајно место на земјава. И му дадовме показ кон секоја ствар,

85. и тој, тогаш, тргна кон показот.

86. И кога стигна до местото каде што заоѓа сонцето, тој помисли дека заоѓа во матен извор, и тука најде еден народ. Ние рековме: “О Зул Карнејн, или ќе го казниш овој народ или, пак, ќе бидеш учтив кон него!”

87. Рече: “Што се однесува до оној кој прави зулум... па, ќе го казнам, а потоа ќе му се врати на Господарот свој... и Он ќе го казни со казна невидена.”

88. Што се однесува до оној кој верува и кој работи добро... па, нему му припаѓа награда најубава. Со наредбата што ќе му ја кажеме ќе му олесниме.

89. Потоа пак тргна по показот.

90. Кога стигна до местото, каде што изгрева сонцето, наиде на еден народ над кого излегуваше сонцето. И Ние не му дадовме покривка да се штити од него.

91. Ете, така постапи со тој народ и Ние целосно ја знаевме постапката пред него.

92. Потоа пак тргна по показот.

93. Кога стигна до едно место меѓу две брда наиде, освен на нив и на еден народ кој, речиси, не разбираше говор.

94. Рекоа: “О Зул Карнејн, Јеџуџ и Меџуџ, навистина, се безредници на земјава. Ако ти дадеме награда, дали тогаш ќе направиш ограда помеѓу нас и помеѓу нив. ?”

95. Рече: “Она за што сум оспособен од Господарот мој е подобро: поддржете ме со моќ, и меѓу вас и меѓу нив ќе подигнам бедем.”

96. Донесете ми железни шипки. И штом израмни две страни, рече: “Дувајте!” И штом го усвити, рече: “Дајте да го прелеам тоа со растопен бакар!”

97. И повеќе не можеа да поминат преку бедемот, и повеќе не можеа да го пробијат.

98. Рече: “Ова е милост од Господарот мој. Па, кога ќе дојде ветувањето на Господарот мој и Он ќе го срамни со земјата, а ветувањето на Господарот мој е вистинско.”

99. И на Денот тој Ние ќе ги оставиме да се удираат меѓу брановите, и ќе дувнеме во сурлата, па Ние ќе ги збереме, сите!

100. На Денот тој, Ние ќе им го обелодениме јасно Џехеннемот на неверниците,

101. на оние чии очи беа покриени во врска со Опомената и кои ништо не можеа да слушнат.

102. Сметаат ли оние кои не веруваат во тоа да ги земаат робовите Мои, освен Мене, за заштитници? Ние, навистина, Џехеннемот го подготвивме да биде престојувалиште за неверниците!

103. Кажи: “Да ве известиме ли за оние чии дела се најштетни -

104. оние чиј труд е залуден во животот на овој свет, а мислат дека, токму, добро работат?

105. Тоа се оние кои не веруваа во ајетите на Господарот свој, во средбата со Него... па, пропаднаа делата нивни, а на Денот суден кон нив не ќе имаме мера!”

106. Ете, Џехеннемот е наградата нивна затоа што не веруваа, затоа што ајетите Мои и пејгамберитеМои за лажни ги сметаа.

107. За оние кои веруваа и кои работеа добри дела има, навистина, бавчи џеннетски за живеалиште,

108. во нив за навек ќе останат, и не ќе посакуваат да ги променат.

109. Кажи: “Кога морето би било мастило за да се испишат зборовите на Господарот мој, морето ќе се исуши пред да се исушат зборовите на Господарот мој, па дури и да донесеме уште едно море со мастило, нему слично.”

110. Кажи: “Јас сум, навистина, човек сличен вам. Ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па, оној кој се надева во средбата со Господарот свој, нека работи добро, и во обожавањето нека не Му здружува на Господарот свој никого!”

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Исра (Патување ноќе)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:53 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ЕЛ-ИСРА (Патување ноќе)

Мека - 111 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Славен нека биде Оној кој робот Свој ноќе го пренесе од Месџидул Харам до Месџидул Акса, чија околина Ние ја благословивме за да му покажеме некои од знаменијата Наши. Он, навистина, е Слушач и Гледач!

2. И на Муса Ние Книга му дадовме и ја определивме да биде Патоказ за синовите Израилови: “Не земајте, освен Мене, друг закрилник!”

3. Потомци од оние кои ги товаривме со Нух. Он, навистина, беше роб благодарен!

4. И во Книгата Ние на Синовите Израилови им определивме: “Вие ќе предизвикате на земјата безредие во два наврата, сигурно! И прекумера, нависоко ќе гледате!”

5. Па, кога дојде ветувањето, она првото, против вас, Ние испративме робови Наши, силни и јаки, кои ги прегазија домовите. И ветувањето беше остварено.

6. Потоа Ние ви ја вративме силата против нив и ве поддржавме и со имотот и со синовите и броено ве зголемивме.

7. Ако направите добро, правите добро за себеси, а ако, пак, направите зло, правите за себеси. А кога дојде ветувањето друго Ние ги испративме за да се ужалат лицата ваши, и за да влезат во Храмот како што влегоа првпат, и целосно да го уништат она што ќе го заземат.

8. Господарот ваш, можеби, ќе ви прости. Ако вие почнувате и Ние почнуваме. Џехеннемскиот затвор Ние го определивме за неверниците!

9. Овој Кур’ан, навистина, упатува кон она што е најисправно, и на верниците кои работат добри дела им донесува радосница дека за нив, секако, има награда голема.

10. А за оние кои не веруваат... на Ахирет, навистина, Ние ќе им подготвивме казна болна.

11. И човекот повикува кон зло како што повикува и кон добро. Човекот е претерано брз!

12. И денот и ноќта Ние ги направивме две знаменија. Па, знамението ноќ го избришавме, и знамението ден го направивме очигледно за да барате добрина од Господарот ваш, и за да го знаете бројот на годините и сметањето. Па, секоја работа Ние потенко ја објаснивме!

13. И за вратот на секој човек Ние ќе му го обесеме делото негово, и на Денот суден, Книгата со која ќе се сретне, ќе му ја извадиме отворена:

14. “Читај ја Книгата твоја; за тебе денес е доволно тоа што ќе полагаш сметка.”

15. Оној кој оди по патот вистински, оди по него, навистина, за себеси, а оној кој скршнува во заблуда, скршнува во заблуда, навистина, против себеси. И никако не ќе го носите бремето на другиот. И Ние не казнивме ниеден народ додека не му испративме пејгамбер.

16. И Ние кога сакаме го уништуваме еден град, и ги оставаме раскошниците негови во разврат па се овистинува зборот против нив и тогаш до темел го рушиме тој град.

17. И колку поколенија по Нух Ние уништивме! Доволно е што Господарот твој ги гледа, и што е Гледач и Известен за гревовите на робовите Свои.

18. На оној кој го посакува овој свет Ние му го даваме она што го сакаме, и на оној кому сакаме, потоа, ќе му одредиме Џехеннем во кој ќе биде пржен, потценет и напуштен!

19. А на оној кој го посакува Ахирет и кој тежнее кон него, кој е верник... е, па, на онаквите тежнеењето нивно е благодарно!

20. Ние им даваме на сите, било на овие било на оние, од подароците на Господарот твој. А подарокот на Господарот твој не е невреден!

21. Погледни како Ние им даваме предност еднинадруги. А на Ахирет, секако, се најголемите степени и најголемите предности!

22. И покрај Аллах друг бог не означувајте. Ќе останете, тогаш, осудени и отфрлени.

23. И Господарот твој определи: “Само Него да го обожавате, а на родителите добро да им правите. Ако еден од нив или двајцата кај тебе доживеат старост, не кажувај им ни ‘уф’ Не обраќај им се со висок глас и зборувај им зборови благородни!”

24. И пред нив спушти ги крилјата на потчинетоста и милоста, и речи: “Господаре мој, смилуј им се онака како што тие ми се смилуваа кога бев малечок!”

25. Господарот ваш најдобро го знае она што е во душите ваши: ако бидете доброчинители... та, Он, кон оние кои се кајат, навистина, е Простувач!

26. И дај му го на ближиниот правото негово, и на сиромашниот, и на патникот и не троши безмерно!

27. Расипниците, навистина, се браќа на Шејтанот, а Шејтанот Господарот негов, навистина, не Го признава.

28. И ако се свртиш од нив, барајќи ја милоста на Господарот твој за која, токму, се надеваш, тогаш, проговори им учтиво!

29. И не држи ја раката твоја обесена за вратот а ниту раширена толку долго за да не останеш, тогаш, презрен и очаен.

30. Господарот твој, секако, дава ‘рск кому сака, и Он му одредува мера. Он е Известен за робовите Свои и Гледач е!

31. И не убивајте ги децата ваши, плашејќи се од сиромаштија. Ние и нив и вас ве храниме. Убивањето нивно, навистина, е грев голем!

32. И не приближувајте се кон блуд. Тоа, навистина, е разврат и пат лош!

33. И не убивајте никого за кого Аллах забрани, бесправно! А во однос на оној кој е убиен, ни крив ни должен, на заштитникот негов му дадовме власт, но нека не претерува во убивањето. Тој, секако, е потпомогнат!

34. И не приближувајте се кон имотот на јетимот! И додека не стане полнолетен, однесувајте се кон него на најдобар начин. Исполнувајте го договорот! За договорот, навистина, има одговорност!

35. И кога мерите, мерете како што треба, мерејќи на кантарите праведно. Ете, тоа е најдобар и најубав исход!

36. И не следи го она што не го знаеш. И слухот, и видот, и срцето ќе бидат одговорни, навистина!

37. И не оди по земјата горделиво! Ти, навистина, земјата не ќе ја пробиеш, и не ќе ги надвишиш брдата!

38. Се ова е лошо, кај Господарот твој, непожелно.

39. Ете ти од мудроста што ти ја објави Господарот твој. И не придружувај Му на Аллах друг бог, зашто ќе бидеш фрлен во Џехеннемот, понижен и отфрлен!

40. Ви подари ли Господарот ваш синови, а за Себе ги зема мелеките како ќерки? Вие зборувате, секако, зборови големи!

41. Во овој Кур’ан, секако, Ние поставивме ред за да се присетат, и тоа само им го зголемува оддалечувањето.

42. Кажи: “Кога би имало покрај Него богови како што зборуваат, тогаш, би побарале пат до Аршот!”

43. Славен е Он и Возвишен, над она што го зборуваат, со висина голема!

44. Него го слават и седумте небеса и Земјата, и она што е меѓу нив. И нема ништо што, со благодарност своја, не Го слави, но вие не го разбирате славењето нивно! Он, навистина, е Благ и Простувач!

45. И кога го читаш Кур’анот меѓу тебе и оние кои не веруваат во Ахирет Ние поставивме завеса невидлива.

46. И врз срцата нивни Ние ставивме прекривачи за да не го разберат, а во ушите нивни тежина. И кога ќе го споменеш Господарот твој во Кур’анот, Единствениот, оние ги вртат плеќите со одбојност.

47. И Ние најдобро го знаеме она што оние го слушаат, токму, кога те прислушкуваат, и кога шепотат, и кога зулумќарите зборуваат: “Да, вие следите само еден човек волшебник!”

48. Погледни како ти донесуваа примери! Оние скршнаа во заблуда... па, не можат да го најдат патот!

49. И зборуваат: “Кога ќе станеме коски и прашина тогаш ли ќе бидеме оживеани, одново создадени?”

50. Кажи: “И дури да бидете камења и железо,

51. или кое било друго суштество кое ви изгледа преголемо. Ќе речат: “Кој ќе не оживи?” Кажи: “Оној кој ве создаде првпат.” Тогаш кон тебе ќе ги свртат главите свои, зборувајќи: “Кога ќе биде тоа?” Кажи: “Ќе биде, можеби, сосем блиску!”

52. Денот во кој Он ќе ве повика, па ќе му се оѕвиете, заблагодарувајќи Му се. Ќе помислите дека останавте само малку време.

53. И кажи им на робовите Мои да го зборуваат она што е најдобро, зашто Шејтанот, навистина, сее раздор меѓу нив. Шејтанот кон човекот, секако, е непријател отворен!

54. Господарот твој ве познава најдобро. Ако посака Он ќе ви се смилува, а ако, пак, Он посака ќе ве казни. И Ние не те испративме кај нив како закрилник!

55. Господарот твој најдобро го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. Од пејгамберите Ние еднинадруги ги одликувавме, и на Давуд Зебур му дадовме.

56. Кажи: “Повикувајте ги оние кои ги замислувате за богови, а не Него, кои не можат да ја отстранат неволјата од вас, а ни да ја заменат!”

57. Оние кои ги повикуваат бараат средство како да дојдат поблиску до Господарот свој, и се надеваат на милоста Негова, и се плашат од казната Негова. Казната од Господарот твој е подготвена, навистина!

58. Нема ниеден град кој Ние не ќе го уништиме пред Денот суден или да не го казниме со казна жестока. Тоа е запишано во Книгата!

59. И ништо не може да Не спречи да испратиме знаменија. Нив, освен тоа, ги сметаа за лажни и поколенијата одамнешни. И на Семуд Ние му дадовме камила очигледна... па и направија зулум. Знаменијата ги испраќаме само да застрашиме!

60. И кога ти рековме: “Да, Господарот твој ги опфаќа луѓето, а сонот кој ти го покажавме е само искушение за луѓето, а и стеблото проколнето во Кур’анот. И ги застрашуваме, а големото насилство нивно само се зголемува!

61. И кога Ние им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем! Па, сите паднаа на сеџде, освен Иблисот, кој рече: “Ќе паднам ли на сеџде на оној кого го создаде од кал?!”

62. И уште рече: “Сметаш ли на овој кого го одликува над мене? Е, па. ако ме оставиш до Денот суден, потомството негово, освен мал број, секако, ќе го совладам!”

63. Рече: “Бегај! А и оние кои ќе те следат. Па, Џехеннемот, навистина, е казната ваша, казната потполна!”

64. И колку можеш натерај од нив со гласот твој. И натерај го караванот твој кон нив, и пешадијата твоја... здружи им се и во имотот и со децата и вети им! Шејтанот им ветува само измама!

65. Не поседуваш моќ над робовите Мои, навистина! Господарот твој е Доволен Закрилник!

66. Господарот ваш е Оној кој, за вас, го тера бродот по море за да барате од добрината Негова. Он кон вас, навистина, е Сомилосен!

67. И кога ќе ве погоди неволја во море исчезнуваа оние кои ги молевте, освен Него. И штом ќе ве спасивме со пристигнувањето на копно се противевте. Човекот, навистина, не признава!

68. Сигурни ли сте дека Он нема да ве гмечи во земјата? Или да не ви испрати пустинска бура? А потоа да не си најдете закрилник!

69. Или сигурни ли сте дека повторно нема да ве врати во морето, па да ви испрати бура која ќе ве удави затоа што не верувавте? Потоа не ќе најдете никого кој ќе биде против Нас.

70. И Ние веќе ги одликувавме синовите Адемови. И ги згриживме и по море и по копно, снабдувајќи ги со добрата и давајќи им предност над многу од оние кои ги создадовме.

71. Денот во кој ќе ги повикаме сите луѓе со нивниот водач... Оние на кои ќе им биде дадена книгата од десната страна нивна ќе ја читаат книгата своја и не ќе им се направи никакво зло ни колку едно влакно.

72. И кој ќе биде во врска со ова невид на овој свет ќе биде невид и на Ахирет, и кој најмногу во заблуда скршнал.

73. И за малку да не те одвратат од она што Ние ти го објавивме, за да фрлаш лага врз Нас, со она што не ти се објави, па да те прифатат за пријател!

74. И Ние да не те зајакневме ти, само за малку, ќе им се приклонеше,

75. а, ако тоа го направеше, тогаш, Ние ќе ти дадевме да искусиш удвоена казна, и во овој живот и во оној живот. Потоа против нас не би нашол поддржник!

76. И само што не те воздигнаа над земјата за да те истераат од неа, навистина! А ако тоа го направеа само малку време по тебе ќе останеа.

77. Праксата кон пејгамберите кои Ние пред тебе ги испративме беше, секако, таква. И во праксата Наша, секако, не ќе најдеш измена.

78. И намаз извршувај кога сонцето ќе тргне од половина на небото па до вечерниот самрак, и читај Кур’ан на сабах намаз. Читањето на Кур’анот на сабах намаз, навистина, е Сведоштво!

79. И бдеј со намаз во дел од ноќта, и тоа доброволно, можеби Господарот твој ќе ти испрати благороден достоен степен.

80. И кажи: “Господаре мој, направи да влезам низ влезот на искреноста и да излезам низ влезот на искреноста. И дај ми од Твоја страна и власт и поддржник!”

81. И кажи: “ Вистината дојде, а лагата исчезна. Лагата, секако, е ништожна!”

82. И Ние од Кур’анот ти го објавуваме она што е Лечение и Милост за верниците. А на зулумќарите само им ја зголемува загубата!

83. И кога благодатот Наш ќе падне на човекот, се дуе и се врти настрана, а кога ќе го допре зло некакво, се разочарува.

84. Кажи: “Секој работи онака како што му одговара. Господарот ваш, меѓутоа, најдобро го знае оној кого Он, токму, го упати по патот најупатувачки!”

85. И те прашуваат за духот. Кажи: “Духот е едно од нештата на Господарот мој и за него дадено ви е само малку знаење. “

86. А ако посакавме Ние ќе го занемаревме сигурно она што ти го објавивме. И ти, во врска со тоа, не ќе најдеш против нас закрилник,

87. освен милоста од Господарот твој. Добрината Негова кон тебе, навистина, е голема!

88. Кажи: “Кога би се збрале и џиновите и луѓето да донесат нешто што ќе биде слично на Кур’анот, не ќе можат да донесат ништо слично нему, па било да се помагаат еднисодруги.”

89. Во овој Кур’ан Ние веќе поредивме за луѓето од секој пример. Па, мнозинството на луѓето одбиваат, навистина, со тоа што не веруваат!

90. И зборуваат: “Никогаш нема да ти веруваме се додека не направиш да прсне вода од земјата, вода која ќе извира “,

91. или: “ако имаш бавча со урми и со лозја па да направиш да избувнат големи реки од неа”,

92. или: “ако не го срушиш небото врз нас - како што сметаше - во парчиња”, или; ако не ни ги доведеш Аллах и мелеките за помош“,

93. или: “ако немаш куќа со украси” - или ако не се извишиш на небо - уште: нема да ти веруваме и во извишувањето твое с# додека не ни спуштиш Книга што ќе ја читаме.” Кажи: “Славен нека биде Господарот мој! Не сум ли јас само човек пејгамбер!?”

94. А она што луѓето ги спречува - бидејќи им дојде Патоказот - е само тврдењето нивно: “Дали Аллах испрати човек за пејгамбер?”

95. Кажи: “Кога мелеките би оделе по земјата мирно Ние, секако, од небо ќе им испратевме мелек за пејгамбер!”

96. Кажи: “Аллах е Доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Он, навистина, е Известен за робовите Свои и Гледач е!

97. Оној кого Аллах ќе го упати, упатен е, а оној кого Он ќе го скршне во заблуда... за него не ќе најдеш, освен него, заштитници. Ние ќе ги збереме на Денот суден: лицата нивни ќе бидат соборени, ќе бидат и слепи, и неми, и глуви. Прибежиштето нивно е - Џехеннемот! И секојпат кога огнот Саир ќе ослабне Ние ќе го разгориме.

98. Ова, токму, е казната нивна, зашто тие, навистина, не веруваа во знаменијата Наши, и велеа: “Кога ќе станеме коски и прашина, тогаш ли ќе бидеме оживеани, одново создадени?”

99. Не гледаат ли дека Аллах, секако, е Оној кој ги создаде небесата и Земјата, Кој е кадар да создаде ним слични, и да им определи рок во кого нема сомнение. Па, зулумќарите одбиваат, неверувајќи!
100. Кажи: “И кога би ги поседувале ризниците на милоста од Господарот мој и дури тогаш би ве опфатил страв да потрошите.” Човекот е голем скржавко!

101. И на Муса Ние веќе му дадовме девет знаменија јасни. Па, прашај ги синовите Израилови кога тој, токму, им дојде, и кога фараонот му рече: “При мислење сум дека ти си, Муса, навистина, волшебник!”

102. Муса рече: “Да, знаеш дека тие очигледности ги објави само Господарот на небесата и на Земјата. И јас сметам, о фараоне, дека си ти, навистина, изгубен!”

103. И тогаш фараонот посака да ги истера од земјата. Па, Ние него и оние кои беа со него, заедно, ги потопивме.

104. И по него на синовите Израилови Ние им рековме: “Населете ја земјата, а кога ќе дојде ветувањето за Ахирет, Ние ќе ве доведеме во дружини!”

105. И Кур’анот Ние со вистина го објавивме. И Он, токму, со вистина се објавува. И тебе те испративме само како радосник и опоменувач!

106. И Ние Кур’анот по делови го објавуваме за да им го читаш на луѓето полека. И го објавуваме онака како што го објавуваме.

107. Кажи: “Ќе верувате во него или нема да верувате, оние со даденото им знаење пред него - кога им се кажува - паѓаат на сеџде со лицата свои,

108. и зборуваат: “Славен нека е Он! Господарот наш! Ветувањето на Господарот наш се оствари!”

109. И паѓаат со челата свои, плачејќи, и Он им ја зголемува страхопочитта.

110. Кажи: “Повикувајте ‘Аллах!’ Или повикувајте ‘Милостив!’ И по кое било име ќе Го повикувате... па, имињата Негови се најубави! При намазот твој не изговарај на глас а ниту скришно во себе, туку најди начин меѓу тоа!

111. И кажи: “Благодарение на Аллах! Кој не си присвои дете и Кој не зема здруженик во власта и Кој нема потреба од поддржник. И величај Го со величието!”

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ен-Нахл (Пчела)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:36 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА
ЕН-НАХЛ (Пчела)

Мекка - 128 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Наредбата Аллахова ќе се оствари, сигурно, па не забрзувајте ја! Славен е и Возвишен од она што Му го здружуваат!

2. И Он со својата наредба спушта мелек со објава до оној кому сака меѓу робовите Свои: “Опоменувајте дека освен Него нема друг бог. Па, само од Мене стравувајте!”

3. И небесата и Земјата Он ги создаде со вистина. Он е над она што Му го здружуваат!

4. Он го создаде човекот од капка семе и тој, ете, е непријател отворен!

5. И добитокот Он за вас го создаде. Од нив имате топла облека и користи, и од нив и јадете.

6. И колкава е убавината за вас кога ги враќате од пасиште и кога ги носите на пасиште.

7. И го носи товарот ваш до градот до кој можете да дојдете само со тешкотија голема. Господарот ваш, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен!

8. И коњи, и маски и магариња за да ги јавате и како украс; и го создава она што не го знаете!

9. Намерата да се оди кон патоказот е - Аллахова. А некои, пак, од него скршнуваат. И кога Он би сакал би ве упатил сите, сигурно!

10. Он од небо ви спушта вода; од неа напивка и со која се наводнуваат пасиштата каде го чувате да паси добитокот ваш.

11. И со водата расте за вас посев: маслинка, и урми и грозје и плодови секакви. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат!

12. И Он ви ги потчини и ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, а и ѕвездите ви се потчинети со наредбата Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат!

13. Он ви го потчини и она што расте на земјата со различни бои. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои се сеќаваат!

14. И Он ви го потчини морето од него за да јадете свежо месо, и од него за да вадите украс кој го носите со облеката, и гледаш како чамецот го сече, и за да барате, секако, од добрината Негова и за да бидете благодарни!

15. И Он расфрла по земјата брда таа за да не ве потресува, и реки и патишта за да се упатувате,

16. и покази, исто така, Он ви создаде, и по ѕвездите оние, токму, се упатуваат.

17. Оној кој создава дали е како оној кој не создава? Па, нема ли да се присетите?

18. И ако ги броите благодатите Аллахови вие, секако, не можете да ги изброите. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

19. И Аллах го знае она што го криете и она што го обелоденувате.

20. Оние кои се повикуваат на друг бог освен Аллах не можат да создадат ништо и оние се, токму, создадените!

21. Мртви суштества се, не се живи, и не знаат кога ќе бидат оживеани.

22. Вашиот Бог е еден Бог. Оние кои не веруваат во Ахирет... па, срцата нивни се расипнички. Оние, всушност, се дујат!

23. Аллах, без сомнение, го знае она што го кријат и она што го обелоденуваат. Он, навистина, не ги љуби надуените!

24. И кога ќе им се рече: “Што ви објави Господарот ваш?” Ќе речат: “Прикаски за народите одамнешни,”

25. за да го носат на Денот суден бремето свое целосно и дел од бремето на оние кои без знаење скршнуваа во заблуда. Е, само колку е лошо она што го товарат!

26. И оние пред нив веќе сплеткареа... па, Аллах ги сруши од темел домовите нивни, и покривот нивни врз нив се сруши, и Он им даде казна од кадешто не ја ни усетија.

27. Потоа Он на Денот суден ќе ги срамоти, и ќе рече: “Каде се здружениците Мои за кои вие, токму, се расправавте?” Оние со даденото им знаење ќе речат: “Срамот и лошото денес, навистина, се врз неверниците,” -

28. оние на кои мелеките им ги земаа душите нивни, правејќи си зло самите себеси, и оние кои ќе искажат послушност, ќе речат: “Никакво зло ние не правивме.” Не, Аллах, навистина, го знае она што го работевте!

29. Па, влезете низ вратите џехеннемски и во него за навек ќе останете.” Е, само колку лошо престојувалиште е тоа за горделивите!

30. А на богобојазливите ќе им се рече: “Што објави Господарот ваш?” Ќе речат: “Добро.” А за оние кои работат добро, секако, има добро на овој свет, а доброто во Куќата ахиретска е подобро, навистина! Е, колку благословена Куќа е таа за богобојазливите:

31. бавчи на Адн во кои ќе влезат и низ кои реки ќе течат. Во нив ќе имаат се што сакаат. Ете, така Аллах ги наградува богобојазливите!

32. Оние на кои мелеките им ги земаат душите, добрите, и кои ќе возгласат: “Селамун алејкум! Влезете во Џеннетот заради она што го работевте!”

33. Што очекуваат, освен да им дојдат мелеки или да им дојде наредбата од Господарот твој. Ете, така правеа оние пред нив. И зулум не Му направија на Аллах, туку себеси зулум си направија,

34. па, лошотии ги снајдоа заради она што го работеа и ги обзеде она за што се исмеваа.

35. И оние кои здруженик Му припишуваа на Аллах, зборуваа: “Кога Аллах би сакал не би обожавале, освен Него, ништо. Ние, а и предците наши, исто така! Ништо не ќе забрануваме без волјата Негова.” Ете, така работеа оние пред нив. Пејгамберот, тогаш, има ли нешто друго освен да извести и тоа јасно?

36. И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “Обожавајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните!” Од нив има и такви кои ги упати Аллах, а и такви кои, токму, заслужија да залутаат. Па, патувајте по земјата и гледајте каква беше казната за лашковците!

37. А ако, пак, стремиш да ги упатиш по патоказот, тогаш, Аллах, навистина, не го упатува оној кој скршнал во заблуда. Оние, секако, немаат поддржници!

38. И се колнеа во Аллах со заклетви нивни тврди: “Аллах не ќе го оживи оној кој ќе умре.” Да, ветувањето Негово се овистини, но мнозинството на луѓето не знаат,

39. за да им стане јасно на оние кои се разединија во тоа и за да узнаат оние кои не веруваат дека, навистина, оние се лашковци!

40. Кога Ние би посакале нешто да биде само ќе речеме: “Биди!”- и тоа, токму, ќе биде .

41. И оние кои се иселија заради Аллах, за нив веќе по направениот зулум... на овој свет ќе им дадеме добро. А наградата на Ахирет, секако, е поголема. Е, само кога би знаеле!

42. Трпеливите и оние кои се потпираат врз Господарот свој.

43. И пред тебе Ние само луѓе испраќавме на кои им доаѓаше вдахновението Наше. Па, прашај ги Следбениците на Опомената ако не узнавте,

44. за јаснотиите и Книгите. Ние и тебе ти објавивме Опомена за да им го објасниш на луѓето она што им го објавуваме, и за да размислуваат.

45. Нели се сигурни оние кои правеа лошотии, сплетки, дека Аллах нема да ги згмечи во земја или дека нема да им дојде казна од каде што нема ни да усетат,

46. или казната да не им се случи при лунѕањата нивни при што ќе бидат немоќни?

47. Или да не им се случи при стравот нивни... та, Господарот твој, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен!

48. Не гледаат ли дека се она што Аллах го создаде, што ја расфрла неговата сенка лево и десно... му прави сеџде на Аллах? Тоа, токму, е потчинето!

49. На Аллах му прави сеџде се она што е на небесата и она што е на земјата - се што е живо. А и мелеките кои не се дујат,
50. се плашат од Господарот свој кој е над нив, и го работат она што им е наредено.

51. Аллах вели: “ Не прифаќајте два бога. Бог, навистина, е само еден. Тогаш, само од Мене стравувајте, навистина!

52. И се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Верата само Нему му припаѓа. И зарем од друг, место Аллах, ќе се плашите?

53. Секој благодат при вас... е од Аллах. Потоа кога ќе ви се случи несреќа... та, кон Него се повикувате, гласно!

54. Потоа, кога несреќата ќе помине, тогаш, една дружина меѓу вас, на Господарот свој здруженик Му припишува,

55. за да го покажат неверството свое во она што Ние им го дадовме... та, уживајте а потоа ќе узнаете!

56. И за оние кои не ги знаат определуваат еден дел од ‘рскот што Ние им го дадовме. Се колнам во Аллах дека ќе бидете, секако, прашани за лагите што ги измислувавте.

57. И оние на Аллах ќерки Му означуваат. Нека е возвишен Он! А нивно, меѓутоа, е она што си го посакуваат!

58. И кога некому од нив ќе се донесе вест дека добил женско, лицето негово ќе го прекрие сенка црна и се огорчува,

59. се крие од луѓето заради лошата вест која му е донесена: дали да го остави во живот па да биде понижен или, пак, дали да го закопа в земја. Е, само колку е лошо просудувањето нивно?

60. А врз оние кои не веруваат во Ахирет им припаѓа лош пример, а највисокиот пример Му припаѓа на Аллах. Он е Силен и Мудар!

61. Кога Аллах би ги казнувал луѓето заради зулумот нивни не би останало ништо живо. Но, Аллах ги остава до едно време определено. Па, кога ќе им дојде крајот не ќе можат да го задоцнат ни за миг а ниту, пак, да го забрзаат.

62. Презираното од нив Му го припишуваат на Аллах, а јазиците нивни лага исфрлаат дека за нив, без сомнение, има оган. И тие кон него ќе претходат, навистина!

63. Се колнеме во Аллах дека, секако, испративме пејгамбери пред тебе, па Шејтанот постапките нивни ги разубавуваше. Он е заштитникот нивни денес, а за нив има казна болна.

64. И Ние Книга ти објавивме само да им го објасниш она во што се разединуваат, и Патоказ, и Милост за луѓето кои веруваат.

65. Аллах од небо спушта вода па, со неа ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои слушаат.

66. И во добитокот вие, навистина, имате ибрет. Ве напојуваме со она што е во стомакот негов, со млеко чисто, меѓу крв и огризина во трбушината, пријатно за оние кои го пијат.

67. А од плодовите на урмата и лозјето вие земате напивка и храна пријатна. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои сфаќаат.

68. И Господарот твој & даде вдахновение на пчелата: “Прави куќа по ридовите, и по стеблата и по она што го прават луѓето;”

69. потоа: “Јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твој, послушно!” Од внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат.

70. Аллах ве создаде а потоа ќе ви ги земе душите. Некои од вас ќе доживеат старост длабока, така што не ќе знаат ништо од она што го знаеја. Аллах, навистина, е Зналец и Кадар!

71. Во ‘рскот Аллах им даде предност еднинадруги. Но, оние на кои им е дадена предност не им даваат од ‘рскот свој на оние кои се во нивна сопственост. А еднакви се и едните и другите. Е, па благодатот ли Аллахов оние не го признаваат?

72. Од вас Аллах создаде жени, а од жените ваши синови и внуци, и Он ве снабди со храна добра. Е, па, зошто во невистината веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат?!

73. И обожаваат друг освен Аллах кој не може да им даде никаков ‘рск ни од небесата ни од Земјата, и коишто ништо не можат.

74. Па, не донесуваат за Аллах примери. Аллах, навистина, знае а вие не знаете.

75. Аллах донесе пример со роб во нечија сопственост кој не е кадар за ништо и оној кому му даваме од Нашиот ‘рск добар, па од него дели и јавно и тајно. Еднакви ли се? Благодарноста му припаѓа на Аллах! Но, мнозинството од нив не знаат!

76. И Аллах донесе пример за два човека. Еден од нив нем, кој не е кадар ништо да направи, и на товар е на сопственикот негов, и каде било да го насочи, не донесува ништо добро. Еднаков ли е овој со оној кој повикува кон праведноста, а кој е по патот вистински?

77. Тајната на небесата и на Земјата е - Аллахова! А што се однесува до пропаста на светот? Па, таа е како трепка на окото или, пак, е побрз. Аллах, навистина, е Кадар за се!

78. Аллах ве вади од утробите на мајките ваши, незнаејќи ништо, па ви определи и слух, и вид и срца за да бидете благодарни!

79. Не ги гледаат ли птиците потчинети во летот на небо? Кој може да ги допре освен Аллах? Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои веруваат.

80. Аллах ви одреди во домовите ваши смирна, а од кожите на добитокот покривки кои лесно ги носите на денот кога патувате и на денот кога се утаборувате, а од волната нивна, од крзното нивно и влакната нивни простирки за уживање до еден рок определен.

81. И од она што Аллах го создаде за вас. Он определи сенки, а од брдата за вас определи засолништа. И за вас определи штитови кои ве штитат од горештина, и штитови кои ве штитат од несреќата ваша. Ете, така Аллах го надополнува благодатот Негов кон вас за да бидете послушни!

82. Па, ако ги свртат плеќите... та, ти само известуваш јасно:

83. го знаат благодатот Аллахов, а потоа не го признаваат. А мнозинството од нив се неверници!

84. И Денот во кој од секоја заедница ќе оживиме по еден сведок; потоа, на оние кои не веруваа не ќе им се даде збор, а ниту, пак, да се оправдуваат.

85. И кога оние кои правеа зулум ќе ја видат казната... та, казната не ќе им се олесни, и не ќе им се даде рок!

86. И кога ќе ги видиш оние кои на Аллах му ги здружуваа, божествата нивни ќе речат: “Господаре наш, оние се божества наши на кои ние, освен Аллах, се повикувавме.” А божествата нивни ќе им дофрлат: “Вие сте, секако, лажковци!”

87. И оние тогаш на Аллах ќе Му се оддадат. И ќе се оддалечи од нив она што го измислуваа.

88. На оние кои не веруваа и кои одвраќаа од Аллаховиот пат Ние ќе им ја зголемиме казната со уште една казна затоа што сееја безредие.

89. И Денот во кој од секоја заедница Ние ќе оживиме по еден сведок меѓу нив кој ќе сведочи против нив! И ќе дадеме, исто така, ти да бидеш сведок против нив. И ти објавивме Книга како Објаснување за се, и Патоказ, и Милост, и радосница за Полсушните!

90. Аллах, навистина, наредува и праведност, и добродетелство, и да им се дава на ближните, и да се забранува зло, и срамно дело и насилство. Аллах ве советува за да се присетите!

91. И придржувај се врз ветувањето кон Аллах кога склучивте договор, и не изневерувајте ги ветувањата кога ги утврдивте и кога Аллаха за заштитник го зедовте. Аллах, навистина, го знае она што го работите!

92. И не бидете како онаа која ќе го распреде предивото свое, по нејзиното цврсто предиво, земајќи ги ветувањата ваши за измама меѓу вас, само затоа да биде заедница која ќе биде побројна од друга заедница. Аллах во тоа само ве искушува за да ви објасни, секако, на Денот суден за она за што, токму, станавте деленици!

93. Аллах да сакаше, сигурно, ќе ве направеше една заедница, но Аллах скршнува во заблуда кого сака и упатува кого сака. Да, вие ќе бидете прашани за она што го работевте!

94. И не служете се со ветувањата ваши за да се лажете еднисодруги, па да слизне ногата од нејзината утврда, и да ја вкусете казната, бидејќи одвраќате од Аллаховиот пат. За вас има казна голема!

95. И не заменувајте го договорот со Аллах за нешто што малку вреди. Кај Аллах, навистина, е најголемото добро за вас само да знаете!

96. Она што е во вас е - привремено, а она што е кај Аллах е - за навек. Ние ќе ги наградиме оние кои беа трпеливи со награда уште поубава од она што го работеа.
97. Кој ќе направи добро дело, било да е машко или женско, е верник, и Ние ќе му дадеме, сигурно, добар живот, и ќе ги наградиме, сигурно, со награда уште поубава од она што го работеа.

98. А кога ќе читаш Кур’ан, побарај да се приклониш кон Аллах од Шејтанот проколнат.

99. Тој, навистина, нема власт врз оние кои веруваат и кои се потпираат врз Господарот свој.

100. Власта негова, секако, е врз оние кои ги вртат плеќите кон Аллах и кои здруженици Му припишуваат.

101. И кога Ние еден ајет ќе замениме со друг... па, Аллах најдобро знае за она што се објавува! Зборуваат: “Ти си, навистина, лашко! “Но, мнозинството меѓу нив не знаат!

102. Кажи: “Го објави Духот свет, од Господарот твој, со вистина за да ги зацврсти оние кои веруваат, како Патоказ и Радосница за Послушните!”

103. И Ние го знаеме, секако, она што го зборуваат: “Него го поучува некој човек.” Јазикот на кој оние го свртуваат е странски, а ова е јасен арапски јазик.

104. Оние кои не веруваат во знаменијата Аллахови, Аллах, навистина, не ќе ги упати. И за нив има казна болна!

105. Лага измислуваат оние кои, навистина, не веруваат во знаменијата Аллахови. Оние се, токму, лашковци!

106. Оној кој не верува во Аллах по неговото верување, освен ако е присилен, а срцето му е смирено со верување, ќе ја предизвика лутината Аллахова. А за оние кои, исто така, ќе ги исполнат градите со неверство има казна голема.

107. Ете, тоа е, секако, заради што го посакуваат животот на овој свет повеќе од Ахирет. И Аллах, навистина, не ќе го упати народот невернички.

108. Тоа се оние чии срца, и чиј слух и чиј вид Аллах ги запечати. Овие, токму, се занемарени!

109. На Ахирет, без сомнение, ќе бидат поразените!

110. На оние кои се иселија, по мачењето, а потоа се бореа и беа трпеливи... та, Господарот твој, навистина, е Простувач и Сомилосен!

111. Ќе настапи Денот во кој секоја душа ќе се грижи за себе... И секоја душа ќе си го исполни она што го направила. И ним не ќе им се направи зулум.

112. Аллах изнесе пример за градот, безбеден и мирен. Од секоја страна му доаѓаше ‘рск во изобилство. И, ете, жителите не ги признаваа благодатите Аллахови, па Аллах определи да вкуси и глад и страв, токму, заради она што го работеа,

113. и им дојде пејгамбер, еден од нив, па го сметаа за лашко ... та, ги обзеде казна. Оние, токму, се зулумќари!

114. Па, јадете од ‘рскот што ви го даде Аллах, она што е халал и добро. И ако само Аллаха го обожавате, заблагодарувајте се на Аллаховите благодати!

115. Он, навистина, ви забрани и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго а не во името Аллахово, освен ако е некој присилен, несакајќи, само колку да преживее... Та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

116. И не зборувајте го она што е, инаку, својствено на јазиците ваши и лага: “Ова е халал, а ова е харам!” За да измислувате за Аллах лага. Оние кои, навистина, за Аллах измислуваат лага не ќе успеат!

117. Само малку уживање; за нив има казна болна!

118. На Евреите им го забранивме она што ти го кажувавме порано. И зулум не им направивме, туку самите зулум си направија!

119. За оние кои направија зло, незнаејќи, Господарот твој, навистина, потоа им прости. И се поправија. Потоа Господарот твој, навистина, беше Простувач и Сомилосен кон нив!

120. Ибрахим, навистина, беше како еден човек, понизен на Аллах и чист. Не беше меѓу многубошците,

121. заблагодарен на благодатите Аллахови; и Он го избра и го упати по патот вистински.

122. На овој свет Ние му дадовме добро, а на Ахирет ќе биде, навистина, меѓу добрите!

123. Потоа Ние ти објавивме: “Следи ја чистата вера Ибрахимова. Он не беше меѓу многубошците.”

124. Сабота е определена за празнување за оние кои се разединуваа за неа, навистина! Господарот твој ќе им пресуди, секако, за Денот суден за она за што станаа деленици!

125. Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со ука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот Негов. Он најдобро ги знае упатените!

126. А ако сакате да им се одмаздите - па, одмаздете се онолку колку ви е направено зло. А ако се стрпите тоа, секако, е најдобро за трпеливите!

127. Биди трпелив! Трпеливоста е само покрај Аллах. И не жалости се за нив. И нека не те обзеде тесноградие заради она што го сплеткарат!

128. Аллах, навистина, е со оние кои се богобојазливи и со оние кои се доброчинители!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ел-Хиџр (Ел-Хиџр)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:35 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ЕЛ-ХИЏР (Хиџр)

Мекка - 99 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф,лам, ра! Ете, ајети на Книгата и Кур’ан јасен.

2. Оние кои не веруваат би посакале да бидат меѓу Послушните!

3. Остави ги! Нека јадат, и нека уживаат, и нека ги мами надежта... па, ќе узнаат!

4. И Ние не уништивме ниеден град а истиот да немаше Книга позната.

5. И ниеден народ не може ни да го забрза ни да го задоцни крајот свој.

6. И зборуваа: “О ти, со Опомената која ти дојде, ти си, навистина, луд!”

7. И зошто не ни дојде, ако си меѓу искрените, со мелек.

8. Ние спуштивме мелеки само со вистина; мелеките, тогаш, не би го очекувале рокот.

9. Ние, навистина, ја објавивме Опомената и Ние, навистина, ќе ја чуваме.

10. И пред тебе Ние испраќавме пејгамбери меѓу народите одамнешни.

11. И не им доаѓаше никој меѓу пејгамберите а да не го исмеваа.

12. Ете, така исмејувањето Ние го донесуваме во срцата на силниците!

13. И оние не веруваат во Кур’анот. И веќе помина праксата на претходните народи.

14. А Ние да им отворевме врата на небесата... па, да се искачеа преку неа,

15. и ќе речеа сигурно: “Тоа, секако, е заради тоа што нашите очи се восхитени и, токму, затоа што сме восхитени!”

16. И Ние, навистина, на небесата соѕвездија поставивме и ги разубавивме за гледачите,

17. и Ние ги сочувавме од секој шејтан проколнет,

18. освен од оној со скриеното прислушкување кого го следи, токму, ѕвездичка јасна.

19. И Земјата Ние ја раширивме и по неа брда расфрлавме, и од неа направивме да никне од се по нешто, со рамнотежа.

20. И на неа Ние определивме животни намирници за вас и за оние на кои вие не сте тие кои им давате ‘рск.

21. И ризниците на секоја благодат се кај Нас и не ја спуштаме, освен со мера позната.

22. И Ние испраќаме ветрови како оплодувачи и од небото спуштаме вода, па со неа вие наводнувате и не сте кадри да ги задржите.

23. И Ние, навистина, оживуваме и Ние усмртуваме и само Ние сме Наследници.

24. Да, Ние ги знаеме и претходниците меѓу вас и, секако, ги знаеме и оние што ќе дојдат по вас.

25. Да, Господарот твој е Оној кој ќе ги збере. Он, навистина, е Мудар и Зналец!

26. И Ние го создадовме човекот, секако, од глина што се меси, од кал што се тегне.

27. И Ние џиновите ги создадовме од порано од оган кој пламти.

28. И кога Господарот твој им рече на мелеките: “Јас сум, навистина, Создател на човекот од глина што се меси, од кал што се тегне,

29. и кога ќе го обликувам и кога во него ќе вдахнам од духот, творот Мој... па, паднете му на сеџде!”

30. И тогаш сите мелеки паднаа на сеџде, заедно!

31. Освен Иблис кој одби да биде меѓу оние кои паѓаат на сеџде.

32. Аллах рече: “О Иблис, што ти се случи па да не паднеш на сеџде?”

33. Иблис рече: “Не сакам да паднам на сеџде пред човекот кого го создаде од глина што се меси, од кал што се тегне!”

34. Аллах рече: “Излези, тогаш, од Џеннетот! Па, ти си, навистина, силник!”

35. И рече: “И врз тебе нека биде проклетството на Денот суден!”

36. Иблис рече: “Господаре мој, тогаш дај ми рок до Денот во кој оние ќе бидат проживеани.”

37. Па, ти се дава рок, навистина, до

38. Денот на времето познато.

39. Иблис рече: “Господаре мој, бидејќи направи да скршнам во заблуда, ќе им го правам животот на луѓето на земјава убав и ќе правам да лутаат, сите оние,

40. освен чистите робови Твои.”

41. Аллах рече: “Ова е патот Мој вистински!

42. Врз робовите Мои, навистина, ќе немаш власт, освен врз оној кој те следи меѓу скршнатите во заблуда.

43. Џехеннемот, навистина, е нивната ветена средба, за сите!

44. Џехеннемот има седум врати и низ секоја врата еден од нив ќе поминува.

45. Богобојазливите, навистина, ќе бидат во бавчите џеннетски, покрај изворите.

46. Влезете во нив со селам, безбедни!”

47. Омразата од градите нивни Ние ќе ја оттргнеме; ќе се однесуваат како браќа, радосни, едникондруги свртени.
48. Во нив не ќе ги обзеде ни замор и од нив нема да излезат.

49. Известете ги робовите Мои дека јас сум, навистина, Простувач и Сомилосен,

50. и дека казната Моја, навистина, е казна болна!

51. И извести ги за гостите на Ибрахим,

52. кога влегоа кај него... па рекоа: “Селам!” Тој рече: “Ние од вас се уплашивме, навистина!”

53. Тие рекоа: “Не плаши се! Ние, навистина, ќе те зарадуваме со син кој ќе биде учен.”

54. Тој рече: “Па, како ќе ме зарадувате кога веќе староста ме снеможе? И како, навистина, ќе ме зарадувате?”

55. Тие рекоа: “Ќе те зарадуваме со вистината па, никако не биди меѓу безнадежниците!”

56. И рече: “Само во заблуда скршнатите немаат надеж во Господарот негов!”

57. И рече: “О пратеници, што сакате?”

58. Тие рекоа: “Ние сме, навистина, испратени до народот насилнички!”

59. Семејството на Нух, сите синови негови, Ние ќе ги спасиме,

60. освен жената негова за која Ние решивме да биде меѓу оние што ќе останат за подоцна.

61. И бидејќи пратениците му дојдоа на семејството на Лут,

62. рече: “Вие сте, навистина, луѓе незначителни!”

63. Рекоа: “Не, ти дојдовме заради она во што оние се сомневаат!

64. Ти дојдовме со вистина и ние сме, навистина, искрени! “

65. Па, семејството твое нека излезе при крајот на ноќта, а ти следи го одзади и никој меѓу вас нека не го врти погледот назад. И одете таму кај што ви се наредува!

66. И Ние нему му ја одредивме таа наредба дека крајот на сите нив, секако, ќе биде докрајчен во мугрите.

67. И жителите на градот дојдоа кај него, донесувајќи радосници.

68. Рече: “Да,оние се гости мои и, тогаш, не срамотете ме!

69. И плашете се од Аллах и не понижувајте ме!”

70. Тие рекоа: “Нели ти забранивме да примаш луѓе?”

71. Тој рече: “Тоа се ќерки мои ако сакате да правите нешто.”

72. Се колниме во животот твој оние, навистина, талкаат во пијанството свое.

73. Па, ги обзеде глас страшен при изгрејсонце.

74. Па, она што беше горе Ние определивме да биде долу, и ги опсипавме со дожд од скаменета земја.

75. Ете,во тоа, навистина, има знаменија за оние кои внимателно гледаат.

76. И тој град покрај патот, токму, е утврден.

77. Во тоа, навистина, има знаменија за верниците.

78. Жителите на Ајка беа, секако, зулумќари!

79. Па, Ние им се одмаздивме. И двата града се, секако, на патот очигледен!

80. Да, жителите на Хиџр ги сметаа за лажни пејгамберите,

81. и Ние им ги објавивме знаменијата Наши... па, кон нив беа рамнодушни.

82. И по брдата длабеа куќи безбедни.

83. Па, ги обзеде страшен глас при изгрејсонце.

84. Па, она што го спечалија не им користеше за ништо.

85. И Ние го создадовме она што е на небесата и она што е на Земјата, и она што е меѓу нив со вистина. Однесувај се,тогаш, учтиво, зашто Часот ќе дојде, сигурно!

86. Господарот твој, навистина, е Создател и Зналец!

87. Ние ти објавивме, секако, седум ајети кои се повторуваат и Кур’ан голем!

88. И не управувај го погледот твој кон она за што Ние определивме да уживаат за кратко некои меѓу дружините нивни. Не тагувај за нив, а кон верниците, меѓутоа, спушти го крилото твое,

89. и кажи: “Јас сум, навистина, опоменувач јасен!”

90. Ние еднакво постапивме со она што го објавивме против разделувачите

91. оние кои Кур’анот го разделија на повеќе парчиња.

92. Па, се колниме во Господарот твој дека, сигурно, сите нив ќе ги прашуваме

93. за она што го работеа.

94. Па, кажувај го јасно она што ти се наредува и избегнувај ги многубошците!

95. Ние сме сигурно доволни за тебе во однос на исмевачите,
96. кои на Аллах му здружуваат друг бог; па, ќе узнаат!

97. Да, Ние знаеме дека ти, навистина, ги стеснуваш градите твои за она што го зборуваат.

98. Па, слави Го, со благодарност, Господарот твој и биди меѓу оние кои паѓаат на сеџде.

99. И обожавај Го Господарот твој се додека не ти дојде смртта!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ибрахим (Ибрахим)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:34 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ИБРАХИМ (Ибрахим)

Мекка - 52 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам ра! Книга која Ние ти ја објавивме за да ги изведеш луѓето од темнини во светлина, со одобрението од Господарот нивни, кон Патот на Силниот и за благодарност Достојниот:

2. Аллах, чија сопственост е с# она што е на небесата и на Земјата. Тешко на неверниците од казната жестока!

3. Оние кои повеќе го љубат животот на овој свет од животот на Ахирет, и кои одвраќаат од Аллаховиот пат, и кои настојуваат да го искриват... оние се скршнати во заблуда далечна!

4. И Ние испративме пејгамбер само на јазикот од народот негов за да им објасни. Па, Аллах скршнува во заблуда кого сака и Он упатува кого сака. Он е Силен и Мудар!

5. И Муса, секако, Ние го испративме со знаменијата Наши: “И изведи го народот свој од темнини во светлина. И опомени го со деновите Аллахови.” Во тоа, навистина, има знаменија за секој кој е трпелив и благодарен!

6. И кога Муса му рече на народот свој: “ Сетете се на благодатот Аллахов кон вас кога Он ве избави од луѓето фараонови, кои ви задаваа најлоша казна, кои ги колеа синовите ваши а ги оставаа во живот ќерките ваши. Ете, имавте белја голема од Господарот ваш!”

7. И кога Господарот твој возгласи: “Да, ако сте благодарни ќе ви зголемам, а ако не сте благодарни... казната Моја е жестока, навистина!”

8. И Муса зборуваше: “Ако не верувате, и вие и сите оние на земјата... та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!”

9. Не ви дојде ли кажувањето за оние пред вас, за народот на Нух, за Ад и за Семуд? И за оние по нив. Само Аллах ги знае! Им донесоа пејгамберите нивни јаснотии и оние, ставајќи ги рацете свои на устите, зборуваа: “Да, не веруваме во она со што сте испратени. И ние сме, навистина, во сомнение и во неизвесност во она кон што не повикувате!”

10. Пејгамберите нивни рекоа: “Ќе се сомневате ли во Аллах, Создателот на небесата и на Земјата? Он ве повикува за да ви ги прости гревовите ваши и да ви даде рок се до едно време определено .” Зборуваа: “Вие сте само луѓе нам слични. Посакувате да не одвратите од она што го обожаваа предците наши... та, донесете ни доказ јасен!”

11. Пејгамберите нивни им зборуваа: “Ние сме, навистина, само луѓе вам слични. Но, Аллах дава предност кому сака од робовите Свои. И не е наше да ви донесеме доказ освен со одобрението Аллахово. Па, врз Аллах се потпираат верниците!

12. И не ни остана ли освен да се потпреме врз Аллах кога Он, секако, не упати по патиштата наши. Ќе бидеме трпеливи, сигурно, на маките што ќе ни ги задавате. И врз Аллах се потпираат оние кои, токму, се потпираат!”

13. И оние кои не веруваа им зборуваа на пејгамберите свои: “Ќе ве истераме, сигурно, од земјава наша. Или, пак, сигурно ќе се вратите во верата наша.” Па, им објави Господарот нивни: “Ние сигурно ќе ги уништиме зулумќарите,

14. и вас ќе ве сместиме на земјата по нив. Ете, тоа е за оној кој се плаши од стоењето пред Мене и кој стравува од Мојата закана!”

15. И оние бараа да победат. И така секој силник тврдоглав пропадна!

16. Џехеннемот е зад плеќите нивни. И ќе се напојува од вода смрдлива,

17. која ќе настојува да ја голтне малку по малку, но не ќе може да ја пренесе низ грлото; и смртта ќе му дојде од секоја страна, но не ќе може да умре. И зад него има казна тешка.

18. Делата на оние кои не веруваат во Господарот свој се слични на пепел кој ќе го разнесе виорот во бурен ден. И ништо не ќе им вреди она што го спечалија. Ете, тоа е, токму, беспаќе далечно!

19. Не гледаш ли дека Аллах ги создаде небесата и Земјата со вистина? Ако посака ќе ве снема и ќе донесе ново создавање?

20. За Аллах тоа не е тешко.

21. И сите ќе се зберат кај Аллах. Па, слабите ќе им речат на оние кои се сметаа горделиви: “Да, ние ве следевме. Па, можете ли вие, барем малку, да ни ја намалите казната Аллахова?” Ќе речат: “Да не упатеше Аллах и ние ќе ве упатевме, навистина! Нам ни е сеедно: ќе лелекаме ли или ќе трпиме, не можеме да се спасиме.”

22. И бидејќи работата ќе биде решена, Шејтанот ќе рече: “Да, Аллах ви вети ветување вистинско, а јас ветувањето мое го изневерив. Немав никаква власт над вас, но само што ве повикав вие ми се оѕвавте. Па, не грдете ме, грдете се самите себеси. Јас не сум ваш поддржник, а и вие не сте мои поддржници. Јас, навистина, не верувам во она што ми го припишувавте порано. За зулумќарите, секако, има казна болна!”
23. А оние кои веруваа и кои работеа добри дела ќе влезат во Џеннетот низ кој реки течат и во него, со одобрението Аллахово, за навек ќе останат. Поздравот нивни во него ќе биде: Селам!

24. Не виде ли кога Аллах донесе пример: добриот збор е како добро стебло; основата му е цврста, а гранките кон небо,

25. кое ги дава плодовите свои во секое доба, со одобрението од Господарот свој, и Аллах им донесува примери на луѓето за да се сеќаваат;

26. примерот: лошиот збор е како лошо стебло, откорнато над земја кое нема своја утврда.

27. Аллах ги уцврстува оние кои веруваат со цврст говор во животот на овој свет и во животот на Ахирет. Аллах ги скршнува во заблуда зулумќарите и Аллах работи со посак Свој.

28. Не ги виде ли оние кои го изменија Аллаховиот благодат како паднаа во неверство и како го доведоа народот свој во Куќата на пропаста,

29. во Џехеннемот во кој ќе се пржат. Е, само колку е лоша таа утврда!

30. И оние Му припишуваа на Аллах здруженици за да скршнуваат некого, во заблуда, од Неговиот пат. Кажи: “Уживајте само малку зашто, навистина, свратилиштетот ваше е - кон огнот!”

31. Кажи им на робовите Мои, кои веруваат, нека клањаат намаз, и нека делат од ‘рскот Наш кој им го дадовме, било тајно било јавно, пред да настапи Денот во кој нема ни продажба ни пријателство.

32. Аллах е Оној кој ги создаде небесата и земјата, и кој спушта вода од небото, а со неа вади плодови како ‘рск ваш. И ви го потчини бродот кој плови по морето со наредбата Негова; ви ги потчини и реките.

33. И ви ги потчини и Сонцето и Месечината кои деноноќно се движат; и ви ги потчини ноќта и денот.

34. И ви даде од се она што Му баравте. И ако ги броите благодатите Аллахови не ќе можете да ги изброите. Човекот, навистина, е голем зулумќар и голем неверник!

35. И кога Ибрахим рече: “Господаре мој, направи го овој град безбеден. И мене и синовите мои оддалечи не од обожавањето кипови!

36. Господаре мој, оние, навистина, скршнаа во заблуда луѓе многу, па, кој ќе ме следи тој, секако, е со мене, а кој ми е непослушен... па, Ти си, навистина, Простувач и Сомилосен!

37. Господаре наш, дел од потомството мое го населив во долина една, неплодна, при Куќата Твоја света, Господаре наш, за да извршуваат намаз. Одреди, тогаш, срцата човечки да стремат кон нив и снабди ги со благодатите за да се заблагодаруваат!

38. Господаре наш, Ти, навистина, го знаеш она што го криеме и она што го обелоденуваме. И на небесата и на Земјата нема ништо за Аллах скриено.

39. Благодарение на Аллах кој во старост ми го подари Исмаил и Исхак. Господарот мој, навистина, е Слушач на молбите!

40. Господаре мој, одреди јас и дел од потомството мое, да бидеме постојани во намаз; Господаре наш, прими ги молбите!

41. Господаре наш, прости ни, и мене и на родителите мои, и на верниците на Денот во кој ќе се оствари пресметката!”

42. И во никој случај не сметај дека Аллах е невнимателен кон она што го прават зулумќарите. Аллах, навистина, ги остава до денот во кој очите ќе се скаменат, отворени;

43. и дека ќе трчаат преплашени, со дигнати глави, очите ококорени а срцата празни.

44. И опомени ги луѓето за Денот во кој ќе им дојде казната кога оние кои правеа зулум ќе речат: “Господаре наш, остави не за кратко време; ќе се оѕвиеме на повикот Твој и ќе ги следиме пејгамберите.” - “Нели се колневте од порано дека никогаш не ќе исчезнете?”

45. И живеевте во домовите на оние кои направија зулум за себеси, и ви стана јасно како постапивме со нив. Па, за вас донесовме примери.

46. Оние, секако, правеа сплетки, а сплетките нивни се под волјата Аллахова, а сплетката нивна не може да ги помести ридовите.

47. Па, никако не сметај дека Аллах ќе го изневери ветувањето Свое кон пејгамберите Свои. Аллах, навистина, е Силен и Одмаздник!

48. на Денот кога земјата ќе биде заменета со друга земја, па и небесата; и кога сите ќе излезат пред Аллах, Единствениот и Моќниот!

49. И ќе ги видиш силниците на Денот тој, врзани во синџири,

50. а кошулите нивни од катран, а лицата нивни покриени со пламен,

51. за Аллах да ја казни секоја душа за она што го спечалила. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!

52. Ете, ова е известување за луѓето со него да бидат опоменати, и да знаат дека Он, навистина, е еден Бог, и за да се присетат надарените со разбир!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ер Рад (Гром)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:32 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ЕР-РАД (Гром)

Медина - 43 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, ра! Ете Книга со ајети кои ти се објавуваат од Господарот твој, вистина; но, мнозинството на луѓето не веруваат!

2. Аллах е Оној кој ги подигна небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината. Се тече до рок определен. Он управува со наредбата и Он потенко ги објаснува ајетите за да се уверите во средбата со Господарот ваш.

3. И Он ја растегна земјата, и на неа постави и планини и реки. И Он од секој плод создаде пар. Он прави ноќта да го покрие денот. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои размислуваат!

4. И по земјата има предели кои се граничат, и бавчи со грозје, и ниви, и урми бујни и небујни. И впивајќи една иста вода. Во поглед на вкусот, Ние на едни им даваме предност над други. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои сфаќаат.

5. А како се чудиш? Па, чудни се, всушност, зборовите нивни: “Ќе бидеме ли одново создадени кога ќе станеме земја?” Овие не веруваат во Господарот свој. На вратовите нивни ќе има синџири. Овие се жители на огнот и во него за навек ќе останат.

6. И оние од тебе бараат да им побрзаш со злото отколку со доброто. И пред нив имаше такви примери. Господарот твој, секако, е милосно наклонет кон луѓето во поглед на зулумот нивни. Господарот твој, навистина, е Силен Казнувач!

7. Оние кои не веруваат, велат: “Зошто не му се објавува знамение од Господарот негов?” Ти си само опоменувач. Секој народ има упатувач!

8. Аллах го знае она што го носи секоја жена, и она што утробите го впиваат во себе и она што го зголемуваат. За секоја работа кај Него има мера,

9. Зналец на видливото и на невидливото. Преголем и Превишен!

10. Меѓу вас еднакви се кај Него оној кој тајно зборува и оној кој тоа го разгласува, оној кој се крие ноќе и оној кој оди дење;

11. за секој од вас, пред него или зад него, има деноноќни мелеки кои бдеат врз него, по наредбата Аллахова. Аллах, навистина, нема да ја измени ситуацијата на еден народ с# додека тој народ не се измени самиот себеси. Ако Аллах сака да му нанесе зло на еден народ нема никој што може да му се спротистави. И за нив освен Аллах нема друг заштитник!

12. Он ви ја покажува молњата да се уплашите или, пак, да се надевате, и Он создава облаци тешки.

13. И татнежот Го велича со благодарноста своја, а и мелеките, плашејќи се од Него; и Он испраќа громови и со нив го погаѓа оној кого Он сака, а оние, токму, расправаат за Аллах! А Аллах е Силен и Итар!

14. Молбата вистинска е - Негова. Оние кои се молат на други, освен Нему, не ќе им се оѕвијат, за што било. Како оној е кој ќе ги подаде дланките свои кон водата за да ја дофати,а таа не стига до устата негова. Молбите на неверниците се залудни!

15. И на Аллах Му се поклонува се она што е на небесата и на Земјата, доброволно или присилно. И сенките нивни, исто така, претпладне или попладне.

16. Кажи: “Кој е Господар на небесата и на Земјата?” Кажи: “Аллах!” Кажи: “Па, ќе прифатете ли, освен Аллах, заштитници кои не можат за себеси да направат ни корист ни штета?” Кажи: “Еднакви ли се оној кој гледа и оној кој не гледа? Или: Еднакви ли се темнината и светлината? Или: Му припишуваат ли на Аллах здруженици кои создаваат како што Он создава, па создавањето им се чини слично?” Кажи: “Аллах е Творител на се. Он е Единствен и Силен!”

17. Оној кој спушта вода од небо, и пороите потечуваат по мера на нивната моќ, и поројот ги фрла по краиштата отпадоците. И она што го топат во оган, сакајќи да направат накит или предмет, исто така, има отпадоци кои се на нив слични. Ете, така Аллах ви донесува пример на вистина и невистина: отпадокот се фрла, а она што им користи на луѓето, останува на земјата. Ете, така Аллах ви ги изнесува примерите,

18. за оние кои ќе Му се оѕвијат на Господарот свој има награда, а за оние кои не ќе Му се оѕвијат - и кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку, - не ќе ја откупат за нив подготвената зла пресметка, и престојувалиштето нивно е - Џехеннемот. Е, само колку е лоша таа постела!

19. Е, па, зарем оној кој знае дека она што ти е објавено од страна на Господарот твој, навистина, е како оној кој е слеп? Се сеќаваат само даруваните со разбир!

20. Оние кои го одржуваат ветувањето кон Аллах и кои не го прекршуваат Договорот,

21. оние кои не се одвојуваат од она што го нареди Аллах, кои се стамени, врз тоа; се плашат од Господарот свој и стравуваат од злата пресметка,

22. и кои се трпеливи: се стремат кон лицето на Господарот свој, намаз извршуваат и делат, било јавно било тајно, од ‘рскот што Ние им го дадовме; го заменуваат лошото со добро... за нив има убав Дом:

23. бавчи еденски во кои ќе влезат со предците нивни, со оние кои беа добри, жените нивни и потомството нивно... И мелеките ќе им влегуваат од сите врати!

24. “Селамун алејкум! Зашто бевте трпеливи. Е, само колку е благословен овој Конечен дом!”

25. А оние кои не се придржуваат кон ветувањето по договорот склучен со Аллах, и кои се одвојуваат од она што го нареди Аллах да се почитува, и кои не се врз тоа, и кои прават безредие по земјата... врз нив е проклетството и за нив има лоша Куќа!

26. Аллах дава и одредува нафака кому сака, Он и скратува; и се радуваат за животот на овој свет. А што е, всушност, животот на овој свет во однос на Ахирет? Па, само минливо уживање!

27. Оние кои не веруваат, велат: “И зошто не му беше објавен еден ајет од Господарот негов?” Кажи: “Аллах, навистина, скршнува во заблуда кого сака и Он го упатува кон себе покајникот.”

28. Оние кои веруваат, со споменувањето на Аллах, ги смируваат срцата свои. А срцата се смируваат, навистина, со споменувањето на Аллах!

29. Оние кои веруваат и кои работат добри дела... блазе си им! За нив има убаво прибежиште!

30. И ете, така Ние те испративме во една заедница пред која беа и поминаа заедници многу за да им го кажуваш она што тебе ти го објавивме зашто оние, токму, не веруваат во Милостивиот. Кажи: “Он е Господарот мој. Нема друг бог освен Него; врз Него се потпирам и од Него барам прошка.”
31. И кога со Кур’анот брдата би можеле да се поместат, а земјата да се распарча, а мртвите да проговорат... не, наредбата за се е - Аллахова, и зарем оние кои веруваат не знаат дека ако Аллах посакаше ќе ги упатеше сите луѓе! Но, оние кои не веруваа постојано ги снаоѓа, за она што го правеа, несреќа, ненадејно, или, пак, ќе се збидне во близина на нивните домови се додека не дојде ветувањето Аллахово. Аллах, навистина, не го изневерува ветувањето!

32. И оние пред тебе, секако, им се исмеваа на пејгамберите... Та, Ние неверниците ги оставивме до едно време одредено а потоа ги засегнавме. Е, само каква беше таа казна!

33. Зарем на Оној кој бдее врз секоја душа - во она што таа ќе го спечали, Аллах - оние здруженици Му здружуваат? Кажи: “Именувајте ги!” Или вие Го известувате дека има нешто на земјава што Он не го знае? Или, пак, тоа е ваше површно зборување за нив? Не, на оние кои не веруваат им изгледаат убави сплетките нивни, и одвраќаат од патот. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, тој нема свој упатувач!

34. За нив има казна во животот на овој свет, а казната на Ахирет, секако, е потешка, и за нив, освен Аллах, нема покровител.

35. Таков е Џеннетот кој е ветен за богобојазливите. Низ него течат реки, и плодовите негови се вечни и сенките негови се вечни. Ете, тоа е крајот на оние кои беа богобојазливи, а крајот на оние кои не веруваа е - огнот!

36. А оние на кои Ние им дадовме Книга се радуваат за она што ти е објавено. Меѓу дружините, меѓутоа, има луѓе кои еден дел од Книгата не го признаваат. Кажи: “Мене ми е наредено, навистина, само Аллаха да го обожавам и да не Му припишувам здруженик. Кон Него повикувам! И само кон Него е прибежиштето мое!”

37. И ете, така Ние го објавивме на арапски како мудрост. И ако ги следиш желбите нивни, по дојденото ти знаење, не ќе најдеш, освен Аллах, ни заштитник ни покровител!

38. И пред тебе, секако, Ние испративме пејгамбери, и им одредивме жени и потомства. И не е на пејгамберот, да донесе знамение без одобрението Аллахово. И секое време имаше Книга!

39. Аллах укинува со посак Свој и утврдува, исто така. И кај Него е Мајката на Книгата.

40. Било да ти покажеме дел од она што Ние го подготвивме за нив било да те усмртиме твое е, навистина, само да известиш, а Наше е да пресметаме!

41. Не гледаат ли дека, навистина, Ние доведуваме до тоа да ја скратуваме земјата од нејзините страни? Аллах пресудува, и нема Изменувач на Неговата пресуда. Он е Брз Пресметувач!

42. И оние пред нив, секако, правеа сплетки. Па, Аллах е Господар за сите сплетки! Он го знае она што го печали секоја душа, а неверниците ќе узнаат за Конечниот дом!

43. А оние кои не веруваат, велат: “Ти не си пејгамбер!” Кажи: “Меѓу мене и меѓу вас Аллах е доволен Сведок. И кај Него е, исто така, знаењето на Книгата!”

Štampaj ovaj članak

Rainbow Јусуф (Јусуф)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:31 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ЈУСУФ (Јусуф)

Мекка - 111 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, ра! Еве, ајети од Книгата јасна,

2. Ние го објавивме, навистина, Кур’анот на арапски за да сфатите.

3. И Ние ти ги кажуваме најубавите кажувања, објавувајќи ти го овој Кур’ан, иако пред него беше мегу невнимателните!

4. И кога Јусуф му рече на бабо му: “О бабо, во сон видов, навистина, единаесет ѕвезди, и Сонцето и Месечината како ми се поклонуваат!”

5. Бабо му рече: “О синко, не кажувај го сонот твој на браќата твои, зашто ќе ти направат некаква сплетка. Шејтанот, навистина, е отворен непријател за човекот.”

6. Ете, така Господарот твој ќе те одбере и ќе те поучи во толкувањето на настаните и ќе го надополни благодатот Свој врз тебе, и врз семејството на Јакуб онака како што го усоврши на твоите предци, пред тебе, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Зналец и Мудар!”

7. И при Јусуфа и при браќата негови има, секако, знаменија за прашувачите;

8. кога оние рекоа: “Да, Јусуф и брат му се помили кај бабо ни, а ние сме, навистина, дружина, и бабо ни, секако, е во заблуда јасна!

9. Убијте го Јусуфа или изгонете го во некоја земја. Лицето од бабо ви кон вас ќе биде управено и ќе бидете, по него, добар народ!”

10. И еден меѓу говорниците нивни рече: “Не убивајте го Јусуфа, туку фрлете го, ако веќе тоа го правите, во дното на бунарот, па ќе си го земе некој караван.”

11. Рекоа: “О бабо наш, зошто немаш доверба во нас за Јусуф? Ние него, навистина, само ќе го советуваме!

12. Испрати го утре со нас во прошетка да се поигра. Навистина, ќе го чуваме!”

13. Тој рече: “Да,загрижен сум да не го одведете и се плашам да не го изеде волк кога не ќе му обрнете внимание.”

14. Тие рекоа: “Па, како ќе го изеде волк: ние сме дружина голема, навистина! И така сигурно би биле поразени.”

15. И бидејќи го одведоа се согласија да го фрлат на дното од еден бунар. И тука Ние му објавивме: “Ти, навистина, ќе им донесеш, во врска со работата нивна, вести за ова. И тие не ќе препознаат.”

16. И дојдоа браќата на Јусуф кај бабо им ноќе, плачејќи,

17. и рекоа: “О бабо наш, ние бевме отишле да се наттрчуваме и го оставивме Јусуфа да ни ги чува стварите, па го изеде волк. Е, па, нема ли да ни поверуваш; искрени сме, навистина!”

18. И ја донесоа кошулата негова со лажна крв. Рече: “Не, во душите ваши најдовте нешто што ве радува. Е, само колку е убава трпеливоста! Од Аллах барам помош за она што го опишувате!”

19. И дојде караван еден. Го испратија водоносецот по вода. Овој ја спушти кофата. Рече: “Каква радост; еве дете!” И го сокрија како стоката трговска. Аллах го знае она што го работат.

20. И го продадоа за евтина цена: само за износ од неколку дирхеми. И со тоа беа задоволни.

21. И оној што го купи, од Мисир, и рече на жена му: “Направи го пријатен престојот негов; можеби ќе ни биде од корист или, пак, ќе го посиниме.” И ете, така, Ние го сместивме Јусуфа во таа земја и го поучивме во толкувањето на соновите. Аллах е Победник со наредбата Своја, но мнозинството на луѓето не знаат!

22. И бидејќи порасна Ние му дадовме и мудрост и знаење. И ете, така ги наградуваме доброчинителите!

23. И настојуваше да го привлече кон себе, онаа во чија куќа беше тој, и ги испозатвора вратите, и рече: “Приближи се!” Јусуф рече: “Аллах да ме сочува, газдата мој, навистина, престојот ми го направи убав. Да, зулумќарите нема да бидат спасени!”

24. И таа, секако, покажа желба за него. А тој да не го видеше доказот од Господарот свој ќе покажеше желба за неа. Ете, така Ние од него го отсранивме лошото и срамното дело. Он, навистина, е меѓу робовите Наши чисти.

25. И двајцата потрчаа кон вратата. И таа ја искина кошулата негова одзади. И го сретнаа мажот и на вратата, и таа рече: “Каква е казната за оној кој сака да ја обесчести жената твоја, освен да се затвори или болно да се казни?”

26. Јусуф рече: “Таа сакаше да ме привлече кон неа.” И еден сведок, тогаш, при семејството нејзино вака посведочи: “Ако кошулата негова е искината однапред, во право си, а Јусуф, тогаш, би лажел.”

27. А ако кошулата негова е искината одзади таа не е во право, а тој е искрен.”

28. И бидејќи ја виде кошулата негова искината одзади, рече: “Ова е една од вашите сплетки. А сплетките нивни се големи, навистина!”

29. Јусуф, занемари го ова! А ти, жено, побарај прошка за твојот грев. Ти си, навистина, меѓу грешниците!”

30. И жените по градот говореа: “Жената на величеството негово посака да го привлече кон себе своето момче. Многу се вљубила во него. Ние сметаме дека таа е скршната во заблуда јасна, навистина!”

31. И бидејќи слушна збораници, испрати човек по жените, и им подготви дивани. На секоја од нив & даде нож, и рече: “Излези пред нив!” И бидејќи го видоа, се зачудија и ги испосекоа прстите, и рекоа: “Аллах да сочува, ова не е човек; ова е мелек благороден!”

32. Таа рече: “Ете, тоа е она за што ме озборувавте. Посакав да го привлечам кон себеси па се воздржа. И ако не го направи она што му го наредувам, секако, ќе го фрлам в затвор и ќе биде меѓу понизените!”

33. И тој рече: “Господаре мој, затворот ми е помил од она кон што оние ме повикуваат. Ако не ме сочуваш од сплетките нивни ќе ми се појави желба кон нив и ќе бидам, тогаш, меѓу незнајковците!”

34. Па, му се оѕва Господарот негов, и го сочува од сплетката нивна. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

35. Потоа веднаш видоа знаменија, и им се причини дека најубаво е за едно време определено да го фрлат в затвор.

36. Во затворот со него влегоа уште две момчиња. Едното рече: “Јас сонував, навистина, дека цедам вино”, а другото, пак, рече: “Јас сонував, навистина, како носам над главава леб што го клукаа птиците.” Објасни ни го значењето нивно! Гледаме дека си, навистина, меѓу доброчинителите!”

37. Јусуф рече: “Не ќе ви дојде ниедна храна која ја јадете а да не ве известам за нејзиното значење пред да ви дојде. Тоа е она со што ме поучи Господарот мој. Да, јас ја оставив верата на народот кој не веруваше во Аллах и кој не го признаваше Ахирет!

38. Ја следам верата на моите предци: Ибрахим, Исхак, Јакуб. Не ни доликува ништо да Му здружуваме на Аллах. Ете, тоа е од добрината Аллахова кон нас и кон луѓето, но мнозинството меѓу луѓето не се заблагодаруваат.

39. О другари мои затворски, кој е подобар: расфрлени божества или еден Аллах, Моќен!

40. Оние кои ги обожавате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и предците ваши; затоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожавате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат!

41. О другари мои затворски, еден од вас Господарот ќе го напие со вино, а другиот ќе го распне и птиците ќе јадат од главата негова. Така е одредена судбината за која барате одговор.”

42. И Јусуф му рече на едниот за кого мислеше дека ќе биде спасен: “Спомени ме при господарот твој.” Шејтанот, меѓутоа, направи да заборави да го спомене кај господарот свој и заради тоа остана в затвор уште неколку години.

43. И владарот рече: “Јас сонував, навистина, седум крави дебели како ги јадат седум крави слаби и седум класја зрели и други седум суви . О големци, протолкувајте ми го сонот мој ако толкувате сонови!”

44. Рекоа: “Заматени сонови! Ние не знаеме да ги објаснуваме соновите.”

45. И оној од двајцата, кој се спаси, кој се сети по дружењето со Јусуф, рече: “Јас ќе ви го изнесам значењето: само испратете ме!”
46. “О Јусуф, о пријателу! Протолкувај ни што значат седум крави слаби да јадат седум крави дебели и седум класја зрели и други седум класја суви, за да се вратам кај луѓето и за да знаат што е тоа.”

47. Рече: “Седум години ќе сеете без прекин. И она што ќе го пожнеете оставете го во класјето, освен малку со што ќе се храните.

48. Потоа ќе настапат седум тешки години во кои ќе го потрошат она што го збиравте за нив, освен малку од с# она со што ќе се храните.

49. Потоа ќе дојдат години во кои на луѓето ќе им паѓа дожд и во тие години луѓето ќе цедат од плодовите.”

50. И владарот рече: “Доведете ми го!” И бидејќи пратеникот му дојде, рече: “Врати му се на господарот твој и прашај го што се случи со жените кои ги испосекоа рацете нивни. Господарот мој, навистина, ги знае сплетките свои.”

51. Владарот рече: “Што е, токму, со вас? Зошто сакавте да го привлечете Јусуфа кон вас?” Рекоа: “Аллах да чува, ние ништо лошо за него не знаеме.” И жената на моќникот рече: “Вистината сега излезе на виделина. Јас посакував, токму, да го привлечам, но он, навистина, е меѓу искрените.”

52. И ете, нека знае дека, навистина, не го изневерив тајно. И Аллах, секако, не ја управува сплетката на изневерителите!
53. Јас, меѓутоа, не се оправдувам. Душата, навистина, е наклонета кон злото, освен ако не & се смилува Господарот мој. Господарот мој, навистина, е Простувач и Сомилосен!

54. И владарот рече: “Доведете го кај мене, ќе го изберам за свој придружник.” И бидејќи разговараше со него, рече: “Ти денес кај нас имаш сигурно место.”

55. Јусуф рече: “Одреди ме да ги чувам ризниците во земјава. Јас сум, навистина, познат чувар!”

56. И ете, така Ние на Јусуф му дадовме посебно место на земјата. И се исели на неа таму каде што сакаше. Со милоста Наша Ние наградуваме кого сакаме, а наградата на доброчинителите не ја намалуваме.

57. А наградата на Ахирет е подобра за оние кои веруваа и кои беа богобојазливи.

58. И дојдоа браќата на Јусуф и влегоа кај него. И тогаш тој ги препозна а тие него не го препознаа.

59. И бидејќи ги снабди со делот нивни, рече: “Доведете го кај мене вашиот брат по бабо. Не гледате ли дека јас, навистина, мерам праведно и дека јас сум најдобар угостувач?

60. Па, ако не го доведете нема да ви мерам и повеќе нема да ми се приближувате!”

61. Рекоа: “Ќе настојуваме да го одвратиме од него бабо му; и, секако, тоа ќе го направиме!”

62. И Јусуф им рече на момчињата: “Погледнете ги нивните покуќнини во товарите нивни; можеби, кога ќе им се вратат на семејствата, ќе ги препознаат; можеби пак ќе се вратат.”

63. И бидејќи се вратија кај бабо им, рекоа: “О бабо наш, ние нема да добиеме повеќе храна. Испрати го, тогаш, брат ни со нас. Со него сигурно ќе добиеме храна. И сигурно ќе го чуваме!”

64. Бабо им рече: “Да ви го доверам ли онака како што ви го доверив брат му порано? Па, Аллах е најдобриот чувар! И меѓу милостивите, токму, е Најмилостивиот!

65. И бидејќи го отворија товарот, видоа како покуќнините нивни се вратени, и рекоа: “О бабо наш, што ни треба повеќе? Овие наши покуќнини ни се вратија; ќе ги снабдиме семејствата наши, и ќе го чуваме брат ни, и ќе добиеме повеќе од еден камилски товар, - тоа е товар незначителен.”

66. Тој рече: “Нема да го испратам со вас, сигурно, додека не ми дадете заклетва, која ќе се поптира врз Аллах дека ќе ми го вратите, освен ако не настрадате. И бидејќи му дадоа заклетва, рече: “Аллах е Закрилник за она што го зборуваме!”

67. И рече: “О синови мои, не влегувајте низ една порта, туку влегувајте низ различни порти. Јас немам никаков удел во она што ви го одредува Аллах. Пресудата, навистина, е - Аллахова! Врз Него се потпирам и врз Него се потпираат они кои, токму, се потпираат.”

68. И бидејќи влегоа отаде од каде што им заповеда бабо им, ништо за нив не беше остварено од страна на Аллах, освен потребата во душата на Јакуб која ја оствари; Јакуб беше зналец бидејќи Ние го поучивме, навистина, но мнозинството на луѓето не знаат.

69. И бидејќи влегоа кај Јусуф, го привлече Јусуф брат му кон себе, и рече: “Да, јас сум брат ти, и не жалости се за она што го направија!”

70. И бидејќи ги снабди со она што требаше да ги снабди, стави еден сад за мерење во товарот од брат му. Потоа, еден возгласник возгласи: “О каравану, вие сте, навистина, крадци!”

71. И оние, враќајќи им се, рекоа: “Што барате?”

72. Рекоа: “Го бараме садот од владарот, а оној што ќе го донесе ќе добие товар камилски. За тоа јас ветувам.”

73. Рекоа: “Се колнеме во Аллах! Вие знаете дека не дојдовме да правиме безредие во земјава и, секако, не сме крадци!”

74. Ги прашаа: “Каква ќе му биде казната ако лажете?”

75. Одговорија: “Казната негова е кај оној во чиј товар ќе се најде - па, тоа е казната негова. Ете, така Ние ги казнуваме зулумќарите!”

76. И тогаш Јусуф почна со вреќите нивни пред да почне со вреќата од брат му, и го извади садот од вреќата на брат му. Ете, со таква итрина Ние го поучивме Јусуфа. Јусуф не можеше, според законот на владарот, да го земе брат му како роб, освен ако не сака Аллах. Кого сакаме Ние на степени го воздигнуваме. И над секое знаење има зналец!

77. Тие рекоа: “Ако тој украде, украде и брат му пред него.” И тоа Јусуф го премолчи во себеси, и не им го обелодени, велејќи си: “Вие сте во полоша состојба, а Аллах најдобро го знае она што вие го опишувате.”

78. Тие рекоа: “О величество, тој, навистина, има стар бабо, во години е, па земи еден од нас наместо него. Гледаме дека си меѓу доброчинителите!”

79. Тој рече: “Аллах да сочува од тоа да земеме друг а не овој во чиј товар го најдовме садот. Тогаш, навистина, би биле зулумќари!”

80. И бидејќи изгубија надеж во него, се одвоија насамо. Најстариот од нив рече: “Не знаете ли дека бабо од вас побара заклетва, да се заколнете во Аллах? И порано Јусуфа го упропастивте. Нема да ја напуштам земјава се додека не ми дозволи бабо ми или, пак, додека не ми пресуди Аллах. А меѓу судиите Он е Најдобриот!

81. Вратете се кај бабо ви, па кажете: - О бабо наш, твојот син, навистина, украде. И го сведочиме само она што го знаеме и ние, навистина, не сме чувари на тајната.

82. Прашај ја населбата во која отседнавме и караванот со кој дојдовме. Ние сме, навистина, искрени!”

83. Јакуб рече: “Не, во душите ваши произлезе нешто лошо. Па, трпеливоста е убава! Можеби Аллах сите ќе ми ги врати. Он, навистина, е Зналец и Мудар!”

84. И ги сврте плеќите и рече: “О Јусуф, о таго моја!” И му побелеа очите од грижа. Но, сепак, се совлада.

85. Синовите му рекоа: “Се колнеме во Аллах! Ако не престанеш да се сеќаваш на Јусуф, или ќе се истоштиш или ќе се упропастиш.”

86. А тој рече: “И тагата моја и жалоста моја Му ги изнесувам на Аллах. И од Аллах го знам она што вие не го знаете.

87. О синови мои, одете и распрашајте се за Јусуф и за брат му, па, не очајувајте во милоста Аллахова. Во милоста Аллахова очајуваат, навистина, само неверниците!”

88. И бидејќи влегоа кај него, рекоа: “О величество, штета не погоди, нас и семејствата наши, и ете, така, дојдовме со трговска стока отпадна. Па, дај ни полна мера и дај ни милосрдие. Аллах, навистина, ги наградува милосрдниците!”

89. Јусуф рече: “Па, го знаете ли она што го направивте со Јусуф и брат му, кога не знаевте?”

90. Тие рекоа: “Ти ли си Јусуф, навистина?” Јусуф рече: “Јас сум Јусуф, а ова е брат ми. Да, Аллах ни даде предност.” Оној кој е богобојазлив и трпелив... па, Аллах, навистина, не ја намалува наградата на доброчинителите!”

91. Тие рекоа: “Се колнеме во Аллах дека, навистина, те одликува над нас и ние згрешивме, сигурно!”

92. Тој рече: “Денес нема прекор за вас. Аллах ви простува. А меѓу милостивите Он е Најмилостивиот!

93. Земете ја оваа моја кошула и фрлете ја на лицето од бабо ми, и така, ќе му се врати видот, и донесете ми го сето семејство ваше.”

94. И бидејќи караванот отпатува, бабо им рече: “Да, јас го чувствувам мирисот на Јусуф. И не кажувајте му дека јас обнеможев.”

95. Рекоа: “Се колнеме во Аллах! Ти си скршнат во заблуда поранешна.”

96. И бидејќи дојде радосникот, ја фрли кошулата на неговото лице, и тогаш ете, му се врати видот. Рече: “Нели ви кажав дека јас го знам од Аллах она што вие, секако, не го знаете!”

97. Рекоа: “О бабо наш, барај прошка за гревовите наши, ние, навистина, згрешивме!”

98. Рече: “Ќе побарам прошка за вас од Господарот мој. Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!”

99. И бидејќи влегоа кај Јусуф, ги привлече при себеси родителите свои, и рече: “Влезете во Мисир, ако Аллах сака, сигурни!”

100. И ги постави родителите свои на престолот и сите кои беа тука му се поклонија. И тој рече: “О бабо мој, ова е толкувањето на мојот сон од порано. Аллах определи тој да се овистини. Да, Аллах ми направи добро со тоа што ме извлече од затворот и затоа што вас ве доведе од пустина. И тоа по вмешувањето на Шејтанот меѓу мене и меѓу браќата мои. Господарот мој, навистина, е Чувствителен кон оној кон кого Он сака. Он, навистина, е Зналец и Мудар!
101. О Господаре мој, веќе ми даде власт и ме поучи во толкувањето на настаните, Творителу на небесата и на Земјата, Ти си мојот Заштитник и на овој свет и на Ахирет. Кога ќе определиш да умрам нека умрам како Послушен и соедини ме со добрите!”

102. Ете, тоа се дел од кажувањата за тајната кои Ние ти ги објавуваме, и ти не беше кај нив кога заеднички се согласија за работата нивна - но, токму, беа сплеткари.

103. И колку да посакуваш, мнозинството меѓу луѓето не се верници!

104. И ти не бараш од нив награда за тоа. Тоа е само Опомена за световите!

105. И колку има знаменија на небесата и на Земјата? Поминуваат крај нив а тие, ете, се рамнодушни.

106. Мнозинството од нив не веруваат во Аллах: многубошци се, навистина!

107. Сигурни ли се дека нема да им дојде неволја од казната на Аллах или да не им дојде Часот одненадеж а да не усетат?

108. Кажи: “Ова е патот мој. Јас повикувам кон Аллах. При мене и при оној кој ме следи е јасен поглед. Нека е славен Аллах! Јас не сум меѓу многубошците!”

109. И пред тебе Ние само луѓе испраќавме, меѓу жителите на населбите, и објава им објавувавме. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Куќата ахиретска, секако, е подобра за оние кои се богобојазливи. Нема ли да се вразумите?

110. Кога пејгамберите очајуваа и мислеа дека ќе бидат прогласени за лашковци, токму, тогаш им доаѓаше помошта Наша и, тогаш, Ние избавувавме кого сакавме, а казната Наша не го избегнуваше народот насилнички!

111. Во кажувањата нивни има ибрет за даруваните со разбир. Тоа не е говор измислен, туку тоа е Потврда за она што беше пред него, и потенко објаснување за сите нешта, и Патоказ и Милост за народот вернички!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Худ (Худ)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.20:30 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

СУРА

ХУД(Худ)

Мекка - 123 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, ра! Еве Книга чии ајети се редат по ред, а потоа потенко објаснети од Мудриот и Известениот!

2. За ова: “Само Аллаха да Го обожавате. Јас сум за вас од Него, навистина, опоменувач и радосник.”

3. И уште: “Од Господарот ваш да барате прошка, потоа покајание да Му упатувате; ќе ве почести со уживање пријатно до едно време определено, и на секој доброчинител, од добротијата Своја, ќе му даде. А ако ги свртите плеќите... та, се плашам за вас зашто, навистина, ќе ве снајде казна на Денот голем.”

4. Враќањето ваше е - кон Аллах. Он е Кадар за се!

5. Ете, оние ги стеснуваат градите свои за да скријат од Него. Ете, оние се покриваат со облеката своја: Он го знае и она што го кријат и она што го обелоденуваат. Он, навистина, го знае она што е во градите!
6. На земјата нема ниедно животно на кое Аллах не му дава ‘рск и Он да не го знае неговото престојувалиште и неговото наоѓалиште. Сето тоа е е во Книгата јасна.

7. Он ги создаде небесата и Земјата за шест дена. И Аршот Негов беше над водата за да ве испроба кој од вас работи најдобри дела. А ако им речеш: “Вие ќе бидете проживеани по смртта” - оние кои не веруваат, секако, ќе ти речат: “ Ова е само волшебништво отворено!”

8. А кога би ја задоцниле казната за нив с# до еден рок определен, сигурно ќе речат: “Што ја спречува?” На Денот кога таа ќе им пристигне не ќе може да им се отстрани и ќе се овистини затоа што и се исмеваа.

9. А кога ние на човекот би му дале да вкуси милост од Нас и ако потоа Ние ја одземеме тој, тогаш, навистина, ќе се поплаче и ќе биде неблагодарен!

10. Да, кога би направиле да вкуси благодат по штетата што му се случи сигурно ќе речат: “Се отстранаа лошотиите од мене!” Тој, навистина, е достоен и горделив!

11. Освен оние кои се трпеливи и кои работат добри дела. За нив има прошка и награда голема!

12. Па, можеби ќе оставиш од она што ти се објавува и од она што ги стеснува градите твои, зашто зборуваат: “Зошто не му е спуштен ковчег или зошто не дојде со него мелек?” Ти си, навистина, опоменувач! Аллах е Закрилник на се!

13. Или, пак, ќе речат: “Тој го измисли.” Кажи: “Па, донесете десет измислени суриња, слични на неговите. И повикајте кого можете - освен Аллах - ако сте искрени.”

14. А ако не ви се оѕвијат... та, знајте дека, навистина, се објавува само со знаењето Аллахово и дека нема друг бог освен Него. Тогаш, ќе бидете ли Послушни?

15. Оние кои го сакаат животот на овој свет и украсот негов Ние ќе им ги надополниме постапките нивни во него и оние, тука не ќе бидат, токму, прикратени:

16. оние за кои на Ахирет ќе има само казна. Таму ќе им пропадне она што го изградија и ќе им биде ништожно она што го работеа.

17. Еднаков ли е оној кој беше при јаснотијата од Господарот свој, што ја следеше сведокот од Него, а и од порано, Книгата на Муса, показот и милоста - кои веруваат во неа - на оној кој не верува во неа, меѓу дружините; за него огнот е престојувалиштето негово, и тогаш, не сомневај се во неа. Таа, секако, е вистина од Господарот твој, но мнозинството меѓу луѓето не веруваат.

18. И кој прави поголем зулум од оној кој фрла лага врз Аллах? Онаквите ќе бидат доведени пред својот Господар, а сведоците ќе речат: “Оние се кои лажеа за Господарот нивни.” И проклетството Аллахово нека е врз зулумќарите!

19. Оние кои одвраќаат од Аллаховиот пат и кои го искривуваат... оние, токму, не веруваат во Ахирет!

20. Онаквите на земјата се немоќни и, освен Аллах, немаат друг заштитник. За нив казната ќе биде удвоена. Не се во состојба ни да слушаат ни да гледаат.

21. Да, онаквите се упропастија самите себеси и скршнаа од нив заради она што го измислуваа.

22. А на Ахирет оние се, без сомнение, страдалници.

23. Оние кои, навистина, веруваат и кои добри дела работат, и кои се оддадени на Господарот свој се - жители џехеннемски и во него за навек ќе останат:

24. како две дружини: слеп и глув, и уште: како оној што гледа и оној што слуша. Овие двајца, на пример, можат ли да се изедначат? Нема ли да се присетите?

25. И Ние веќе го испративме Нух до народот негов: “Јас сум, навистина, ваш јасен опоменувач!

26. Ќе обожавате ли друг освен Аллах? Јас за вас, навистина, се плашам од казната на Денот болен!”

27. Па, големците меѓу народот негов, кои не веруваа, рекоа: “Те гледаме само како човек нам сличен. И гледаме како те следат, токму, најпростите меѓу нас, со површно мислење; не гледаме, исто така, дека вие имате предност над нас, туку при мислење сме дека сте лашковци!”

28. Нух рече: “Гледате ли, о народе мој, како се потпирам врз јаснотијата од Господарот мој, и Он ми даде од милоста Своја, а ете, вие останавте слепи за тоа. Зарем да ве принудиме за неа кога вие, токму, ја презирате.

29. За ова јас, народе мој, не барам имот; наградата моја е само кај Аллах, и јас не ќе ги истерам оние кои веруваат зашто оние ќе се сретнат со Господарот свој. Но, јас ве гледам дека сте народ кој не знае.

30. Народе мој, кој ќе ме заштити од Аллах доколку ги истерам? Нема ли да се присетите?

31. Јас не ви велам дека при мене се ризниците на Аллах, и не ја знам Тајната, и не велам дека сум,ете, мелек. И не велам, исто така, дека на оние кои ги презираат очите ваши дека Аллах не ќе им даде добро. Аллах го знае она што е во душите ваши... тогаш јас би бил, навистина, меѓу зулумќарите.”

32. Рекоа: “О Нух, ти веќе, навистина, расправаше со нас, па ја разгоре расправата наша. Па, направи да ни дојде, доколку си меѓу искрените, она што ни го вети!”

33. Рече: “Да, тоа ќе ви дојде, доколку Аллах посака, а вие ќе бидете немоќни.

34. Ниту пак ќе ви користи советот мој - ако Аллах посака да ве заведе - доколку посакам да ве посоветувам. Он е Господар ваш и Нему ќе му се вратите!”

35. Или зборуваат: “Тој го измислува.” Кажи: “Ако го измислувам тогаш гревот е мој а јас сум далеку од грешењата ваши.”

36. И на Нух, секако, му беше објавено ова: “Никој од народот твој не ќе верува, освен оние кои веќе веруваа. Па, не грижи се за она што го работеа.

37. И прави го бродот пред очите Наши и според вдахновението Наше. И не обраќај Ми се за оние кои зулум направија. Да, оние се потопени!”

38. И тој го правеше бродот, и секојпат кога ќе поминеа крај него големците меѓу народот негов му се исмеваа. Рече: “Ако ни се исмевате и ние вам ќе ви се исмеваме, токму, онака како што се исмевате.

39. Па, ќе узнаете кому ќе му дојде казната и кого ќе го снајде казна постојана.”

40. Потоа, кога наредбата Наша стигна, и кога лонецот почна да врие Ние рековме: “Натовари во чамецот по еден пар од сите животни, и семејството твое, освен оние за кои порано беше збор, и оние кои веруваа.” Но, оние кои веруваа, кои беа со него, беа неколкумина.

41. И рече: “Качете се во неа! Во името Аллахово нека плови и нека застане! Господарот мој, навистина, е Простувач и Сомилосен!”

42. И бродот ги понесе низ брановите како брда, и Нух го повика синот свој, кој беше останал подалеку: “О сине мој, качи се во бродов со нас и немој да бидеш со неверниците!”

43. А син му рече: “Ќе се искачам на брдото кое ќе ме заштити од водата. А Нух рече: “Денес нема никој да се заштити од наредбата Аллахова, освен оној кому Он ќе му се смислува.” И меѓу нив се испречи бранот и син му беше меѓу потопените!

44. И беше речено: “О земјо, проголтај ја водата твоја а ти небо, престани!” И водата се повлече и работата веќе беше решена, и бродот застана на Џудиј, и беше речено: “Далеку нека биде народот зулумќарски!”

45. И го повика Нух Господарот свој, и рече: “Господаре мој, синот мој, навистина, е чедо мое, а ветувањето Твое, секако, е вистинско и Ти си меѓу судиите Најдобриот!”

46. Аллах рече: “О Нух, тој, стварно, не е од семејството твое: тој е непоправлив. Па, не моли Ме за оној за кого не знаеш. Јас, навистина, те советувам да не бидеш меѓу незнајковците!”

47. Нух рече: “Да, Господаре мој, јас тебе ти се приклонувам: никогаш нема да Те молам за она што не го знам. И доколку не ми простиш и не ми се смилуваш, ќе бидам, секако, меѓу поразените!”

48. Беше речено: “О Нух, качи се со поздрав од Нас, и со бериќетите врз тебе и врз луѓето кои се со тебе, и ќе има народи на кои Ние ќе им даваме да уживаат едно време, а потоа ќе ги погоди од Нас казна болна.”

49. Ете, тоа се дел од кажувањата за Невидливото кои, токму, Ние ти ги вдахнавме. Не ги знаевте ни ти ни народот твој, од порано. Па, стрпи се, зашто, навистина, наградата е конечна за богобојазливите!

50. И до Ад, братот нивни Худ, Ние го испративме. Рече: “О народе мој, обожавајте Го Аллаха. Друг бог освен Него немате. Вие сте само лашковци!
51. О народе мој, не барам награда за ова. Наградата моја е од Оној кој ме создаде. Нема ли да се вразумите?

52. О народе мој, барајте прошка од Господарот ваш, потоа покајте Му се, зашто Он ќе ви испрати од небо дожд изобилен, и Он ќе ја зголеми моќта врз моќта ваша, и не вртете ги плеќите како силниците.”

53. Рекоа: “О Худ, ти не ни донесе јаснотија и ние нема да ги оставиме божествата наши заради зборот твој и, секако, нема да ти веруваме!”

54. Ние тврдиме дека некое од божествата наши те погодило со зло. Рече: “Аллаха за сведок го земам, и посведочете дека сум, навистина, далеку од она што Му го здружувате,

55. покрај Него. Па, лукаво постапете против мене и не давајте ми рок,

56. јас, навистина, се потпирам врз Аллах, Господарот мој и Господарот ваш. Нема ниедно животно а Он да нема моќ врз него. Господарот мој, навистина, кон патот вистински упатува!”

57. Па, ако ги свртат плеќите ете, јас ви го доставив она со што бев испратен до вас. И Господарот мој ќе ве замени со друг народ и во ништо не ќе му наштетите. Господарот мој, навистина, е Бдеец над се!

58. И бидејќи настапи наредбата Наша Ние го избавивме Худа и оние кои веруваа со него, со милоста Наша, и ги избавивме од казната сурова.

59. Тоа е Ад. Не ги признаваа знаменијата на Господарот свој и беа непослушни кон пејгамберите Негови, и ја следеа наредбата на секој силник, тврдоглав!

60. И ги пратеше проклетството на овој свет а ќе ги прати и на Денот суден. Ад, навистина, не веруваше во Господарот свој. Далеку нека е Ад, народот на Худ!

61. И до Семуд, братот нивни Салих, Ние го испративме. Рече: “О народе мој, обожавајте Го Аллаха! Друг бог освен Него немате. Он ве создаде од земја и ве насели по неа... па, барајте прошка од Него, потоа покајте Му се, зашто Господарот мој, навистина, е блиску и се оѕвива!”

62. Тие рекоа: “О Салих, ти беше пред ова надеж меѓу нас. Ќе ни забраниш ли да го обожаваме она што го обожаваат предците наши и, навистина, ние сме при сомнение во она кон што не повикуваш.”

63. Тој рече: “О народе мој, гледате ли? Ако сум при јаснотијата од Господарот мој и ако ми даде милост од Него... па, кој ќе ми помогне кај Аллах ако сум непослушен кон Него? Вие тогаш само го зголемувате поразот мој.

64. О народе мој, еве знамение за вас, камила од Аллах. Оставете ја нека пасе по земјата Аллахова, и не нанесувајте зло зашто ќе ве обземе казната блиска.”

65. Па ја заклаа, и тогаш рече: “Уживајте во домовите ваши три дена. Ете, тоа е ветувањето врз лага несводливо!”

66. И бидејќи настапи наредбата Наша Ние го спасивме Салиха и оние кои веруваа во него со милоста Наша од срамот на тој ден. Господарот твој, навистина, е Јак и Силен!

67. И на оние кои зулум правеа ги погоди страшен глас и ете, останаа во домовите свои, скаменети,

68. како никогаш да не беа вселени во нив. Ете, Семуд, навистина, не го признаваше Господарот свој. Далеку нека е Семуд!

69. И пратениците Наши му дојдоа на Ибрахим како радосница. - Рекоа: “Селам!” А тој рече: “Селам!” И веднаш ги почести со печено теле!

70. И бидејќи ги виде рацете нивни како не го допираат, се вчудоневиди од нив и почувствува страв. Рекоа: “Не плаши се, ние сме испратени до народот на Лут!”

71. А жената негова стоеше тука па се насмевнуваше. Па, ја зарадувавме со Исхак, а по Исхака и со Јакуб.

72. И жената рече: “Е, тешко мене!” Зарем јас да родам, стара, мажот ми е стар и изнеможен? Ова, навистина, е чудна работа.”

73. Тие рекоа: “Се чудиш ли на наредбата Аллахова?” Милоста Аллахова и бериќетите Негови нека бидат со вас, о Ехлул-Бејт! Он, навистина, е за благодарност Достоен и Возвишен!

74. И бидејќи на Ибрахим му се тргна стравот веднаш му дојде радосница и почна да расправа со Нас за народот на Лут.

75. Да, Ибрахим беше и благ, и мек и оддаден!

76. О Ибрахим, избегни го тоа. Наредбата од Господарот твој веќе ти дојде а ним ќе им дојде, навистина, казната неминовна.

77. И бидејќи пратениците Наши му дојдоа на Лут, доаѓањето нивно им беше непријатно, и во душата си почувствува теснотија, и рече: “Ова е тежок ден!”

78. И му дојде народот негов, брзајќи кон него, а порано... работеа лоши дела. Рече: “О народе мој, овие се ќерки мои, и оние ви се почисти. Па, плашете се од Аллах, и во присуство на гостите мои, не срамотете ме. Нема ли меѓу вас човек паметен?”

79. Тие рекоа: Веќе знаеше дека не ни се потребни ќерките твои. И ти, сигурно, ќе го сознаеш она што го сакаме.”

80. Тој рече: “Е, кога би имал моќ против вас или кога би можел да се заштитам кај некоја сила голема!”

81. Тие рекоа: “О Лут, ние сме пратеници од Господарот твој. Па, оние не ќе те стигнат и затоа отпатувај со семејството твое, во половината од ноќта, и никој од вас нека не го врти погледот назад, освен жената твоја. Да, нејзе ќе и се случи она што и ним ќе им се случи. Рокот нивни, навистина, се мугрите. А зарем мугрите не се блиску?

82. И бидејќи стапи наредбата Наша, с# она што беше горе Ние го срамнивме и ги опсипавме со густ дожд, скаменет кал, кој непрестано паѓаше,

83. што беше веќе обележен за тоа од Господарот твој, и таквото нешто не е далеку од зулумќарите.

84. И до Медјен, нивниот брат Шуајб, Ние го испративме. Рече: “О народе мој, обожавајте го Аллаха. Друг бог освен Него немате. И не скратувајте ни на кантар ни на вага. Јас гледам дека сте, навистина, во добро изобилно и, секако, се плашам за вас од казната на денот сеопфатен.

85. О народе мој, мерете праведно и на кантар и на вага, и не скратувајте им на луѓето нивни од нештата нивни, и не сејте безредие по земјата!

86. Она што Аллах го остави за вас е подобро за вас ако сте верници! Јас не сум ваш чувар!”

87. Тие рекоа: “О Шуајб, дали намазот твој ти наредува да го оставиме она што го обожаваат предците наши или, пак, според желба наша да постапиме со имотот наш. Ти си, навистина, благ и упатувач!

88. Тој рече: “О народе мој, видете дека сум при јаснотијата од Господарот мој кој ме снабди со убав ‘рск. И не сакам да го препорачувам она од што ве одвраќам, туку сакам, колку што е во можност моја, да направам добро. А успехот мој зависи само од Аллах. Врз Него се потпирам и Нему му се обраќам!

89. О народе мој, неслагањето со мене нека не ве доведе до тоа да ви се случи слично на она што му се случи на народот на Нух или на народот на Худ или на народот на Салих. А ни народот на Лут не е далеку од вас.

90. Барајте прошка од Господарот ваш, потоа упатете Му покајание. Господарот мој, навистина, е Сомилосен и Наклонет!

91. Тие рекоа: “О Шуајб, ние не разбираме многу од она што ти го зборуваш; и те гледаме меѓу нас како слаб, и да не е роднината твоја, ќе те каменуваме. Ти не си во однос на нас јак.”

92. Тој рече: “О народе мој, зарем роднината моја ви е поблиску од Аллах? А вие Нему му ги свртивте плеќите. Господарот мој, навистина, го опфаќа она што го работите.

93. О народе мој, работете онолку колку што е во можност ваша, а и јас, навистина, ќе си работам. Ќе узнаете кому ќе му дојде казната, кој ќе биде поразен, и кој е лашко. Очекувајте а и јас, навистина, ќе очекувам со вас!”

94. И бидејќи стапи наредбата Наша го спасивме Шуајба и оние кои веруваа со него, со милоста Наша, а оние кои зулум направија ги погоди страшен глас па, останаа во домовите свои, скаменети,

95. како и да не беа никогаш во нив. Далеку нека е Медјен како што се и оддалечи и Семуд!

96. И веќе Муса Ние го испративме со знаменијата Наши и со јасна власт,

97. до фараонот и големците негови. Па, ја следеа наредбата на фараонот. А наредбата на фараонот не е упатувачка.

98. Фараонот на Денот суден ќе го предводи народот свој, и ќе го нурне во огнот. Е, само колку е лошо местото каде што ќе бидат нурнати!

99. И на овој свет и на оној свет ќе бидат здружени со проклетството, е, само колку лошо ќе им биде даденото им следување!

100. Ете, тоа се некои од кажувањата за населбите за кои Ние ти кажуваме од кои некои постојат а некои се снемани.

101. И Ние не им направивме зулум, туку самите себеси зулум си направија. И божествата до кои се повикуваа, а не повикувајќи се на Аллах, во ништо не им беа при помош, зашто стапи наредбата од Господарот твој. И оние само пропаѓањето им го зголемуваа!

102. Ете, тоа е казната од Господарот твој кога ги казнува населбите кои се зулумќарски. А казната Негова, навистина, е болна и силна!

103. Ете, во тоа, навистина, има знамение за оној кој се плаши од казната на Ахирет. Ете, тоа е Ден во кој луѓето ќе бидат збрани; ете, тоа е Ден во кој ќе присуствуваат сите!

104. И само за определено време Ние го задоцнуваме.

105. Ден во кој ќе се стигне: никој не ќе зборува освен по одобрението Негово. Па, некои меѓу нив ќе бидат несреќни а некои среќни.

106. Што се однесува до несреќниците оние ќе бидат во огнот и во него тешко ќе дишат и тешко ќе лелекаат.

107. И во него за навек ќе останат се додека траат небесата и Земјата, освен со посак на Господарот твој. Господарот твој, навистина, го работи она што посакува!

108 Што се однесува до среќните... па, оние ќе бидат во Џеннетот и во него за навек ќе останат се додека траат небесата и Земјата, освен со посак од Господарот твој. Давање ќе биде тоа неограничено.

109. И не биди, тогаш, при сомнение во врска со она што го обожаваат. Обожаваат само како што обожаваа предците нивни од порано. И без да им се скрати Ние ќе им го дадеме заслуженото.

110. И на Муса, секако, Ние му дадовме Книга... па, во врска со неа станаа деленици. И да не беше зборот од Господарот твој, кој претходеше, сигурно ќе беше пресудено меѓу нив. Да, оние се при сомнение во неа што доведува до несигурност.

111. И сите нив, за делата нивни, Господарот твој, секако, ќе ги награди. Да, Он е Известен за она што го работат!

112. Па, издржи по патот вистински! Онака како што ти е наредено, тебе и на оние кои се со тебе, кои ќе се покајат, и не бунете се! Он, навистина, го гледа она што го работите!

113. И не поддржувајте ги оние кои зулум направија... та, ќе ве допре огнот и, освен Аллах, немате други заштитници, и не ќе ви се помогне!

114. И изврши го намазот на почетокот и при крајот на денот, и во почетоците на ноќта. Добрите дела, навистина, ги бришат лошите дела. Ете, тоа е опомена за оние кои се опоменуваат!

115. Стрпи се! Та, Аллах, навистина, не ќе им ја намали наградата на доброчинителите!

116. Немаше ли низ столетијата пред вас честити кои спречуваа да се прави безредие на земјата? Но, беа само малку оние меѓу нив кои Ние ги спасивме, а оние кои го следеа зулумот, уживаа во него и беа насилници!

117. И Господарот твој не ги ништеше населбите неправедно доколку жителите нивни беа добри.

118. А Господарот твој да сакаше Он ќе ги направеше луѓето да бидат една заедница; но, тие постојано се разединуваат,

119. освен оние на кои Господарот твој им се смилува, и за тоа ги создаде. И зборот на Господарот твој се усоврши: “Секако, ќе го исполнам Џехеннемот заедно: и со џини и со луѓе!”

120. И се што Ние ти кажуваме од кажувањата за пејгамберите е само за да ти се зајакне срцето твое. И со оваа вистина ти дојде и Ука и Опомена за верниците!

121. И кажи им на оние кои не веруваат: “Работете колку што е во можност ваша, а и ние, навистина, ќе работиме.

122. Очекувајте а и ние, исто така, ќе очекуваме.”

123. Тајната и на небесата и на Земјата е - Аллахова! И сите нешта Нему Му се враќаат. Па, обожавајте Го и потпрете се врз Него. А Господарот твој не е невнимателен кон она што го работите!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Јунус (Јунус)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.19:33 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

ЈУНУС (Јунус)

Мекка - 109 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

1. Елиф,лам, ра! Еве ајети од Книгата Мудра.
2. Чудно ли им е на луѓето тоа што му објавив на еден човек меѓу нив: Опоменувај ги луѓето, и зарадувај ги верниците дека, навистина, за нив ќе има награда красна кај Господарот нивни. Неверниците зборуваат: “Да, овој е вистински волшебник!”
3. Вашиот Господар, навистина, е Аллах кој ги создаде и небесата и Земјата за седум дена, а потоа се утврди на Аршот, управувајќи со с#. Само со одобрението Негово има посредување. Ете, тоа е Аллах, Господарот ваш! Та, обожавајте Го! Нема ли да се сеќавате?
4. Прибежиштето на сите вас е - кон Него. Ветувањето на Аллах е - вистинското ветување. Он, навистина, го започнува творењето и Он потоа го возобновува за да ги награди праведно оние кои веруваат и кои добри дела работат, а за оние кои не веруваат има напивка од жешка вода и казна болна затоа што, токму, не веруваа.
5. Он го создаде Сонцето да блеска, а Месечината да свети и определи младици за да го знаете бројот на годините и сметањето. Аллах тоа само со вистина го создаде, изнесувајќи ги потенко знаменијата за луѓето кои знаат.
6. Во сменувањето на денот и ноќта, и во она што Аллах го создаде на небесата и на Земјата, секако, има знаменија за народот богобојазлив.
7. Да, оние кои не ја очекуваат средбата Наша, и кои се задоволни со животот на овој свет, и кои се со него спокојни, и кои ги занемаруваат знаменијата Наши...
8. престојувалиштето нивно е огнот, токму, заради она што го спечалија.
9. Оние кои веруваат и кои добри дела работат... Господарот нивни ќе ги упати со верувањето нивно. Под нив, во бавчите благословени, ќе течат реки.
10. Довата нивна таму е: “Биди славен Аллаху наш“, а поздравот нивни таму е: “Селам!”, а последната дова нивна: “Благодарение на Аллах, Господарот на световите!”
11. Аллах да брза да им даде зло на луѓето како што тие брзаат да им даде добро крајот нивни веќе ќе беше определен. На оние кои не ја очекуваат Средбата Наша Ние ќе ги оставиме да талкаат во неверието нивно.
12. И кога човекот ќе го снајде неволја Не повикува: лежејќи или седејќи или стоејќи. А, бидејќи ќе го отстраниме злото од него, продолжува како да не Н# молел за неволјата што го погодила. Ете, така на расипниците им се разубавува она што го работеа.
13. И бидејќи поколенијата пред вас правеа зулум Ние ги уништивме. И им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии и заради тоа што, секако, не веруваа. Ете, така Ние го казнивме народот насилнички!
14. Потоа Ние определивме по нив да бидат халифи на земјата за да видиме како работите.
15. А кога им се кажуваат ајетите Наши, јасни, оние кои не ја очекуваат Средбата Наша, велат: “Донеси Кур’ан поинаков од овој или, пак, измени го.” Кажи: “Мене не ми припаѓа да го менувам ова сам од себе; јас го следам само она што ми се објавува. Јас, навистина, се плашам! Ако сум непослушен кон Господарот мој... а казната на Денот голем!?
16. Кажи: “Кога Аллах би сакал јас тоа не би ви го кажувал а ниту ќе се запознаевте со него. Пред објавувањето негово јас, секако, меѓу вас поминав години многу. Па, нема ли да се вразумите?”
17. Па, кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах или кој ги смета за лажни ајетите Негови!? Силниците, навистина, не успеваат!
18. Обожаваат други покрај Аллах кои не им наштетуваат и кои не им користат, и зборуваат: “Овие се наши посредници кај Аллах.” Кажи: “На Аллах ли му велите дека не го знае она што е на небесата и на Земјата?” Нека биде Славен и Возвишен, над она што Му го здружуваат!
19. Луѓето беа само една заедница па се разединија. И да не беше Зборот од Господарот твој, кој претходеше, ќе им беше пресудено за она за што, токму, станаа деленици.
20. И зборуваат: “Зошто не му е објавен еден ајет од Господарот негов?” Па, кажи: “Тајната, навистина, е - Аллахова. Тогаш, причекајте. Да, јас сум со вас, меѓу очекувачите!”
21. И кога Ние одредивме луѓето да ја вкусат милоста по неволјата што им се случи, ете, оние пак сплеткарат со ајетите Наши. Кажи: “Аллах е најбрз во тоа. Пратениците Наши, секако, го запишуваат она што го сплеткарите!”
22. Он ви овозможува да патувате и по копно и по море. Дури и во бродот во кој ќе се најдете, кога ќе тргне со ветрот умерен, ќе се зарадувате - и токму тогаш кога ќе задува бурен ветар, и кога брановите од сите страни ќе удираат и ќе помислат дека ќе ги закачат, Му се молат на Аллах, искрени во верата своја: “Ако н# избавиш од ова ќе бидеме, секако, меѓу благодарните.”
23. И бидејќи ги спаси, ете ги како бесправно прават безредие по земјата. О луѓе, неправдата ваша, навистина, е против вас: да уживате во животот на овој свет. По ова враќањето ваше е кон Нас, па Ние ќе ве известиме за она што го работевте!
24. Да, животот на овој свет е сличен на вода која Ние ја спуштаме од небо, па кога ќе се измешаат со неа растенијата на земјата од кои јадат и луѓето и добитокот, и кога земјата ќе си го прими своето руво и кога ќе се украси, жителите нејзини ќе помислат дека се, навистина, моќни над неа, ќе дојде наредбата Наша, ноќе или дење, па ќе ја видиш како е покосена, како вчера и да не постоела. Ете, така Ние потенко ги објаснуваме знаменијата за луѓето кои размислуваат!
25. Аллах повикува кон Куќата на спасот и упатува кого сака по патот вистински!
26. За оние кои прават доброчинство има и поголемо доброчинство од тоа. Лицата нивни не ќе ги покрие ни црнило ни понижување. Оние се џеннетски жители и во него за невек ќе останат!
27. А на оние кои спечалија лоши дела ќе има награда слична на она што го направија. И понижување ќе ги обземе. Никој од Аллах не ќе ги заштити. Лицата нивни ќе ги покријат темни делови од ноќта. Оние се жители на огнот и во него за навек ќе останат!
28. На Денот кога Ние ќе ги собереме сите и кога ќе им речеме на многубошците: “Останете на вашите места, вие и божествата ваши!” Па, ќе ги разделиме. И божествата нивни ќе речат: “Вие не н# обожававте!”
29. Па, Аллах е Доволен за Сведок, меѓу вас и меѓу нас. Ние за вашето обожавање не знаевме.
30. Таму секоја душа ќе си го искуси она што го направила и ќе бидат вратени на Аллах, вистинскиот Заштитник нивни, а ќе исчезне она што го измислуваа.
31. Кажи: “Кој ви дава ‘рск и од небо и од земја? И во чија сопственост се и слухот и видот? И кој го вади живото од мртвото и кој го вади мртвото од живото и кој управува со наредбата?” Ќе речат: “Аллах!” Па, кажи: “Нема ли да бидете богобојазливи?”
32. Тоа ви е Аллах, Господарот ваш вистински. А по вистината има само заблуда. Тогаш, како сте толку расипани!?
33. Ете, така се оствари Зборот од Господарот твој врз оние кои беа расипани, кои, навистина, не веруваа!
34. Кажи: “Има ли некое од божествата ваши кое ќе го започне создавањето а потоа да го возобнови?” Кажи: “Аллах го започнува создавањето, а потоа Он го возобновува.” Тогаш, каде, навистина, сте кинисале!?”
35. Кажи: “Има ли меѓу божествата ваши кое ќе упати кон вистината?” Кажи: “Аллах упатува кон вистината!” Па, кој има повеќе право да биде следен: оној кој упатува кон вистината или оној кој не упатува, а да не биде упатен? Што ви е? Како така расудувате?
36. Мнозинството од нив се поведуваат за сомневање. Сомневањето, навистина, во ништо не & користи на Вистината. Аллах, секако, го знае она што го работат.
37. Овој Кур’ан не може да се припише на никој друг освен на Аллах. Тој е Потврда на она што е објавено пред него и потенко објаснување на Книгата - во која нема сомнение - од Господарот на световите!
38. Или, пак, зборуваат: “Тој го измисли.” Кажи: “Тогаш, донесете едно суре слично нему, и повикајте ги оние кои можете, покрај Аллах, ако сте искрени.”
39. Но, не! Оние, секако, го сметаа за лажно она што не го опфатија со знаењето нивно, бидејќи не им дојде толкувањето свое. Ете, така лажеа и оние кои беа пред нив... па, погледни каква беше казната за зулумќарите!
40 Некои меѓу нив веруваат во него а некои меѓу нив не веруваат во него, а Господарот твој најдобро ги знае безредниците!
41. Ако оние фрлаат лага врз тебе, тогаш, кажи: “Мене моите дела а вам вашите дела. Вие сте далеку од она што го работам, а и јас сум далеку од она што вие го работите.”
42. Меѓу нив има и оние кои те прислушкуваат. Па, можеш ли да направиш да слушаат глувите иако оние не сфаќаат?
43. Од нив има и кои гледаат во тебе. А можеш ли да ги упатиш слепите, иако оние не гледаат?
44. Аллах, навистина, во ништо не им прави зулум на луѓето, туку луѓето самите себеси зулум си прават.
45. А на Денот кога ќе се зберат ќе им се причини дека останале само еден миг од денот. Ќе се запознаваат еднисодруги. Веќе пропаднаа оние кои ја сметаа за лажна Средбата наша со Аллах, и не беа упатени.
46. Или да ти покажеме нешто од она што го ветивме за нив или да те усмртиме... враќањето нивно е - кон Нас. Потоа Аллах ќе биде Сведок за она што го работат .
47. И за секој народ имаше пејгамбер. Па, кога ќе дојдеше пејгамберот нивни меѓу нив праведно ќе се одлучуваше, и не им се направи зулум.
48. И зборуваат: “Кога ќе се исполни ова ветување, ако сте искрени?”
49. Кажи: “ Само со посак на Аллах можам да си прибавам или корист или штета. За секој народ има крај. И кога ќе дојде крајот нивни - не ќе можат ни да го задоцнат ни да го забрзаат!”
50. Кажи: “Што мислите вие ако ви дојде казната Негова дење или ноќе?” Зошто силниците ја бараат да дојде што побрзо?
51. Кога ќе се случи ќе поверувате ли во неа? Сега ли? А веќе побрзо ја сакавте да дојде!
52. Потоа ќе им се рече на оние кои направија зулум: “Вкусете ја казната вечна! Ќе бидете казнети само за она што го спечаливте!”
53. Бараат да ги известиш: “Дали е тоа вистина?” Кажи: “Да, се колнам во Гсоподарот мој дека тоа, навистина, е вистина и вие сте немоќни пред тоа.”
54. Кога на секоја душа - којашто зло ќе направи - би и припаднало она што е на земјата нема да се избави од тоа. Ќе го кријат покајанието штом ќе ја здогледаат казната. Меѓу нив ќе се суди праведно и не ќе им се наштети.
55. С# што е на небесата и на Земјата, навистина е - Аллахово! Да, ветувањето на Аллах е - вистинско! Но, мнозинството од нив не знаат!
56. Он оживува и Он усмртува и кон Него ќе се вратите!
57. О луѓе, веќе ви дојде Ука од Господарот ваш, и Лечение за она што е во градите ваши, и Патоказ и Милост за верниците!
58. Кажи: “Нека се радуваат на добрината Аллахова и на милоста Негова. Па,ова, ете, е подобро од она што го збираат.
59. Кажи: “Што мислите за она што ви го објави Аллах, за ‘рскот. Та, од него Он ви определи и халал и харам.” Кажи: “Аллах ви дозволи или, пак, врз Него лага фрлате?”
60. И што ќе помислат на Денот суден оние кои фрлаат лага врз Аллах? Аллах, навистина, кон луѓето е доброчинител, но мнозинството од нив не се заблагодаруваат.
61. И во каква било положба да се најдеш и што било да кажуваш од Кур’анот, и каква било постапка да преземете, Ние сме, во она што ќе се оддадете, навистина, сведоци. На Господарот твој не ќе му се изземе ни трошка ситна, ниту на Земјата ниту на небесата, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна!
62. Заштитниците на Аллах, навистина, не ќе стравуваат и не ќе тагуваат:
63. оние кои веруваа и кои беа богобојазливи;
64. за нив има радосница во животот и на овој свет и на Ахирет, и нема измена во зборовите на Аллах. Ете, тоа е победа голема!
65. И нека не те жалости говорот нивни. Сета моќ, навистина, е - Аллахова! Он е Слушач и Зналец!
66. Ете, така Аллахови се сите и на небесата и на Земјата. А оние кои ги повикуваат следејќи ги божествата а не Аллаха, го следат само сомневањето и само дрдорат.
67. Он ви ја определи ноќта за да најдете во неа смирна, а денот - да гледате. Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои слушаат.
68. Зборуваат: “Аллах зема дете.” Славен нека биде Он! Он е Богат: с# што е на небесата и на Земјата е - Негово. Па, имате ли вие во тоа каква било власт? Го зборувате ли за Аллах она што не го работите?
69. Кажи: “Оние кои, навистина, фрлаат лага врз Аллах не ќе бидат спасени.
70. Уживање на овој свет а потоа: враќањето нивно е - кон Нас. Потоа Ние ќе ги натераме да ја искусат жешката казна затоа што не веруваа.
71. Кажи им го кажувањето за Нух, кога му рече на народот свој: “О народе мој, ако престојот мој меѓу вас е досаден, и опомената моја за знаменијата Аллахови... та, врз Аллах се потпирам. Здружете ја наредбата ваша со божествата ваши па, не криејќи го тоа, одлучете за мене и не одлагајте!”
72. Ако ги свртите плеќите, тогаш, јас од вас не барам награда. Наградата моја, секако, е кај Аллах и наредено ми е да бидам меѓу Послушните!
73. И тогаш го сметаа за лашко па Ние го избавивме, и оној што беше со него во бродот. И Ние ги определивме за халифи, а оние кои не веруваа во знаменијата Наши Ние ги потопивме. Па, погледни каква беше казната за опоменуваните!
74. По него Ние испраќавме пејгамбери до народите нивни. И тогаш им доаѓаа со јаснотии. И не сакаа да веруваат во она што го сметаа за лажно понапред. Ете, така Ние ги запечативме срцата на претерувачите!
75. И по нив, тогаш, со знаменијата Наши ги испративме, и на Муса и на Харун до фараонот и до големците негови. Па, се изнадуваа и беа народ насилнички!
76. И бидејќи од Нас им дојде вистината, говореа: “Ова, навистина, е волшебништво јасно!”
77. Муса рече: “Ќе речете ли, бидејќи ви дојде вистината, ова е волшебништво?” Не ќе успеат волшебниците!
78. Рекоа: “Дојде ли да не оддалечиш од она што го најдовме при предците наши, за власта на земјата, вам двајца да ви припадне? Ние не ви веруваме.”
79. И фараонот рече: “Доведете ми ги сите волшебници зналци!”
80. И бидејќи волшебниците дојдоа, Муса им рече: “Фрлете го она што имате да го фрлите!”
81. И бидејќи фрлија, Муса рече: “Она со што дојдовте е волшебништво.” Аллах, навистина, ќе го уништи. Да, Аллах не ја поправа постапката на безредниците!
82. Аллах ја овистинува вистината со зборовите Свои, па макар тоа го мразеле силниците.
83. Само некои меѓу народот негов му веруваа на Муса, плашејќи се од фараонот и од големците негови за да не ги стават во искушение. Фараонот, навистина, беше голем на земјата. Да, беше меѓу расипаните!
84. И Муса рече: “О народе, ако во Аллах верувате, тогаш, треба врз Него да се потпирате, ако сте Послушни.”
85. Па, рекоа: “Врз Аллах се потпревме. Господаре наш, не одредувај н# да бидеме искушение за народот зулумќарски!”
86. И избави н# со милоста Твоја од народот невернички!
87. И Ние му вдахнавме на Муса и на брат му: Изградете му на народот ваш куќи во Мисир, а куќите ваши одредете да бидат храмови, и намаз извршувајте, и зарадувајте ги верниците!”
88. И Муса рече: “Господаре наш, Ти и на фараонот и на големците негови им даде, секако, и украс и имот во животот на овој свет. Господаре наш, оние скршнуваат во заблуда од патот Твој. Господаре наш, уништи го имотот нивни и затврдни ги срцата нивни. Та, нема да веруваат додека не ја видат казната болна!”
89. Он рече: “Примена е молбата ваша, и двајцата истрајте, тогаш, и не следете ги оние кои не знаат!”
90. И Ние синовите Израилови ги преминавме низ морето... па, ги следеше фараонот и војската негова, зашто ги мразеше и им беше непријател. И штом започна да се дави, викна: “Јас верувам. Нема друг бог освен Оној во кој веруваат синовите Израилови и јас сум меѓу муслиманите!”
91. -”Зарем сега, а понапред беше непослушен и беше меѓу безредниците!
92. Па, денес Ние ќе го спасиме само телото твое за да бидеш знамение за оние по тебе.” Мнозинството меѓу луѓето, се рамнодушни, навистина, кон ајетите Наши!
93. И синовите Израилови Ние веќе ги сместивме во убава населба и им дадовме од ‘рскот добар . И штом им дојде знаењето се разединија. Господарот твој, навистина, ќе пресуди меѓу нив на Денот суден за она за што станаа деленици!
94. Ако си при сомнение во она што Ние ти го објавивме, тогаш, прашај ги оние кои ја читаат Книгата пред тебе. Веќе ти дојде Вистината од Господарот твој и никако немој да бидеш меѓу сомневачите!
95. И никако немој да бидеш меѓу оние кои ги сметаа за лажни знаменијата Аллахови па да бидеш, секако, меѓу поразените!
96. Да, оние врз кои се оствари Зборот од Господарот твој не веруваат;
97. дури и да им дојдеше секој ајет додека не ја видат казната болна.
98. Па, нели беше населба? Веруваше и верувањето нејзино & користеше, изземајќи го народот на Јунуз. И бидејќи веруваа Ние ја отстранивме од нив срамната казна во животот на овој свет и извесно време дадовме да уживаат.
99. Кога Господарот твој би сакал тогаш сите на земјата ќе веруваат. Е, па, ќе ги присилиш ли луѓето да бидат верници?
100. Човекот верува само со одобрението Аллахово и Он ги казнува оние кои не сфаќаат.
101. Кажи: “Посматрајте го она што е на небесата и на Земјата!” И знаменијата не се од корист и опомена за луѓето кои не веруваат.
102. Па, очекуваат ли оние да ги снајде нешто слично, освен казната кон оние што беа пред нив? Кажи: “Тогаш, очекувајте, а и јас сум со вас, навистина, меѓу очекувачите!”
103 Потоа Ние ќе ги избавиме пејгамберите Наши и, секако, оние кои веруваа. Ете, тоа ни е обврска да ги избавиме верниците.
104. Кажи: “О луѓе, ако сте при сомнение во верата моја... та, не ги обожавам оние кои обожаваат други освен Аллах. Но, јас го обожавам Аллаха, кој, токму, ве усмртува, и наредено ми е да бидам меѓу верниците.”
105. И така сврти го лицето твое кон верата вистинска. И никако не биди меѓу многубошците!
106 И не повикувај друг бог освен Аллах, кој не ти користи и кој не ти штети. Ако така направиш, тогаш, ти ќе бидеш меѓу неверниците, навистина!
107 Ако Аллах ти даде со неволја некаква, па, оваа не може да ја отстрани никој друг освен Него, а ако, пак, ти посака од добрината Своја, тогаш, никој не може да & се справи. Со неа, од робовите Свои, Он наградува кого сака. Он е Простувач и Сомилосен!
108. Кажи: “О луѓе, веќе ви дојде вистината од Господарот ваш. Па, оној кој ќе се упати, се упатува самиот себеси, навистина! А оној кој ќе скршне самиот си скршнал во заблуда. Не е мое да ви бидам закрилник!”
109. И следи го она што ти се објавува, и биди трпелив с# додека Аллах не пресуди. Меѓу судиите Он е Најдобриот!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ет Тевба (Покајание)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.19:30 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

ЕТ-ТЕВБА (Покајание)

Медина - 129 ајети


1. Опомена од страна на Аллах и од пејгамберот Негов до многубошците со кои договор склучивте!

2. “Па, патувајте по земјата четири месеци и знајте дека сте, навистина, немоќни пред Аллах. А Аллах, навистина, ќе ја открие страмотата на неверниците! “

3. Повикот од Аллах и од пејгамберот Негов до луѓето на Денот од големиот хаџџ: Аллах, навистина, е далеку од многубошците, а и пејгамберот Негов. Та, ако се покаете тоа е подобро за вас а ако, пак, ги свртете плеќите, знајте дека сте вие, навистина, немоќни, и зарадувај ги оние кои не веруваат со казна болна!

4. Изземајќи ги многубошците со кои склучивте договор а кои, по тоа, со ништо не го прекршија кон вас, а ниту пак некого помогнаа против вас; па, исполнете го договорот кон нив до денот за тоа определен. Аллах, навистина, ги љуби богобојазливите!

5. Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6. А ако некој меѓу многубошците побара од тебе засолниште, тогаш, згрижи го с# додека не го слушне Аллаховиот збор, а потоа одведи го до безбедно место. Ете, тоа е заради тоа што се луѓе кои, навистина, не знаат.

7. Како да има договор меѓу многубошците и Аллах и пејгамберот Негов, освен оние кои склучија договор при Месџидул Харам. Според тоа, ако се придржуваат кон договорот со вас придржувајте се и вие кон договорот со нив. Аллах, навистина, ги љуби богобојазливите!

8. Како? Ако ве победат не го почитуваат, кога сте вие во прашање, ни договорот ни пропишаната вера. Ви се умилуваат со устите свои, а одбиваат со срцата свои. А мнозинството меѓу нив се расипани!

9. Ги заменија ајетите Аллахови за нешто што малку вреди и уште одвраќаат од Аллаховиот пат. Е, само колку е лошо она што го работат!

10. Оние не ја почитуваат, во врска со верникот, ни зиммијата ни роднината - токму, претеруваат.

11. Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, тогаш, браќа се ваши по вера. Ние ајетите потенко ги објаснуваме за луѓето кои знаат!

12. А ако по договорот свој ги прекршат заклетвите свои, и ако ја нападнат верата ваша, тогаш, борете се против водачите на неверството. Тие немаат заклетви за да престанат!

13. Не ќе се борите ли кон луѓето кои ги прекршија заклетвите нивни и кои сакаа да го истераат пејгамберот? Оние, всушност, први ве нападнаа. Се плашите ли од нив? Па, Аллах има повеќе право, ако сте верници, да се плашите од Него!

14. Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички!

15. И грижата од срцата нивни ќе ја снема. Аллах простува кому сака. Аллах е Зналец и Мудар!

16. Или, пак, сметате ли дека ќе бидете оставени и дека Аллах не ги знае меѓу вас оние кои се бореа и кои, освен Аллах и пејгамберот Негов и верниците, не земаа други заштитници. А Аллах е Известен за она што го работите!

17. Не им доликува на многубошците да градат Аллахови џамии кога оние со неверувањето сведочат против себеси? Делата нивни пропаднаа и оние во огнот за навек ќе останат.

18. Џамиите Аллахови, навистина, ги градат оние кои веруваат и во Аллах и во Денот суден, и кои намаз извршуваат, и кои зекат даваат, и кои само од Аллах стравуваат. Па, тоа се, токму, упатените!

19. Сметате ли дека поителот на хаџијата, и оној кој се грижи за Месџидул Харам е како оној кој верува во Аллах и во Денот ахиретски и кој се бори на Аллаховиот пат? Не се еднакви кај Аллах. А Аллах нема да го упати народот зулумќарски!

20. Оние кои веруваа, кои се иселија и кои се бореа на Аллаховиот пат со имотот свој и со животите свои кај Аллах се на повисок степен. Оние, токму, се победниците!

21. Господарот нивни им донесува радосница: милост од Него и задоволство и бавчи со благодати постојани,

22. во нив за навек ќе останат. Кај Аллах, навистина, има награда голема.

23. О верници, не земајте ги заштитници ни бабовците ваши ни браќата ваши ако, секако, повеќе го сакаат неверувањето од верувањето. Оние кои ќе ги свртат плеќите од вас - па, зулумќари се!

24. Кажи: “Ако ви се бабовците ваши, и децата ваши, и браќата ваши, и жените ваши, и родот ваш, и имотот ваш кој го спечаливте, и трговијата за која се плашите дека ќе пропадне, и местата ваши со кои сте задоволни... помили од Аллах и од пејгамберот Негов и од борбата на Аллаховиот пат, тогаш, причекајте додека не дојде наредбата Аллахова! Аллах не го упатува народот расипнички!”

25. Аллах, секако, ви помогна на многу места и на денот на Хунејн кога се зачудивте со тоа што бевте мнозинство, и тоа ништо не ви користеше а земјава ви стана претесна и покрај широчината нејзина, па се свртивте, бегајќи!

26. Потоа Аллах по пејгамберот Свој ви спушти смирна, и на верниците; Он ви спушти и војска која не ја видовте, а ги казни оние кои не веруваа. Ете, тоа е казна за неверниците!

27. По сето тоа Он прости кому сака. Аллах е Простувач и Сомилосен!

28. О верници, многубошците, навистина, се нечист. Па, нека не се приближуваат кон Месџидул Харам по оваа година нивна. А ако се плашите од немаштија па, ако Аллах сака ќе ве снабде со добротијата Своја. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

29. Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата с# додека не дадат џизија со рацете, потчинето!

30. Евреите зборуваат: “Узеир е син на Аллах”, а христијаните зборуваат: “Месих е син на Аллах”. Ете, тоа се зборовите нивни на устите нивни: ги кажуваат сличните зборови на оние кои не веруваа пред нив. Аллах нека ги отепа! Каде кинисуваат, навистина!

31. Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах, а и на Иса, синот на Мерјем. Им беше наредено да обожаваат само еден Бог. Нема друг бог освен Него! Славен нека е Он, над она што му го здружуваат,

32. оние посакуваат да ја угаснат светлината Аллахова со устите свои. А Аллах само ја надополнува светлината Своја и покрај тоа што многубошците го мразат тоа!

33. Он е Оној кој го испрати пејгамбереот Свој со Патоказ и со вера вистинска за да ја обелодени повеќе од сите други вери и покрај тоа што многубошците го мразат тоа!

34. О верници, голем број меѓу свештениците и калуѓерите неисправно го трошат имотот на луѓето и одвраќаат од Аллаховиот пат. А на оние кои натрупуваат злато и сребро и кои не делат на Аллаховиот пат, тогаш, зарадувај ги со казна болна

35. на Денот кога тоа во огнот ќе се вжари па со него ќе се жигосаат и челата нивни и слабините нивни, и плеќите нивни. “Ова е она што за себе го направивте - та, вкусете го она што го натрупувавте!”

36. Да, бројот на месеците кај Аллах е дванаесет, сметан по Книгата Аллахова од денот кога ги создаде небесата и Земјата. Четири месеци од нив се посветени. Ете, тоа е вера постојана! Па, во тие четири месеци не нанесувајте си зло самите себеси. Борете се против многубошците заедно онака како што многубошците се борат заедно против вас. Знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите!

37. Со преместувањето на месеците, навистина, се зголемува неверувањето. Со тоа оние кои не веруваат во заблуда скршнуваат: една година го сметаат дозволено, а друга година го сметаат забрането за да го надополнат бројот на она што го забрани Аллах па да го дозволат она што го забрани Аллах. Ним им се разубавуваат постапките нивни. А Аллах не го упатува народот невернички!

38. О верници, што ви беше кога ви беше речено: “Појдете во борба на Аллаховиот пат” - како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет од животот на Ахирет? Па, уживањето во животот на овој свет е ништо во однос на уживањето на Ахирет!

39. Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со казна болна и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за с#!

40. Ако го помогнете пејгамберот... па, Аллах нему му помогна кога го истераа оние кои не веруваа, кога двајцата беа во пештера, кога му рече на неговиот другар: “Не плаши се! Аллах е со нас, навистина!” И Аллах спушти смирна Своја и го поддржа со војска која не ја видовте, и го направи зборот на оние кои не веруваа да биде долу, а Зборот на Аллах, токму, горе. Аллах е Силен и Мудар!

41. Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете!

42. А кога пленот би бил блиску а одењето во војна со таа цел - оние ќе те следеа, сигурно! Но, патот ним им изгледа тежок. Ќе се колнат во Аллах: “Да беше во наша моќ ќе излезевме со вас” - самите себеси упропастувајќи се. Аллах знае дека тие, навистина, лажат!

43. Аллах ти прости! Зошто им дозволи да отсаствуваат додека не ти стана јасно дека она што го зборуваат е невистина и додека не ти стана јасно дека се лашковци?

44. Оние кои веруваат во Аллах и во Денот ахиретски не бараат од тебе дозвола да се борат и со имотот свој и со животот свој. А Аллах ги знае богобојазливите!

45. Да, ќе бараат дозвола оние кои не веруваат ни во Аллах ни во Денот ахиретски, и чии срца се сомневаат и оние се во сомневањето нивно, двоумејќи се!

46. А да сакаа да одат ќе подготвеа подготовка, но Аллах го презре будењето нивно па ги задржа и им беше речено: “Останете со оние кои остануваат!”

47. Да излезеа со вас постојано ќе ви пречеа и меѓу вас ќе внесеа збрка сакајќи само сплетка, и, меѓу вас, секако, има доушници. Аллах ги знае зулумќарите!

48. Посакуваа, секако, сплетки и од порано, и ги испревртуваа работите твои с# додека не дојде вистината и с# додека не се обелодени наредбата Аллахова, а оние тоа го мразеа.

49. Меѓу нив има кои зборуваат: “Дозволи ни и не фрлај н# во искушение!” И не паднаа ли токму во искушение? Џехеннемот, навистина, ќе ги опфати неверниците!

50. Ако те снајде добро, тоа ги разочарува, а ако те снајде зло, зборуваат: “И од порано работата беше во рацете ваши,” и ги вртеа плеќите, радувајќи се.

51. Кажи: “Ќе не снајде само она што го запиша Аллах за нас. Он е Заштитник наш.” Па, врз Аллах се потпираат верниците!

52. Кажи: “Очекувате ли од нас само едно од две добра. Ние очекуваме од вас да ве снајде казна од Аллах или од рацете наши. Па, очекувајте и ние заедно со вас ќе очекуваме!”

53. Кажи: “Било да трошите доброволно или, пак, присилно, нема да ви се прими.” Вие бевте, навистина, народ расипнички!

54. Садаките нивни не им беа примени зашто оние, навистина, не веруваа ни во Аллах ни во пејгамберот Негов, а кога кон намаз пристапуваа беа мрзливи и делеа само со презир.

55. Тогаш нека богатствата нивни не те чудат а ниту децата нивни! Аллах посакува, навистина, да ги казни во животот на овој свет и душите нивни да излезат како невернички.

56. Да, оние се колнат во Аллах дека се со вас, но, всушност, не се со вас, туку се народ разединувачки.

57. Кога би имале некакво засолниште или пештера или јама би се свртиле кон тоа, брзајќи да појдат!

58. Меѓу нив има и такви кои те грдат за садаката: па, ако ти дадеш, задоволни се, а ако не им дадеш, ете ги, се лутат!

59. Кога оние би биле задоволни, навистина, со она што им го даде Аллах и пејгамберот Негов и да речеа: “Аллах ни е доста. Он ќе ни даде од добрината Своја и пејгамберот Негов. Ние, навистина, кон Аллах стремиме!”

60. Да, садаките им припаѓаат на сиромашните и на јетимите и на оние кои ги собираат, на оние чии срца треба да се придобијат, и за откуп на робови, и на должниците, и на Аллаховиот пат, и на патниците. Ова е обврска од Аллах. Аллах е Зналец и Мудар!

61. Меѓу нив има и такви кои го вознемируваат пејгамберот и кои зборуваат: “Тој само слуша.” Кажи: “Она што го слуша е подобро за вас; верува во Аллах, и има доверба во верниците и тој е милостив кон оние меѓу вас кои веруваат.” А оние кои го вознемируваат пејгамберот Аллахов ќе имаат казна болна!

62. Ви се колнат во Аллах дека ќе ве задоволат, но Аллах и пејгамберот Негов имаат повеќе право, ако се верници, да бидат задоволни.

63. Не знаат ли дека за оние кои се спротиставуваат на Аллах и на пејгамберите Негови има оган џехеннемски во кој за навек ќе останат. Ете, тоа е казна голема!

64. Дволичните се плашат да не им се објави суре кое ќе ги извести за она што е во срцата нивни. Кажи: “Исмевајте се, но знајте дека Аллах, навистина, ќе го изнесе на виделина она од што се плашите!”

65. А кога, пак, би ги прашал сигурно би ти рекле: “Да, ние само разговараме и се играме.” Кажи: “Со Аллах ли се исмевате и со ајетите Негови и со пејгамберот?”

66. Не оправдувајте се! По верувањето ваше не верувавте. Ако & простиме на една ваша дружина, друга дружина Ние ќе казниме затоа што се овие, навистина, силници!

67. Мажите дволични и жените дволични, еднисодруги се: наредуваат зло и одвраќаат од добро, а рацете им се стегнати. Забораваат на Аллах па и Он заборава на нив. Дволичните, навистина, се расипани!

68. За жените дволични и за мажите дволични и за неверниците Аллах има ветено оган џехеннемски во кој за навек ќе останат. Тоа за нив е доволно. Аллах нив ги проколни и за нив има казна постојана!

69. Како што беше со оние пред вас кои поседуваа поголема моќ, и кои имаа повеќе имот, и кои имаа повеќе синови. Посакуваа, тогаш, уживање во делот свој, па и вие посакувате да уживате во делот ваш како што посакуваа да уживаат во делот свој оние кои беа пред вас. Вие се спуштате во расправија онака како што се спуштаа и оние. Делата нивни ќе пропаднат и на овој свет и на Ахирет. Оние, токму, се поразените!

70. Нели им дојде кажување за оние пред нив - за народот на Нух, за Ад, за Семуд, за народот на Ибрахим и за жителите на Медјен и за оние од населбите испревртени? Им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии. Аллах никаков зулум не им направи, туку оние самите себеси зулум си направија!

71. Верниците и верничките се заштитници еднисодруги: наредуваат добро и одвраќаат од зло, клањаат намаз и даваат зекат и послушни се и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах ним ќе им се смилува. Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

72. Аллах им вети на верниците и на верничките бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат, и станови убави во бавчата на Адн, и задоволство големо од Аллах. Ете, тоа е, токму, победа голема!

73. О пејгамберу, бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џехеннемот е престојувалиште нивно. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

74. Се колнат во Аллах дека не зборуваа. Но, веќе зборуваа невернички говор и не веруваа по верувањето нивно и тежнееја за она што не го постигнаа; ги мразеа верниците затоа што Аллах ги опсипа со изобилие а и пејгамберот Негов од добрината Негова. Па, ако се покајат тоа ќе биде подобро за нив, а ако, пак, ги свртат плеќите, Аллах ќе ги казни со казна болна и на овој свет и на Ахирет. За нив на земјава нема ни заштитник ни поддржник!

75. Некои од нив дадоа завет на Аллах: “Ако ни дојде од добрината Негова ќе делеме садаки и, всушност, ќе бидеме меѓу добрите луѓе!”

76. И бидејќи им даде од добрината Своја, шкртареа, ги свртија плеќите; оние, секако, се рамнодушните!

77. Па, Он им надоврза врз срцата нивни дволичност с# до Денот во кој оние ќе Го сретнат зашто не се придржуваат кон она што му го ветија на Аллах и затоа што лажеа.

78. Не знаат ли дека Аллах, навистина, ги знае тајните нивни и шепотењето нивно, и дека Аллах, навистина, е Зналец на тајните!

79. На оние кои ги одзборуваат послушните меѓу верниците заради садаките, и на оние кои ги даваат само врз трудот нивни па, Аллах, ќе ги потчини. Аллах е Оној кој потчинува и за нив има казна болна!

80. Ќе бараш ли прошка за нив или нема да бараш, па дури и да бараш прошка за нив и седумдесет пати па, Аллах, никогаш не ќе им прости. Ете, тоа е заради неверувањето нивно во Аллах и во пејгамберот Негов. Аллах не го упатува народот расипнички!

81. Оние кои остана во домовите свои, зад пејгамберот Аллахов, и кои презираа да се борат на патот од Аллах и со имотот свој и со животите свои, и кои зборуваа: “Не одете во борба на оваа вруќина! “ Кажи: “Огнот џехеннемски е пожежок!” Е, само кога би сфатиле!

82. Па, малку нека се смеат, а многу нека плачат: награда ќе им биде за она што го спечалија.

83. Па, ако Аллах те врати до една дружина меѓу нив и ако бараат од тебе дозвола да излезеш во борба па, кажи: “Никогаш нема да излезете во борба со мене и никогаш нема да се борите со мене против непријателот зашто вие, секако, бевте задоволни што останавте првиот пат. Останете, тогаш, со оние кои и онака се останати!”

84. И никогаш никому од нив не клањајте џеназе и не присаствувајте никогаш на погребот негов. Оние, навистина, не веруваа ни во Аллах ни во пејгамберот Негов и умреа, секако, како расипани.

85. И нека не те чуди ни имотот нивни ни децата нивни. Аллах, навистина, посакува да ги казни со тоа на овој свет и самите себеси да си злодогрдат. Оние се, токму, неверници!

86. И кога ќе им се објави суре за ова: “Верувајте во Аллах и борете се со пејгамберот Негов”, - најимашливите меѓу нив ќе побараат од тебе дозвола и ќе речат: “Остави н# да бидеме со оние кои остануваат!”

87. Задоволни беа што останаа со оние кои не одат во борба, и беа запечатени срцата нивни, и оние не сфаќаат.

88. Но, пејгамберот и оние кои веруваа борејќи се со него и со имотот свој и со животот свој, всушност, ќе имаат благодати и ќе бидат, токму, спасените!

89. За нив Аллах подготви бавчи низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е награда голема!

90. Некои од бедуините доаѓаа да се извинат и да побараат дозвола да не одат во борба: останаа оние кои лажеа за Аллах и за пејгамберот Негов. На оние меѓу нив кои не веруваа ќе ги снајде казна болна!

91. Тоа не е обврска ни за слабите ни за болните, ни за оние кои немаат средства да излезат во борба доколку се, секако, искрени и кон Аллах и кон пејгамберот Негов. Нема начин на кој може да им се приговори на доброчинителите. Аллах е Простувач и Сомилосен!

92. Ниту против оние кои, кога ти дојдоа да им дадеш животни за јавање, и кога им рече: “Не можам да најдам животни за јавање за вас”, и ги свртеа плеќите, а очите, ронејќи им солзи, тажни заради тоа што не можеа да се снабдат со тоа.

93. Да, има начин против оние кои бараа од тебе дозвола а беа, секако, богати и задоволни затоа што останаа со оние кои не отидоа во борба. Аллах ги запечати срцата нивни и оние, токму, не знаат!

Џуз 11

94. Оние ќе ви се правдаат кога ќе се вратите кај нив. Кажи: “Не оправдувајте се, никогаш нема да ви веруваме, бидејќи Аллах н# извести за вас, навистина! Аллах ќе ги види делата ваши, а и пејгамберот Негов. Потоа ќе се вратите кај Зналецот на тајното и видливото, па ќе ве извести за она што го работевте.

95. Ќе ви се колнат во Аллах кога ќе им се вратите за да ги избегнете. Избегнувајте ги! Да, оние се нечист а престојувалиштето нивно, како награда, е Џехеннемот,токму, заради она што го спечалија.

96. Оние ви се колнат за да бидете задоволни од нив. Е,па, ако бидете задоволни од нив, па, Аллах, навистина, нема да биде задоволен од народот расипнички!

97. Бедуините се најцврсти во неверувањето и во дволичноста и најсвојствено им е да не ги знаат границите на она што го објави Аллах на пејгамберот Свој. Аллах е Зналец и Мудар!

98. Меѓу бедуините има и такви кои го прифаќаат она што го делат како нешто пропаднато, и одвај очекуваат да ве погодат несреќи! Несреќата на злото нив нека ги погоди! Аллах е Слушач и Зналец!

99. Меѓу бедуините има и такви кои веруваат и во Аллах и во Ахирет и го прифаќаат она што го делат како средство да се биде во близината на Аллах и заради благословите на пејгамберите. Па, за нив тоа, навистина, е приближување. Аллах ќе ги воведе во милоста Своја. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

100. Со претходниците првенци меѓу мухаџирите и меѓу енсариите и оние кои ги следеа во доброчинство... Аллах е задоволен со нив, а и тие се задоволни со Него. За нив Он подготви бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голема!

101. А меѓу бедуините кои се околу вас има и дволични, а и меѓу жителите на Медина: истрајни во дволичноста. Ти не ги знаеш, а Ние ги знаеме. Ќе ги казниме во два наврата, а потоа пак ќе бидат вратени во казната голема!

102. И други, пак, кои ги признаваа гревовите свои, мешајќи ги добрите дела со други, лоши дела. Ним Аллах, можеби, ќе им прости. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

103. Земај од имотите нивни садака за да ги очистиш со тоа и да ги облагородиш, и помоли се за нив. Молбата твоја, навистина, ќе ги смири! Аллах е Слушач и Зналец!

104. Не знаат ли дека Аллах, навистина, е Оној кој прима покајание од робовите Свои; Он ги прима и садаките. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

105. И кажи: “Работете! Па, Аллах ќе го види работењето ваше, а и пејгамберот Негов и верниците; и ќе бидете вратени кон Зналецот на тајното и видливото па ќе ве извести за она што го работевте.”

106. Има и други кои останаа во исчекување на наредбата на Аллах: Он или ќе ги казни или ќе им прости. Аллах е Зналец и Мудар!

107. И оние кои изградија Месџид само да направат штета и да поттикнат неверство, да ги одвојат верниците, подготвувајќи го за оној кој војува против Аллах и пејгамберот Негов од порано, кој сигурно се колни: “Ние само добро посакуваме.” А Аллах сведочи дека тие, навистина, се лашковци!

108. И никогаш не здружувајте се во него. Месџидот, кој е подигнат уште од првиот ден заради богобојазливост, заслужува повеќе да се задржи во него. Во него се луѓето кои сакаат да се очистат, а Аллах ги љуби чистите!

109. Кој е подобар? Оној кој ја темели градбата заради богобојазливост и задоволство или оној кој ја темели градбата на работ од подлокан брег, кој е наведнат, па само што не се сруши во него, во огнот џехеннемски? А Аллах не го упатува народот зулумќарски!

110. Градбата што ја подигнале потајно, ќе биде сомневање во срцата нивни с# додека срцата нивни не се разделат. Аллах е Зналец и Мудар!

111. Да, Аллах ги купи од верниците и животите нивни и имотот нивни: за нив има Џеннет; се борат на Аллаховиот пат, убиваат на него и бидуваат убивани. Ова е вистинското ветување Негово и во Теврат и во Инџил и во Кур’ан. И кој го исполнува ветувањето негово како што тоа го прави Аллах? Зарадувајте се со трговијата ваша со која, всушност, работете. Ете, тоа е победа голема!

112. Онаквите се кајат, и обожаваат, се заблагодаруваат, и патуваат и на руку’ и на сеџде паѓаат, и наредуваат добро и одвраќаат од зло, и ги чуваат границите Аллахови. И зарадувај ги верниците!

113. И пејгамберот и верниците немаат да бараат прошка за многубошците, па било да се работи и за роднини блиски, од кога им беше објасането дека оние, навистина, се жители џехеннемски.

114. Немаше право ни Ибрахим да бара прошка за својот бабо. Но, тука се работеше за ветувањето што само тој му го беше дал. И бидејќи му стана јасно дека тој, навистина, е непријател на Аллах, се откажа. Да, Ибрахим беше милостив и благ!

115. И Аллах не го скршнуваше во заблуда еден народ по упатувањето негово сe додека не му беше јасно од што треба да се чува. Аллах, навистина, знае сe!

116. Власта и на небесата и на Земјата, навистина, е - Аллахова! Он оживува и Он усмртува. Вие, освен Аллах, немате ни заштитник ни поддржник!

117. Да, Аллах му прости на пејгамберот и на мухаџирите и на енсариите кои го следеа во тешкиот миг, - кога срцата на една дружина меѓу нив само што не се поколебаа; потоа Он им прости. Он, навистина, кон нив е Сочувствителен и Сомилосен!

118. И на тројцата кои изостанаа од војната: тогаш кога земјата, и покрај широчината нејзина, им изгледаше тесна, и кога душите нивни им се стеснаа, и кога помислија дека, освен Аллах, нема друго засолниште. Потоа Он им прости само за да се покајат. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

119. О верници, плашете се од Аллах и бидете меѓу искрените!

120. Жителите на Медина и бедуините околу нив не требаше да останат зад пејгамберот Аллахов, и да му дадат предност на животот нивни над животот негов. Ете, затоа на Аллаховиот пат нема да им се случи ни жед, ни замор, ни глад, а ниту пак ќе заземат некое место што ќе ги разгневи неверниците, а ниту пак ќе претрпат ни малку неволја од непријателот, а тоа да не им биде впишано како добро дело. Аллах, навистина, не прави да пропадне наградата за доброчинителите,

121. и не ќе поделат милосрдие ни мало ни големо, и не ќе преминат долина а да не им биде запишано; и Аллах, секако, ќе ги награди подобро од она што го работеа.

122. Сите верници не треба да одат во борба. Од секоја дружина меѓу нив, тогаш, нека се најдат неколкумина кои ќе го толкуваат законот на верата, и кои ќе го опоменуваат народот свој кога ќе им се вратат. Можеби оние ќе бидат претпазливи!

123. О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите!

123. О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите!

124. И кога ќе се објави едно суре ... па, меѓу нив има кои зборуваат: “Кому меѓу вас ова го зголеми иманот?” А што се однесува, пак, до оние кои веруваа им го зголеми иманот и оние, токму, се радуваат.

125. А што се однесува, пак, до оние во чии срца има болештина... та, Он им го зголеми срамното дело над срамните дела нивни и, токму, умреа како неверници.

126. Не гледаат ли дека, навистина, секоја година еднаш или двапати паѓаат во искушение? Потоа не се кајат, а ниту се сеќаваат!

127. И кога ќе им се објави суре, гледаат едниводруги: “Ве гледа ли некој?” Потоа ќе се разотидат. Па, нека Аллах ги разедини срцата нивни, зашто, навистина, се народ кој не сфаќа.

128 Да, ви дојде пејгамбер, еден меѓу вас, кому му е тешко за тешкотијата на која ќе наидете, и кој е стремежлив кон вас, а кон верниците сочувствителен и сомилосен!

129. Па, ако ги свртат плеќите, тогаш, кажи: “Аллах ми е Доволен. Нема друг бог освен Него. Врз Него се потпирам и Он е Господарот на Аршот голем!

Štampaj ovaj članak

Rainbow Ал-Енфал (Плен)
Poslato od: Boots - 08-10-2023.19:29 - Forum: Macedonian Translation - Nema Odgovora

ЕЛ-ЕНФАЛ (Плен)

Медина - 75 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Те прашуваат за пленот. Кажи: “Пленот е од Аллах и од пејгамберот. Па, плашете се од Аллах. Средете ги односите еднисодруги. Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов ако сте верници!”

2. Да, верници се оние кои, ако се спомене Аллах, треперат срцата нивни, а ако им се кажуваат ајетите Негови им се зголемува иманот и се потпираат врз Господарот свој,

3. оние кои намаз извршуваат и кои од нафаката Наша делат.

4. Верници се тие вистински. За нив има степени кај Господарот, и прошка и нафака благородна.

5. Како што те изведе Господарот твој од домот твој исправно. И една дружина меѓу верниците тоа го презираше!

6. Расправаа со тебе за Вистината по очигледноста нејзина - ете, како да се туркаат во смрт очигледна, а, токму, гледаат!

7. И кога Аллах ќе ви вети една од двете дружини дека е ваша вие, навистина, посакувате ненаоружената да биде ваша. Аллах посакува да се овистини вистината со зборовите Негови и да се пресечат корените на неверниците:

8. да ја овистини вистината а да ја уништи невистината, па макар тоа го мразеле силниците!

9. Кога баравте помош од Господарот ваш, Он ви се оѕва. Јас, навистина, ве поддржав со илјада мелеки кои доаѓаа еднизадруги.

10. Аллах тоа го направи само да ве зарадува и во тоа да ги смирете срцата ваши. Помошта е само кај Аллах. Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

11. И кога Он ви одреди лесен сон да ве обземе, да ве заштити од Своја страна, и кога ви спушти од небо вода за да ве очисти со неа и да ја отстрани од вас нечистотијата шејтанска и да ги поврзе срцата ваши и да ги зацврсти стапалките...

12. и кога Господарот твој им вдахна на мелеките: “Јас сум, навистина, со вас: бодрете ги, тогаш, оние кои веруваат.” Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удирајте ги по вратовите и по прстите!

13. Заради противењето нивно и на Аллах и на пејгамберот Негов. А оној кој се противи на Аллах и на пејгамберот Негов - та, Аллах е Силен Казнувач!

14. Ете, така ви е. Искусете ја казната, а за неверниците, навистина, има казна огнена.

15. О верници, кога ќе се справите со оние кои не веруваат, кои доаѓаат во редови,тогаш, не вртете ги плеќите!

16. Оној кој ќе побегне тогаш, освен оној кој привидно бега за да се врати во борба, или кој се придржува на друга дружина, секако, се враќа со лутината Аллахова и Џехеннемот е - престојувалиштето негово! Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

17. И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец!

18. Ете, така ви е. Аллах, навистина, чини да венат сплетките на неверниците!

19. Ако баравте да победите па, ете, победата ви дојде. А ако прекинете - та, тоа е подобро за вас. А ако, пак, се вратите и Ние ќе се вратиме. Дружината ваша во ништо не ќе ви користи и без оглед на бројот. Аллах, навистина, е со верниците!

20. О верници, бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов. И не вртете Му ги плеќите. Вие, токму, слушате!

21. И не бидете како оние кои зборуваа: “Слушаме,” а, всушност, не слушаат

22. зашто најлоши битија кај Аллах, навистина, се оние кои се глувонеми, оние кои ништо не сфаќаат.

23. А Аллах да знаеше дека кај нив има некакво добро Он ќе ги натераше да слушаат. А да ги натераше да слушаат пак ќе ги свртат плеќите зашто тие, секако, рамнодушни се и онака.

24. О верници, оѕвијте се на Аллах и на пејгамберот Негов кога ве повикуваат зашто тоа ќе ве заживее. Знајте дека Аллах, навистина, се вмешува меѓу човекот и срцето негово и дека, секако, кај Него ќе се зберете.

25. И чувајте се од сплетки кои ќе ги погодат само оние меѓу вас кои зулум направија. И знајте дека Аллах, навистина, е Силен Казнувач!

26. И сетете се кога бевте малкумина, кога ве сметаа за слаби, плашејќи се да не ве фатат луѓето и кога Он, со помошта Своја, ве поддржа и ве зајакна, и ве снабде со добра за да бидете благодарни.

27. О верници, не изневерувајте Го Аллаха и пејгамберот Негов, и аманетот ваш еднисодруги не изневерувајте го. Вие, секако, знаете!

28. Знајте дека, навистина, имотот ваш и децата ваши се искушение и дека, секако, кај Аллах има награда голема.

29. О верници, ако се плашите од Аллах ќе ве оспособи да просудувате што е добро а што е зло, и ќе ги занемари злите постапки ваши, и ќе ви прости. Аллах поседува добротија голема!

30. И кога неверниците ти правеа сплетки за да те затворат или да те убијат или да те истераат... Правеа сплетки а Аллах ги отстрани. Аллах е најдобар во тоа!

31. И кога им се кажувани ајетите Наши, рекоа: “Слушнавме веќе и, да посакаме, ќе кажуваме слично на тоа; ова се само прикаски на поколенијата одамнешни.”

32. И кога рекоа: “Господаре, ако е ова вистина од Тебе, спушти ни, тогаш, камења од небо место дожд или дај ни казна болна.”

33. Аллах не ги казнува во присуство твое. Аллах не е казнувач нивни - оние, всушност, бараат прошка.

34. Казнувањето нивно од Аллах е оправдано зашто оние оддалечуваат други од Месџидил Харам и не се заштитници Негови. Заштитниците негови се богобојазливи, но мнозинството од нив не знаат.

35. Намазот нивни во Месџидул Харам е само дрдорење и плескање. Пробајте ја, тогаш, казната затоа што не верувавте!

36. Оние кои не веруваат, навистина, го трошат имотот свој за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Та, ќе го потрошат и ќе зажалат и на крај ќе изгубат. Оние кои не веруваат во Џехеннемот ќе се зберат:

37. за Аллах да го оддели доброто од злото и Он злото нивно да го напласти еднинадруги па да ги натрупа сите и да ги фрли во Џехеннемот! Онаквите се, токму, поразени!

38. Кажи им на оние кои не веруваат дека ако престанат ќе им биде простено она што поминало, а ако, пак, се вратат... та, искуството на одамнешните поколенија е познато.

39. И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат,

40. а ако ги свртат плеќите, знајте дека Аллах, навистина, е Заштитник ваш. Е, само колку добар Заштитник е Он и само колку добар Поддржник е Он!

Џуз 10


41. И знајте дека, навистина, од она што ќе го заплените во борба, тогаш, една петина му припаѓа на Аллах и на пејгамберот, и на роднината негова, и на јетимите и на сиромашните, и на патниците доколку верувате во Аллах и во она што е објавено до робот Наш, и во денот во кој се одделија вистината и невистината, во денот во кој се судрија две војски. А Аллах е Кадар за се!

42. Кога вие бевте во падината поблиска, а оние во падината подалечна, а караванот беше многу подолу од вас: а ако се договоревте немаше да се договорете за времето на судирот, но Аллах ја определи наредбата која стана делотворна: да пропадне оној кој што треба да пропадне за да му биде јасно, а да остане во живот оној кој што треба да остане во живот за да му биде јасно. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

43. Кога Аллах во сон ти покажа дека се малку, а да ви покажевме дека се многу, ќе изгубевте и ќе се каравте, но Аллах, ете, донесе спас. Он, навистина, го знае она што е во градите!

44. И кога се соочивте Он во очите ваши, смалувајќи ги, ги прикажа малку за Аллах да ја определи наредбата која се изврши. Кон Аллах работите се враќаат!

45. О верници, кога ќе се судрите со некоја чета, бидете цврсти и споменувајте Го Аллаха многу за да се спасите!

46. И бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов; не карајте се еднисодруги зашто ќе ослабнете и ќе ви исчезне моќта. Бидете трпеливи! Аллах, навистина, е со трпеливите!

47. И не бидете како оние кои излегоа од домовите свои горделиво, очигледно пред луѓето, а кои, всушност, одвраќаат од Аллаховиот пат. Аллах го опфаќа она што го работат!

48. И кога Шејтанот им ги разубави делата нивни, рекоа: “Денес никој меѓу луѓето не може да ве победи зашто јас сум заштитникот ваш!” И бидејќи две чети се сретнаа очи в очи Шејтанот се повлече по стапалките свои, и рече: “Да, јас сум далеку од вас и јас, навистина, го гледам она што вие не го гледате, и да, јас стравувам од Аллах! Аллах е Силен Казнувач!”

49. Кога дволичните и оние во чии срца има болештина зборуваа: “Нив верата нивна ги измами.” А оној кој ќе се потпре врз Аллах ... па, Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

50. Е, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите, удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни: “Искусете ја казната огнена!

51. Ете, тоа е заради она што го направија рацете ваши. А Аллах, навистина, не е зулумќар кон робовите!”

52. Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние кои беа пред нив. Не веруваа во знаменијата на Аллах... па, Аллах ги казни заради гревовите нивни. Аллах, навистина, е Јак, Силен Казнувач!

53. Бидејќи е така, Аллах, навистина, не го менува благодатот кој го подари на луѓето с# додека оние не се изменат самите себеси. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец!

54. Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние што беа пред нив. Ги сметаа за лажни знаменијата од Господарот свој, па Ние ги уништивме заради гревовите нивни и го потопивме семејството фараоново. Сите беа зулумќари!

55. Најлошите суштества кај Аллах се оние кои пренебрегнуваат; тогаш, оние кои не веруваат,

56. оние со кои ти склучи договор па, потоа, го кршат договорот свој секојпат, оние не се богобојазливи.

57. А ако се судриш со нив во борба, тогаш, истерај ги за да се сетат оние по нив.

58. А ако, пак, се плашиш да не те издаде народот, тогаш, возврати им на ист начин. Аллах, навистина, не ги љуби предавниците!

59. Нека неверниците, секако, не сметаат дека ќе ја избегнат казната. Оние, навистина, не можат да ја избегнат казната Негова!

60. Подгответе против нив моќ која можете да ја смогнете, и коњи за војна со што ќе ги заплашите и непријателот на Аллах и непријателот ваш и други освен нив. Вие не ги знаете, а Аллах ги знае. А она што ќе го поделите на Аллаховиот пат ќе ви се надополни и нема да ви се направи зло!

61. А ако се наклонети кон мир па, и ти биди наклонет кон мир, и потпри се врз Аллах. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

62. А ако посакуваат да те измамат... па, за тебе доволен е Аллах. Он те крепи со помошта Своја а и со верниците!

63. И Он ги спои срцата нивни. И се што е на земјата да го потрошиш не би ги споил срцата нивни, но Аллах нив ги спои. Он, навистина, е Силен и Мудар!

64. О пејгамберу, Аллах ти е Доволен и верниците кои те следат.

65. О пејгамберу, поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат.

66. Е, сега, Аллах ви олесни, и Он знае дека сте, навистина, истоштени. Па, ако меѓу вас има сто трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има илјада, ќе победат, со одобрението Аллахово, две илјади. А Аллах е со трпеливите!

67. На пејгамбер не му е дозволено да има заробеници се додека не извојува победа на земјата. Вие ги посакувате добрата од овој свет, а Аллах го посакува Ахирет. Аллах е Силен и Мудар!

68. Кога не би била Одлуката на Аллах од порано во она што го земавте ќе ве погодеше казна голема, сигурно!

69. Па, јадете го она што го запленивте, што е халал убава храна. И плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

70. О пејгамберу, кажи им на заробениците кои се во рацете твои: “Ако Аллах види во срцата ваши добро Он ќе ви даде добро од она што ви е одземено, и Он ќе ви прости.” Аллах е Простувач и Сомилосен!

71. А ако, пак, посакаат да те изневерат па, оние и пред тоа го изневеруваа Аллаха: тогаш, Он најде начин против нив. Аллах е Зналец и Мудар!

72. Оние кои веруваа и кои се иселија и кои се бореа на Аллаховиот пат и со имотот свој и со животот свој, и оние кои згрижуваа и кои помагаа... се заштитници еднинадруги. А на оние кои веруваа а не се иселија во ништо не можете да бидете заштитници нивни се додека не се иселат. А ако, пак, побараат помош од вас, во верата, тогаш, должност ви е да им помогнете, но не и против народот меѓу кого и вас има договор. А Аллах го гледа она што го работите;

73. а оние кои не веруваат заштитници се еднинадруги. Ако вие не постапите така на земјата ќе има и сплетка и безредие големо.

74. А оние кои веруваа, и кои се иселија, и кои се бореа на Аллаховиот пат, и оние кои згрижуваа и кои помагаа... вистински се верници, навистина! За нив има и прошка и нафака благородна!

75. А оние кои веруваа по тоа, и кои се иселија, и кои се бореа со вас, секако, од вас се! А роднините, според Книгата на Аллах, поголеми заштитници се еднисодруги. Аллах, навистина, знае се!

Štampaj ovaj članak