Ен-Нахл (Пчела) - Oblik za Štampu +- Vakat | Forum (https://forum.vakat.eu) +-- Forum: Forum | Teme (https://forum.vakat.eu/forum-1.html) +--- Forum: Kuran & Kerim (https://forum.vakat.eu/forum-3.html) +---- Forum: Macedonian Translation (https://forum.vakat.eu/forum-35.html) +---- Tema: Ен-Нахл (Пчела) (/thread-1069.html) |
Ен-Нахл (Пчела) - Boots - 08-10-2023 СУРА
ЕН-НАХЛ (Пчела) Мекка - 128 ајети Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен! 1. Наредбата Аллахова ќе се оствари, сигурно, па не забрзувајте ја! Славен е и Возвишен од она што Му го здружуваат! 2. И Он со својата наредба спушта мелек со објава до оној кому сака меѓу робовите Свои: “Опоменувајте дека освен Него нема друг бог. Па, само од Мене стравувајте!” 3. И небесата и Земјата Он ги создаде со вистина. Он е над она што Му го здружуваат! 4. Он го создаде човекот од капка семе и тој, ете, е непријател отворен! 5. И добитокот Он за вас го создаде. Од нив имате топла облека и користи, и од нив и јадете. 6. И колкава е убавината за вас кога ги враќате од пасиште и кога ги носите на пасиште. 7. И го носи товарот ваш до градот до кој можете да дојдете само со тешкотија голема. Господарот ваш, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен! 8. И коњи, и маски и магариња за да ги јавате и како украс; и го создава она што не го знаете! 9. Намерата да се оди кон патоказот е - Аллахова. А некои, пак, од него скршнуваат. И кога Он би сакал би ве упатил сите, сигурно! 10. Он од небо ви спушта вода; од неа напивка и со која се наводнуваат пасиштата каде го чувате да паси добитокот ваш. 11. И со водата расте за вас посев: маслинка, и урми и грозје и плодови секакви. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат! 12. И Он ви ги потчини и ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, а и ѕвездите ви се потчинети со наредбата Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат! 13. Он ви го потчини и она што расте на земјата со различни бои. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои се сеќаваат! 14. И Он ви го потчини морето од него за да јадете свежо месо, и од него за да вадите украс кој го носите со облеката, и гледаш како чамецот го сече, и за да барате, секако, од добрината Негова и за да бидете благодарни! 15. И Он расфрла по земјата брда таа за да не ве потресува, и реки и патишта за да се упатувате, 16. и покази, исто така, Он ви создаде, и по ѕвездите оние, токму, се упатуваат. 17. Оној кој создава дали е како оној кој не создава? Па, нема ли да се присетите? 18. И ако ги броите благодатите Аллахови вие, секако, не можете да ги изброите. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен! 19. И Аллах го знае она што го криете и она што го обелоденувате. 20. Оние кои се повикуваат на друг бог освен Аллах не можат да создадат ништо и оние се, токму, создадените! 21. Мртви суштества се, не се живи, и не знаат кога ќе бидат оживеани. 22. Вашиот Бог е еден Бог. Оние кои не веруваат во Ахирет... па, срцата нивни се расипнички. Оние, всушност, се дујат! 23. Аллах, без сомнение, го знае она што го кријат и она што го обелоденуваат. Он, навистина, не ги љуби надуените! 24. И кога ќе им се рече: “Што ви објави Господарот ваш?” Ќе речат: “Прикаски за народите одамнешни,” 25. за да го носат на Денот суден бремето свое целосно и дел од бремето на оние кои без знаење скршнуваа во заблуда. Е, само колку е лошо она што го товарат! 26. И оние пред нив веќе сплеткареа... па, Аллах ги сруши од темел домовите нивни, и покривот нивни врз нив се сруши, и Он им даде казна од кадешто не ја ни усетија. 27. Потоа Он на Денот суден ќе ги срамоти, и ќе рече: “Каде се здружениците Мои за кои вие, токму, се расправавте?” Оние со даденото им знаење ќе речат: “Срамот и лошото денес, навистина, се врз неверниците,” - 28. оние на кои мелеките им ги земаа душите нивни, правејќи си зло самите себеси, и оние кои ќе искажат послушност, ќе речат: “Никакво зло ние не правивме.” Не, Аллах, навистина, го знае она што го работевте! 29. Па, влезете низ вратите џехеннемски и во него за навек ќе останете.” Е, само колку лошо престојувалиште е тоа за горделивите! 30. А на богобојазливите ќе им се рече: “Што објави Господарот ваш?” Ќе речат: “Добро.” А за оние кои работат добро, секако, има добро на овој свет, а доброто во Куќата ахиретска е подобро, навистина! Е, колку благословена Куќа е таа за богобојазливите: 31. бавчи на Адн во кои ќе влезат и низ кои реки ќе течат. Во нив ќе имаат се што сакаат. Ете, така Аллах ги наградува богобојазливите! 32. Оние на кои мелеките им ги земаат душите, добрите, и кои ќе возгласат: “Селамун алејкум! Влезете во Џеннетот заради она што го работевте!” 33. Што очекуваат, освен да им дојдат мелеки или да им дојде наредбата од Господарот твој. Ете, така правеа оние пред нив. И зулум не Му направија на Аллах, туку себеси зулум си направија, 34. па, лошотии ги снајдоа заради она што го работеа и ги обзеде она за што се исмеваа. 35. И оние кои здруженик Му припишуваа на Аллах, зборуваа: “Кога Аллах би сакал не би обожавале, освен Него, ништо. Ние, а и предците наши, исто така! Ништо не ќе забрануваме без волјата Негова.” Ете, така работеа оние пред нив. Пејгамберот, тогаш, има ли нешто друго освен да извести и тоа јасно? 36. И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “Обожавајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните!” Од нив има и такви кои ги упати Аллах, а и такви кои, токму, заслужија да залутаат. Па, патувајте по земјата и гледајте каква беше казната за лашковците! 37. А ако, пак, стремиш да ги упатиш по патоказот, тогаш, Аллах, навистина, не го упатува оној кој скршнал во заблуда. Оние, секако, немаат поддржници! 38. И се колнеа во Аллах со заклетви нивни тврди: “Аллах не ќе го оживи оној кој ќе умре.” Да, ветувањето Негово се овистини, но мнозинството на луѓето не знаат, 39. за да им стане јасно на оние кои се разединија во тоа и за да узнаат оние кои не веруваат дека, навистина, оние се лашковци! 40. Кога Ние би посакале нешто да биде само ќе речеме: “Биди!”- и тоа, токму, ќе биде . 41. И оние кои се иселија заради Аллах, за нив веќе по направениот зулум... на овој свет ќе им дадеме добро. А наградата на Ахирет, секако, е поголема. Е, само кога би знаеле! 42. Трпеливите и оние кои се потпираат врз Господарот свој. 43. И пред тебе Ние само луѓе испраќавме на кои им доаѓаше вдахновението Наше. Па, прашај ги Следбениците на Опомената ако не узнавте, 44. за јаснотиите и Книгите. Ние и тебе ти објавивме Опомена за да им го објасниш на луѓето она што им го објавуваме, и за да размислуваат. 45. Нели се сигурни оние кои правеа лошотии, сплетки, дека Аллах нема да ги згмечи во земја или дека нема да им дојде казна од каде што нема ни да усетат, 46. или казната да не им се случи при лунѕањата нивни при што ќе бидат немоќни? 47. Или да не им се случи при стравот нивни... та, Господарот твој, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен! 48. Не гледаат ли дека се она што Аллах го создаде, што ја расфрла неговата сенка лево и десно... му прави сеџде на Аллах? Тоа, токму, е потчинето! 49. На Аллах му прави сеџде се она што е на небесата и она што е на земјата - се што е живо. А и мелеките кои не се дујат, 50. се плашат од Господарот свој кој е над нив, и го работат она што им е наредено. 51. Аллах вели: “ Не прифаќајте два бога. Бог, навистина, е само еден. Тогаш, само од Мене стравувајте, навистина! 52. И се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Верата само Нему му припаѓа. И зарем од друг, место Аллах, ќе се плашите? 53. Секој благодат при вас... е од Аллах. Потоа кога ќе ви се случи несреќа... та, кон Него се повикувате, гласно! 54. Потоа, кога несреќата ќе помине, тогаш, една дружина меѓу вас, на Господарот свој здруженик Му припишува, 55. за да го покажат неверството свое во она што Ние им го дадовме... та, уживајте а потоа ќе узнаете! 56. И за оние кои не ги знаат определуваат еден дел од ‘рскот што Ние им го дадовме. Се колнам во Аллах дека ќе бидете, секако, прашани за лагите што ги измислувавте. 57. И оние на Аллах ќерки Му означуваат. Нека е возвишен Он! А нивно, меѓутоа, е она што си го посакуваат! 58. И кога некому од нив ќе се донесе вест дека добил женско, лицето негово ќе го прекрие сенка црна и се огорчува, 59. се крие од луѓето заради лошата вест која му е донесена: дали да го остави во живот па да биде понижен или, пак, дали да го закопа в земја. Е, само колку е лошо просудувањето нивно? 60. А врз оние кои не веруваат во Ахирет им припаѓа лош пример, а највисокиот пример Му припаѓа на Аллах. Он е Силен и Мудар! 61. Кога Аллах би ги казнувал луѓето заради зулумот нивни не би останало ништо живо. Но, Аллах ги остава до едно време определено. Па, кога ќе им дојде крајот не ќе можат да го задоцнат ни за миг а ниту, пак, да го забрзаат. 62. Презираното од нив Му го припишуваат на Аллах, а јазиците нивни лага исфрлаат дека за нив, без сомнение, има оган. И тие кон него ќе претходат, навистина! 63. Се колнеме во Аллах дека, секако, испративме пејгамбери пред тебе, па Шејтанот постапките нивни ги разубавуваше. Он е заштитникот нивни денес, а за нив има казна болна. 64. И Ние Книга ти објавивме само да им го објасниш она во што се разединуваат, и Патоказ, и Милост за луѓето кои веруваат. 65. Аллах од небо спушта вода па, со неа ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои слушаат. 66. И во добитокот вие, навистина, имате ибрет. Ве напојуваме со она што е во стомакот негов, со млеко чисто, меѓу крв и огризина во трбушината, пријатно за оние кои го пијат. 67. А од плодовите на урмата и лозјето вие земате напивка и храна пријатна. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои сфаќаат. 68. И Господарот твој & даде вдахновение на пчелата: “Прави куќа по ридовите, и по стеблата и по она што го прават луѓето;” 69. потоа: “Јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твој, послушно!” Од внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат. 70. Аллах ве создаде а потоа ќе ви ги земе душите. Некои од вас ќе доживеат старост длабока, така што не ќе знаат ништо од она што го знаеја. Аллах, навистина, е Зналец и Кадар! 71. Во ‘рскот Аллах им даде предност еднинадруги. Но, оние на кои им е дадена предност не им даваат од ‘рскот свој на оние кои се во нивна сопственост. А еднакви се и едните и другите. Е, па благодатот ли Аллахов оние не го признаваат? 72. Од вас Аллах создаде жени, а од жените ваши синови и внуци, и Он ве снабди со храна добра. Е, па, зошто во невистината веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат?! 73. И обожаваат друг освен Аллах кој не може да им даде никаков ‘рск ни од небесата ни од Земјата, и коишто ништо не можат. 74. Па, не донесуваат за Аллах примери. Аллах, навистина, знае а вие не знаете. 75. Аллах донесе пример со роб во нечија сопственост кој не е кадар за ништо и оној кому му даваме од Нашиот ‘рск добар, па од него дели и јавно и тајно. Еднакви ли се? Благодарноста му припаѓа на Аллах! Но, мнозинството од нив не знаат! 76. И Аллах донесе пример за два човека. Еден од нив нем, кој не е кадар ништо да направи, и на товар е на сопственикот негов, и каде било да го насочи, не донесува ништо добро. Еднаков ли е овој со оној кој повикува кон праведноста, а кој е по патот вистински? 77. Тајната на небесата и на Земјата е - Аллахова! А што се однесува до пропаста на светот? Па, таа е како трепка на окото или, пак, е побрз. Аллах, навистина, е Кадар за се! 78. Аллах ве вади од утробите на мајките ваши, незнаејќи ништо, па ви определи и слух, и вид и срца за да бидете благодарни! 79. Не ги гледаат ли птиците потчинети во летот на небо? Кој може да ги допре освен Аллах? Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои веруваат. 80. Аллах ви одреди во домовите ваши смирна, а од кожите на добитокот покривки кои лесно ги носите на денот кога патувате и на денот кога се утаборувате, а од волната нивна, од крзното нивно и влакната нивни простирки за уживање до еден рок определен. 81. И од она што Аллах го создаде за вас. Он определи сенки, а од брдата за вас определи засолништа. И за вас определи штитови кои ве штитат од горештина, и штитови кои ве штитат од несреќата ваша. Ете, така Аллах го надополнува благодатот Негов кон вас за да бидете послушни! 82. Па, ако ги свртат плеќите... та, ти само известуваш јасно: 83. го знаат благодатот Аллахов, а потоа не го признаваат. А мнозинството од нив се неверници! 84. И Денот во кој од секоја заедница ќе оживиме по еден сведок; потоа, на оние кои не веруваа не ќе им се даде збор, а ниту, пак, да се оправдуваат. 85. И кога оние кои правеа зулум ќе ја видат казната... та, казната не ќе им се олесни, и не ќе им се даде рок! 86. И кога ќе ги видиш оние кои на Аллах му ги здружуваа, божествата нивни ќе речат: “Господаре наш, оние се божества наши на кои ние, освен Аллах, се повикувавме.” А божествата нивни ќе им дофрлат: “Вие сте, секако, лажковци!” 87. И оние тогаш на Аллах ќе Му се оддадат. И ќе се оддалечи од нив она што го измислуваа. 88. На оние кои не веруваа и кои одвраќаа од Аллаховиот пат Ние ќе им ја зголемиме казната со уште една казна затоа што сееја безредие. 89. И Денот во кој од секоја заедница Ние ќе оживиме по еден сведок меѓу нив кој ќе сведочи против нив! И ќе дадеме, исто така, ти да бидеш сведок против нив. И ти објавивме Книга како Објаснување за се, и Патоказ, и Милост, и радосница за Полсушните! 90. Аллах, навистина, наредува и праведност, и добродетелство, и да им се дава на ближните, и да се забранува зло, и срамно дело и насилство. Аллах ве советува за да се присетите! 91. И придржувај се врз ветувањето кон Аллах кога склучивте договор, и не изневерувајте ги ветувањата кога ги утврдивте и кога Аллаха за заштитник го зедовте. Аллах, навистина, го знае она што го работите! 92. И не бидете како онаа која ќе го распреде предивото свое, по нејзиното цврсто предиво, земајќи ги ветувањата ваши за измама меѓу вас, само затоа да биде заедница која ќе биде побројна од друга заедница. Аллах во тоа само ве искушува за да ви објасни, секако, на Денот суден за она за што, токму, станавте деленици! 93. Аллах да сакаше, сигурно, ќе ве направеше една заедница, но Аллах скршнува во заблуда кого сака и упатува кого сака. Да, вие ќе бидете прашани за она што го работевте! 94. И не служете се со ветувањата ваши за да се лажете еднисодруги, па да слизне ногата од нејзината утврда, и да ја вкусете казната, бидејќи одвраќате од Аллаховиот пат. За вас има казна голема! 95. И не заменувајте го договорот со Аллах за нешто што малку вреди. Кај Аллах, навистина, е најголемото добро за вас само да знаете! 96. Она што е во вас е - привремено, а она што е кај Аллах е - за навек. Ние ќе ги наградиме оние кои беа трпеливи со награда уште поубава од она што го работеа. 97. Кој ќе направи добро дело, било да е машко или женско, е верник, и Ние ќе му дадеме, сигурно, добар живот, и ќе ги наградиме, сигурно, со награда уште поубава од она што го работеа. 98. А кога ќе читаш Кур’ан, побарај да се приклониш кон Аллах од Шејтанот проколнат. 99. Тој, навистина, нема власт врз оние кои веруваат и кои се потпираат врз Господарот свој. 100. Власта негова, секако, е врз оние кои ги вртат плеќите кон Аллах и кои здруженици Му припишуваат. 101. И кога Ние еден ајет ќе замениме со друг... па, Аллах најдобро знае за она што се објавува! Зборуваат: “Ти си, навистина, лашко! “Но, мнозинството меѓу нив не знаат! 102. Кажи: “Го објави Духот свет, од Господарот твој, со вистина за да ги зацврсти оние кои веруваат, како Патоказ и Радосница за Послушните!” 103. И Ние го знаеме, секако, она што го зборуваат: “Него го поучува некој човек.” Јазикот на кој оние го свртуваат е странски, а ова е јасен арапски јазик. 104. Оние кои не веруваат во знаменијата Аллахови, Аллах, навистина, не ќе ги упати. И за нив има казна болна! 105. Лага измислуваат оние кои, навистина, не веруваат во знаменијата Аллахови. Оние се, токму, лашковци! 106. Оној кој не верува во Аллах по неговото верување, освен ако е присилен, а срцето му е смирено со верување, ќе ја предизвика лутината Аллахова. А за оние кои, исто така, ќе ги исполнат градите со неверство има казна голема. 107. Ете, тоа е, секако, заради што го посакуваат животот на овој свет повеќе од Ахирет. И Аллах, навистина, не ќе го упати народот невернички. 108. Тоа се оние чии срца, и чиј слух и чиј вид Аллах ги запечати. Овие, токму, се занемарени! 109. На Ахирет, без сомнение, ќе бидат поразените! 110. На оние кои се иселија, по мачењето, а потоа се бореа и беа трпеливи... та, Господарот твој, навистина, е Простувач и Сомилосен! 111. Ќе настапи Денот во кој секоја душа ќе се грижи за себе... И секоја душа ќе си го исполни она што го направила. И ним не ќе им се направи зулум. 112. Аллах изнесе пример за градот, безбеден и мирен. Од секоја страна му доаѓаше ‘рск во изобилство. И, ете, жителите не ги признаваа благодатите Аллахови, па Аллах определи да вкуси и глад и страв, токму, заради она што го работеа, 113. и им дојде пејгамбер, еден од нив, па го сметаа за лашко ... та, ги обзеде казна. Оние, токму, се зулумќари! 114. Па, јадете од ‘рскот што ви го даде Аллах, она што е халал и добро. И ако само Аллаха го обожавате, заблагодарувајте се на Аллаховите благодати! 115. Он, навистина, ви забрани и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго а не во името Аллахово, освен ако е некој присилен, несакајќи, само колку да преживее... Та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен! 116. И не зборувајте го она што е, инаку, својствено на јазиците ваши и лага: “Ова е халал, а ова е харам!” За да измислувате за Аллах лага. Оние кои, навистина, за Аллах измислуваат лага не ќе успеат! 117. Само малку уживање; за нив има казна болна! 118. На Евреите им го забранивме она што ти го кажувавме порано. И зулум не им направивме, туку самите зулум си направија! 119. За оние кои направија зло, незнаејќи, Господарот твој, навистина, потоа им прости. И се поправија. Потоа Господарот твој, навистина, беше Простувач и Сомилосен кон нив! 120. Ибрахим, навистина, беше како еден човек, понизен на Аллах и чист. Не беше меѓу многубошците, 121. заблагодарен на благодатите Аллахови; и Он го избра и го упати по патот вистински. 122. На овој свет Ние му дадовме добро, а на Ахирет ќе биде, навистина, меѓу добрите! 123. Потоа Ние ти објавивме: “Следи ја чистата вера Ибрахимова. Он не беше меѓу многубошците.” 124. Сабота е определена за празнување за оние кои се разединуваа за неа, навистина! Господарот твој ќе им пресуди, секако, за Денот суден за она за што станаа деленици! 125. Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со ука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот Негов. Он најдобро ги знае упатените! 126. А ако сакате да им се одмаздите - па, одмаздете се онолку колку ви е направено зло. А ако се стрпите тоа, секако, е најдобро за трпеливите! 127. Биди трпелив! Трпеливоста е само покрај Аллах. И не жалости се за нив. И нека не те обзеде тесноградие заради она што го сплеткарат! 128. Аллах, навистина, е со оние кои се богобојазливи и со оние кои се доброчинители! |