09-10-2023.17:07
СУРА
ЕЛ-МУТАФФИФУН(Скратувачи)
Мекка - 36 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Е, тешко на скратувачите!
2. Оние кои, кога мерат нешто од луѓето, полна мера земаат,
3. и кога мерат на други или кога им вагаат им прикратуваат.
4. Не замислуваат ли дека ќе бидат проживеани, навистина!
5. на Денот голем,
6. на Денот во кој луѓето ќе стојат пред Господарот на световите?
7. Но, да! Книгата на грешниците е во огнот Сиџџин!
8. А знаеш ли ти што е тоа Сиџџин?
9. Книга испишана!
10. Тешко на лашковците на Денот тој!
11. Оние кои го сметаа за лажен Денот ветен,
12. а него го сметаше за лажен само претераниот грешник:
13. кога му се кажуваат ајетите Наши, вели: “Тоа се измислици на народите одамнешни!”
14. Но, не! А она што го спечалија веќе ги покри срцата нивни.
15. Но, не! Оние на Денот тој, навистина, ќе бидат со завеса одвоени од Господарот свој,
16. па, потоа, ќе бидат турнати во Џехеннемот,
17. а, потоа, ќе се рече: Ова е она за што, токму, лажевте.
18. Но, да! Книгата на доброчинителите е во Илијјуун, навистина!
19. А знаеш ли што е тоа Илијјуун?
20. Книга напишана,
21. за која сведочат блиските посматрачи.
22. Доброчинителите ќе бидат во благосостојба, навистина!
23. ќе гледаат од диваните;
24. на лицата нивни ќе ја препознаеш радоста на благодатот,
25. ќе се напојуваат со напиток чист, запечатен,
26. запечатен со мушус и заради тоа нека се натпреваруваат натпреварувачите,
27. а составот ќе му биде од Тасним,
28. извор од кој ќе пијат блиските на Аллах!
29. Грешниците ги исмеваа верниците, навистина!
30. и кога си поминуваа крај нив си намигнуваа еднисодруги,
31. и кога се враќаат кај семејствата свои, ги посетуваат, исмевајќи ги
32. и кога ќе ги здогледаат, велат: “Овие скршнаа во заблуда, навистина!
33. А не се испратени да бдеат врз нив.
34. Па, денес верниците ќе ги исмеваат неверниците,
35. потпрени ќе гледаат!
36. Ќе бидат ли наградени неверниците за она што го работеа?