09-10-2023.17:06
ЕЛ-ИНФИТАР(Расцеп)
Мекка - 19 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Кога небесата ќе се расцепат,
2. и кога ѕвездите ќе се растурат,
3. и кога морињата ќе избувнат,
4. и кога мезарите ќе се испревртат -
5. ќе го узнае душата она што го направила и за овој свет и за оној свет.
6. О човеку, што те заведе од Господарот твој Благороден!?
7. Кој те создаде?... па те направи целосен и складен,
8. и Кој со посак Свој ликот ти го среди.
9. Но, не! Лажете за Денот ветен, сепак!
10. А врз вас се Чуварите мелеки, навистина!
11. благородни пишувачи:
12. кои знаат што правите!
13. Добротворите ќе бидат во благосостојба, навистина!
14. А грешниците ќе бидат во огнот Џехеннемот, навистина!
15. Во кој ќе бидат турнати на Денот суден!
16. И не ќе можат да не бидат во него.
17. И знаеш ли ти што е Денот суден?
18. И пак, знаеш ли ти што е Денот ветен?
19. Ден во кој никој за никого не може ништо. Наредбата тогаш е - Аллахова!