Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Себе (Сабе)
#1
Rainbow 
СУРА

САБЕ (Сабе)

Мекка - 54 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Благодарение на Аллах! Се што е на небесата и на Земјата е - Негово! Благодарноста му припаѓа и на Ахирет. Он е Мудар и Известен!

2. Он го знае и она што влегува во земјата и она што излегува од земјата, и она што се спушта од небо и она што се извишува кон небо. Он е Сомилосен и Простувач!

3. Неверниците зборуваат: “Нема да ни дојде Часот!” Кажи: “Да, се колнам во Господарот мој, дека ќе ви дојде, сигурно!” Он е Зналец на тајната. Ни на небесата ни на Земјата ништо, ни колку голушка, не може да Му се скрие; ни помало од тоа ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна.

4. За Он да ги награди оние кои веруваат и кои добри дела работат... на овие ќе им биде простено и ќе имаат ‘рск благороден,

5. а на оние кои се трудеа против ајетите Наши, сакајќи да ги оневозможат... ќе им припадне казна од казната болна.

6. Оние со даденото им знаење гледаат дека она што ти се објавува од Господарот твој е вистина и дека упатува кон патот на Силниот и за благодарност Достојниот!

7. Неверниците зборуваат: “Да ве упатиме ли кон еден човек кој ќе ве извести дека кога ќе се распарчете целосно, ќе се возобновете, навистина!

8. Фрла ли тој лага врз Аллах? Или, пак, тоа го прават џиновите во него? Да, оние кои не веруваат во Ахирет се во мака и низ скршнување во заблуда далечна!

9. Не го гледаат ли она што е над нив и она што е зад нив, од небо и од земја? Кога би посакале би ги закопале во земја или би спуштиле врз нив парчиња од небо. Ете, во тоа, навистина, има знамение за секој роб послушен!

10. И на Давуд, секако, Ние му дадовме од добрината Наша -: “О брда, славете Ме со него, а и вие птици!” И за него Ние железото го смекнавме.

11. “Прави панцири целосни и плети ги добро жиците!” И работи добро дело! Јас, навистина, го гледам она што го работите.

12. И на Сулејман Ние ветрот му го потчинивме: само за едно утро дуваше колку за еден месец, и само за една вечер дуваше колку за еден месец. И за него Ние одредивме од изворот бакар да тече, и со одобрението на Господарот Негов, од џиновите да работаат за него. А оној од нив кој скршнуваше од наредбата Наша Ние ќе одредиме да ја вкуси казната огнена.

13. Оние за него го работеа она што тој го посакуваше: и храмови, и споменици, и садови како чамци и котли неподвижни. - “Работете, о семејство Давудово, за да бидете благодарни.” Малкумина од робовите Мои се благодарни!

14. И бидејќи решивме да умре, никој немаше кој да ги извести за смртта негова, освен едно животинче кое лази по земјата и кое го стопи стапот негов. И бидејќи тој падна, на џиновите им стана јасно дека, доколку би ја знаеле тајната, не би ја вкусиле казната срамна.

15. Имаше доказ, секако, во Себе, во живеалиштата нивни: бавчи и од левата и од десната страна. - “Јадете од ‘рскот на Господарот ваш и бидете Му благодарни. Е, колку добар предел и Господар Простувач!”

16. Па, се спротиставија. И Ние им испративме поплава од преградата која попушти, и бавчите нивни ги заменивме со две други бавчи, со плодови горчливи, со грмушки и со неколку срдовици.

17. Ете, така Ние ги казнивме затоа што не веруваа. Кого, тогаш, освен неверниците казнивме?

18. Меѓу нив и градовите кои Ние ги благословивме одредивме градови приметливи, а меѓу нив одредивме, исто така, растојание. И патувајте низ нив и ноќе и дење, безбедни!

19. Па, рекоа: “Господаре наш, повлечи растојание меѓу патувањата наши! “ Самите себеси зулум си направија: ги оставивме само во кажувањата и во целост ги расцепивме. Ете,во тоа, навистина, има знаменија за секој кој е трпелив и благодарен!

20. И го потврди Иблис, секако, мислењето негово за нив: па, ете, го следеа, но не и една дружина на верници:

21. врз нив немаше никаква власт; но само да се знае, секако, кој верува во Ахирет, а кој, токму, во него се сомнева. И Господарот твој е Заштитник на се!

22. Кажи: “Повикајте ги оние кои, освен Аллах, ги замислувате. Не поседуваат ништо, ни колку една голушка ситно, ни на небесата ни на Земјата: во нив оние не соучествуваат ништо а ниту, пак, Он од нив очекува помош некаква.

23. Кај Него не користи посредувањето, освен за оној за кого Он ќе одобри. И кога од срцата нивни ќе го снема стравот, ќе речат: “Што рече Господарот ваш? Ќе речат: Вистина!; Он е Вишен и Голем!

24. Кажи: Кој ви дава ‘рск и од небесата и од Земјата?” Кажи: “Аллах! И уште: Ние сме или, пак, вие сте по Патоказот или по беспаќето очигледно?”

25. Кажи: Вие не ќе одговарате за она што ние го згрешивме, а ниту, пак, ние ќе одговараме за она што го работите.”

26. Кажи: Господарот наш ќе не збере, потоа Он, меѓу нас, ќе пресуди праведно. Он е Судија и Зналец!

27. Кажи: “Покажете ми ги оние здруженици кои ги прикачувате за Него. Но не! Аллах е Оној кој е Силен и Мудар!

28. И за сите луѓе Ние те испративме како радосник и опоменувач, но, ете, мнозинството на луѓето не знаат.

29. И зборуваат: “Кога еднаш ќе се оствари таа закана, ако сте искрени?

30. Кажи: Па, вие ќе се сретнете на Денот чие доаѓање не можете ни за миг да го забрзате а ниту да го задоцните.
31. Неверниците зборуваат: Никојпат не ќе веруваме во овој Кур’ан ниту во она што му претходеше! - А кога би видел, кога зулумќарите ќе стојат пред Господарот свој, како еднинадруги ќе разговараат, угнетените ќе им речат на угнетувачите: Да не бевте вие ќе бевме верници, сигурно!

32. Угнетувачите ќе им речат на угнетените: “ Ние ли ве попречивме во Патоказот по веќе неговото доаѓање до вас? Но, вие самите бевте силници!”

33. Угнетените ќе им речат на угнетувачите: “Не, сплеткаревте и дење и ноќе кога ни наредувавте да не веруваме во Аллах и богови Нему да му припишуваме. И бидејќи ќе ја здогледаат казната ќе ја скријат тагата. А на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме. Ќе бидат казнети само за она што го работеа?”

34. И Ние во ниеден град не испративме опоменувач а свикнатите во раскошниот живот секогаш велеа: “Не веруваме, навистина, во она со што сте испратени!”

35. И исто така зборуваа: “Изобилуваме и со имање и со деца; ние нема да бидеме казнети.”

36. Кажи: “Господарот мој, навистина, дава ‘рск кому Он сака, и одредува, но мнозинството на луѓето не знаат.”

37. Ни имотите ваши, ни децата ваши не се она што ќе ве донесе во близината Наша, освен оние кои веруваат и кои добри дела работат. Наградата нивна ќе биде удвоена, токму, заради она што го работеа. И оние ќе бидат во одаите, безбедни!

38. А оние кои се трудат да им се справат на доказите Наши - се немоќни. Оние ќе бидат присилени да бидат во казната.

39. Кажи: “Господарот мој, навистина, дава ‘рск кому Он сака од робовите Свои; Он му одредува. И се она што ќе го поделите Аллах, секако, ќе го надополни.” Он меѓу снабдувачите е Најдобриот.

40. И на Денот кога ќе ги збере сите, и кога ќе им рече на мелеките: “Вас ли ве обожаваа оние?”

41. Ќе речат: “ Славен биди Ти! Ти си, а не оние, наш Заштитник; но оние џиновите ги обожаваат.” Мнозинството од нив им веруваат!

42. Па, денес не ќе можете ни да користите ни да наштетите еднинадруги, а на оние кои правеа зулум ќе им речеме: “Вкусете ја казната огнена што ја сметавте за лажна!”

43. А кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, зборуваат: “Ова е само човек кој посакува да ве одврати од она што го обожаваа предците ваши” - и зборуваат - “ова е само измислена клевета.” А оние кои не веруваат за вистината, бидејќи им дојде, зборуваат: “Ова е само волшебништво јасно!”

44. И ним Ние не им дадовме никакви книги што би ги изучувале, а не им испративме, пред тебе, никаков опоменувач!

45. Лажеа и оние пред нив. Не постигнаа ни десетина од она што Ние им го дадовме. И пејгамберите Мои за лажни ги сметаа. Е, каква беше осудата моја!

46. Кажи: “Јас, навистина, ве советувам само со едно: Да стоите на нозете пред Аллах, било по двајца било поединечно, а потоа да размислувате. Другарот ваш не е со џинови. Он е само опоменувач ваш пред казната тешка!”

47. Кажи: “И каква било награда да барам од вас... па, тоа е само награда ваша. А наградата моја е само при Аллах. Он, токму, е Сведок за се!”

48. Кажи: “Господарот мој, навистина, доставува само вистина. Он е Зналец на тајните!”

49. Кажи: “Вистината дојде, а невистината е немоќна ни да го почне ни да го повтори создавањето.”

50. Кажи: “Ако скршнам во заблуда... па, навистина, скршнувам за себеси, а ако по патот вистински се упатам, тогаш, тоа, навистина, е заради она што ми е објавено од Господарот мој. Он, навистина, е Слушач и Близок!”

51. Е, само да ги видиш кога ќе бидат уплашени! Не ќе можат да побегнат. Ќе бидат грабнати од место блиско.

52. И уште ќе речат: “Ние веруваме во Него!” Но, како оние, навистина, да го постигнат тоа од место далечно?”

53. А оние во Него порано, секако, не веруваа; за невидливото ли од место далечно?

54. Поставена е пречка меѓу нив и меѓу она кон што тежнеат. Ете, така беше направено порано со дружините ним слични. Оние, навистина, беа во сомнение големо!
Odgovori


Skoči na Forum: