Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Ахзаб (Сојузници)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-АХЗАБ (Сојузници)

Медина - 73 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. О пејгамберу, плаши се од Аллах и немој да им бидеш послушен на неверниците и дволичните. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

2. И следи го она што ти се објавува од Господарот твој! Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

3. И потпри се врз Аллах; Аллах е Доволен Поддржник!

4. Аллах на ниеден човек не му даде две срца во градите негови. И не ви ги одреди жените ваши од кои со зихар се разделувате да бидат мајки ваши, а ниту, пак, посинетите, да бидат синови ваши. Тоа се само зборови со устите ваши. Аллах ја зборува вистината и Он упатува по патот вистински!

5. Викајте ги по бабовците нивни; тоа е поисправно кај Аллах. Но, ако вие не ги познавате бабовците нивни... па, тоа се браќа ваши по вера и заштитници ваши. А ако во тоа, пак, некако згрешите, немате грев. Но, грев е она што го намераваат срцата ваши. Аллах е Простувач и Сомилосен!

6. Пејгамберот, за верниците, е поблиску од нив самите; а жените негови се мајки нивни. А сродниците, според Книгата Аллахова, се поблиску еднисодруги и од верниците и од мухаџирите, освен ако не им направите некакво добро на заштитниците ваши што, секако, е наведено во Книгата.

7. И кога Ние го прифативме договорот од пејгамберите нивни, и од тебе, и од Нух, и од Ибрахим, и од Муса, и од Иса, синот на Мерјем... од нив прифативме договор цврст!

8. За да ги земе на одговорност искрените заради искреноста нивна; а за неверниците Он им подготви казна болна.

9. О верници, сетете се на благодатот Аллахов кон вас: кога ви дојдоа војски, па против нив испративме ветар и војски кои не ги видовте. Аллах го гледа она што го работите;

10. кога ви дојдоа и над вас и под вас, и кога погледите ви се скаменија, и кога срцата во градите ви застанаа, и кога за Аллах секакви помисли имавте.

11. Тука верниците беа ставени во искушение и беа потресени со потрес жесток.

12. И кога дволичните и оние со заболените срца зборуваа: “Аллах и пејгамберот Негов ништо не ни ветија освен измама!”

13. И кога една дружина од нив рече: “О жители на Јасриб, тука немате опстанок. Вратете се!” И една заедница меѓу нив побара одобрение од пејгамберот, зборувајќи: “Домовите наши се незаштитени” - а не беа незаштитени. Посакаа само да се дадат во бегство.

14. А да им се влезеше од предградијата негови и да се побараше од нив да направат сплетки тоа сигурно ќе го направеа; во нив ќе се задржеа само малку,

15. оние веќе и порано му ветија на Аллах дека нема да се вратат назад. А за ветувањето кон Аллах се одговара.

16. Кажи: “Ако бегате од смртта бегството никогаш не ќе ви користи, или, пак, гинењето: само кратко време ќе уживате.”

17. Кажи: “Кој е тој кој ќе ве сочува од Аллах? Ако Он посака да ви нанесе зло или ако Он посака да ви подари милост.” Оние, освен Аллах, немаат ни заштитник ни поддржник!

18. Аллах, секако, ги знае оние меѓу вас кои прекоруваа и кои им зборуваа на браќата свои: “Дојдете со нас!” - И малкумина од нив тргнаа во војна,

19. шкржави во помошта кон вас. А кога ќе настапи стравот ги гледаш како гледаат во тебе, играјќи со очите свои како да се во пресрет на смртта. А кога стравот ќе помине ве вознемируваат со јазиците остри, шкржави да направат некакво добро. Таквите не веруваат па, Аллах, ќе ги упропасти делата нивни. Тоа за Аллах, секако, е лесно.

20. Сметаат дека сојузниците не отидоа. Или ако сојузниците се вратат оние би сакале повеќе да бидат со бедуините в пустина, и да се распрашуваат за вестите за вас. А да беа, пак, меѓу вас, само малкумина ќе се бореа!

21. Во пејгамберот, навистина, имате убав пример, за оној кој се надева и во Аллах и во Денот суден и кој Го споменува Аллаха многу!

22. И бидејќи верниците ги здогледаа сојузниците, рекоа: “Ова е она што ни го ветија и Аллах и пејгамберот Негов.” И Аллах и пејгамберот Негов вистината ја зборуваа; и иманот и послушноста само им се зголемуваа.

23. Меѓу верниците има луѓе кои го исполнија ветувањето што му го дадоа на Аллах. Едни од нив го положија животот, а други, пак, тоа го очекуваат; не направија никаква промена, во ништо,

24. за Он да ги награди искрените, заради искреноста нивна, и за да ги казни лицемерните. Ако, пак, посака, Он ќе им прости. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

25. Аллах ги одврати оние кои не веруваа со лутината нивна; не постигнаа никакво добро. Аллах за верниците е Доволен во борба. Аллах е Јак и Силен!

26. И Он ги изведе Следбениците на Книгата од тврдините нивни кои ги помагаа и им влеа страв во срцата нивни: една дружина од нив ја отепавте а една, пак, ја заробивте.

27. И Он ви даде да ја наследите земјата нивна, и домовите нивни, и имотот нивни и земјата по која не одевте. Аллах, навистина, е Кадар за се!

28. О пејгамберу, кажи им на жените твои: “Ако го сакате животот на овој свет и украсот негов... па, дојдете, ќе ви го дадам доброто и ќе се разведам на добар начин.

29. А ако, пак, го сакате Аллах, и пејгамберот Негов и Куќата ахиретска... па, Аллах, навистина, на доброчинителите им подготви награда голема!”

30. О жени пејгамберови, таа меѓу вас која ќе направи некое отворено срамно дело, казната ќе и биде удвоена. Ете, тоа за Аллах е едноставно!
31. А на таа од вас, која е оддадена на Аллах и на пејгамберот Негов, и која работи добро дело, Ние ќе и ја дадеме наградата нејзина во два наврата, и ќе и подготвиме ‘рск благороден!

32. О жени пејгамберови, вие не сте како другите жени. Ако сте богобојазливи... па, немојте да го дигате гласот зашто, тогаш, може да се предизвика желбата на оној во чие срце има болештина, и зборувајте убави зборови!

33. И останете во домовите ваши; и не покажувајте ја убавината онака како што се покажуваше убавината во џахилиетот одамнешен. И намаз извршувајте и зекат давајте, и на Аллах и на пејгамберот Негов бидете послушни. Аллах, навистина, посакува да го отстрани срамното дело од вас, о Ехлул Бејт, за да ве очисти, потполно!

34. И паметете го она што се кажува во домовите ваши: од ајетите Аллахови и мудроста. Аллах, навистина, е Сочувствителен и Известен!

35. И за послушните мажи и за послушните жени, и за верниците и за верничките, и за потчинетите мажи и за потчинетите жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за трпеливите мажи и за трпеливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат милосрдие и за жените кои даваат милосрдие, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои ги чуваат срамните места и за жените коАллаха многу, и за жените кои го споменуваат Аллаха многу... за сите нив Аллах подготви и прошка и награда голема, навистина!

36. Не е на верникот и на верничката, кога Аллах ќе одреди нешто а и пејгамберот Негов, да донесат избор за работите нивни. А оној кој е непослушен и кон Аллах и кон пејгамберот Негов... тој веќе скршнал во заблуда очигледна!

37. И кога му рече на оној кого Аллах го благослови и кого ти го благослови: “Задржи ја за себе жената твоја, и плаши се од Аллах;” во душата твоја го криеш она што ќе го обелодени Аллах, и од луѓето се плашиш. А Аллах има право повеќе да се плашиш од Него. И бидејќи Зејд реши да се разведе од неа, Ние те оженивме со неа за да нема тешкотија за верниците при женењето со жените на посинетите кога овие ќе решат да се разведат од нив. Наредбата Аллахова, секако, е делотворна!

38. И за пејгамберот не е тешко да го работи она што Аллах му го наредува: таква беше одредбата Аллахова и кон оние порано; а наредбата Аллахова, секако, е премногу моќна,

39. за оние кои ги доставуваат посланијата Аллахови и кои од Него стравуваат, и кои од никого, освен од Аллах, не стравуваа... а Аллах е Доволен за полагање сметка.

40. Мухаммед, секако, не е ничии бабо од мажите ваши, нотој е само пејгамбер Аллахов и печат на пејгамберите. Аллах, навистина, знае се!

41. О верници, споменувајте Го Аллаха, со споменување често!

42. И славете Го и наутро и навечер!

43. Он, токму, ве слави, а и мелеките Негови ве слават: за да ве избави од темнини во светлина. Он, навистина, е кон верниците Сомилосен!

44. На денот, кога со Него ќе се сретнат, поздравот нивни ќе биде: Селам! И за нив Он подготви награда благородна!

45. О пејгамберу, Ние, навистина, те испративме и како сведок, и како радосник и како опоменувач,

46. и како повикувач, со одобрението Негово и кон Аллах и кон светилката што свети.

47. И зарадувај ги верниците дека за нив од Аллах, навистина, има добротија голема.

48. И не слушај ги неверниците и дволичните, и отфрли ги навредите нивни, и потпри се врз Аллах. Аллах е Доволен Закрилник!

49. О верници, кога ќе ги венчате верничките со кои, пред да ги допрете, ќе се разделите, тие немаат обврска да го чекаат рокот определен, чии денови, токму, ги броите. Па, дајте им подарок венчан и убаво разделете се!

50. О пејгамберу, Ние, навистина, ти ги дозволивме жените твои на кои им ги даде венчаните подароци, и оние кои се во посед твој, кои Аллах ти ги даде со пленот, и ќерките на миџовците твои, и ќерките на халите твои, и ќерките на дајџовците твои, и ќерките на тезите твои кои се иселија со тебе; и жената верничка ако самата ќе му се подари на пејгамберот, а тој ќе посака да ја венча: ова се однесува само на тебе, а не и на верниците останати. Ние го знаеме, секако, она со што ги задолживме во врска со жените нивни, и со оние кои се во посед нивни за да немаш никаква тешкотија. Аллах е Простувач и Сомилосен!

51. Некои од нив со посак Твој ги оддалечуваш, а некои, пак, со посак Твој ги повикуваш. А ако ја посакаш некоја меѓу оние кои ги оддалечи немаш грев. Ете, тоа е најлесно со радост да се исполнат очите нивни, и да не тагуваат, и да се задоволат со она што им го даде. Аллах го знае она што е во срцата ваши. Аллах е Зналец и Благ!

52. По ова не ти се дозволени жени, ниту тоа нив да ги заменуваш со други жени, па и покрај тоа што те вчудоневидува убавината нивна, освен оние кои се во посед твој. Аллах, навистина, бдее врз секоја работа!

53. О верници, не влегувајте во собите на пејгамберот, освен ако ви се дозволи заради храна. Но, не да чекате додека се зготви. Па, кога ќе бидете повикани, влезете! И кога ќе јадете, растурете се, без да се впуштате во разговор. Тоа, секако, го вознемирува пејгамберот, а тој се срами вам да ви рече, а Аллах, пак, не се срами од вистината! А кога ќе барате од жените нешто, барајте од нив, тогаш, зад завеса. Тоа е почисто и за срцата ваши и за срцата нивни. Не ви е дозволено да го вознемирувате пејгамберот, а ниту пак, по него, да ги венчавате жените негови. Ете, тоа кај Аллах од вас, навистина, не е мала работа.

54. Дали нешто ќе криете или ќе обелоденувате... па, Аллах, навистина, знае се!
55. За нив нема грев да бидат откриени што се однесува до бабовците нивни, и синовите нивни, и браќата нивни, и синовите од браќата нивни, и синовите од сестрите нивни, и жените нивни и оние кои се во посед нивни. И плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Сведок за се!

56. Аллах и мелеките Негови, секако, го слават пејгамберот. О верници, славете го и вие и поздравете го со селам!

57. Оние кои Го вознемируваат Аллаха и пејгамберот Негов... Аллах, секако, ги проколни и на овој свет и на Ахирет, и Он им подготви казна срамна.

58. А оние кои ги вознемируваат верниците и верничките со она што тие не го заслужуваат, понесуваат, навистина, товар и грев јасен.

59. О пејгамберу, кажи им на жените твои и ќерките твои, и на жените од верниците да ги спуштат облеките. Ете, тоа е најлесно да се препознаат и да не се вознемируваат. А Аллах е Простувач и Сомилосен!

60. Ако дволичните, и оние во чии срца има болештина, и оние кои низ Медина лаги шират не престанат... сигурно Ние ќе ти ја дадеме власта врз нив, и само за кратко време ќе останат соседи твои,-

61. проколнети се тие; и каде било да се најдат, нека се притворат и нека се убијат!

62. Таква беше праксата Аллахова кон оние кои поминаа пред нив. А ти никако не ќе најдеш измена во праксата Аллахова!

63. Те прашуваат луѓето за Часот. Кажи: “Знаењето за него е при Аллах, навистина! Ти за него не знаеш; Часот, можеби, е сосема блиску!”

64. Аллах, секако, ги проколна неверниците и им подготви оган,

65. и во него за навек ќе останат; не ќе најдат ни заштитник ни поддржник!

66. На Денот кога лицата нивни ќе се гнетат во огнот, ќе речат: “О тешко нам! Само да бевме послушни и на Аллах и на пејгамберот!”

67. И ќе зборуваат: “Господаре наш, бевме послушни и на предводниците наши и на големците наши, па не скршнаа по патот на заблудата!

68. О Господару наш, дај им казна двојна и проколни ги со клетвата голема!”

69. О верници, не бидете како оние кои го вознемируваа Муса! Па, Аллах го оддалечи од она што го зборуваа. Кај Аллах тој беше угледен!

70. О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина!

71. Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пејгамберот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема!

72. И Ние, навистина, го изнесовме аманетот и пред небесата и пред Земјата, и пред планините... и одбија да го понесат, плашејќи се од него, но ете, го понесе човекот. Човекот, навистина, е зулумќар и незнајко!

73. За Аллах да ги казни мажите дволични и жените дволични, и многубошците и многубошките, и Аллах да им прости на верниците и на верничките Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Odgovori


Skoči na Forum: