Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Хиџр (Ел-Хиџр)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-ХИЏР (Хиџр)

Мекка - 99 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф,лам, ра! Ете, ајети на Книгата и Кур’ан јасен.

2. Оние кои не веруваат би посакале да бидат меѓу Послушните!

3. Остави ги! Нека јадат, и нека уживаат, и нека ги мами надежта... па, ќе узнаат!

4. И Ние не уништивме ниеден град а истиот да немаше Книга позната.

5. И ниеден народ не може ни да го забрза ни да го задоцни крајот свој.

6. И зборуваа: “О ти, со Опомената која ти дојде, ти си, навистина, луд!”

7. И зошто не ни дојде, ако си меѓу искрените, со мелек.

8. Ние спуштивме мелеки само со вистина; мелеките, тогаш, не би го очекувале рокот.

9. Ние, навистина, ја објавивме Опомената и Ние, навистина, ќе ја чуваме.

10. И пред тебе Ние испраќавме пејгамбери меѓу народите одамнешни.

11. И не им доаѓаше никој меѓу пејгамберите а да не го исмеваа.

12. Ете, така исмејувањето Ние го донесуваме во срцата на силниците!

13. И оние не веруваат во Кур’анот. И веќе помина праксата на претходните народи.

14. А Ние да им отворевме врата на небесата... па, да се искачеа преку неа,

15. и ќе речеа сигурно: “Тоа, секако, е заради тоа што нашите очи се восхитени и, токму, затоа што сме восхитени!”

16. И Ние, навистина, на небесата соѕвездија поставивме и ги разубавивме за гледачите,

17. и Ние ги сочувавме од секој шејтан проколнет,

18. освен од оној со скриеното прислушкување кого го следи, токму, ѕвездичка јасна.

19. И Земјата Ние ја раширивме и по неа брда расфрлавме, и од неа направивме да никне од се по нешто, со рамнотежа.

20. И на неа Ние определивме животни намирници за вас и за оние на кои вие не сте тие кои им давате ‘рск.

21. И ризниците на секоја благодат се кај Нас и не ја спуштаме, освен со мера позната.

22. И Ние испраќаме ветрови како оплодувачи и од небото спуштаме вода, па со неа вие наводнувате и не сте кадри да ги задржите.

23. И Ние, навистина, оживуваме и Ние усмртуваме и само Ние сме Наследници.

24. Да, Ние ги знаеме и претходниците меѓу вас и, секако, ги знаеме и оние што ќе дојдат по вас.

25. Да, Господарот твој е Оној кој ќе ги збере. Он, навистина, е Мудар и Зналец!

26. И Ние го создадовме човекот, секако, од глина што се меси, од кал што се тегне.

27. И Ние џиновите ги создадовме од порано од оган кој пламти.

28. И кога Господарот твој им рече на мелеките: “Јас сум, навистина, Создател на човекот од глина што се меси, од кал што се тегне,

29. и кога ќе го обликувам и кога во него ќе вдахнам од духот, творот Мој... па, паднете му на сеџде!”

30. И тогаш сите мелеки паднаа на сеџде, заедно!

31. Освен Иблис кој одби да биде меѓу оние кои паѓаат на сеџде.

32. Аллах рече: “О Иблис, што ти се случи па да не паднеш на сеџде?”

33. Иблис рече: “Не сакам да паднам на сеџде пред човекот кого го создаде од глина што се меси, од кал што се тегне!”

34. Аллах рече: “Излези, тогаш, од Џеннетот! Па, ти си, навистина, силник!”

35. И рече: “И врз тебе нека биде проклетството на Денот суден!”

36. Иблис рече: “Господаре мој, тогаш дај ми рок до Денот во кој оние ќе бидат проживеани.”

37. Па, ти се дава рок, навистина, до

38. Денот на времето познато.

39. Иблис рече: “Господаре мој, бидејќи направи да скршнам во заблуда, ќе им го правам животот на луѓето на земјава убав и ќе правам да лутаат, сите оние,

40. освен чистите робови Твои.”

41. Аллах рече: “Ова е патот Мој вистински!

42. Врз робовите Мои, навистина, ќе немаш власт, освен врз оној кој те следи меѓу скршнатите во заблуда.

43. Џехеннемот, навистина, е нивната ветена средба, за сите!

44. Џехеннемот има седум врати и низ секоја врата еден од нив ќе поминува.

45. Богобојазливите, навистина, ќе бидат во бавчите џеннетски, покрај изворите.

46. Влезете во нив со селам, безбедни!”

47. Омразата од градите нивни Ние ќе ја оттргнеме; ќе се однесуваат како браќа, радосни, едникондруги свртени.
48. Во нив не ќе ги обзеде ни замор и од нив нема да излезат.

49. Известете ги робовите Мои дека јас сум, навистина, Простувач и Сомилосен,

50. и дека казната Моја, навистина, е казна болна!

51. И извести ги за гостите на Ибрахим,

52. кога влегоа кај него... па рекоа: “Селам!” Тој рече: “Ние од вас се уплашивме, навистина!”

53. Тие рекоа: “Не плаши се! Ние, навистина, ќе те зарадуваме со син кој ќе биде учен.”

54. Тој рече: “Па, како ќе ме зарадувате кога веќе староста ме снеможе? И како, навистина, ќе ме зарадувате?”

55. Тие рекоа: “Ќе те зарадуваме со вистината па, никако не биди меѓу безнадежниците!”

56. И рече: “Само во заблуда скршнатите немаат надеж во Господарот негов!”

57. И рече: “О пратеници, што сакате?”

58. Тие рекоа: “Ние сме, навистина, испратени до народот насилнички!”

59. Семејството на Нух, сите синови негови, Ние ќе ги спасиме,

60. освен жената негова за која Ние решивме да биде меѓу оние што ќе останат за подоцна.

61. И бидејќи пратениците му дојдоа на семејството на Лут,

62. рече: “Вие сте, навистина, луѓе незначителни!”

63. Рекоа: “Не, ти дојдовме заради она во што оние се сомневаат!

64. Ти дојдовме со вистина и ние сме, навистина, искрени! “

65. Па, семејството твое нека излезе при крајот на ноќта, а ти следи го одзади и никој меѓу вас нека не го врти погледот назад. И одете таму кај што ви се наредува!

66. И Ние нему му ја одредивме таа наредба дека крајот на сите нив, секако, ќе биде докрајчен во мугрите.

67. И жителите на градот дојдоа кај него, донесувајќи радосници.

68. Рече: “Да,оние се гости мои и, тогаш, не срамотете ме!

69. И плашете се од Аллах и не понижувајте ме!”

70. Тие рекоа: “Нели ти забранивме да примаш луѓе?”

71. Тој рече: “Тоа се ќерки мои ако сакате да правите нешто.”

72. Се колниме во животот твој оние, навистина, талкаат во пијанството свое.

73. Па, ги обзеде глас страшен при изгрејсонце.

74. Па, она што беше горе Ние определивме да биде долу, и ги опсипавме со дожд од скаменета земја.

75. Ете,во тоа, навистина, има знаменија за оние кои внимателно гледаат.

76. И тој град покрај патот, токму, е утврден.

77. Во тоа, навистина, има знаменија за верниците.

78. Жителите на Ајка беа, секако, зулумќари!

79. Па, Ние им се одмаздивме. И двата града се, секако, на патот очигледен!

80. Да, жителите на Хиџр ги сметаа за лажни пејгамберите,

81. и Ние им ги објавивме знаменијата Наши... па, кон нив беа рамнодушни.

82. И по брдата длабеа куќи безбедни.

83. Па, ги обзеде страшен глас при изгрејсонце.

84. Па, она што го спечалија не им користеше за ништо.

85. И Ние го создадовме она што е на небесата и она што е на Земјата, и она што е меѓу нив со вистина. Однесувај се,тогаш, учтиво, зашто Часот ќе дојде, сигурно!

86. Господарот твој, навистина, е Создател и Зналец!

87. Ние ти објавивме, секако, седум ајети кои се повторуваат и Кур’ан голем!

88. И не управувај го погледот твој кон она за што Ние определивме да уживаат за кратко некои меѓу дружините нивни. Не тагувај за нив, а кон верниците, меѓутоа, спушти го крилото твое,

89. и кажи: “Јас сум, навистина, опоменувач јасен!”

90. Ние еднакво постапивме со она што го објавивме против разделувачите

91. оние кои Кур’анот го разделија на повеќе парчиња.

92. Па, се колниме во Господарот твој дека, сигурно, сите нив ќе ги прашуваме

93. за она што го работеа.

94. Па, кажувај го јасно она што ти се наредува и избегнувај ги многубошците!

95. Ние сме сигурно доволни за тебе во однос на исмевачите,
96. кои на Аллах му здружуваат друг бог; па, ќе узнаат!

97. Да, Ние знаеме дека ти, навистина, ги стеснуваш градите твои за она што го зборуваат.

98. Па, слави Го, со благодарност, Господарот твој и биди меѓу оние кои паѓаат на сеџде.

99. И обожавај Го Господарот твој се додека не ти дојде смртта!
Odgovori


Skoči na Forum: