Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ез-Зилзал (Земјотрес)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЗ-ЗИЛЗАЛ” (“Земјотрес”)

Медина - 8 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Кога земјата ќе биде потресена со потресот свој,

2. и кога земјата ќе ги исфрли тежините свои,

3. и кога човекот ќе рече: Што и е?

4. на Денот тој ќе се случат, токму, кажувањата нејзини,

5. кога Господарот твој, навистина, тоа ќе и го вдахне.

6. На Денот тој луѓето ќе се појават, поединечно, за очигледни да им станат делата нивни:

7. па, оној кој прави нешто добро колку голушка ситно, ќе го види,

8. а оној, пак, кој прави нешто зло колку голушка ситно, ќе го види!
Odgovori


Skoči na Forum: