Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Белед (Град)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-БЕЛЕД (Град)

Мекка - 20 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Не! Се колнам во градот овој,

2. - како граѓанин ќе бидеш во градот тој.

3. И се колнам во родителот и во она што го роди!

4. Ние го создадовме човекот, секако, да се труди.

5. Мисли ли дека никој не може против него?

6. Тој вели: “Голем имот потрошив!”

7. Мисли ли дека никој не може да го види?

8. Нели Ние му дадовме очи две,

9. и јазик и усни две?

10. И Ние го упативме кон патишта два,

11. па не можеше да се искачи по Аккаба.

12. А знаеш ли ти што е тоа Аккаба?

13. Па, роб да се ослободи,

14. или да се нахрани кога гладот коси,

15. јетим или од роднината блиска,

16. или сиромав, со неволји оптоварен,

17. и да биде, освен тоа, меѓу оние кои веруваат и кои еднинадруги трпеливост препорачуваат и кои еднисодруги милост препорачуваат.

18. Онаквите се жители на Среќата,

19. а оние кои не веруваат во знаменијата Наши ... жители се на Несреќата.

20. Врз нив ќе биде оган затворен.
Odgovori


Skoči na Forum: