Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Гашија (Поклопи)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-ГАШИЈА” (Поклопи)

Мекка - 26 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!



1. Ти дојде ли говорот за она што поклопи?

2. Лицата на Денот тој ќе бидат уплашени,

3. изморени и жалосни!

4. Ќе се пржат во огнот жесток,

5. ќе се напојуваат од изворот усвитен;

6. за нив не ќе има храна, освен трње,

7. која не ќе нахрани а ниту, пак, гладот ќе го отстрани,

8. на Денот тој ќе има и лица благословени,

9. со трудот нивни задоволни,

10. во Џеннетот возвишен,

11. во кој не ќе слушаат зборови празни,

12. во него ќе има и извор што тече,

13. и кревети подигнати,

14, и пехари поставени,

15. и перници поредени,

16. и простирки спрострени!

17. Не гледаат ли кон камилата како е создадена,

18. и кон небото како е подигнато,

19. и кон брдата како се поставени,

20. и кон земјата како е порамнета?

21. Па, опоменувај. Ти си, навистина, само опоменувач!

22. Не е твое да владееш со нив!

23. А оној кој ги врти плеќите и оној кој не верува,

24. па, Аллах ќе го казни со казна голема!

25. Враќањето нивно е - кон Нас,

26. и полагањето сметка, потоа, е - при Нас!
Odgovori


Skoči na Forum: