Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Феџр (Зора)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-ФЕЏР (зора)

Мекка - 30 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во зората,

2. и во десетте ноќи,

3. парни и непарни,

4. и во ноќта кога ќе исчезне,

5. има ли во тоа, за надарениот со разбир, заклетва?

6. Не виде ли како постапи Господарот твој со Ад?

7. И со Ирам, кој имаше столбови големи,

8. на кои слични немаше изградено по градовите?

9. И со Семуд кој делкаше карпи во долината,

10. и со фараонот, сопственикот на шаторите,

11. кои беа насилници по градовите!

12. И мноштво, по нена, безредие се сееше,

13. па затоа Господарот твој корбачот на казната врз нив го опаша.

14. Да, Господарот твој е во заседа!

15. Што се однесува до човекот, кога Господарот негов ќе го искуша, па ќе го почести и благослови, ќе рече: “Господарот мој ме почести.”

16. А кога, пак, ќе го искуша со она со што малку ‘рск ќе оствари, ќе рече: “Госаподарот мој ме остави.”

17. Но, не! На јетимот чест не му правите,

18. а ниту, пак, сиромавиот го храните,

19. а јадете оставина лакомо,

20. и богатство сакате, сакајќи го прекумерно!

21. Но, не! Кога земјата ќе се распарчи на парчиња,

22. и кога ќе ти дојде Господарот твој и мелеките, еднидодруги поредени,

23. и на Денот тој кога Џехеннемот ќе се приближи, на Денот тој човекот ќе се сеќава. А за кое, пак, добро ќе му користи сеќавањето?

24. Ќе рече: “О тешко мене! Е, само да се подготвев за животот мој!”

25. Па, на Денот тој никој не ќе казнува како што Он ќе казнува.

26. И никој не ќе врзува цврсто како што Он ќе врзува.

27. О душо смирена!

28. Врати се кон Господарот твој задоволна, а и Он со тебе задоволен,

29. и влези,тогаш, меѓу робовите Мои,

30. и влези во Џеннетот Мој!
Odgovori


Skoči na Forum: