Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ет-Тарик (Деница)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕТ-ТАРИК” (“Деница”)

Мекка - 17 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во небото и во Деница!

2. А знаеш ли ти што е тоа Деница?

3. Ѕвезда што свети!

4. Над секоја душа има и бдеец.

5. Па, нека човекот погледа од што е создаден,

6. создаден е од вода што се исфрла,

7. која излегува меѓу ‘рбетот и градите.

8. Да, Он е Кадар да го повтори творењето Свое,

9. на Денот кога ќе се кажуваат тајните,

10. кога човекот не ќе има ни моќ ни поддржник.

11. Се колнам и во небото, со вода преполно,

12. и во земјата која се расцепува,

13. Кур’анот, навистина, е Говор што одделува!

14. Он не е празен Говор.

15. Оние, сплеткарејќи, сплетки прават,

16. а Јас сплетките ги расплеткувам.

17. Па, остави ги неверниците и дај им малку време!
Odgovori


Skoči na Forum: