09-10-2023.17:10
СУРА
“ЕЛ-А’ЛА” (“Севишен”)
Мекка - 19 ајети
Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!
1. Слави Го, името на Господарот твој, Севишен!
2. Кој создаде и добар ред постави,
3. Кој одреди и потоа упати,
4. Кој дава да никне пасиште,
5. а потоа одредува да стане сува трева.
6. Ние ќе одредиме да читаш па ништо нема да заборавиш,
7. освен она што ќе го посака Аллах. Да, Он го знае и она што е јавно и она што е тајно.
8. И Ние ќе те упатиме во она што е најлесно.
9. Па, опоменувај - Опомената ако користи,
10. ќе се опомене оној што стравува,
11. а од неа ќе се оддалечува најлошиот,
12. оној што ќе биде турнат во огнот голем,
13. кој потоа во него не ќе умре и не ќе живее.
14. Да, спасен е оној кој ќе се очисти,
15. кој го споменува името на Господарот свој и кој се клања.
16. Но вие повеќе го сакате животот на овој свет,
17. а Ахирет е подобар и е вечен.
18. Да, ова е внесено во страниците одамнешни,
19. во страниците на Ибрахим и на Муса!