Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ез-Зухруф (Накит)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЗ-ЗУХРУФ (накит)

Мекка - 89 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, Мим!

2. Се колнам во Книгата јасна!

3. Ние, навистина, го одредивме Кур’анот да биде на арапски за да сфатите!

4. А тој, секако, е од Нас, во Мајка на Книгата, вишен и мудар!

5. Да отстапиме ли од вас, да не ве опоменуваме кога сте вие народ расипнички?

6. И колку пејгамбери Ние испративме меѓу народите одамнешни,

7. и не им доаѓаше ниеден пејгамбер а тие да не го исмеваа.

8. Па, Ние ги уништивме оние кои беа посилни и појаки од сегашните. А примерот за народите одамнешни веќе е споменат!

9. А ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат: “Ги создаде Силниот и Зналецот!”

10. Оној кој ви ја одреди земјата крошна и на неа ви одреди патишта за да се управувате по нив!

11. И Оној кој ви спушти вода од небесата во мера одредена и, со помош нејзина, Ние ги оживуваме мртвите предели. Ете, така и вие ќе бидете оживеани!

12. Оној кој од се создаде парови и ви одреди и брод и добиток што го јавате:

13. да седнете на плеќите нивни и, кога ќе седнете, да се сеќавате на благодатот од Господарот ваш, и да речете: “Вишен е Оној кој ни го потчини ова кое, без Него, не можеме да го постигнеме!

14. Ќе му се вратиме на Господарот наш, навистина!”

15. И оние му здружуваат од робовите Негови дел некаков. Човекот, навистина, е неверник очигледен!

16. Или, пак, ќерки да присвои Он, од она што Он го создава, а вам синови ви дарува?

17. А кога ќе се зарадува еден од нив со она што му го припишуваше на Милостивиот, лицето му станува црно и се загушува.

18. Оние ли кои растат меѓу накити и кои никојпат не можат да се извлечат од спротивности?

19. Мелеките кои претставуваат робови на Милостивиот... тие, всушност, жени ги сметаат. Беа ли сведоци при создавањето нивно? Ќе се забележат сведочењата нивни, и ќе бидат прашувани!

20. И зборуваат: “Да посакаше Милостивиот ние не ќе ги обожававме.” За тоа тие ништо не знаат; тие само лажат.

21. Или: Им дадовме ли Книга од порано? Па, тие бараат да се придржуваат кон неа.

22. Но, зборуваат: “Ние ги затекнавме предците наши во оваа вера и ние, навистина, се упатуваме по трагите нивни!”

23. И ете, така Ние не испративме ниеден пејгамбер пред тебе, во ниеден град, а расипниците да не речеа: “Ние ги затекнавме предците наши во оваа вера и ние, навистина, се управуваме по трагите нивни.”

24. Им зборуваше: “И зарем да ви дојдев со патоказ подобар од оној што го затекнавте кај предците ваши?” Зборуваа: “Ние, навистина, не веруваме во она со што сте испратени.”

25. Па, Ние им се одмаздивме. И погледни каква беше казната врз лашковците!

26. И кога Ибрахим му рече на бабо му и на народот свој: “Јас сум, навистина, далеку од она што го обожавате,

27. освен Оној кој ме создаде па Он и ќе ме упати.”

28. И тој зборот го овековечи меѓу потомството свое за да се вратат кон Патоказот.

29. Но, Јас им дадов да уживаат тие и предците нивни се додека не им дојде вистината и пејгамберот очигледен!

30. И бидејќи им дојде вистината, рекоа: “Ова е волшебништво; во него, навистина, не веруваме.”

31. Зборуваа: “Зошто овој Кур’ан не е објавен на еден човек од два града големи?”

32. Тие ли ја споделуваат милоста на Господарот твој? Ние ги споделивме меѓу нив животните потреби нивни во животот на овој свет. И еднинадруги ги воздигнавме, со степени, за да се потчинат еднинадруги. А милоста на Господарот твој е подобра од она што го збираат.

33. А луѓето да не беа во една заедница за оние кои не веруваа во Милостивиот Ние ќе одредевме куќите да им бидат изградени од сребро а и скалилата по кои се качуваат,

34. а во куќите свои врати и легла врз кои се потпираат, исто така,

35. и, накитите, секако. И сето тоа, ете, е уживање во животот на овој свет, а Ахирет, пак, кај Господарот твој, е за богобојазливите.

36. А оној кој ќе се одврати од споменувањето на Милостивиот Ние ќе му го натовариме Шејтанот и ќе му стане близок.

37. А оние, навистина, ги одвраќаат од Патот и сметаат дека се упатувачи.

38. А кога ќе дојде кај Нас, ќе рече: “Е, штета! Меѓу мене и тебе да беше една далечина од Исток до Запад! Е, само колку си лош другар!

39. И не ќе ви користи денес, и затоа што зулум правевте, ќе бидете во казната, навистина, здружени!

40. Ти ли можеш да направиш да слушаат немите или, пак, да ги упатиш слепите: оние кои очигледно скршнале во заблуда.

41. Па, да те земавме Ние ним сигурно ќе им се одмаздевме,

42. или да ти го покажеме она со што им се закануваме... па, Ние, навистина, имаме моќ против нив.

43. Па, придржувај се кон она што ти е објавено. Ти си, навистина, по патот вистински!

44. Тој, навистина, е Опомена за тебе и за народот твој, и ќе бидете одговорни!
45. И прашај ги тие кои ги испративме пред тебе, меѓу пејгамберите Наши, дали одредивме, освен Милостивиот, богови да се обожаваат.

46. И Ние, секако, Муса го испративме со знаменијата Наши, до фараонот и големците негови, и рече: Јас сум, навистина, пејгамбер од Господарот на световите!”

47. И бидејќи им доаѓаа со знаменијата Наши веднаш ги исмеваа.

48. И едноодруго поголемо знамение Ние им покажувавме, и на казна ги изложувавме за да се вратат по Патоказот.

49. И зборуваа: “О волшебнику, повикај го за нас, од Господарот твој, она што го вети, па, навистина, ќе бидеме упатени.”

50. И бидејќи Ние од нив ја отстранивме казната веднаш ја прекршија заклетвата.

51. И фараонот возгласуваше меѓу народот свој, велејќи: “О народе мој, нели ми припаѓа да владеам со Египет, и со овие реки под мене? Не гледате ли?

52. Или: Не сум ли подобар од овој несреќник кој одвај објаснува нешто?

53. Па, зошто не му се дадени ракавници од злато? Или: Зошто со него не дојдоа здружени мелеки?”

54. И народот негов се уплаши од него и го послуша. Тој народ беше, навистина, расипнички!

55. И бидејќи Не налутија им се одмаздивме и, така, Ние сите ги потопивме.

56. И одредивме да бидат урнек и пример за останатите.

57. И бидејќи им беше изнесен примерот на синот на Мерјем, народот твој веднаш помина на друг разговор,

58. зборувајќи: “Подобри ли се нашите богови или Он?” Го наведоа како пример само да расправаат со тебе. Но, тоа е народ галамџиски!

59. Тој е само роб кого Ние го благословивме и го одредивме да биде пример за синовите Израилови.

60. А да посакавме од вас Ние ќе создадевме мелеки по земјата што ќе ве наследат.

61. Кур’анот, навистина, е знаење за Часот: не сомневајте се во него и следете ме! Ова е патот вистински!

62. И Шејтанот нека не ве заведе. Тој ви е, навистина, непријател очигледен!

63. И бидејќи Иса дојде со јаснотии, рече: “Ви дојдов со мудрост и ќе ви ги објаснам некои работи за кои станавте деленици. Па, плашете се од Аллах и бидете Му послушни!

64. Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш... та, обожавајте Го. Ова е патот вистински!”

65. Па, се расцепија дружини многу од нив. Е, тешко на оние кои направија зулум, тешко ним од казната на Денот болен!

66. Чекаат ли Часот да им дојде одненадеж, и без да усетат?

67. Еднитенадруги пријатели на Денот тој непријатели ќе станат; а не и богобојазливите.

68. О робови Мои, денес не ќе стравувате и не ќе тагувате.

69. А на оние кои веруваа во ајетите Наши и кои беа Послушни, ќе им се рече:

70. “Влезете во Џеннетот, вие и жените ваши, весели ;”

71. меѓу нив ќе се служи со чинии и чаши од злато. За нив во него ќе има се она што душите го посакуваат и она што ги радува очите. И вие во него за навек ќе останете.

72. Ете, тоа ви е Џеннетот кој го наследивте за она што го работевте!

73. Во него за вас ќе има и овошје секакво, од кое јадете.

74. Да, силниците ќе бидат во казната џехеннемска, и во неа за навек ќе останат;

75. нема да им се олесни и во него ќе бидат безнадежници.

76. И Ние зулум не им направивме, но тие беа зулумќари.

77. И оние ќе возгласат: “О Малик, нека не усмрти веќе еднаш Господарот твој!” Ќе рече: “Па, вие тука за навек ќе останете!”

78. Ние, секако, ви доставивме вистина, но мнозинството од вас вистината ја презираат.

79. Или, пак, тие преземаат неотповиклива одлука? Да, Ние одлучуваме неотповикливо!

80. Или: Сметаат ли дека Ние не ја слушаме тајната нивна и она што насамо го зборуваат? Да, пратениците Наши го бележат се она што е при нив.

81. Кажи: “Кога Милостивиот би имал дете, па јас сум првиот во обожавањето.”

82. Славен нека биде Господарот на небесата и на Земјата, Господарот на Аршот, од она што го опишуваат.

83. Па, еднаш остави ги нека водат јалови разговори, и нека си играат се додека не им дојде Денот со кој се опоменати.

84. Он е Бог на небесата и Он е Бог на Земјата. Он е и Мудар и Зналец!

85. Благословен нека биде Оној чија власт е на небесата и на Земјата, и на она што е меѓу нив. Знаењето за Часот е кај него и Нему ќе Му се вратите!

86. А оние кои ги повикуваат освен Него не се поседувачи на посредувањето, освен оној кој ќе посведочи вистински. А оние знаат.

87. А ако, пак, ги прашаш кој ги создаде сигурно ќе речат: “Аллах!” Па, каде тогаш кинисуваат?

88. И она што ќе го рече пејгамберот: “Господаре мој, тоа е народ, навистина, кој не верува. “

89. Па, тргни се од нив и кажи: “Селам!” Па, ќе узнаат!
Odgovori


Skoči na Forum: