Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Еш-Шура (Договарање)
#1
Rainbow 
СУРА
ЕШ-ШУРА (договарање)

Мекка - 53 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

1. Ха,мим,

2. ајн, син, каф!

3. Ете, така ти се објавува, како и на оние пред тебе, Аллах, Силниот и Мудриот!

4. Се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Он е и Вишен и Голем!

5. Небесата само што не се здробат еднинадруги, а мелеките Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и бараат прошка за оној кој е на земјата. Но, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6. Оние кои прифаќаат други заштитници освен Него... Аллах бдее врз нив и ти не си закрилник врз нив!

7. И ете, така Ние ти го објавивме Кур’ анот на арапски за да ја опоменеш Уммул Кура и оние околу неа, и да ги опоменеш за Денот на собирањето во кој, секако, нема сомнение. Една дружина ќе биде во Џеннетот, а една ќе биде во Џехеннемот!

8. Аллах да сакаше ќе ве направеше да бидете еден народ. Но, Он кого сака го воведува во милоста Своја. А зулумќарите немаат ни заштитник ни поддржник!

9. Или: “ Прифатија ли други, освен Него, пријатели. Па, Аллах е Оној кој е Пријател, и Он ги оживува мртвите и Он е Кадар за се!
10. И во се што се разединувате - та, Судот за тоа е Аллахов. Тоа ви е Аллах, Господарот мој, врз Него се потпирам и Нему му се обраќам!”

11. Создател на небесата и на Земјата! И од вас Он парови создаде и од добитокот парови создаде. За да ве множи, секако! Нему не Му е ништо слично. Он е Слушач и Гледач!

12. Клучевите и на небесата и на Земјата се - Негови! Кому сака дава ‘рск и му одредува. Он, навистина, е Зналец на се!

13. Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет и на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: “Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!” Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа.

14. И оние се разединија, заради тоа што се пакостеа еденсодруг, веднаш по дојденото им знаење. А зборот на Господарот твој да не им претходеше со рок определен сигурно ќе им беше пресудено. Оние кои по нив ја наследија Книгата се сомневаа, исцело!

15. Па, ете, заради тоа повикувај и биди истраен онака како што ти е наредено! И не следи ги страстите нивни, и кажи: “Верувам во она што е објавено од Аллах во Книгата. Наредено ми е справедливо да судам меѓу вас; Аллах е и Господарот наш и Господарот ваш. Нам - нашите дела а вам - вашите дела. Нема потреба еднинадруги да се докажуваме. Аллах сите ќе не збере, и свратилиштето е - кон Него!”

16. А оние кои донесуваат докази за Аллах по веќе доказите нивни со кои се повикуваше кон Него - се ништожни кај Господарот нивни; омраза заслужуваат и за нив има казна жешка!

17. Аллах е Оној кој објавува Книга со вистина и рамнотежа. А што знаеш? Можеби Часот е блиску!

18. Оние кои не веруваат во него бараат да дојде побрзо. А оние кои веруваат стравуваат од него и знаат дека тоа, секако, е вистина. Како и да е оние кои се сомневаат во Часот се во беспаќе далечно!

19. Аллах е Сочувствителен кон робовите Свои. Он дава ‘рск кому сака. Он е Јак и Силен!

20. Оној кој сака награда на Ахирет, Ние ќе ја зголемиме наградата негова, а оној кој сака награда на овој свет, ќе му ја дадеме, а на Ахирет за овој не ќе има дел.
21. Имаат ли оние божества кои им го пропишуваат во верата она што Аллах не им го дозволи? Да не беше зборот на Одлуката ќе им беше просудено, сигурно! А за зулумќарите има, навистина, казна болна!

22. Ќе ги видиш зулумќарите како стравуваат заради она што го спечалија. А тоа, всушност, мора да им се случи. А оние кои веруваат и кои добри дела работат ќе бидат во градините џеннетски. Ќе имаат кај Господарот нивни с# што ќе посакаат. Ете, тоа е предност голема!

23. Ете, така Аллах ги зарадува робовите Свои кои веруваат и кои добри дела работат. Кажи: “Не барам за тоа никаква награда, освен наклоност кон роднината.” А оној кој ќе се стекне со добро во тоа Ние ќе му го зголемиме доброто. Аллах, навистина, е Простувач и Благодарен!

24. Или, пак, тие зборуваат: “Тој фрла лага врз Аллах?” Па, Аллах да сака ќе го запечати срцето твое. Аллах ја снемува невистината а ја остварува, со зборовите Свои, вистината. Он, навистина, го знае она што е во градите!

25. Он го прима покајанието од робовите Свои, Он ги простува гревовите и знае што работите!

26. Се оѕвиваат оние кои веруваат и кои добри дела работат, и Он ќе им зголеми од добрината Своја, а за неверниците има казна жешка!

27. Кога Аллах би им дал ‘рск на робовите Свои - тие би станале силници на земјава, но Он, спушта ‘рск со мера, со посак Свој. Он, навистина, е Известен и Гледач на робовите Свои!

28. Он, токму, спушта дожд кога се губи надеж, и ја шири милоста Своја. Он е Заштитник и за благодарност Достоен!

29. А од знаменијата Негови е и создавањето на небесата и на Земјата, и животните растурени во нив. Кога ќе посака Он е кадар да ги збере!

30. А онаа несреќа што ве погоди... тоа е заради она што го спечалија рацете ваши, а Он многу и простува.

31. И не можете да се сокриете на земјата. И вие немате, освен Аллах, ни заштитник ни поддржник!

32. А од знаменијата Негови се и бродовите кои пловат по морето како брда големи.

33. А ако Он посака ќе го смири ветрот и, ете, тие ќе станат неподвижни на морската површина. Во тоа, навистина, има знаменија за секој што е трпелив и благодарен!

34. Или, пак, да ги потопи заради она што го направија, а Он, секако, простува многу!

35. За да узнаат, оние кои се караат за ајетите Наши, дека за нив нема спас.

36. Уживање за едно време во животот на овој свет... ете, тоа е се што ви е дадено. А она што е кај Аллах е подобро и потрајно за оние кои веруваат и кои врз Господарот свој се потпираат:

37. оние кои ги избегнуваат гревовите големи, и срамните постапки и кои, кога ќе се налутат, ете, простуваат ;

38. оние кои се оѕвиваат на Господарот свој, и кои намаз извршуваат, и кои еднисодруги се договараат и кои од ‘рскот што Ние им го дадовме делат;

39. оние кои, кога ќе ги снајде неволја некаква, се потпомагаат еднисодруги.

40. Надоместок за злото е зло нему еднакво. А оној кој ќе прости и кој ќе се поправи - та, наградата негова е кај Аллах. Он, навистина, не ги љуби зулумќарите!

41. А кога некому ќе му се притегне на помош по зулумот врз него, еднакво треба да се возврати. За никого никој нема поинаков начин .

42. А за оние кои прават зулум на луѓето и кои, бесправно, по земјата угнетуваат... праксата таква, навистина, ќе им донесе казна болна.

43. А оној кој поднесува и кој простува... ете тоа, навистина, е работа голема!

44. Оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда - па, за него нема пријател по Него. И ќе ги видиш зулумќарите, кога ќе ја здогледаат казната, како ќе повикаат: “ Има ли некој начин на кој можеме да се вратиме?”

45. И ќе ги видиш изложени на неа; понижени како гледаат со потајно око. А оние кои веруваат ќе речат: “Страдалници се, навистина, оние кои си наштетија себеси и на семејствата на Денот суден!” Е, така зулумќарите ќе бидат, навистина, во казната постојана!

46. За нив не ќе има пријатели, освен Аллах, кои ќе им помогнат. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него нема начин на кој ќе се спаси.

47. Оѕвете се на Господарот ваш пред да настапи денот од Аллах од кој не може да се врати. На тој ден за вас ќе нема никакво засолниште и за вас ќе нема никаков приговор.

48. Па, ако се тргнат на страна Ние не те испративме да бидеш нивни чувар. Обврската твоја е само да известиш. И кога Ние, навистина, дадовме човекот да ја вкуси милоста Наша, се радува на тоа, а ако, пак, го снајде зло заради она што го направија рацете нивни... та, човекот, навистина, е неблагодарен!

49. Власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова! Аллах со посак Свој создава. Кому сака подарува женски деца а кому сака подарува машки деца,

50. или, пак, удвојува: машко и женско, а кого сака остава неплоден. Он, навистина, е Зналец и Моќен!

51. На човекот му е дадено Аллах да зборува со него само преку објава или зад завеса или да му испрати пејгамбер па да му го објави со одобрението Свое она што го сака. Он, навистина, е Вишен и Мудар!

52. И ете, така по робот Наш ти вдахнавме објава по наредба Наша; не знаеше што е, и Книга и верување, но одредивме да биде светлина за да го упатиме оној кого сакаме од робовите Наши. И ти, навистина, упатуваш по патот вистински,

53. патот на Аллах и она што е на небесата и на Земјата е - Негово. И ете, така стварите се враќаат кон Аллах!
Odgovori


Skoči na Forum: