Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ен-Немл (Мравки)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕН-НЕМЛ (Мравки)

Мекка - 93 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Та, син! Еве ајети на Кур’анот и Книгата јасна,

2. Патоказ и Радосница за верниците,

3. кои намаз извршуваат и кои зекат даваат и кои се убедени во Ахирет.

4. На оние кои не веруваат во Ахирет Ние им ги разубавуваме постапките нивни, па талкаат;

5. оние на кои ќе им припадне казната болна и на Ахирет ќе бидат поразени.

6. Ти, навистина, го примаш Кур’анот од Мудриот и Зналецот!

7. Кога Муса му рече на семејството свое: “Почувствував оган; ќе ви донесам од него вест или, пак, ќе ви донесам зажарено дрво за да се стоплите.”

8. И кога се приближи до огнот, повика: “Благословен нека е Оној кој е во огнот и оние околу него; славен нека е Аллах, Господарот на световите!

9. О Муса, јас сум, навистина, Аллах, Силен и Мудар!

10. И фрли го стапот твој!” И бидејќи го погледна, тој почна да лази како змија, се сврти со плеќите и не се врати повеќе. “О Муса, не плаши се! Пејгамберите од Мене, навистина, не се плашат,

11. освен Оној кој зулум ќе направи, а потоа злото ќе го замени со добро дело: Јас сум, навистина, Простувач и Сомилосен!

12. Стави ја раката твоја во џебот твој и ете - ќе ја извадиш бела, без да биде оштетена. Тоа е едно од деветте знаменија на фараонот и народот негов. Тие се, навистина, народ расипнички!”

13. И бидејќи им дојдоа знаменијата Наши очигледно, рекоа: “Ова е волшебништво јасно!”

14. Ги пренебрегнуваа, а во себе ги признаваа, дувајќи се и силејќи се. Па, погледни каква беше казната за безредниците!

15. И на Муса и на Сулејман Ние, навистина, им дадовме знаење, и двајцата рекоа: “Благодарение на Аллах кој не одликува над многуте робови верници Свои!

16. И Давуда го наследи Сулејман, и рече: “О луѓе, поучени сме во јазикот на птиците, и дадено ни е од се по нешто. Ова, навистина, е благодат јасен!”

17. И се собра кај Сулејман восјката негова: составена од џинови, луѓе и птици. Сите поредени.

18. И кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: “О мравки, влезете во живеалиштата ваши бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи!”

19. Па се насмевна со зборовите негови, гласно, велејќи: “Господаре мој, пробуди ја желбата моја за да бидам благодарен на благодатот Твој со кој ме благослови, мене и родителите мои, и да работам добри дела со кои ќе бидеш Ти задоволен. И со милоста Твоја воведи ме меѓу робовите Твои добри.

20. И тој отиде да изврши смотра врз птиците, и рече: “Што е со пупавецот? Не го гледам или е, пак, меѓу изгубените.

21. Па, не ми ни донесе јасен доказ; ќе го казнам со казна жестока или, пак, сигурно ќе го заколам.”

22. И не остана долго време. Рече: “Го знам она што ти не го знаеш; ти доаѓаш од Сабе со вест сигурна.

23. Тамо видов една жена која владее со нив и и е дадено од се по нешто, и има престол голем.

24. Ја видов неа и народот нејзин како паѓаат на сеџде на Сонцето, а не на Аллах; и Шејтанот им ги разубавува делата нивни и ете, така, ги одвраќа од патот и - неупатените се!”

25. Не паѓаат ли на сеџде на Аллах кој го вади она што е скриено на небесата и на Земјата, и кој го знае и она што го криете и она што го обелоденувате.

26. Аллах! Нема друг бог освен Него! Господар на Аршот голем!

27. Сулејман рече: “Ќе видиме дали вистина зборуваш или лажеш.

28. Оди со ова писмо мое; па, фрли го и оддалечи се од нив и погледни што ќе одговорат!”

29. Таа рече: “О големци, фрлено ми е едно писмо благородно, навистина!”

30. Тоа, секако, е од Сулејман: “Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

31. Не правете се поголеми од мене и дојдете ми послушни!”

32. Таа рече: “О големци, одговорете ми за оваа наредба до мене; не можам да решам се додека не сте присутни!”

33. Рекоа: “И јаки сме и силни сме, но ти наредуваш. Погледни, тогаш, што ќе наредиш!”

34. Рече: “Да, кога владарите ќе влезат во еден град ќе направат метеж, и моќните жители негови ќе ги потчинат. Тие, ете, така прават!

35. Ќе им испратам, секако, еден подарок и ќе видам со што се враќаат испратените.”

36. И бидејќи пратеникот дојде кај Сулејман, овој рече: “Да ме поткупите ли со богатство? Па, она што ми го даде Аллах е подобро од она што вам ви го даде. Но, вие се радувате на подарокот ваш.

37. Врати се кај нив! Па, ќе им дојдеме, тогаш, со војска на која не ќе можат да и се справат и од Сабе, сигурно, ќе ги истераме потчинети и наведнати.”

38. Сулејман рече: “О големци, кој меѓу вас ќе ми дојде со престолот нејзин пред да ми дојдат потчинети?”

39. Еден ифрит од џиновите, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да се исправиш од местото твое. Јас сум за тоа, навистина, силен и доверлив!”

40. А оној кај него што беше се стекнал со знаење од Книгата, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да трепнеш со окото.” И бидејќи го виде како е упорен, рече: “Ова е една од добрините на Господарот мој за да ме испроба: ќе бидам ли благодарен или нема да бидам благодарен. А оној кој е благодарен, за себеси е благодарен, а оној кој не е благодарен... па, Господарот твој, навистина, е Богат и Благороден!

41. И рече: “Изменете го изгледот на престолот нејзин, па ќе видиме дали е упатена или, пак, е од оние кои не упатуваат.”

42. И бидејќи дојде и беше речено: “Ова ли е престолот твој?” Таа рече: “Па, изгледа дека е тој. А знаење ни е дадено и пред него; и ние сме Послушни.”

43. Ја оддалечија оние кои таа ги обожаваше освен Аллах. Таа беше, навистина, меѓу народот невернички
44. И беше речено: “Влезете во дворецот!” И штом таа го здогледа веднаш помисли дека е вода длабока, и ја подигна доламата нејзина за да не се намокри. Сулејман рече: “Не, ова е дворец поплочен со стакленки!” Таа рече: “Господаре мој, јас, навистина, за себеси зло си направив; послушна сум, заедно со Сулејман, на Аллах, Господарот на световите!”

45. И Ние секако го испративме до Семуд братот нивни Салих: “Обожавајте го Аллаха!” - И тие, токму, се поделија во две дружини, еднанадруга спротиставени.

46. Салих рече: “ О народе мој, зошто брзате да ви дојде злото пред доброто? Зошто не барате прошка од Аллах? Па, можеби, ќе ви се смилува!”

47. Рекоа: “Тебе и оние со тебе ве гледаме како лоша птица, предзнак.” Салих рече: “Лошата птица ваша, предзнакот, е кај Аллах. Вие сте народ кој се проба.”

48. Во градот имаше девет луѓе кои правеа безредие на Земјава и не воспоставуваа ред.

49. Рекоа, колнејќи се во Аллах: “Ќе го убиеме ноќе, него и семејството негово, сигурно! А потоа на најближниот по сродство ќе му речеме: “Не сме сведоци при убиството на семејството негово; ние, сигурно вистина зборуваме!”

50. И правеа сплетки а и Ние правевме сплетки, но тоа не го усетуваат.

51. Па, погледни каква беше казната заради сплетките нивни; Ние ги уништивме, навистина, сите нив!

52. Ете, тоа се куќите нивни опустошени заради зулумот што го направија. Во тоа има, навистина, знамение за луѓето кои знаат!

53. А Ние ги избавивме оние кои веруваа и кои беа богобојазливи.

54. И кога Лут му рече на народот свој: “Ќе запаѓате ли во срамно дело, а тоа сами го гледате?

55. Зарем вие ќе им приоѓате на мажите страствено а не на жените. Па, вие сте луѓе кои не знаете!”

56. А народот негов само му одговори: “Истерајте го семејството Лутово од градот ваш. Да, тоа се луѓе кои се чистат!”

57. И тогаш Ние ги избавивме Него и семејството негово, освен жена му за која одредивме да биде од останатите.

58. И Ние врз нив спуштивме дожд голем. Е, само колку беше лош тој дожд за опоменатите!

59. Кажи: “Благодарение на Аллах и селам на робовите Негови кои Он ги избра.” Кој е подобар: Аллах или оние кои Му ги здружуваат?

60. Аллах, кој ги создаде небесата и Земјата и кој ви спушти вода од небото, па со неа правиме да ‘ртат бавчи прекрасни во кои вие не можете да одредите да растат стеблата нивни. Има ли друг бог покрај Аллах? Не, тоа е народ кој претерува.

61. Оној кој ја одреди земјата за утврда и кој, низ пробивите нејзини, определи да течат реки, и кој, за неа, определи планини и, меѓу две мориња, ограда. Има ли друг бог освен Аллах? Но, мнозинството од нив не знаат!

62. Оној кој ќе му се оѕвие на притиснатиот кога овој ќе го повика, кој открива зло и кој ве прави да бидете халифи на земјава? Има ли друг бог освен Аллах? Малкумина се оние кои се сеќаваат!

63. Оној кој ве упатува низ темнините на копно и по море, и кој ви ги испраќа ветровите како радосница, од милоста Своја... има ли друг бог освен Аллах? Аллах е високо над она што Му го здружуваат!

64. Оној кој го започнува создавањето и кој го возобновува, и Оној кој ве снабдува и од небо и од земја... има ли друг бог освен Аллах? Кажи: “Донесете ваш доказ ако сте искрени!”

65. Кажи: “Тајната што е на небесата и на Земјата ја знае само Аллах. И не знаат кога ќе бидат оживеани.

66. Но, не! Знаењето нивно за Ахирет е никакво; оние се сомневаат во него; слепи се во однос на него.”

67. И неверниците зборуваат: “Кога ќе станеме земја ќе бидеме ли ние и предците наши оживеани, навистина?”

68. Да, со ова нам ни се заканува како што им се закануваше и на предците наши порано: “Ова се само прикаски одамнешни!”

69. Кажи: “Патувајте по земјата! Па, погледнете каква беше казната за силниците!”

70. И не жалости се заради нив и нека не ти се стеснува во градите заради сплеткарењето нивно!

71. И зборуваат: “Кога ќе се оствари ветувањето ако сте искрени?”

72. Кажи: “Можеби дел од она за што го забрзувате ќе ви дојде по стапалките ваши.”

73. Господарот твој, навистина, е Поседник на добрината за луѓето, но мнозинството од нив не се заблагодаруваат.

74. Господарот твој, секако, го знае и она што го кријат градите нивни и она што го обелоденуваат.

75. И никаква тајна нема ни на небесата ни на Земјата, а да не е внесена во Книгата јасна.

76. Овој Кур’ан, навистина, им кажува на синовите Израилови за она за што тие, токму, станаа деленици.

77. И Кур’анот, секако, е Патоказ и Милост за верниците.

78. Да, Господарот твој пресудува меѓу нив со судот Свој. Он е Силен и Зналец!

79. Па, потпри се врз Аллах! Ти си, навистина, врз вистината јасна!

80. Да, ти не можеш да бидеш сигурен во она што го слушаат умрените а ниту, пак, можеш да ги слушнеш молбите на немите кога ќе се свртат со плеќите.

81. Не можеш, исто така, и слепите да ги упатиш од скршнувањата нивни. Ги слушаш само оние кои веруваат во знаменијата Наши, оние, Послушните!

82. И кога говорот ќе се случи над нив Ние ќе ти извадиме од земјата животно кое ќе зборува дека луѓето, навистина, не беа уверени во знаменијата Наши.

83. И Денот во кој Ние ќе збереме од секој народ дружина меѓу оние кои ги сметаа за лажни знаменијата Наши... па, ќе бидат победени.

84. И штом таму ќе дојдат, Аллах ќе рече: “Ги сметавте ли за лажни знаменијата Мои без да ги согледате со знаење? Или: Што работевте?”

85. И заради зулумот нивни ќе се случи врз нив Говорот; не ќе можат ни да прозборат.

86. Не гледаат ли дека Ние, навистина, ја определивме ноќта за да се одморат во неа, а Денот очигледен? Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат!

87. И Денот во кој ќе се дувне во Сурлата... Па, ќе се испреплашат и оние на небесата и оние на Земјата, освен оние кои Аллах сака. И сите ќе му дојадт, понизни!

88. И ги гледаш планините, мислејќи дека се неподвижни. Тие се креваат како што се креваат и облаците. Создавањето е - од Аллах, кој ја усовршува секоја работа. Он, навистина, е Известен за она што го работите!

89. Оној кој ќе дојде со добро ќе има нешто уште подобро. Онаквите на Денот тој ќе бидат поштедени од стравот.

90. А оние кои ќе дојдат со зло... па, со лицата свои ќе бидат фрлеви во огнот: “Се казнувате за она што го работевте!”

91. Наредено ми е, навистина, да го обожавам Господарот на овој град кој Он го посвети. И се што е - Негово е! Да, наредено ми е да бидам меѓу Послушните,

92. и да го кажувам Кур’анот. Па, оној кој по патот е упатен, е упатен, секако, за себеси, а оној кој во заблуда скршнал... па, кажи: “Еден сум, навистина, од опоменувачите.”

93. И кажи: “Благодарение на Аллах! Он ќе ви ги покаже знаменијата Свои... па, ќе ги препознаете. И Господарот твој не е рамнодушен кон она што го работите!”
Odgovori


Skoči na Forum: