Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Фуркан (Разделувач)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-ФУРКАН (Разделувач)

Мекка - 77 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Нека е возвишен Оној кој го објави Разделувачот на вистината од невистината до робот Свој за да биде Опомена за световите!

2. Оној чија власт на небесата и на Земјата е - Негова, Кој не си присвои дете, Кој во власта не зема здруженик, и Кој ја создаде секоја ствар, па ја определи со мера определена!

3. И тие покрај Аллах прифатија други божества кои не создаваат ништо, а тие, токму, се создадени; за себеси немаат моќ ни да си користат ни да си наштетат, ниту да усмртат ниту да оживеат, или, пак, по смртта да оживеат.

4. А неверниците зборуваа: “Ова е само клевета кој тој ја измислува и во што, секако, му помагаат други луѓе.” Да, тие носат лага и измама!

5. Зборуваат: “Овие се прикаски на одамнешните кои ги пропиша и му се кажуваат наутро и навечер.”

6. Кажи: “Кур’анот го објави Оној кој ја знае тајната на небесата и на Земјата.” Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!

7. И зборуваат: “Што му е на овој пејгамбер? Јаде храна и шета по чаршиите? Зошто не му е испратен мелек па да биде со него опоменувач?

8. Или да му се спушти ризница или, пак, да има бавча од која ќе јаде?” Зулумќарите зборуваат уште и: “Вие следете само опседнат човек!”

9. Погледни какви примери за тебе донесуваат! Ете, така тргнаа во заблуда и не можат да се вратат по патот вистински!

10. Нека биде вишен Оној кој, доколку посака, ќе ти даде подобро од тоа: бавчи низ кои реки течат; ќе ти даде, исто така и дворови.

11. Но, не! Го сметаа за лажен Часот! А за оној кој го смета Часот за лажен Ние подготвивме казна огнена.

12. Кога ќе им се укаже од место далечно, слушаат беснило и вриење.

13. А кога ќе бидат фрлени во теснец со врзани раце, ќе се молат за пропаст.

14. “Не молете се денес за една пропаст, туку молете се за многу пропасти!”

15. Кажи: “Тоа е подобро или пак е подобар Џеннетот на вечноста, ветен за богобојазливите?” Ете, тоа е, токму, наградата и свратилиштето нивно.

16. Во него за нив има се што ќе посакаат, за навек! Одговорноста за тоа ветување е во надлежност на Господарот твој.

17. А на Денот кога Он ќе ги збере, и она што го обожаваа, освен Аллах, и кога Он ќе рече: “Вие ли во заблуда ги скршнувавте робовите Мои или, пак, тие во заблуда си скршнаа од патот вистински?”

18. Ќе речат: “Славен биди Ти! Да, не ни требаше да земаме други заштитници освен Тебе, но Ти, ним и на бабовците нивни, им даде да уживаат се додека не заборавија да се сеќаваат на Тебе.” Беше народ кој, секако, пропадна!

19. Да, тие го сметаат за лажно она што го зборувате. Не ќе можете да ја отстраните маката нивна а ниту, пак, да им помогнете. А на оној од вас кој ќе направи зулум ... Ние ќе му дадеме да вкуси казна голема.

20. Ние не испративме пејгамбери пред тебе кои не јадеа храна и кои не шетаа по чаршиите. Еднисодруги во искушение Ние ве доведуваме. Е па, ќе се стрпете ли! Господарот твој гледа!
21. Оние кои не полгаат надеж во Средбата наша, зборуваат: “Зошто не ни се спуштаат мелеки или, пак, зошто не го гледаме Господарот наш?” Тие веќе се дуеја во душите нивни, наголемо зе изнасилија.

22. На Денот во кој ќе ги видат мелеките ќе нема за силниците никаква радосница; ќе речат: “Сочувај не!”

23. И Ние ќе пристапиме кон делата нивни и пепел и прав ќе ги направиме.

24. Жителите џеннетски на Денот тој ќе бидат сместени во најубаво престојувалиште и ќе се одмараат во најубава почивка,

25. Ден ќе биде тоа во кој небесата ќе се расцепат во тенки облаци и Ден во кој мелеките ќе се спуштаат.

26. Тогаш власта вистинска ќе му припадне на Милостивиот, а за неверниците на Денот тој ќе биде неподносливо.

27. Ден во кој зулумќарот ќе ги крши прстите од рацете свои, велејќи: “Тешко мене! Друг пат, освен патот на пејгамберот прифатив!

28. О тешко мене! О пропаст моја! Е, да не земав друг пријател!

29. Ме одврати од Опомената веќе по нејзиното доаѓање до мене!” Шејтанот, навистина, останува за човекот предавник!

30. И пејгамберот рече: “ Господаре, народот мој, навистина, го прифати овој Кур’ан како отпадок!”

31. И ете, така за секој пејгамбер меѓу силниците Ние определивме непријател. Доста ти е што во Господарот твој имаш упатувач и поддржник.

32. Оние кои не веруваат, велат: “Зошто не му е објавен Кур’анот во целост, во еден замав? “ Ете, така Ние го објавуваме за да го утврдиме со него срцето твое. Така, дел по дел среден, Ние го објавуваме.

33. И тие не ќе донесат никаков урнек а Ние да не ти донесеме вистина и најдобро толкување.

34. Оние со наведнатите лица кон Џехеннемот ќе бидат во најлошо место и беспаќе.

35. И на Муса Ние, секако, му објавивме Книга, а брат му Харун за поддржник го одредивме,

36. па, рековме: “Одете до народот кој ги сметаше за лажни ајетите Наши” - а потоа народот Ние го снемавме.

37. А и на народот на Нух, исто така, зашто ги сметаше за лажни пејгамберите, Ние го потопивме, и одредивме да биде знамение за луѓето. А за зулумќарите Ние болна казна подготвивме.

38. А и Ад и Семуд и жителите на Ресе, и поколенија многу меѓу нив Ние уништивме.

39. И за секој народ, меѓутоа, Ние донесовме примери и, потоа, го снемавме.

40. А, секако, поминуваат пакосни крај градот врз кого се истури дожд. А не го приметуваат ли? И дури на оживувањето не се надеваат!

41. И кога ќе те здогледаат те прифаќаат само како предмет на исмевање: “Овој ли Аллах го испрати како пејгамбер?”

42. Ете, така само што не не одврати од божествата наши; но ние сме при нив истрајни.” Ќе узнаат, кога ќе ја здогледат казната, кој скршна во беспаќе.

43. Го виде ли оној кој ја прифати страста за божество свое? Ќе бидеш ли негов закрилник?

44. Сметаш ли дека мнозинството меѓу нив, навистина, слуша или разбира? Тие се како добиток. Тие се, токму, во беспаќе!

45. Не гледаш ли како Господарот твој ја простира сенката и кога сака Он, навистина, ја прави да биде починка, а потоа сонцето за неа го прави знамение;

46. потоа кон Нас полека ја прибираме.

47. И Он ноќта ви ја определи за постела, а сонот за одмор, а денот пак за патување.

48. И Он испраќа ветар како радосница пред милоста Своја, а од небо Ние чиста вода спуштаме,

49. за да го оживееме со неа мртвиот предел и да ги напоиме многуте луѓе и животни кои Ние ги создадовме.

50. Да, за ова им изнесувавме многу за да се сетат. Но, мнозинството на луѓето, неверувајќи, одбиваше.

51. Кога Ние би посакале во секој град сигурно ќе испратевме опоменувач!

52. Па, не заборави на неверниците и, со помош на Кур’анот, бори се со сета сила.

53. И Он е Оној кој одвои едноодруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.

54. И Он од вода создаде човек па од него направи роднина и сватовштина. Господарот твој е Кадар!

55. А тие ги обожаваат, освен Аллах, оние кои не си користат и кои не си штетат. Неверникот кон Господарот свој ги врти плеќите.

56. И Ние те испративме само како опоменувач и радосник.

57. Кажи: “Не барам од вас за ова никаква награда, освен оној кој сака, да тргне по патот на Господарот Свој.”

58. И потпри се врз Живиот кој не умира, и слави Го со славата Негова. И за Него е доволно тоа што е Известен за гревовите на робовите Свои:

59. Оној кој ги создаде небесата и Земјата, и она што е меѓу нив, за шест дена, а потоа се утврди на Аршот, Милостивиот. Па, прашај го за Него известениот!

60. И кога ќе им се рече: “Паднете Му на сеџде на Милостивиот, велат: “А кој е Милостивиот? Да паднеме ли на сеџде за она за што ти ни наредуваш?” И се зголемува отуѓувањето нивно!

61. Возвишен нека е Он кој на небесата создаде соѕвездие во кое светилка постави и Месечина осветлена.

62. И Он е Оној кој ја создаде ноќта и денот да се сменуваат, за оној кој посакува да се споменува или кој пак посакува да се заблагодарува.

63. И еве кои се робовите на Милостивиот: оние кои одат по земјата достоинствено, и кога незнајковците ќе им се обратат, велат “Селам!”

64. И оние кои ноќите ги поминуваат, паѓајќи на сеџде и стоејќи пред Господарот свој,

65. и оние кои зборуваат: “Господаре наш, оддалечи не од казната џехеннемска. Казната џехеннемска ќе биде, навистина, неминовна;

66. да, таа е лошо престојувалиште и утврдувалиште.

67. А оние кои, кога трошат, расипнички тоа не го прават, и кои исто така не се скржави, туку заземаат средина,

68. и кои, освен на Аллах не се повикуваат на друг бог, и кои не убиваат никого за кого забрани Аллах, освен по правда... А оној кој ова го прави ќе вкуси грев.

69. Ќе му се удвои казната на Денот суден и во неа за навек ќе биде понижен,

70. освен оној кој ќе се покае, кој верува и кој работи добро дело. На таквите Аллах ќе им ги промени нивните лоши дела со добри. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

71. А оној кој ќе се покае и кој ќе сработи добро дело... па, тој, навистина, се враќа кон Аллах со покајание, како покајник,

72. и оние кои не сведочат лажно, и кога ќе поминат крај нешто безработно, поминуваат достоинствено,

73. и оние на кои ќе им се споменат ајетите на Господарот нивни не остануваат ни глуви ни слепи;

74. и оние кои зборуваат: “Господаре наш, подари ни од жените наши и потомствата наши радост во очите и одреди да бидеме водачи на богобојазливите!”

75. Бидејќи беа трпеливи ќе бидат наградени со соби и во нив ќе се сеќаваат и со поздрав и со селам:

76. во нив за навек ќе останат. И ете, колку убаво престојувалиште и одморалиште ќе биде тоа!

77. Кажи: “Кога не би биле довите ваши, Господарот мој не ќе се грижеше за вас. Да, лажевте па затоа казната е неминовна.”
Odgovori


Skoči na Forum: