Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Кари'ату (Удар)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-КАРИ'АТУ (“Удар”)

Мекка - 11 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Удар!

2. И кој ќе ти каже што е тоа удар?

3. И што знаеш ти што е тоа удар?

4. Ден е тој во кој луѓето ќе бидат како бубалки расфрлани,

5. а брдата ќе бидат како растегната волна!

6. Што се однесува до оној чии кантари ќе натежнат,

7. па, тој ќе биде во животот задоволен,

8. а што се однесува до оној чии кантари нема да натежнат,

9. престојувалиштето негово, тогаш, е Хавие.

10. А знаеш ли ти што е тоа Хавие?

11. Па тоа е оган распален!
Odgovori


Skoči na Forum: