Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Алек (Грушка)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-АЛЕК (Грушка)

Мекка - 19 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Читај во името на Господарот твој кој создаде,

2. го создаде човекот од грушка на крв!

3. Читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден,

4. кој поучува со перо:

5. го поучи човекот со она што не го знаеше.

6. Но, не! Човекот, навистина, се засилува

7. откога ќе види дека, секако, е во изобилие.

8. Кон Господарот твој, навистина, е враќањето!

9. Го виде ли оној кој му забранува

10. на робот намаз да изврши?

11. Го виде ли дека е по Патоказот,

12. или, пак, дека наредува богобојазливост?

13. Го виде ли дека лаже и дека плеќите ги врти?

14. Е, па, не знаеше ли дека Аллах, навистина, гледа?

15. Но, не! Ако не престане со тоа Ние, навистина, ќе го фатиме за чело,

16. за челото лажно и грешно!

17. Па, нека ја повика дружината своја,

18. а Ние ќе ги повикаме Зебание!

19. Но, не! Ти не слушај го него, падни на сеџде и приближи се до Аллах!
Odgovori


Skoči na Forum: