Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ед-Духа (Утро)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕД-ДУХА (Утро)

Мекка - 11 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во утрото,

2. и во ноќта кога таа ќе се скрие,

3. Господарот твој не те остави и не те замрази!

4. За тебе сигурно е подобро на Ахирет отколку на овој свет!

5. Господарот твој, секако, ќе ти даде и ќе бидеш задоволен!

6. Нели Он те затекна сираче? Па, потоа, те заштити.

7. Нели Он те затекна скршнат во заблуди? Па, потоа, те упати!

8. Нели Он те затекна сиромав? Па, потоа, те збогати!

9. Ете, затоа, јетим не угнетувај,

10. а оној кој пита, не одбивај го!

11. И за благодатите на Господарот твој,тогаш, разговарај!
Odgovori


Skoči na Forum: