Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Буруџ (Ѕвезди)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-БУРУЏ” (Ѕвезди”)

Мекка - 22 ајети

Во името на Аллах , Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во небото со ѕвезди преполно,

2. и во Денот ветен,

3. и во сведокот и во посведоченото,

4. проколнети нека бидат сопствениците на робови,

5. преполни со гориво на оган,

6. кои, крај него, седеа,

7. и кои, токму, беа сведоци на она што го правеа со верниците!

8. Им се одмаздуваа затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот!

9. И власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Аллах, секако, е Сведок за се!

10. Оние кои, навистина, ги мачеа верниците и верничките, потоа не се покајаа... за нив има казна џехеннемска, за нив има казна Харик!

11. А оние, пак, кои веруваа и работеа добри дела, навистина!... за нив има бавчи џеннетски низ кои реки течат. Ете, тоа е победа голема!

12. Усвитено е, навистина, казнувањето на Господарот твој.

13. Он, секако, создава и повторно создава!

14. Он, секако, е Простувач и Срдечен!

15. Господарот на Аршот, Славниот!

16. Чинител на она што го посакува.

17. Ти дојде ли говорот за војската,

18. за фараонот и за Семуд?

19. Но, оние кои не веруваат, постојано во лага си паѓаат,

20. а Аллах ќе ги опфати од сите страни!

21. Но, тоа е Кур’ан Славен,

22. во Лехви Махфуз сочуван!
Odgovori


Skoči na Forum: