Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Иншикак (Цепење)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-ИНШИКАК”(Цепење)

Мекка - 25 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Кога небото ќе се расцепи,

2. и кога Господарот негов ќе го послуша. - Он е Кому треба да се биде послушен,

3. и кога земјата ќе се порамни,

4. и кога ќе го исфрли она што е во неа и ќе стане празна,

5. и кога Господарот нејзин ќе Го послуша... Он е кому треба да се биде послушен!

6. О човеку, ти, навистина, се трудиш кон Господарот твој, со труд, и него ќе го најдеш!

7. Што се однесува до оној со доделената му Книга во раката, десна,

8. ќе полага сметка лесна,

9. и ќе се врати кај семејството свое, радосен!

10. А што се однесува, пак, до оној со дадената му Книга, зад плеќите негови,

11. па, ќе си посакува пропаст,

12. и во Саир ќе биде турнат.

13. Па тој меѓу семејството негово беше радосен,

14. тој, навистина, замислуваше дека никогаш не ќе се врати.

15. И уште како! Господарот негов, навистина, го гледа!

16. Но, не! Се колнам во црвенилото вечерно,

17. и во ноќта и во она што таа ќе го збере,

18. и во Месечината кога ќе се исполни,

19. ќе поминувате од една во друга состојба.

20. Што им е па не веруваат?

21. И зошто кога Кур’анот им се чита на сеџде не паѓаат?

22. Но, лажат оние кои не веруваат.

23. Аллах најдобро го знае она што го кријат!

24. И зарадувај ги, тогаш, со казната болна!

25. Освен оние кои веруваат и кои добри дела работат - нив ги чека награда неминлива.
Odgovori


Verovatno Povezane Teme…
Tema Autor Odgovora Pregleda Poslednja Poruka
Rainbow Ел-Иншикак (Цепење) Boots 0 147 09-10-2023.17:15
Poslednja Poruka: Boots

Skoči na Forum: