Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ет-Теквир (Помрачување)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕТ-ТЕКВИР”(Помрачување)

Мекка - 29 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. И кога Сонцето ќе се помрачи,

2. и кога ѕвездите ќе попаѓаат,

3. и кога брдата ќе се поместат,

4. и кога камилите без сопственици ќе останат,

5. и кога дивите животни ќе се испомешаат,

6. и кога морињата со пламен ќе се исполнат,

7. и кога душите ќе се обединат со телата свои,

8. и кога девојчето живо погребано во земја ќе биде прашано:

9. Заради кој грев е убиено?

10. И кога страниците ќе се отворат,

11. и кога небесата ќе се отстранат,

12. и кога Џехеннемот ќе се разгори,

13. и кога Џеннетот ќе се приближи...

14. ќе узнае душата што си подготвила!

15. Но, не! Се колнам во ѕвездите што се скриваат,

16. кои се движат и кои исчезнуваат,

17. се колнам и во ноќта кога таа затемнува,

18. и во утрото кога дише,

19. Кур’анот, навистина, е Говор на мелек пратеник благороден,

20. од сопственикот на моќта, кој поседува место почесно кај Аршот,

21. кого го слушаат и уште е доверлив...

22. па, другарот ваш не е луд!

23. Го здогледа во видиците јасни,

24. и тој не е шкржав за Невидливото,

25. па, тоа не е Говор на Шејтанот проколнат!

26. Па, каде сте кинисале?

27. па, тоа е само Опомена за световите;

28. за оној меѓу вас кој сака да биде по патот вистински!

29. А она што го сакате е само со посак Аллахов, Господарот на световите!
Odgovori


Skoči na Forum: