09-10-2023.17:05
СУРА
АБЕСЕ(се намурти)
Мекка - 42 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Се намурти и ги сврте плеќите
2. кога му дојде слепиот,
3. а што знаеш ти, можеби дојде да се очисти,
4. или, пак, опомена да прими и Опомената, тогаш, ќе му користи.
5. Што се однесува до оној кој ќе стане богат,
6. па ти со него си заземен,
7. и твое е само да се очисти.
8. А што се однесува до оној што ти дојде брзо,
9. и уште, ете, се плаши
10. а ти на него не внимаваш!
11. Но, не! Опомена е тоа, навистина!
12. Па кој сака Опомената ќе го опомене
13. во страниците почитувани,
14. возвишени и чисти
15. меѓу рацете на пишувачите,
16. чесни и добротворни!
17. Проклет да е човекот! Колкаво е само проклетството негово!
18. Од што Он го создаде?
19. Од капка семе Он го создаде и Он, потоа, го одреди
20. и патот, потоа, му го олесни,
21. а потоа, пак, Он ќе го усмрти и во кабур ќе го остави,
22. а потоа, кога и ќе си посака, ќе го оживи!
23. Но, не! Се уште не го исполни она што Он му го нареди.
24. Нека човекот погледа, тогаш, во храната своја!
25. Ние во изобилие дожд спуштаме, навистина!
26. Потоа земјата во пукнатини ја расцепуваме,
27. и тогаш даваме семе секакво од неа да никне,
28. и лозја и овошје,
29. и маслинки и урми,
30. и бавчи испреплетени,
31. и овошје и зеленчук
32. за да уживате вие и добитокот ваш!
33. Па, кога ќе дојде гласот што заглушува?
34. На Денот кога човекот ќе побегне од брата си,
35. и од мајка си, и од бабо си,
36. и од другарите свои и од синовите свои,
37. на Денот тој, секој човек ќе биде обземен со состојбата своја.
38. Лица некои на Денот тој ќе бидат блескотни,
39. насмеани и весели,
40. а лица некои, пак, со прашина покриени,
41. и со темнеж некаков обземени -
42. овие се, токму, меѓу неверниците расипници!