Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Мурселат (Испратени)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-МУРСЕЛАТ” (“Испратени”)

Мекка - 50 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во оние кои се испратени еднизадруги,

2. па, како виор виорат,

3. се колнам и во оние кои се разгрануваат,

4. и кои одовојувајќи, одвојувања предизвикуваат,

5. и кои, опомена доставуваат,

6. како оправдување или како опоменување!

7. Ветеното ќе ви се случи, сигурно!

8. Тогаш кога ѕвездите не ќе блескаат,

9. и кога небесата ќе испукаат,

10. и кога брдата ќе се здробат,

11. и кога пејгамберите во време определено ќе се зберат!

12. Да, кој ден е тоа одредено?

13. До Денот на Разделбата!

14. А од кај знаеш ти што е тоа Денот на Разделбата?

15. Тешко на лашковците... на Денот тој!

16. Нели Ние ги уништивме поколенијата одамнешни?

17. По нив и другите што Ние дадовме да ги следат.

18. Ете, така Ние работиме со силниците!

19. Тешко на лашковците... на Денот тој!

20. Нели ве создадовме од вода безвредна

21. што ја ставивме на место сигурно,

22. до едно време познато?

23. Па тоа сме Ние кои одредуваме. Е, само колку сме убави во она што Ние го одредуваме!

24. Тешко на лашковците... на Денот тој!

25. Нели Ние одредивме земјата да биде место на збирање,

26. на живите и мртвите,

27. и на неа Ние високи брда поставивме, и со вода бистра ве напојувавме.

28. Тешко на лашковците... на Денот тој!

29. Управете се кон она што за лажно го сметавте,

30. управете се кон она со три краци сенка,

31. која ладовина нема и која од пламен не чува.

32. Како кули ќе фрла искри,

33. како да се камили жолти.

34. Тешко на лашковците... на Денот тој!

35. Ова е Ден во кој не ќе прозборат,

36. и во кој оправдување не ќе им се одобри!

37. Тешко на лашковците... на Денот тој.

38. Ова е Денот на Разделбата. Ние ќе ве собереме вас и народите одамнешни!

39. Па, ако имате сплетка, сплеткарете!

40. Тешко на лашковците... на Денот тој!

41. Богобојазливите ќе бидат, навистина, во сенките и меѓу изворите!

42. и крај овошјето што ќе го посакуваат.

43. “Јадете и пијте ; пријатно нека ви биде... заради она што го работевте!

44. Ете, така Ние ги наградуваме доброчинителите.

45. Тешко на лашковците... на Денот тој!

46. “Јадете и уживајте за кратко: силници сте, навистина!

47. Тешко на лашковците... на Денот тој!

48. И кога ќе им се речеше: “Поклонете се!” Не се поклонуваа.

49. Тешко на лашковците... на Денот тој!

50. Па, во кој говор по него оние веруваат?
Odgovori


Skoči na Forum: