Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Инсан (Човек)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕД-ДЕХР” (“Време”)

Медина - 31 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Му помина ли на човекот она време кога не беше за ништо спомнат?

2. Ние човекот го создадовме, навистина, од мешавина на семе за да го ставиме во искушение, и му дадовме и слух и вид.

3. Ние, навистина, го упативме по Патот: ќе биде ли благодарен или неверник - негово е!

4. Да, Ние за неверниците подготвивме и пранги и синџири и Саир.

5. Добротворите, навистина, ќе пијат од чаша чиј напиток ќе биде смеса на камфор

6. од изворот што ќе го разводат, како што сакаат, ќе пијат робовите Аллахови:

7. оние што го исполнуваа договорот и кои стравуваат од Денот во кој ќе преовладува злото негово,

8. и со храна нахрануваа, и покрај тоа што ја сакаа, и сиромав, и јетим, и затвореник.

9. “Ве храниме, навистина, заради лицето Аллахово: од вас не посакуваме ни награда ни благодарност.

10. Ние, навистина, се плашиме од Господарот наш на Денот во кој лицата ќе бидат намуртени и затемнети.”

11. На Денот тој Аллах ќе ги сочува од злото и ќе им даде радост и среќа,

12. и ќе ги награди, затоа што беа трпеливи, со Џеннет и свила;

13. ќе бидат потпрени на дивани и тука ни жед ни студен не ќе усетат;

14. сенките негови во непосредна близина ќе им бидат, и плодовите негови ќе им бидат спуштени.

15. И од едендодруг ќе се служи со чинии од сребро и со чаши што ќе бидат провидни,

16. провидни од сребро што сами ќе ги одредуваат колкави да бидат;

17. во Џеннетот ќе пијат од чаши чиј напиток ќе биде смеса од ѓумбар,

18. од изворот во Џеннетот со името Селсебил именуван,

19. и од едендодруг ќе ги служат вечно млади момчиња. И кога ќе ги погледнеш веднаш ќе помислиш дека се бисери растурени.

20. И кога ќе погледнеш тамо и пак, кога ќе погледнеш, ќе видиш благодат и царство големо,

21. на нив ќе видиш облека зелена, и од потенка и од подебела свила; ќе бидат накитени со ракавници од сребро, и Господарот нивни ќе ги напојува со напиток чист.

22. “Ете, ова ви е наградата, навистина! Трудољубието ваше за благодарност е достојно!”

23. Ние, навистина, објавувајќи го, ти го објавивме Кур’анот:

24. па, стрпи се до одлуката на Господарот твој и меѓу нив не биди послушен, ни на грешникот ни на неверникот!

25. И споменувај Го името на Господарот твој и наутро и навечер!

26. И во еден дел од ноќта, падни Му на сеџде, и дуж ноќта слави Го!

27. Онаквите, навистина, ја посакуваат мигновеноста, а го оставаат она што е зад нив, Денот тежок!

28. Ние ги создаваме и зглобовите им ги соединуваме. А ако, пак, си посакаме ги менуваме наличјата нивни.

29. Ова, навистина, е Опомена! Па, кој сака ќе го прифати Патот кон Господарот свој.

30. А вие го пожелувате само она што Аллах го пожелува. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

31. Ќе го воведе во милоста Своја кого сака. А за зулумќарите подготви казна болна!
Odgovori


Skoči na Forum: