09-10-2023.16:53
СУРА
“ЕЛ-МУЗЕММИЛ” (“Завиткан”)
Мекка - 20 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Еј, ти завиткан!
2. Само малку стани во ноќта, во еден дел нејзин,
3. половина од ноќта или, пак, помалку од тоа,
4. или, пак, зголеми малку во тоа и читај Кур’ан по правило!
5. Ние, навистина, ќе ти објавиме тежок говор;
6. станувањето ноќе поисправо делува, секако, врз работата, и поисправно во зборувањето,
7. а и дење, исто така, подолго си зафатен.
8. И споменувај Го името на Господарот твој и посвети се, посветувајќи се, кон Него:
9. Господарот на Исток и на Запад; нема друг бог освен Него, и прифатете Го,тогаш, како Закрилник!
10. И стрпи се за она што го зборуваат и оддалечи се од нив, со расчекор пристоен!
11. И остави Ме Мене со лашковците кои поседуваат богатство, и остави ги извесно време!
12. Кај Нас ќе има, навистина, и пранги и Џехеннем!
13. и храна што не се голта, и казна болна!
14. Ден во кој ќе се потресат Земјата и брдата, а брдата ќе бидат расфрлани како од песок тумбиња.
15. Да, Ние ви испративме пејгамбер кој ќе сведочи против вас исто онака како што на фараонот му испративме пејгамбер.
16. И фараонот, тогаш, не го послуша пејгамберот и Ние, заради тоа, го зграбивме со еден грабеж груб.
17. Па, како не се плашите од Денот во кој не верувате... кога на децата ќе им побели косата.
18. Небото тогаш ќе испука и ветувањето Негово ќе се оствари.
19. Ова, навистина, е Опомена! Па, кој ќе посака ќе го прифати патот кон Господарот свој.
20. Господарот твој, секако, знае дека ти стануваш ноќе да се молиш помалку од две третини на ноќта, половина или, пак, една третина, а и дружината што е со тебе. Аллах го одредува и ноќта и денот. Он знае дека вие не знаете да го пресметате тоа и Он ви простува. Па, читајте го од Кур’анот она што ви е лесно! Он знае дека меѓу вас ќе има болни, и оние кои ќе шетаат по земјата барајќи ја добрината Аллахова, а други, пак, се борат на Аллаховиот пат. Па, читајте го од Кур’анот она што ви е лесно! И намаз извршувајте и зекат давајте! И позајмете Му на Аллах заем добар! А доброто што го давате од себе, ќе го најдете кај Аллах уште подобро, и поголема награда. И барајте прошка од Аллах! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!