09-10-2023.16:52
СУРА
“НУХ” (Нух)
Мекка - 28 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Ние, навистина, го испративме Нуха до народот свој: “Опомени го народот твој пред да им настапи казната болна!
2. И рече: О народе мој, јас сум ви, навистина, опоменувач јасен;
3. обожавајте Го Аллаха, плашете се од Него, и бидете ми послушни:
4. Ќе ви прости од гревовите ваши и ќе ве остави до рокот определен. А кога ќе дојде крајот кој Аллах го одреди не ќе се одгоди. Ете, така да знаете!
5. И рече: “Господаре мој, деноноќно го повикував народот мој, навистина!
6. Но, повикот мој ги тераше само во бегство;
7. и секојпат кога ќе ги повикував за да им простиш ги ставаа прстите свои в уши, и се покриваа со огртачите свои, и беа тврдоглави, и се држаа нависоко!
8. Јас потоа ги повикував јавно, навистина,
9. потоа им возгласував, навистина, и тајно им зборував,
10. велејќи им: Барајте прошка од Господарот ваш. Он, навистина, е Простувач!
11. Од небото Он ќе ви испрати вода во изобилство,
12. ќе ви даде и имоти, и синови, а ќе ви даде и бавчи, и реки за вас наменети!
13. Што ви е? Па, не очекувате од Аллах недвосмисленост достојна,
14. и Он, секако, ве создава постапно.
15. Не гледаш ли како Аллах создаде седум небеса, еднинадруги?
16. Меѓу нив Месечината Он ја одреди да биде светлина, а Сонцето да биде светилка.
17. Аллах дава да никнете од земјата како растенија,
18. потоа Он ве враќа во неа и пак ќе ве извади од неа.
19. Аллах ја одреди земјата да ви биде постелнина,
20. за да патувате по широките патишта нејзини.
21. Нух рече: Господаре, непослушни ми се, навистина! И ги следат оние што имотите нивни и децата нивни ја зголемуваат пропаста нивна.
22. И сплетки големи сплеткарат,
23. и зборуваат: “Не оставајте ги никако божествата ваши, и не оставајте ги ни Ведд ни Суваа, ни Јегус, ни Јеук, ни Неср!
24. Веќе скршнаа во заблуда, наголемо! На зулумќарите само заблудата зголемувај им ја!”
25. И заради грешките нивни беа потопени и фрлени во огнот и, освен Аллах, не најдоа ниеден поддржник!
26. И Нух рече: “Господаре мој, не оставај ги на земјата, ниеден жител меѓу неверниците!
27. Ако ги оставиш ќе ги скршнуваат во заблуда, навистина, робовите Твои, и ќе доаѓаат само грешници и неверници!
28. Господаре мој, прости ми, мене и на родителите мои, и на оној кој ќе влезе во домот мој како верник, и на верниците, и на верничките, а на зулумќарите, пак, само зголеми им го страдањето!