Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ет-Тахрим (Забрана)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕТ-ТАХРИМ” (“Забрана”)

Медина - 12 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!



1. О пејгамберу, зошто го забрануваш, настојувајќи да им се исполнат барањата на жените твои, она што Аллах ти го дозволи? Аллах е Простувач и Сомилосен!

2. Да, Аллах ви пропиша како да ги оправдаде заклетвите ваши. Аллах е Пријател ваш! Он е Зналец и Мудар!

3. И кога пејгамберот тајно ќе проговори со некоја од неговите жени, и кога таа ќе ги извести другите за тоа - а Аллах даде тој да го открие тоа -, тогаш нешто од тоа и го откри а нешто го задржа. И бидејќи тој ја извести, таа рече: Кој те извести за ова? Рече: Ме извести Зналецот и Известениот!

4. А ако вие две Му се обратите на Аллах, каејќи се, срцата ваши ќе се приклонат! А ако, пак, вие се помагате против пејгамберот... та, Аллах, навистина, е Заштитникот негов, и Џебраил и добрите верници! И мелеките, по тоа, се поддржници!

5. Господарот негов, ако тој се разведе од вас, можеби ќе му даде други жени што ќе бидат подобри од вас: на Аллах послушни, вернички, оддадени, покајнички, побожни, постачки, стабилни и девици.

6. О верници, чувајте се себеси и семејствата ваши од огнот: луѓето и камењата ќе бидат негово гориво. А мелеките ќе се грижат за него и ќе бидат строги; не ќе бидат непослушни кон наредбата
Аллахова и ќе го работат она што ќе им се наредува.

7. О неверници, денес не ќе можете да се оправдате. Ќе бидете казнети, токму, за она што го работевте!

8. О верници, покајте се кај Аллах со покајание искрено! Господарот ваш, можеби, ќе ги избрише гревовите ваши и ќе ве воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, на Денот во кој Аллах не ќе ве ожалости, пејгамберот и оние кои веруваа со него. Светлината нивна ќе оди пред нив, и од нивната десна страна; ќе зборуваат: “Господаре наш, усоврши ја светлината наша и прости ни. Ти си, навистина, Кадар за се!

9. О пејгамберу, бори се против неверниците и дволичните и биди строг кон нив. Џехеннемот е престојувалиштето нивно. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

10. Аллах го донесе примерот на оние кои не веруваа: жената на Нух и жената на Лут кои беа мажени за двајца добри робови Наши. И двете нив ги осрамотија и затоа тие во ништо не ќе можат да им помогнат кај Аллах. И ќе им се рече: Влезете вие две во огнот меѓу оние кои веќе се влезени!

11. И Аллах го донесе примерот за оние кои веруваа: Жената на фараонот, кога рече: Подигни ми куќа, Господаре мој, во близината Твоја, во Џеннетот, и спаси ме од фараонот и од делото негово, и спаси ме од народот зулумќарски!

12. И: Мерјем, ќерката на Имран, која ја сочува невиноста своја, и во која вдахнавме од Духот, од страна Наша, и која ги потврди зборовите на Господарот свој, и Книгите Негови, и која беше една меѓу потчинетите на Аллах!
Odgovori


Skoči na Forum: