Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Хадид (Железо)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-ХАДИД” (“железо”)

Медина- 29 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!



1. И се што е на небесата и на Земјата го слави Аллаха. Он е Силен и Мудар!

2. Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Он оживува и Он усмртува! Он е Кадар за се!

3. Он е и Прв и Последен! Видлив и Невидлив! Он знае се!

4. Он е Оној кој ги создаде и небсата и Земјата за шест дена а потоа се утврди на Аршот. Он знае и што влегува во земјата и што излегува, што се спушта од небото и што се воздигнува кон него. И Он е со вас каде и да сте. Аллах го гледа она што го работите!

5. Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! И кон Аллах се враќаат нештата!

6. Он ноќта ја вовлекува во денот а денот го вовлекува во ноќта. Он го знае она што е во градите!

7. Верувајте и во Аллах и во пејгамберот Негов и делете од она што ви го оставија да располагате со него. Па, оние кои веруваат меѓу вас и кои делат... ги чека награда голема!

8. Што ви е? Не верувате во Аллах, а пејгамберот ве повикува да верувате во Господарот ваш. Да, Он го прифати договорот ваш - само ако сте верници!

9. Он е Оној кој му објавува на робот Свој ајети јасни за да ве изведе од темнината во светлина. Аллах, навистина, ви е Сочувствителен и Сомилосен!

10. Што ви е? Зошто не делете на Аллаховиот пат? Миразот и на небесата и на Земјата е - Аллахов! Меѓу вас не се еднакви оние кои делеа пред победата и кои се бореа. Оние кои се бореа се на повисоки степени од оние кои делеа по тоа и кои се бореа. А и на едните и на другите Аллах им вети награда. Аллах е Известен за она што го работите!

11. На оној што ќе му позајми на Аллах убав заем... па, Аллах ќе му удвои, и за него има награда благородна,

12. на Денот во кој верниците и верничките ќе ги видиш како светлината нивна поминува пред нив, од десната страна нивна: Еве ви радосница: бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе се остане. Ете, тоа е победа голема!

13. На Денот во кој дволичните, мажи и жени, ќе им зборуваат на верниците: Почекајте не, да позајмиме од светлината ваша! Ќе им се рече: Вратете се назад, па побарајте светлина! Меѓу нив ќе биде поставен ѕид во кој ќе се наоѓа врата. Од внатрешната страна има милост, а од надворешната страна казна.

14. Ќе ги повикаат: Не бевме ли со вас?” Ќе речат: Да! Но, вие самите се сплеткавте, очекувавте, се двоумевте, и по желбите ваши ве заведоа се додека не дојде наредбата Аллахова. Заводникот ве заведе од Аллах!

15. Па, денес од вас не ќе се земе откупнина, а и од оние кои не веруваа. Огнот е престојувалиштето ваше и засолништето ваше. Е, само колку е лошо тоа свратилиште!

16. Не дојде ли мигот за оние кои веруваат срцата да им смекнат, да се уплашат кога ќе се спомене Аллах, и вистината што им се објавува, и да не бидат како оние порано со дадената им Книга... па, времето им се оддалечи а срцата им станаа тврди. Мнозинството од нив се расипани!

17. Знајте дека Аллах, навистина, ја оживува земјата по мртвилото нејзино! Веќе ви ги објаснивме ајетите за да се вразумите!

18. Оние кои, навистина, даваат садака, мажи и жени, му даваат на Аллах добар заем. Он ним ќе им удвои и за нив има награда благородна!

19. А оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов - тоа се, токму, искрените; шехидите кај Господарот нивни ќе имаат награда своја и светлина своја. А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... тоа се жителите џехеннемски!

20. Знајте дека животот на овој свет, навистина, е игра и забава, и украс и горделивост меѓу вас, и натпреварување и во имотот и во децата, како дожд што ќе ги вчудоневиди земјоделците со растенијата што ќе никнат од него кои, потоа, ќе се осушат па ќе ги видиш пожолтени, а потоа ќе ги видиш како се ронат. А на Ахирет има казна жешка, и прошка и задоволство Аллахово. Животот на овој свет е само уживање кое заведува.

21. Претходете еднинадруги во барање прошка од Господарот ваш, и во барање на Џеннетот кој се простира колку што се простираат небесата и Земјата. Подготвен е за оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов. Ете, тоа е добрината Аллахова која ја дава кому сака. Поседник на добрината голема!

22. И секоја неволја што ќе се случи на земјата и меѓу вас е внесена во Книгата, од порано, од Нас создадена, што, за Аллах, навистина, е лесно,

23. за да не се жалостите за она што не можете да го избегнете и да не се радувате многу за она што Он ви го дава. А Аллах не го љуби оној кој се фали и кој се гордее,

24. и оние кои шкржават, и кои им наредуваат на луѓето скришно, и кои ги вртат плеќите... па, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

25. Ние ги испративме пејгамберите Наши, навистина, со јаснотии и преку нив објавивме Книга и Мизан за луѓето да се однесуваат праведно. А и железото го создадовме во кое има голема сила и корист за луѓето. И за да се знае кај Аллах кој Го помага Него и пејгамберите Негови во тајност. Аллах, навистина, е Јак и Силен!

26. Да, и Ибрахим и Нух Ние ги испративме, а меѓу потомството нивно одредивме и пратеништво и Книга: некои од нив беа упатени, а мнозинството меѓу нив се расипани!

27. Потоа Ние по трагите нивни испраќавме пејгамбери
Наши; го испративме и Иса, синот на Мерјем, и му дадовме Инџил, а во срцата на оние кои го следеа, внесовме и доблест и милост а монаштвото самите го создадоа. И се што Ние им пропишавме е само желба за задоволството Аллахово. Но, тие за него не водат грижа вистинска. А на оние кои веруваа ќе им ја дадеме наградата нивна, а мнозинството беа расипани!

28. О верници, плашете се од Аллах и верувајте во пејгамберот Негов: Он ќе ви даде од милоста Своја две награди, и ќе ви одреди светлина по која ќе одите, и ќе ви прости. Аллах е Простувач и Сомилосен!

29. А Следбениците на Книгата нека знаат дека ништо не можат да постигнат од добрината Аллахова, и дека добрината е во рацете Аллахови, и Он ја дава кому сака. А Аллах е Поседник на добрината голема!
Odgovori


Skoči na Forum: