Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ез-Зумер (Дружини)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЗ-ЗУМЕР (дружини)

Мекка - 75 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Се објавува Книга од Аллах, Силен и Мудар!

2. Ние Книгата ти ја објавивме со вистина. Па, обожавај Го Аллаха, исповедувајќи ја чисто верата кон Него.

3. Внимавај, чистата вера е - Аллахова! Оние кои земаат други заштитници освен Него: “Ги обожаваме само да не приближат до Аллах, поблиску! Аллах, навистина, ќе им пресуди за она за што, токму, станаа деленици. Аллах, секако, не ги упатува лашковците и неверниците!

4. Да посакаше Аллах да присвои дете, ќе го избереше од она што го создаде со посак Свој. Славен нека биде Он. Он е Аллах, Еден и Силен!

5. Ги создаде небесата и Земјата со вистина. Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта. Он ги потчини и Сонцето и Месечината. Сето тоа се движи до рокот определен. Он, навистина, е Силен и Простувач!

6. Он ве создаде од еден човек. Потоа од него создаде другар. И Он ви даде осум парови на добиток. Ве создаде во утробите на мајките ваши, суштество по суштество, низ три темнини. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш; власта е - Негова! Нема друг бог освен Него! Па, каде, тогаш, сте кинисале!

7. Па ако не верувате... та, Аллах, навистина, е независен од вас, и не е задоволен со неверувањето на робовите Свои, а ако, пак, Му се заблагодарувате, е задоволен со вас. И не ќе ја понесе никој тежината на бремето од друг, а потоа враќањето ваше води кон Господарот ваш... па, Он ќе ве извести за она што го работевте. Он, навистина, го знае она што е во градите ваши!

8. А кога човекот ќе го снајде неволја некаква, го повикува Господарот свој; Нему му се обраќа. И штом ќе му додели благодат од Него, го заборава она за што го молеше порано, и Му припишува на Аллах еднакви за да скршне од патот Негов. Кажи: “ Уживај малку во неверството твое. Ти си, навистина, меѓу жителите на огнот!”

9. Оној ли е кој, во вечерите негови останува во побожност, паѓајќи на сеџде и стоејќи, кој се сеќава на Ахирет, кој се надева на милоста од Господарот свој... Кажи: “Еднакви ли се оние кои знаат и оние кои не знаат? На Аллах се сеќаваат, навистина, даруваните со разбир!”

10. Кажи: “О робови мои, кои верувате! Плашете се од Господарот ваш! За оние кои прават убави дела на овој свет има добро. Земјата Аллахова е широка. Наградата за трпеливите ќе биде безмерна, навистина!”

11. Кажи: “Наредено ми е, навистина, да Го обожавам Аллаха чисто, исповедувајќи ја верата кон Него,

12. и наредено ми е да бидам прв меѓу Послушните.”

13. Кажи: “Јас, навистина, се плашам, доколку сум непослушен на Господарот мој, од казната на Денот голем.”

14. Кажи: “Аллаха Го обожавам чисто, исповедувајќи Му ја верата моја.

15. Па, обожавајте, освен Него, кого сакате!” Кажи: “ Поразените се, навистина, оние кои се поразија самите себеси, и семејствата свои на Денот суден. Ете, тоа е пораз јасен!”

16. Над нив ќе има слоеви на оган, и под нив ќе има слоеви на оган. Ете, така Аллах ги заплашува робовите Свои: “О робови Мои, плашете се од Мене!”

17. А оние кои го избегнуваат обожавањето на киповите и кои на Аллах Му се обраќаат... за нив има радосница. Па, зарадувај ги робовите Мои,

18. кои го слушаат Говорот, па го следат убавото од него... тоа се оние кои ги упати Аллах. Тоа се даруваните со разбир.

19. За оној за кој се оствари зборот за казната... него ли да го избавиш од огнот?

20. Но, за оние кои се плашат од Господарот свој има соби: изградени еднинадруги испод кои реки течат. Ете, тоа е ветувањето Аллахово. А Аллах не го изневерува ветеното место!

21. Не гледаш ли дека Аллах, навистина, спушта вода од небесата? Па ја воведува во земјата и така настануваат извори. Потоа, со помош нејзина, вади растенија разновидни. Потоа тоа се суши и го гледаш пожолтено и, на крај, го крши. Во тоа, навистина, има опомена за даруваните со разбир!

22. Оној чии гради Аллах ги отвори за Послушноста... па ја следеа светлината на Господарот негов. Па, тешко на оние срца нивни кои се затврднати кога ќе се спомене Аллах! Онаквите се во скршнување очигледно!

23. Аллах го објави најубавиот Говор, Книга со меѓусебно слични делови, која се повторува. Оние кои се плашат од Господарот свој ги фаќаат морници на кожата. Потоа, кога ќе се спомене Аллах, се смируваат и кожите нивни и срцата нивни. Ете, тоа, токму, е Патоказ Аллахов со кој Он упатува кого сака. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... та, за него нема упатувач!

24. Ист ли е оној кој се плаши со лицето свое од пакоста на казната на оној свет? Ќе им се рече на зулумќарите: “Вкусете го она што го спечаливте!”

25. Лажеа и оние кои беа пред нив па им дојде казна оттаму од каде што и не усетуваа.

26. Па, Аллах, одреди да вкусат срам на овој свет, а казна најголема, секако, на Ахирет. Е, само кога би знаеле!

27. Ние им изнесовме на луѓето во овој Кур’ан од се пример за да се сеќаваат.

28. Кур’ан на арапски, без несогласие, за да бидат богобојазливи.

29. Аллах донесува пример: човек кој е здружен со ортаци кои се расправаат еднисодруги и човек кој е потчинет на еден човек. Можат ли овие примери да се изедначат? Благодарение на Аллах! Но, ете мнозинството од нив не знаат!

30. Ти си, навистина, смртник, а и оние се, навистина, смртници!

31. Потоа вие на Денот суден, секако, ќе се расправате еднисодруги кај Господарот ваш.
32. Па, кој е поголем зулумќар од оној кој лаже за Аллах, и кој, кога ќе му дојде вистината, лаже? Нели Џехеннемот е засолниште за неверниците?

33. Оној кој дојде со вистината и оние кои ја потврдија истата... оние, токму,се богобојазливите!

34. За нив, кај Господарот нивни, има се што ќе посакаат. Ете, тоа е награда за доброчинителите.

35. Аллах за да им ги отстрани оние пропусти што ги направија и за да ги награди со најубавата награда нивна оние кои работеа.

36. Нели Аллах е доволен за робот Негов? А оние те заплашуваат со оние, освен Него. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него, нема упатувач!

37. А оној кого ќе го упати Аллах... па, за него, нема никој што ќе го скршне во заблуда! Нели е Аллах Силен и Строг?

38. И ако ги прашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат “Аллах!” Кажи: “Нели ги видовте оние кои ги обожававте освен Аллах?” Ако Аллах ми нанесе штета дали тие ќе можат да ја отстранат штетата Негова? Или, ако посака да ми подари милост, дали тие можат да ја задржат милоста Негова? Кажи: “Аллах за мене е доста. Врз Него се потпираат оние кои се потпираат!”

39. Кажи: “О народе мој, работете на местата ваши! Јас, навистина, работам. Па, ќе узнаете, секако,

40. кому ќе му дојде казната што ќе го осрамоти, и за кого се спрема казна постојана.”

41. Ние, навистина, ти објавивме Книга за луѓето, со вистина. Тогаш, кој ќе се упати за себеси ќе се упати, а кој ќе скршне во заблуда, скршнува, навистина, против себеси. Ти не си товар за нив.

42. Аллах ги усмртува душите при самата смрт нивна, но она додека спије, не е мртва. Па, така, за оние за кои Он ќе реши да умрат, ги задржува, а оние за кои ќе реши да останат, ќе останат до рок определен. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

43. Прифаќаат ли покрај Аллах други посредници? Кажи: “Оние ли кои не поседуваат ништо и кои не сфаќаат?”

44. Кажи: “Посредништвото за сите е кај Аллах! Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Потоа Нему ќе му се вратите.

45. И само кога ќе се спомене името на Аллах, Единствениот, ќе се згрчат срцата на оние кои не веруваат во Ахирет. А кога ќе се споменат, пак, оние освен Него, ете ги како се радуваат!

46. Кажи: “ О Аллаху мој, Творител на небесата и на Земјата, Зналец и на тајното и на јавното, Ти ќе им пресудиш на робовите Твои за она за што станаа деленици!”

47. Оние кои зулум прават кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку би дале, секако, за пакоста на Денот суден, само, ете, да се спасат од неа. А за казната нивна, од страна на Аллах, ќе им се предочи и она што не можеле да го замислат.

48. И ќе им се предочат лошотиите нивни, што ги спечалија, и ќе им се остварат оние работи за кои, токму, се исмеваа.

49. Па, кога ќе го снајде човекот неволја некаква, Не повикува. А кога ќе му овозможиме, потоа, благодат Наша, вели: “Она што ми е дадено, токму, е знаењето!” Но, не! Тоа е сплетка, но ете, мнозинството од нив не знаат.

50. Тоа, секако, го зборуваа и оние пред нив. Па, така, не им вредеше она што го спечалија.

51. Па, ете, ги погодија лошотии за она што го спечалија; оние од нив кои зулум направија ќе ги погодат лошотии за она што го спечалија: ќе станат немоќни.

52. Не знаат ли дека Аллах дава ‘рск кому сака, онолку колку Он ќе одреди? Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат!

53. Кажи: “О робови мои, вие, кои ги занемаривте душите ваши, не губете надеж во милоста Аллахова. Аллах, навистина, ги простува сите гревови. Он, секако, е Простувач и Сомилосен!

54. Приближете се кон Господарот ваш и бидете Му послушни пред да ви дојде казната; по тоа не ќе ви се помогне.

55. И следете го, до вас објавеното, од Господарот ваш, најдоброто, пред да ви дојде казната одненадеж, кога не ќе ни усетите.”

56. Човекот да не рече: “Налет да е, колку должности пропуштив кон Аллах иако бев, секако, меѓу исмевачите!”

57. Или да не рече: “Аллах да ме упатеше, навистина, ќе бев меѓу богобојазливите!”

58. Или да не рече кога ќе ја здогледа казната: “Е, кога би имало за мене враќање па да бидам меѓу доброчинителите!”

59. “Не, ти доаѓаа, секако, ајети Мои ... па, ги сметаше за лажни и се дуеше и беше меѓу неверниците.”

60. На Денот суден ќе ги видиш оние кои лажеа за Аллах како лицата нивни стануваат црни. Нели Џехеннемот е засолниште за горделивите?

61. Аллах ќе ги спаси оние кои се богобојазливи во достигнувањата нивни; не ќе ги снајде зло и не ќе тагуваат.

62. Аллах е Создател на с#! И Он е Закрилник на секоја ствар!

63. Клучевите на небесата и на Земјата се - Негови. Оние кои не веруваат во ајетите Аллахови, токму, се страдалници!

64. Кажи: “Ми наредувате ли, освен Аллах, да обожавам, о незналци!

65. Објавено ми е, секако, она што е објавено и на оние пред тебе: “Ако бидеш многубожец сигурно ќе пропаднат делата твои и сигурно ќе бидеш меѓу страдалниците.”

66. Но, обожавај Го Аллаха и биди меѓу благодарните!

67. А оние не го почитуваат Аллаха онолку колку што вистински треба да го почитуваат. Сета Земја на Денот суден ќе биде во ракофат, а небесата ќе бидат свиткани во десната рака Негова. Славен нека е Он! И високо е над она што Му го здружуваат!

68. И ќе се дувне во Сурлата и, ете, ќе ги снема страшниот глас оние кои се на небесата и оние кои се на Земјата, а не и оние за кои Аллах ќе посака. Потоа, повторно ќе се дувне во Сурлата и, ете ги исправени, во исчекување!

69. А земјата ќе засвети со светлината на Господарот нејзин, и Книгата ќе се постави, и пејгамберите и сведоците ќе се доведат... Исправно ќе им се суди и не ќе им се наштети.

70. Секоја личност ќе си го добие она што го спечалила. Он најдобро го знае она што го работат!

71. Оние кои не веруваа во дружини ќе бидат натерани во Џехеннемот. И штом ќе дојдат до него ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: “Нели ви доаѓаа пејгамбери меѓу вас кои ви ги кажуваа ајетите на Господарот ваш и ве опоменуваа за Средбата на овој Ден ваш?” Ќе речат: “Да!” Но, се овистини зборот за казната на неверниците!

72. Ќе се рече: “Влезете низ вратите на Џехеннемот во кој за навек ќе останете. Е, само колку лошо престојувалиште е тоа за горделивите!

73. А оние кои се плашеа од Господарот свој, во дружини ќе бидат натерани во Џеннетот. И штом ќе дојдат до него, ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: “Селамун алејкум! Бевте прекрасни: па, влезете во Џеннетот и во него за навек ќе останете!”

74. Ќе речат: “Благодарение на Аллах, Кој го исполни ветувањето Негово кон нас, и н# одреди да ја наследиме земјава, да се сместиме во Џеннетот таму каде што ќе си посакаме. Е, само колку е благословена наградата за трудољубивите!

75. И ќе ги видиш мелеките како кружат околу Аршот, славејќи Го, со благодарноста кон Него, Господарот свој. Исправно ќе им се суди и ќе се рече: “Благодарение на Аллах! Господарот на световите!”
Odgovori


Skoči na Forum: