Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Фуссилет (Потенко Објаснување)
#1
Rainbow 
СУРА

ФУССИЛЕТ (потенко објаснување)

Мекка - 54 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, мим!

2. Објава од Милостивиот Сомилосен!

3. Книга со потенко објаснети ајети - Кур’ан на арапски - за луѓето кои знаат!

4. Како радосник и опоменувач. Па, мнозинството од нив се рамнодушни кон него и оние никако не слушаат.

5. И зборуваат: “Срцата наши се затврднати во однос кон она кон што не повикуваат, ушите ни се стежнати а меѓу нас и тебе има завеса. Па, ти работи си, а и ние, навистина, ќе си работиме!”

6. Кажи: “Јас сум, навистина, човек, вам сличен. Само ми се објавува дека вашиот Бог, секако, е еден Бог. Па, тогаш, барајте да се управете кон Него и барајте прошка од Него. И тешко на многубошците!”

7. Оние кои не даваат зекат баш се оние кои не веруваат во Ахирет.

8. За оние кои веруваат и кои добри дела работат, навистина, има награда која не престанува!

9. Кажи: “Вие ли, навистина, не верувате во Оној кој ја создаде земјата за два дена? И Нему ли Му припишувате здруженици? Ете, тоа е Господарот на световите!”

10. И Он расфрла по земјата планини, и во неа, исто така, посеа бериќети, и ги постави сите услови за живот и тоа за четири дена... ова за оние кои бараат.

11. Потоа се упати кон небесата а тие беа како магла, и им рече, ним и на земјата: “Дојдете, сакале или не сакале!” Па, рекоа: “Доаѓаме, сакајќи!”

12. И за два дена, потоа, Он одреди седум небеса, и на секое небо му ја вдахна наредбата за него. А небото, над земјата Ние со ѕвезди го разубавивме и го чуваме. Ете, тоа е наредбата на Силниот и Зналецот!

13. Па, ако се рамнодушни, кажи им: “Ве опоменав со молњата, слична на молњата врз Ад и Семуд!”

14. И кога им дојдоа пејгамберите и зад нив и пред нив: “Освен Аллах ли ќе обожавате?” Рекоа: “Господарот наш да посака ќе испрати мелеки: ние, навистина, не веруваме во она со што сте испратени!”

15. А што се однесува до Ад... тие се дуеја по земјата бесправно, и зборуваа: “Кој е помоќен од нас?” Не гледаат ли дека Аллах кој ги создаде, навистина, е помоќен од нив? И не ги признаваа знаменијата Наши!

16. Па, Ние им испративме ветар ладен, во деновите несреќни за да ја вкусат срамната казна во животот на овој свет, а казната на Ахирет сигурно е посрамна. Не ќе им се помогне!

17. А што се однесува до Семуд... па, нив Ние ги упативме: повеќе го сакаа беспаќето од Патоказот, па ете, ги погоди молња, казна срамна за она што го спечалија.

18. И Ние ги спасивме оние кои веруваа и кои беа богобојазливи!

19. И Денот во кој непријателите Аллахови ќе бидат натерани во огнот... па, тие ќе бидат притворени,

20. и штом ќе дојдат до неа, ќе сведочат против нив: и ушите нивни, и очите нивни, и кожите нивни... за она што го работеа.

21. И оние тогаш ќе им речат на кожите нивни: “Зошто сведочевте против нас?” Овие ќе речат: “Аллах е Оној кој ни даде способност да зборуваме; таква способност и даде на секоја ствар. Он ве создаде првпат и Нему Му се враќате!”

22. Вие не се криевте од тоа да не сведочат против вас: ушите ваши, очите ваши и кожите ваши. Но, ете, мислевте дека Аллах не знае многу од она што го работите.

23. Затоа што така мислевте, за Господарот ваш мислејќи, страдавте, и станавте поразени.

24. Па, и ако се стрпат, огнот ќе биде престојувалиштето нивно, и ако бараат да се вратат во она што сакаат, не ќе можат да се вратат.

25. Ние им одредивме другари па им го разубавуваа она што го работеа и она што ќе го работат. И против нив се оствари зборот што се оствари против народите кои лажеа пред нив: и на џиновите и на луѓето. Оние беа презрени, навистина!

26. Оние кои не веруваат, зборуваат: “Не слушајте го овој Кур’ан и спротиставете му се, викајќи, за да го совладате!”

27. За оние кои не веруваат Ние ќе одредиме сигурно да ја вкусат жешката казна и ќе ги казниме со она што е најболно заради она што го работеа.

28. Ете, тоа е казна, оган, за непријателите Аллахови. Во него за нив ќе им биде Куќата на вечноста: казна затоа што не ги признаваа ајетите Наши!

29. А оние кои не веруваат, зборуваат: “Господаре наш, покажи ни ги џиновите и луѓето што не скршнаа во заблуда, да ги ставиме под нозете наши за да бидат најдолни!”

30. Оние кои, навистина, зборуваат: “Аллах е Господарот наш“, а потоа се истрајни во тоа, им доаѓаат мелеките и им велат: “Не плашете се и не тагувајте и радувајте се на Џеннетот што ви е ветен!

31. Ние сме заштитници ваши и во животот на овој свет и во животот на Ахирет. Во него за вас ќе има с# што ќе посакаат душите ваши, и за вас таму го има она што ќе го побарате.

32. Какво угостување од Простувачот и Сомилосниот!”

33. И кој зборува подобро од оној кој повикува кон Аллах и кој добро работи, и кој вели: “Јас сум, навистина, меѓу Послушните!”

34. Не се изедначуваат доброто и злото! Возврати му со она што е најдобро, па ако меѓу него и меѓу тебе има непријателство, потоа може да стане пријател близок.

35. Ова ќе го постигнат само оние кои се трпеливи и ова ќе го постигнат само оние кои поседуваат еден голем дел од тоа.

36. А ако Шејтанот ти се вмеша па, приклони се кон Аллах. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

37. А од знаменијата Негови се ноќта и денот, и Сонцето, и Месечината. И не паѓајте им на сеџде ни на Сонцето ни на Месечината! Паѓајте Му на сеџде на Аллах кој нив ги создаде ако, секако, само Него го обожавате!

38. Но, ако се почувствуваат горделиви... па, оние кои се кај Господарот твој Го слават Него, и дење и ноќе, без замор.

39. А од знаменијата Негови е и тоа што ти, навистина, ја гледаш земјата сува. Па, кога Ние ќе & спуштиме вода таа, веднаш, ќе роди. Оној што ја оживува - Оживувач е на мртвите. Он, навистина, е Кадар за се!

40. Оние кои не веруваат во знаменијата Наши, навистина, нема да Ни се скријат. Па, подобар ли е оној што ќе биде фрлен во огнот на Денот суден или оној кој ќе дојде сигурен? Работете што сакате! Он, навистина, го гледа она што го работите!

41. Оние кои, навистина, не веруваат во Опомената што веќе им дојде... па, таа, секако, е Книга силна,

42. на која не ќе и дојде невистина ни однапред ни одзади; тоа е Објава од Мудриот и за благодарност Достојниот!

43. Тебе ти се зборува она што им се зборуваше на пејгамберите пред тебе. Господарот твој, секако, поседува прошка а и казна болна.

44. А Кур’анот Ние да го објавивме на неарапски, тие сигурно ќе речеа: “Ајетите да му беа потенко објаснети. Тој да биде неарапски а тој Арап?” Кажи: “За оние кои веруваат Кур’анот е Патоказ и Лечение. Оние кои не веруваат... во ушите нивни има тежина а Кур’анот е за нив слепило; како да се повикуваат од место далечно.

45. И на Муса, секако, Ние му дадовме Книга и, во врска со неа, станаа деленици. А да не беше зборот од Господарот твој, што претходеше, ќе им беше пресудено. Тие, навистина, за него се сомневаат, наполно!

46. А оној кој работи добро, го работи за себеси, а оној кој работи зло, работи против себеси. Господарот твој не е неправеден кон робовите.
47. До Него допира знаењето за Часот. И плодовите што излегуваат од лисната обвивка нивна, и која било жена што ќе затрудни и што ќе роди... е само со знаењето Негово. А на Денот кога ќе им возгласи: “Каде се здружениците Мои?” Ќе речат: “Ти јавуваме дека меѓу нас нема таков сведок!”

48. И ќе скршнат од нив оние кои ги молеа порано. И ќе помислат дека не ќе можат да се оттргнат.

49. На човекот никогаш не му досадува да се моли за добро, а, ако, пак, го снајде зло некакво, очајува, без надеж е!

50. А ако, пак, Ние дадеме да ја вкуси милоста Наша, веќе по штетата што му се случила, сигурно ќе рече: “Ова е мое, и не мислам дека Часот некогаш ќе дојде. А ако, пак, бидам вратен кај Господарот мој... кај Него, мене, навистина, ме чека добрина.” Па, сигурно Ние ќе ги известиме оние кои не веруваат за она што го работеа, и ќе дадеме да ја искусат,сигурно, казната голема!

51. А кога Ние некој човек го благословуваме, станува рамнодушен и, од своја страна, останува настрана, а ако го снајде зло, ете го, како долго се моли.

52. Кажи: “Што мислите? Ако е тоа од Аллах, а вие не верувате во тоа! А кој скршнал во заблуда повеќе од оној кој е во секотина далечна?”

53. Ние ќе им ги покажеме знаменијата Наши во видиците а и во нив самите за да им стане јасно дека тој, навистина, е вистина. Нели е доста тоа што Господарот твој, секако, е Сведок за се!

54. Е, не е така: тие се сомневаат во средбата со Господарот свој, а Он, секако, опфаќа се!
Odgovori


Skoči na Forum: