08-10-2023.21:16
СУРА
ЕЛ-ФАТИР (Создател)
Мекка - 45 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
1. Благодарение на Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, кој ги создаде мелеките да бидат пратеници: со по едно, со по две и со по три крилја. Он во создавањето додава што сака. Аллах, навистина, е Кадар за се!
2. Милоста која ќе ја отвори Аллах кон луѓето никој не ќе може да ја допре. А она што Он ќе го допре, нема никој што ќе може да го испрати по Него. Он е Силен и Мудар!
3. О луѓе, сетете се на благодатот Аллахов кон вас. Има ли друг создател, освен Аллах, кој ќе ви даде ‘рск и од небесата и од Земјата? Нема друг бог освен Него. Па, тогаш, каде сте кинисале?
4. А ако те сметаат за лашко, па за лажни ги сметаа и пејгамберите пред тебе. И кон Аллах работите се враќаат!
5. О луѓе, ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. Нека не ве измами животот на овој свет. И измамата нека не ве измами во однос на Аллах!
6. Шејтанот, секако, ви е непријател. Па, сметајте го само како непријател! Он, навистина, повикува кон странката негова за да бидат жители на огнот.
7. За оние кои не веруваат има тешка казна, а за оние кои веруваат и кои добри дела работат има прошка и награда голема.
8. Ист ли е оној кому му се разубавува постапката на Шејтанот, па ја гледа убава? Па, Аллах, секако, скршнува во заблуда кого сака и Он упатува кого сака. Нека душата твоја, тогаш, не ја обземат грижи за нив. Аллах, навистина, го знае она што го прават!
9. Аллах е Оној кој ги испраќа ветровите, кои ги туркаат облаците... па Ние ќе одредиме, потоа, да се истурат врз некое мртво место и, со тоа, ќе ја оживиме земјата по мртвилото нејзино. Ете, такво ќе биде оживувањето!
10. Оној кој посакува величие... па, сето величие е - Аллахово! Кон него се извишува убавиот збор. И доброто дело Он го дига. А оние кои сплеткарат, работејќи лоши дела, ќе имаат казна жестока. Сплеткарењето нивно е безуспешно!
11. А Аллах ве создаде од земја, а потоа од семе, а потоа ве создаде парови. И жената не останува трудна и не раѓа без знаењето Негово. Никому животот не му се продолжува и никому животот не му се скратува а тоа да не е во Книгата. Ете, тоа за Аллах, навистина, е лесно!
12. И двете мориња не се еднакви: едната вода е пивка, слатка, пријатно се пие, а другата, пак, е солена и горчлива. И од двете мориња јадете свежо месо, и го вадите оној накит што го носите. И гледаш како чамецот го сече морето за да ја побарате добрината Негова и да бидете благодарни.
13. Он ја вовлекува ноќта во денот и Он го вовлекува денот во ноќта, и го потчини и Сонцето и Месечината. И сето тоа така тече до рок определен. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш. Власта е - Негова! А оние кои ги повикувате освен Аллах не поседуваат ни корка од семенка.
14. А ако им се молите не ја слушаат молбата ваша, а, иако ја слушаат, не ќе ви одговорат. На Денот суден не ќе ви го признаат многубоштвото. И никој не ќе те извести како Известениот!
15. О луѓе, вие сте зависни од Аллах. А Аллах, токму, е Независен и за благодарност Достоен!
16. Ако посака Он ќе ве снема и ќе донесе ново поколение.
17. Тоа за Аллах, секако, не е тешко.
18. И ниеден носач не ќе го носи товарот на друг носач. И ако повика претоварениот да му се помогне, во товарот, не ќе може ништо од тоа да му се понесе, па било да е и најблискиот. Ти ги опоменуваш, навистина, оние кои се плашат од Господарот нивни и во тајност, и кои намаз клањаат. А оној кој се чисти, за себеси се чисти, навистина! Свратилиштето е - кон Аллах!
19. Не се еднакви оној кој не гледа и оној кој гледа,
20. ниту темнината и светлината,
21. ниту ладовината и жештината!
22. Не се еднакви ни живите ни мртвите. Аллах, навистина, дава да слуша кој сака. А ти не можеш да ги натераш да те слушаат оние во мезарите.
23. Ти си само опоменувач.
24. Ние, секако, те испративме со вистина, како радосник и опоменувач. И немаше ниедна претходна заедница без опоменувач!
25. А ако те сметаат за лашко... па, тие и оние пред нив ги сметаа за лашковци. Им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии, и со Листови, и со Книга светла;
26. потоа Јас ги казнив оние кои не веруваа. Е, па, каква беше казната!
27. Не гледаш ли дека Аллах, навистина, ви спушта вода од небесата и со неа Ние вадиме различни видови плодови? А низ брдата патишта бели и црвени, со бои различни, а и сосема црни.
28. И меѓу луѓето и меѓу животните и меѓу добитокот има, исто така, различни видови. Ете, така од робовите Аллахови се плашат, секако, учените. Аллах, навистина, е Силен и Простувач!
29. Оние кои ја кажуваат Книгата Аллахова и кои намаз извршуваат и кои делат од ‘рскот што Ние им го дадовме, тајно и јавно, се надеваат на надополнување кое нема да исчезне,
30. или Он да им ги даде наградите нивни и да им зголеми од добрината Своја. Он, навистина, е Простувач и Благодарен!
31. А она што ти се објавува од Книгата е - вистина и Потврда за она што беше објавено пред тебе. Аллах, навистина, за робовите Свои е Известен и Гледач!
32. Потоа Ние Книгата ја оставивме во наследство на робовите Наши кои ги избравме. Некои од нив спрема себе зулум си направија, некои беа умерени, а некои, пак, со одобрението Аллахово, претходеа во добрини. За тоа има, токму, добрина голема,
33. бавчи еденски во кои оние ќе влезат: ракавници од злато и бисери накитени ќе носат, а облеката нивна во нив ќе им биде од свила;
34. и ќе зборуваат: “Благодарение на Аллах кој ни ја отстрани тагата. Господарот наш,навистина, е Простувач и Благодарен!
35. Кој не смести во Домот на постојаното престојувалиште од добрината Негова, во кој не ќе не допре ни замор, а не ќе не допре ни алчност.”
36. А за оние кои не веруваат има оган џехеннемски; во него не ќе им биде пресудено да умрат, а ниту пак ќе им биде олеснета казната. Ете, така Ние ќе го казниме секој неверник!
37. Во огнот ќе пискаат: “Господаре наш, изведи не одовде, ќе работиме добро, а не она што го работевме.” - “Нели ви дадовме толку време да живеете во кое ќе се опоменеше оној што се опоменува? Ви доаѓаше и опоменувач? Па, искусете го огнот!” А зулумќарите ќе немаат поддржник!
38. Аллах, навистина, е Зналец на тајната на небесата и на Земјата. Он, секако, го знае она што е во градите!
39. Он е оној кој ве одреди да се заменувате едниподруги на земјата. Па, кој не верува, неверството е против него. Неверувањето на неверниците само ќе ја зголеми омразата кај Господарот нивни; неверувањето на неверниците само ќе ја зголеми пропаста.
40. Кажи: “Покажете ми ги божествата кои вие ги повикувате, освен Аллах? Покажете ми што тие создадоа од земјава, или, пак, здружени ли се тие во небесата? Или: Им дадовме ли Книга чиј дел тие би можеле да го објаснат. Не, туку зулумќарите еднинадруги лажни ветувања си даваат.”
41. Аллах, навистина, ги држи небесата и Земјата да не пропаднат. А ако, пак, тргнат во пропаст кој, тогаш, по Него, ќе ги задржи? Он, секако, е Благ и Простувач!
42. Се колнеа во Аллах со сета своја впрегнатост дека, ако им дојде опоменувач, ќе бидат, сигурно, еден од најупатените народи. И бидејќи им дојде опоменувач, само се зголеми нивната одвратност:
43. се дуваа по земјата и лошо сплеткареа; а сплеткарењето лошо се оствари само врз оние кои тоа го прават. Па, што очекуваат, освен вообичаеното со народите одамнешни. А во праксата Аллахова не ќе најдеш никаква измена.
44. Не патуваа ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Беа и посилни и појаки од нив. Во моќта на Аллах ништо не може да го спречи ни на небесата ни на Земјата. Он, навистина, е Зналец и Кадар!
45. И кога Аллах би ги казнел луѓето според она што го спечалија на лицето на земјата не би останало ништо живо, но, ете, Аллах ги задржува до време определено. А кога ќе им дојде рокот... па, Аллах, навистина, ги гледа робовите Негови!