Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Лукман (Лукман)
#1
Rainbow 
СУРА

ЛУКМАН (Лукман)

Мекка - 34 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Еве ајети од Книгата мудра:

3. Патоказ и Милост за доброчинителите -

4. кои намаз клањаат и кои зекат даваат, и кои се уверени во Ахирет;

5. онаквите се по Патот на Господарот свој и оние се, токму, спасените!

6. Меѓу луѓето има и такви кои купуваат празен говор за забава за да се скршнуваат во заблуда, незнаејќи, од Аллаховиот пат, и кои го прифаќаат за да се исмеваат. За нив има казна срамна.

7. И кога му се кажуваат ајетите Наши ја врти главата надуено, како да не ги слуша, како во ушите негови да има тежина. Па, зарадувај го со казната болна!

8. За оние кои веруваат и кои добри дела работат има, навистина, благословени бавчи џеннетски,

9. во нив за навек ќе останат. Ветувањето Аллахово е - вистина. Он е и Силен и Мудар!

10. Гледате како Он ги создаде небесата без столбови, а по земјата брдата ги расфрла за да не се тресете, и по неа, исто така, растури животни секакви... И од небесата Ние вода ви спуштаме и од земјата овозможивме да никнат од с# парови благородни.

11. Ова е создавањето Аллахово. Па, тогаш, покажете ми го она што го создадоа оние, освен Него. Но, зулумќарите сигурно се скршнати во заблуда јасна.

12. И на Лукман, секако, Ние му дадовме мудрост: “Биди благодарен на Аллах!” А оној кој е благодарен та, за себеси е благодарен, а оној кој не верува, та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

13. И кога Лукман му рече на син му, советувајќи го: “О синко, не здружувај Му на Аллах здруженик. Здружувањето здруженик, навистина, е зулум голем!”

14. И на човекот Ние му одредивме да се однесува добро кон родителите свои. Мајката го носеше, слабејќи од ден во ден, и го доеше две години: “Биди благодарен, и Мене и на родителите твои. Свратилиштето е - кон Мене!

15. А ако родителите се трудат да те наговорат да Ми припишуваш здруженик за што, всушност, не знаеш ништо, немој да им бидеш послушен, но примерно однесувај се кон нив на овој свет. И следи го патот на оној кој Мене ми е послушен. Потоа враќањето ваше до Мене води, па ќе ве известам за она што го работевте.”

16. “О синко мој, било да е направено нешто колку голушка, па и да е во пустина, на небесата или на Земјата, Аллах ќе го покаже. Аллах, навистина, е Чувствителен и Известен!

17. О синко мој, клањај намаз, наредувај добро и забранувај зло. И биди трпелив во она што ќе ти се случи. Ете, тоа, навистина, е меѓу решителните работи.

18. И не врти го лицето од луѓето, и не оди по земјата горделиво: Аллах, навистина, не го љуби ни горделивиот ни надуениот.

19. И биди умерен во одот твој а намали го и гласот твој. Од гласовите најлошиот, навистина, е гласот магарешки!

20. Не гледаш ли дека Аллах, навистина, ви го потчини и она што е на небесата и она што е на Земјата? И Он ве опсипа со благодатите Свои: и видливи и невидливи. А меѓу луѓето има и такви кои расправаат за Аллах и без знаење и без Патоказ и без Книга светла.

21. И кога им беше речено: “Следете го она што Аллах го објави!” Рекоа: “Не, ќе го следиме она што го најдовме кај предците наши.” И тогаш ли кога Шејтанот ги повикува кон казната џехеннемска?

22. А оној кој ќе го предаде лицето свое на Аллах а доброчинител е... тој веќе се фатил за најцврстото јаже. Аллахова е конечницата на работите!

23. А оној кој не верува... па, нека не те загрижува неверувањето негово. И кон Нас е враќањето нивно и Ние, секако, ќе ги известиме за она што го работеа. Аллах, навистина, го знае она што е во градите.

24. Ние ќе им дадеме да уживаат едно кратко време, а потоа ќе ги турнеме во тешка казна.

25. А ако, пак, ги прашаш: “Кој ги создаде небесата и Земјата?” Сигурно ќе речат: “Аллах!” Но, ете мнозинството од нив не знаат!

26. Она што е на небесата и на Земјата е - Аллахово. Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

27. А кога сите стебла на земјата би биле перциња а морето мастило, на кое ќе му се придружат уште седум мориња, не би се исушиле зборовите Аллахови. Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

28. Создавањето ваше и оживувањето ваше е само како создавањето еден човек. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

29. Не гледаш ли дека Аллах, секако, го вовлекува денот во ноќта, а ја вовлекува ноќта во денот и ги потчини и Сонцето и Месечината? И се тече до рок определен. А Аллах е Известен за она што го работите!

30. Ете, тоа, токму, заради она што Аллах е вистина. Аллах, навистина, е Вишен и Голем!

31. Не гледаш ли дека чамецот плови по морето, секако, со благослов на Аллах за да ви покаже од знаменијата Свои? Во тоа, ете, има, навистина, знаменија за секој трпелив и благодарен.

32. И кога бранот, голем како облак, ќе ги покрие, го молат Аллаха, искрено, искажувајќи ја верата кон Него. И бидејќи ќе ги спаси, доведувајќи ги до копното, само некои од нив покажуваат умереност. Знаменијата Наши не ги признава само силникот и неверникот!

33. О луѓе, плашете се од Господарот ваш и плашете се од Денот во кој ни родителот на своето дете не ќе му помогне, а ниту, пак, детето во нешто ќе му помогне на својот родител. Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. Животот на овој свет, тогаш, никако нека не ве понесе и Шејтанот, исто така, нека не ве оддалечи од Аллах!

34. Знаењто за Часот, секако, е само кај Аллах. И Он спушта дожд и Он го знае она што е во утробите. Човекот не знае утре што ќе заработи; човекот не знае и во која земја ќе умре. Аллах, навистина, е Зналец и Известен!
Odgovori


Skoči na Forum: