Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ер-Руум (Византијци)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕР-РУУМ (Византијци)

Мекка - 60 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Византијците се победени,

3. во земјата соседна: по поразот нивни ќе победат

4. за неколку години.
Наредбата е - Аллахова и пред и по. На Денот тој ќе и се радуваат верниците

5. на помошта Аллахова. Он помага кому сака. Он е Силен и Сомилосен!

6. Ветувањето е - Аллахово. А Аллах не го изневерува ветувањето Свое. Но, мнозинството на луѓето не знаат!

7. Ја знаат само надворешноста на животот на овој свет, а за Ахирет се рамнодушни!

8. Зошто не размислуваат за самите себеси? Она што Аллах го создаде и на небесата и на Земјата, и она меѓу нив, го создаде само со вистина и до рок определен. Мнозинството на луѓето, навистина, не веруваат во средбата со Господарот свој!

9. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Беа појаки од нив: ја ораа земјата и градеа врз неа повеќе од она што го градеа. И им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии. Аллах, секако, не им нанесе зулум, туку самите себеси зулум си направија!

10. Потоа настапи казна за оние кои лошотии нанесуваа, кои ги сметаа за лажни ајетите Аллахови и кои ги исмеваа.

11. Аллах го започнува создавањето а потоа го возобновува. А потоа кај Него се враќате!

12. И на Денот кога ќе настапи Часот силницте ќе изгубат надеж.

13. И не ќе имаат меѓу здружениците свои посредници. Неверници се, токму, заради здружениците нивни!

14. И на Денот кога ќе настапи Часот... тогаш ќе се разделат едниоддруги.

15. А што се однесува до оние кои веруваа и кои работеа добри дела... па, тие во Бавча ќе се радуваат!

16. А што се однесува до оние кои не веруваат... ги сметаа за лажни ајетите Наши и средбата на Ахирет... па, тие во казната ќе се сместат.

17. Па, славен нека биде Аллах и при легнувањето ваше, ноќе и при станувањето ваше, дење.

18. Благодарноста Нему му припаѓа и на небесата и на Земјата, и приквечерина и напладне.

19. Од мртвото Он вади живо, а од живото Он вади мртво, и Он ја оживува земјата по мртвилото нејзино. И ете, вака ќе бидете изведени!

20. А меѓу знаменијата Негови е и тоа што Он ве создаде од земја, а потоа, ете, станавте луѓе растурени насекаде.

21. А од знаменијата Негови е и тоа што од вас Он создаде жени за да најдете смирна во нив. И меѓу вас определи и љубов и милост. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

22. А од знаменијата Негови е и создавањето на небесата и на Земјата, и различието на јазиците ваши и на боите ваши. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за учените.

23. А од знаменијата Негови е и спиењето ноќе и дење, и стремежот ваш кон добрината Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои слушаат.
24. А од знаменијата негови е и тоа што Он ви ја покажува молњата за да се уплашите и да се надевате, и Он од небесата ви спушта вода, па со неа ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат.

25. А од знаменијата Негови е и тоа што Он ги одржува и небесата и Земјата со наредбата Своја. А потоа штом ќе ве повика од земјата со еден повик, ете, ќе се појавите!

26. И она на небесата и она на Земјата е - Негово; и се Нему му е потчинето!

27. И Он е Оној кој го започнува создавањето а потоа го возобновува. Ова е најлесно за Него. Највисокиот пример и на небесата и на Земјата е - Неговиот. Он е Силен и Мудар!

28. Од вас самите, за вас, Он ви дава пример. Имате ли меѓу оние кои се во сопственост ваша здруженици, во ‘рскот што Ние ви го дадовме? Па, еднакви ли сте во тоа, и се плашите ли од нив како што се плашите едниодруги? И ете, така Ние потенко ви ги објаснуваме ајетите за луѓето кои сфаќаат.

29. Но, не! Оние кои направија зулум ги следеа желбите свои без знаење. Па, кој ќе го упати оној кого Аллах во заблуда го скршнал? И оние немаат поддржници!

30. Па, исправи го лицето свое кон чистата вера, кон Аллаховата природа со која ја создаде природата на луѓето. И нема измена во создавањето Аллахово. Ете, таа вера е вистинската вера, но мнозинството на луѓето не знаат,

31. приклонувајќи се кон Него. Плашете се од Него и намаз извршувајте, и немојте да бидете меѓу многубошците,

32. меѓу оние кои ја поделија верата своја и кои станаа деленици. И секоја странка е радосна со она што го поседува.

33. И кога на луѓето ќе им се случи штета некаква, го повикуваат Господарот свој, приклонувајќи Му се. А потоа кога ќе им даде да ја вкусат милоста Негова... ете, една дружина меѓу нив... Му припишуваат здруженик на Господарот свој,

34. за да бидат незаблагодарни за она што Ние им го дадовме. Но, уживајте, па ќе узнаете!

35. Или: Им испративме ли доказ кој им зборуваше за она за што оние здруженик Му припишуваат?

36. И кога Ние ќе испратиме луѓето да ја вкусат милоста се радуваат на неа, а ако им се случи зло некакво, заради она што го направија рацете нивни, ете ги како очајуваат.

37. Не гледаат ли дека Аллах дава ‘рск кому сака и дека Он одредува со мера. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат.

38. Па, дај му го правото негово и на ближниот, и на сиромавиот, и на патникот... Тоа е подобро за оние кои го посакуваат лицето Аллахово. Онаквите се, токму, спасени!

39. Она што го давате заради лихва, за да се лихвари по имотот на луѓето... та, кај Аллах, не се зголемува. А она што го давате како зекат, посакувајќи го лицето Аллахово... та, тоа, ете, за нив ќе се удвои.

40. Аллах е Оној кој ве создава, а потоа ‘рск ви дава, а потоа, пак, ќе ве усмрти и, конечно, ќе ве оживи. Дали меѓу здружениците ваши, меѓу вас, има некој кој ќе направи такво нешто? Славен нека биде Он и Возвишен над она што Му го здружуваат!

41. Се појави безредие и на копно и на море, токму, заради она што го спечалија рацете на луѓето за да го вкусат некои од оние кои тоа го работеа, можеби да се поправат.

42. Кажи: “Патувајте по земјата и гледајте каква беше казната за оние од порано. Мнозинството од нив беа, секако, многубошци!”

43. Па, сврти го лицето твое кон верата вистинска пред да настапи Денот, кој не ќе може никој од Аллах да го отфрли. На Денот тој ќе се разединат:

44. оној кој не верувал... па, неверството негово ќе биде против него, а оној кој работел добро... па, тоа, таквите, за себеси си го подготвија,

45. за да ги награди Он оние кои веруваа и кои работеа добри дела заради задоволството Негово. Он, навистина, не ги љуби неверниците!

46. А од знаменијата Негови е и тоа што Он го испраќа ветрот како радосница за да искусите нешто од милоста Негова, и за да плови бродот со наредбата Негова, за да тежнеете кон добрината Негова и за да се заблагодарувате.

47. И пред тебе, секако, Ние испраќавме пејгамбери до народите нивни. Па, им доаѓаа со јаснотии. Потоа Ние ги казнивме оние кои се силеа во зло, а верниците, пак, ни беше обврска да ги потпомогнеме.

48. Аллах е Оној кој ги испраќа ветровите кои, ете, ги гонат облаците по небото па, со посак Негов, ги растегнуваат и на парчиња ги дробат. Па, така гледаш како дождот излегува од нив кој, кога ќе падне кому Он сака од робовите Негови, тие му се радуваат,

49. и покрај тоа што, навистина, беа очајни пред да падне врз нив.
50. Погледни ги, тогаш, трагите на милоста Аллахова: како ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Он, навистина, ќе ги оживи мртвите. Он е Кадар за се!

51. А кога Ние би им испратиле ветар кој се ќе пожолти и потоа тие, секако, зулум ќе прават и нема да веруваат.

52. Ти, навистина, не можеш да ги натераш да те слушнат мртвите, ниту, пак, можеш да го натераш глувиот да го слушне повикот кога е свртен од тебе,

53. а ниту, пак, можеш да ги упатиш слепите од нивното скршнување во заблуда; можеш да ги слушнеш само оние кои веруваат во знаменијата Наши - овие се Послушните!

54. Аллах е Оној кој ве создаде слаби, а по слабоста моќ ви дава, а по моќта, пак, слабост ви дава и, секако, старост. И Он го создава она што го сака. Он е Зналец и Кадар!

55. А на Денот кога ќе се случи Часот, силниците ќе се колнат дека само еден час останале. Ете, така оние и порано кинисуваа.

56. А оние со даденото им знаење и иман ќе речат: “Вие останавте, секако, како што е тоа означено во Книгата Аллахова, до Денот на оживувањето. А ова е Денот на оживувањето, но вие, ете, тоа не го знаевте.”

57. Па, на Денот тој оправдувањата на оние кои зулум направија не ќе им користат и од нив не ќе се бара ни да се оправдуваат.

58. Во овој Кур’ан Ние, веќе, им изнесовме пример од се по нешто. И кога би им дошол со знамение некакво оние кои не веруваат сигурно ќе речат: “Вие само невистини изнесувате!”

59. Ете, така Аллах ги запечатува срцата на оние кои не знаат.
60. Па, стрпи се! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. И никако нека не те вознемируваат оние кои не се уверени!
Odgovori


Skoči na Forum: