Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Хаџџ (Хаџ)
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-ХАЏЏ (Хаџ”)

Медина - 78 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. О луѓе, плашете се од Господарот ваш! Потресот при Часот, навистина, е нешто големо!

2. Ден во кој ќе видите како секоја доилка го заборава она што го доела, а секоја трудница како ќе го пометне плодот нејзин; ќе ги видиш луѓето пијани а, всушност, не се пијани. Но, казната Аллахова е жестока!

3. И има луѓе кои расправаат за Аллах безнајно и го следат секој шејтан проколнат;

4. да, за него е пропишано оној кој ќе го земе за заштитник да го скршне во заблуда и да го управи кон казната огнена.

5. О луѓе, ако сте при сомнение во проживувањето, па Ние, ве создадовме од земја, потоа од капка семе, потоа од засирена крв, потоа од парче месо, целосно и нецелосно за да ви објасниме; и во утробите утврдуваме со посак Наш до рок определен; потоа ве вадиме како малечко за да станете потоа мажевствени. Некои меѓу вас умираат а некои, пак, во длабока старост паѓаат, така што она што некогаш го знаеја сега не го знаат. Земјата ја гледаш замрена, па кога ќе спуштиме на неа вода... ете, таа ќе заживее, ќе забуја и ќе за’ рти растение од секој вид убав.

6. Ете, тоа го рековме за да знаете дека Аллах, секако, е Вистина и дека Он, навистина, ги оживува мртвите и дека Он е Кадар за се!

7. Да, Часот доаѓа; во него нема сомнение. Аллах, навистина, ќе ги оживи оние во мезарите!

8. И има луѓе кои расправаат за Аллах безнајно, без патоказ и без Книга светла:

9. одат горделиво за да скршнат во заблуда од Аллаховиот пат. На овој свет ќе бидат понижени, а на идниот свет Ние ќе одредиме да ја вкусат казната огнена,

10. и тоа заради она што го направија од порано рацете твои. Аллах, навистина, не е неправеден кон робовите!

11. И има луѓе кои го обожаваат Аллаха, сомневајќи се; па, ако им се случи добро, се смируваат со тоа, а ако им се случи, пак, искушение некакво, се оддалечуваат: ќе го изгубат и овој свет и Ахирет. Ете, тоа, токму, е пораз очигледен!

12. Ги повикуваат покрај Аллах оние кои не можат ни да им нашеттат ни да им користат. Тоа, токму, е скршнување во заблуда далечна!

13. Го повикува оној чија штета е поблиску до користа негова. Е, само колку лош заштитник е тој! Е, само колку лош поддржник е тој!

14. Оние кои веруваат и кои работат добри дела... Ние, навистина, ќе ги воведеме во бавчите џеннетски низ кои реки течат. Аллах, навистина, работи што посакува!

15. Оној кој мисли дека Аллах нема да му помогне и на овој свет и на Ахирет нека растегне јаже до небо, потоа нека го искине, и нека размисли дали искинатината ќе го отстрани она за што тој, токму, негодува.

16. И ете, така Ние му ги објавивме ајетите јасни и Аллах, навистина, упатува кого сака.

17. Аллах, навистина, ќе ги издвои на Денот суден оние кои веруваа од оние кои беа Евреи, Сабејци, христијани и меџусии и оние кои беа многубошци!

18. Не знаеш ли дека на Аллах, секако, на сеџде му паѓа с# она што е на небесата и на Земјата, и Сонцето и Месечината, и ѕвездите и планините, и стеблата и животните и, исто така, многу меѓу луѓето? А многу има кои ја заслужуваат казната. А оној кого Аллах ќе го понижи нема никој што ќе го удостои. Аллах, навистина, работи што сака!

19. И ете, два противника кои расправаат за Господарот свој. За оние кои не веруваат ќе им биде сошиена облека од оган, а над главите нивни ќе им се сипа зовриена вода:

20. од неа ќе се стопи она што е во стомаците нивни, и кожите, исто така;

21. над нив има топузи од железо:

22. секогаш кога ќе се впрегнат да излезат од таа спурнина неподнослива... : “Вратете се во неа и искусете ја казната огнена!”

23. На оние кои веруваат и кои работат добри дела Он ќе ги воведе, навистина, во бавчите џеннетски низ кои реки течат: во нив ќе бидат украсени со нараквици од злато и бисери, а облеката нивна ќе им биде од свила.

24. И беа упатени кон учтив говор и беа упатени кон патот на Оној кој е за благодарност Достоен!

25. А оние кои не веруваат и кои, навистина, одвраќаат од Аллаховиот пат, и од Месџидул Харам кого Ние го одредивме, било за мештаните било за дојденците - кои, според тоа, во него посакуваат да осквернат и зулум да направат, Ние ќе одредиме да ја вкусат казната болна.

26. И кога на Ибрахим му го означивме местото за куќа: “Не здружувај Ми ништо и очисти ја куќава Моја за оние кои се вртат околу неа, кои стојат и кои на сеџде паѓаат.”

27. И возгласи го за луѓето хаџџот: ќе ти доаѓаат и пешки и на камили истоштени, ќе доаѓаат од сите страни далечни,

28. за да си прибават користи кои се нивни, и да го споменуваат името Аллахово во деновите познати при ‘рскот нивни од животното од Него, за нив наменето. Јадете од него и поделете го на несреќниот бедник.

29. Нека ја отстранат потоа нечистотијата своја, и нека ги исполнат ветувањата свои, и нека прават таваф околу Куќата древна!

30. Ете, оној кој ги велича светостите Аллахови... тој, кај Господарот свој, е подобар. И дозволени ви се животните, освен оние кои ви се споменати, и избегнувајте ја срамотијата на киповите и избегнувајте го разговорот безработен,

31. искрено оддадени на Аллах, не здружувајќи Му ништо; оној кој Му припишува здруженик на Аллах е како оној кој ќе падне од небо, па птиците ќе го разграбат или, пак, ветрот ќе го однесе во некое место далечно.

32. Ете, оној кој ги велича прописите Аллахови... овие се, токму, последица на срцата побожни.

33. Вие во нив имате користи до време одредено; потоа местото нивно е кај Куќата древна.

34. И на секоја заедница Ние и одредивме обред за да го споменуваат името Аллахово при ‘рскот нивни од животното од Него, за нив наменето. Па, вашиот Бог е еден Бог. И Нему, тогаш, оддадете Му се! И зарадувај ги понизните,

35. чии срца, кога ќе се спомене Аллах, ќе затреперат, кои се трпеливи за она што им се случува, кои намаз извршуваат и кои, од ‘рскот што Ние им го дадовме, делат.

36. Еден од обредите хаџиски се и камилите кои Аллах ви ги одреди. Во нив, за вас, има добро. Споменувајте го името Аллахово кога ќе бидат во редови поредани. А кога ќе паднат на земја, јадете од нив и нахранете го оној што е задоволен со тоа и оној кој пита. Ете, Ние така ви ги потчинивме за да бидете благодарни!

37. Ни месото нивно ни крвта нивна не ќе стигнат до Аллах, туку богобојазливоста ваша ќе стигне до Аллах. Ете, така ви ги потчини за да Го славите Аллаха заради тоа што ве упати, и зарадувај ги доброчинителите!

38. Да, Аллах ќе ги земе во заштита оние кои веруваат. Аллах, навистина, не сака никаков предавник и неблагодарен!

39. Дадено им е секакво овластување на оние кои се убиваат, зашто врз нив зулум се прави. Аллах, навистина, е Кадар да им помогне;

40. оние кои се истеруваат од огништата нивни бесправно, затоа што зборуваа: “Господарот наш е Аллах.” Кога Аллах не би ги спречувал луѓето еднисодруги ќе беа срушени манастирите, и црквите, и синагогите и џамииите во кои многу се споменува името Аллахово. И Аллах сигурно не ќе му помогне на оној кој не го помага Аллаха. Аллах, навистина, е Моќен и Силен!
41. Оние кои, ако им дадеме моќ на земјава, намаз извршуваат и зекат даваат, наредуваат добро и одвраќаат од зло. Но, крајот на сите нешта е кај Аллах!

42. А ако те сметаат за лашко па веќе ги сметаа за лашковци и оние пред нив, народот на Нух, Ад и Семуд,

43. народот на Ибрахим и народот на Лут,

44. и жителите на Медјен. И Муса беше сметан за лашко. И им дадов рок на неверниците а потоа ги зграбив. Е, само каква беше казната Моја!

45. И колку градови Ние уништивме, чии жители беа зулумќари... беа срамнети; ги снема. Има голем број напуштени бунари и градби високи!

46. Па, не патуваат ли по земјата за срцата нивни да сфатат за тоа, и ушите нивни со кои ќе слушаат, но, очите, навистина, не се слепи, туку слепи се срцата во градите.

47. И бараат побрзо од тебе за казната, но Аллах не ќе го изневери ветувањето Свое. Еден ден кај Господарот твој е како илјада години кои вие ги броите.

48. И на колку градови Ние им го продолживме рокот, чии жители беа зулумќари, а потоа Ние ги зграбивме. Свратилиштето е - кон Мене!

49. Кажи: “О луѓе, јас сум, навистина, ваш опоменувач јасен!”

50. Та, за оние кои веруваат и кои работат добри дела има прошка и ‘рск благороден.

51. Додека оние кои настојуваат да ги отфрлат ајетите Наши се немоќни; жители џехеннемски ќе станат.

52. И пред тебе Ние не испративме ниеден пратеник и пејгамбер а Шејтанот да не му фрлеше нешто во она што, токму, го кажуваше. И Аллах секогаш го отстрануваше она што го фрлаше Шејтанот и потоа ги утврдуваше ајетите Свои. Аллах е Зналец и Мудар,

53. за да го направи она што Шејтанот го уфрлува искушение за оние во чии срца има болештина и чии срца затврднаа. Зулумќарите, навистина, се во цепнатина далечна!

54. И да узнаат оние со даденото им знаење дека тоа, навистина, е вистина од Господарот твој, па да веруваат во неа и да им се сплотат срцата нивни. Аллах ги упатува оние кои веруваат по патот вистински.

55. Оние кои не веруваат постојано се сомневаат во тоа се додека не им дојде Часот последен, одненадеж, или, пак, додека не им дојде казната жестока на Денот.

56. Власта на Денот тој е само Аллахова и Он ќе им пресуди и на едните и на другите. Оние кои веруваат и кои работат добри дела ќе бидат во бавчите џеннетски благословени.

57. А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... за нив има казна понижувачка.

58. Оние кои се иселија на Аллаховиот пат, кои потоа беа убиени или кои умреа... Аллах сигурно ќе им даде ‘рск добар. Аллах, навистина, меѓу снабдувачите е Најдобриот!

59. Ќе ги воведе, сигурно, во место со кое ќе бидат задоволни. Аллах, навистина, е Зналец и Благ!

60. Ете, на оној кој ќе возврати со иста мера за она што му е направено, а потоа ќе му се наштети Аллах, сигурно, ќе го помогне. Аллах, навистина, е Помилувач и Простувач!

61. Ете, така Аллах го менува денот во ноќта, а ноќта во ден. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

62. Ете, така Аллах, секако, е Вистина и дека она што го повикуваат, освен Него, е невистина. Аллах, навистина, е Вишен и Голем!

63. Не гледаш ли дека Аллах, секако, спушта вода од небо па земјата станува зелена? Аллах, навистина, е Сочувствителен и Известен!

64. И се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! Аллах, навистина, е Оној кој е Богат и за благодарност Достоен!

65. Не гледаш ли дека Аллах се вам ви потчини? И она што е на земјата, а чамецот плови по морето со наредбата Негова. И Он го држи небото да не падне на земјата, освен, секако, со одобрението Негово. Аллах, навистина, кон луѓето е Сочувствителен и Сомилосен!

66. Он е Оној кој ве оживува а потоа ве усмртува, а потоа пак ве оживува. Човекот, навистина, е наклонет кон неверството!

67. За секоја заедница Ние одредивме обред чии жители го практикуваа. Па, не дозволувај никако да се расправа со тебе за наредбата. Повикувај го Господарот твој. Ти си, навистина, по патоказот вистински!

68. А ако расправаат за тебе, кажи: “Аллах најдобро го знае она што го работите!”

69. Аллах ќе ви пресуди на Денот суден за она за што станавте деленици.

70. Не знаеш ли дека Аллах, навистина, го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата; да, се тоа е во Книгата. Тоа за Аллах, навистина, е лесно!

71. И оние го обожаваат она, освен Аллах, за што не е објавено овластување и за што тие, токму, ништо не знаат. За зулумќарите нема поддржник!

72. И кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, ти приметуваш на лицата од оние кои не веруваат неодобрување некакво. Само што не ги фаќаат в гуша на оние кои им ги кажуваат ајетите Наши. Кажи: “Да ве известам ли за злото на тоа? - Оган што им го вети Аллах на оние кои не веруваат. “ Е, само колку е лош тоа свратилиште!

73. О луѓе, се изнесува пример па, слушнете го! Оние кои ги повикувате, освен Аллах, не можат, навистина, да создадат ни мушичка. Дури и да се соберат за тоа. Ако мушичката им зграби нешто не ќе можат ни да го извадат. Слаби се, навистина, барателот и бараното!

74. И оние не можат да ја измерат вистинската мера Аллахова. Аллах, навистина, е Моќен и Силен!

75. Аллах избира меѓу мелеките и меѓу луѓето пејгамбери. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

76. Го знае и она што е пред нив и она што е зад нив. Работите се враќаат кон Аллах!

77. О верници, паѓајте на руку’, а паѓајте и на сеџде и обожавајте Го Господарот ваш; и правете добро... за да бидете спасени!

78. И борете се на Аллаховиот пат со борба вистинска за Него. Он ве избра и во верата не ве задолжи со нешто исклучително, во верата на вашиот бабо Ибрахим. Он ве именуваше од порано како муслимани, и во овој Кур ан, исто така, за пејгамберот да биде сведок против вас, а вие да бидете сведоци против луѓето. Па, намаз извршувајте и зекат давајте и држете се за него; Он е заштитникот ваш. Е, само колку добар Заштитник е Он! Е,само колку добар Поддржник е Он!
Odgovori


Skoči na Forum: