Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел Енбија ( Пејгамбери )
#1
Rainbow 
СУРА

ЕЛ-ЕНБИЈА (Пејгамбери)

Мека - 112 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. За луѓето се приближува пресметката нивна, а тие се безгрижни и рамнодушни кон неа.

2. Опомената од Господарот нивни не им дојде а да не ја сослушаат и со неа да не се изигруваат.

3. Срцата нивни се расфрлани; тајно си шепотат и си се доверуваат оние кои зулум направија: “Нели ова е човек вам сличен? Ќе се поведувате ли за волшебништвото а гледате дека тоа е така.”

4. Рече: “Господарот мој го знае говорот и на небо и на Земја. Он е Слушач и Зналец!”

5. Но, не! Само велат: “Тоа се само сништа нејасни; тоа е само лага. Тој е поет, па ни дојде со знамение како што беа дошле одамнешните.”

6. Градот пред нив што Ние го уништивме не веруваше. Па, ќе веруваат ли тие?

7. И пред тебе Ние испраќавме луѓе на кои им објавивме. Па, прашај ги Следбениците на Опомената ако вие, навистина, не знаете.

8. И Ние не ги направивме тела, кои не јадат храна и кои би биле вечни.

9. Потоа се овистини ветувањето; тогаш Ние ги избегнавме оние кои сакавме, а расипаните ги уништивме.

10. Ние, секако, ти објавивме Книга во која има опомена за вас. Нема ли да се вразумите?

11. И колку градови Ние ги снемавме кои беа зулумќари и по нив создадовме други луѓе.

12. И бидејќи ја усетија строгоста Наша веднаш од градот избегаа.

13. Не бегајте, вратете се онаму каде што живеевте удобен живот, и во огништата ваши, бидејќи ќе бидете одговорни.

14. Рекоа: “Тешко нам! Ние, навистина, бевме зулумќари.”

15. И тоа нивно довикување не престануваше се додека Ние не ги направивме жито пожнеано.

16. И Ние не ги создадовме небесата и Земјата и она што е меѓу нив за да си играме.

17. Кога би посакале да се забавуваме со тоа Ние не би зеле ништо од Нас, но тоа Ние не го правиме.

18. Но, не! Туку Ние невистината ја потискуваме со вистината и, така, невистината е спречена и исчезнува. Тешко вам за она што му го припишувате на Аллах!

19. И се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А оние кои се во близината Негова не престануваат во ибадетот кон Него и не се заморат.

20. И деноноќно Го величат; лаги не измислуваат.

21. Или, земаат ли од земјата божества некакви што ќе можат да оживуваат?

22. И кога би имало на небесата и на Земјата друго божество освен Аллах - би пропаднале, сигурно! Па, нека биде славен Аллах, Господарот на Аршот, од она што Му го припишуваат!

23. И не ќе биде прашан за она што го прави, а тие ќе бидат прашани.

24. Или, пак, покрај Аллах оние земаат божество? Кажи: “Донесете, тогаш, доказ ваш. Оваа Опомена е за оној што е со мене и Опомена е за оној што е пред мене. Но, мнозинството од нив не ја знаат вистината: ете, рамнодушни се!

25. И Ние не испративме ниеден пејгамбер пред тебе а да не му објавивме дека нема друг бог освен Него; па, тогаш, само Мене обожавајте ме!

26. И зборуваа: “Милостивиот си присвои дете.” Славен нека биде Он! Но, робовите се само благородни,

27. кои не претекнуваат во зборувањето, туку се однесуваат според наредбата Негова,

28. Он го знае и она што е пред нив и она што е по нив; тие ќе посредуваат само за оној со кого е Он задоволен. Оние, бидејќи се плашат од Него, се чувствителни!

29. А оној меѓу нив кој вели: “Да, јас сум бог покрај Него” - ќе го казниме со Џехеннемот. И ете, така Ние ги казнуваме неверниците.

30. Не гледаат ли оние кои не веруваат дека и небесата и Земјата беа, навистина, една целина па Ние ја раздвоивме. И се што е живо Ние од вода го создадовме. Не веруваат ли?

31. И по земјата Ние подигнавме планини без таа да ги стресе и создадовме патишта широки меѓу планините, патеки, за да се управуваат по нив.

32. И Ние небото го создадовме како покрив сигурен. Но, оние се рамнодушни кон знаменијата Наши.

33. И Он ги создаде ноќта и денот, Сонцето и Месечината. И с# во вселената плови.

34. И Ние човекот пред тебе не го создадовме вечен. Е, па, ако ти умреш, вечни ли ќе бидат тие?

35. Секој човек ќе ја вкуси смртта. Ние ќе ве испробаме и со добро и со зло искушение. И нам ќе ни се вратите!

36. И ако те видат оние кои не веруваат, само те исмеваат: “Тој ли е овој кој ги споменува божествата ваши?” Тоа се, токму, оние кои не веруваат во Опомената на Милостивиот.

37. Човекот е создаден набрзина. Ќе ви ги покажам знаменијата Мои, па не барајте со Мене да брзате!

38. И велат: “Што е со ветувањето ако сте искрени?”

39. Или кога неверниците би знаеле кога ќе се оствари, огнот ни од лицата нивни ни од плеќите нивни не би можеле да го отстранат а ниту, пак, би им се помогнало,

40. туку би им дошло одненадеж, вчудоневидувајќи ги, и не ќе можат да го отстранат и тогаш не ќе бидат здогледани.

41. Беа исмевани и пејгамберите пред тебе, секако! Па, кај оние од нив кои се исмеваа им се оствари она за што, токму, се исмеваа.

42. Кажи: “Кој ќе ве штити деноноќно од Милостивиот?” Тие се кон Опомената на Господарот свој рамнодушни!

43. Или, пак, ќе ги поддржиш божествата а не Нас? Оние не можат себеси да си помогнат, а ниту пак од Нас да ги придружуваат.

44. Но, за нив и предците нивни Ние одредивме да уживаат се додека времето не им се продолжи. Не гледаат ли дека Ние, навистина, ја стеснуваме земјата од краиштата нејзини? И оние ли се победници?

45. Кажи: “Јас ве опоменувам, навистина, со објавата.” Но, глувите не го слушаат повикот кога ќе бидат опоменати.

46. И кога би ги допрел само еден замав од казната на Господарот твој сигурно би рекле: “Тешко нам! Ние, навистина, бевме зулумќари!”

47. На Денот суден Ние ќе ги поставиме мерилата на правдата и тогаш не ќе биде оштетен. И ако нешто биде ситно колку една голушка ќе му го дадеме. Доста е тоа што Ние ќе пресметуваме.

48. Ние веќе и на Муса и на Харун им дадовме Разделувач на вистината од невистината, и Светлина и Опомена за богобојазливите,

49. кои се плашат од Господарот свој во тајност и кои го предвидуваат Часот определен.
50. А овој Кур’ан е благословена Опомена која Ние ја објавивме. Е, па, го пренебрегнувате ли?

51. И на Ибрахим Ние му го дадовме показот негов и порано. И Ние добро го познававме.

52. Кога му рече на бабо му и на народот свој: “Какви се овие контури кон кои вие се оддавате?”

53. Рекоа: “Ги најдовме предците наши како ги обожаваат.”

54. Рече: “Вие и предците ваши веќе скршнавте во заблуда очигледна!”

55. Рекоа: “Ни дојде ли со вистина или, пак, си играш?”

56. Рече: “Но, не! Господарот ваш е Господарот на небесата и на Земјата; Он нив, токму, ги создаде. Јас сум ваш сведок.

57. И се колнам во Аллах дека, штом ќе се оддалечите, сигурно ќе ги скршам киповите ваши.”

58. Всушност, ги здроби во парчиња, освен големиот за да му се обратат.

59. Рекоа: “Кој го направи ова со божествата наши? Тој, навистина, е зулумќар!”

60. Рекоа: “Слушнавме за едно момче кое го споменуваат; го викаат Ибрахим.”

61. Рекоа: “Доведете го пред очите на луѓето за да посведочат!”

62. Рекоа: “О Ибрахим, ти ли го направи ова со божествата наши?”

63. Рече: “Не, тоа го направи најголемиот од нив: ете, прашајте го! Ако зборуваат?”

64. Па се присобраа и рекоа: “Вие сте, навистина, зулумќари!”

65. Потоа ги наведнаа главите свои и рекоа: “Знаеш ли дека тие не зборуваат?”

66. Рече: “Е па, ќе обожавате ли други богови освен Аллах кои во ништо не можат да ви користат и да ви наштетат?”

67. Тешко и вам и на оние кои ги обожавате, освен Аллах! Нема ли да се вразумите?

68. Рекоа: “Запалете го и помогнете ги божествата ваши, ако сакате тоа за нив да го направите!”

69. Ние на глас рековме: “О оган, стани ладен и спасоносен за Ибрахим!”

70. И посакаа да му стават стапица, но Ние ги поразивме.

71. И Ние го спасивме него и Лута на земјата која ја благословивме за световите.

72. И Ние го подаривме Исхака, а и Јакуба како внук. И Ние одредивме двајцата да бидат добри.

73. И Ние ги одредивме да бидат водачи кои ќе упатуваат по наредбата Наша и им вдахнавме да работат добрини, да извршуваат намаз и да даваат зекат. Нас не обожаваа!

74. И на Лут Ние му дадовме и мудрост и знаење и го избавивме од градот во кој беа присутни лоши навики. Злодејци беа, навистина, сограѓаните негови... расипани!

75. И Ние го воведовме во милоста Наша; беше, навистина, меѓу добрите луѓе.

76. И на Нух, кога порано повика, му се оѕвавме: Ние го избавивме него и семејството негово од несреќата голема;

77. и Ние го заштитивме од луѓето негови кои ги сметаа за лажни ајетите Наши. Злодејци беа, навистина, па сите заедно ги потопивме.

78. И Давуд и Сулејман кога судеа за посевот што ноќе го пасеа овци од некои луѓе... Бевме сведоци за судењето нивно.

79. И Ние тогаш одредивме Сулејман да проникне во тоа. И на двајцата им дадовме мудрост и знаење. И Ние ги потчинивме и планините и птиците, заедно со Давуд, да оддаваат слава; ете, тоа го направивме.

80. И Ние го научивме да прави штитови за вас, да ве штитат од непријателот ваш. Е па, ќе бидете ли благодарни?

81. И на Сулејман му дојде силен ветар, кој дуваше по наредбата негова, по земјата што ја благословивме... Ние постојано ги знаеме сите нешта,

82. и шејтаните, исто така, кои за него длабеа и кои работеа и други работи освен тоа; Ние постојано бдеевме врз нив.

83. И Ејуб кога го повика Господарот свој: “Мене, навистина, зло ме обзеде, а Ти си меѓу милостивите Најмилостивиот!”

84. Па Ние му се оѕвавме и го отстранивме злото што беше врз него; му ги вративме со милоста Наша семејството негово и оние кои беа слични на него - се тоа како опомена за побожните.

85. И Исмаил и Идриз и Зул-Кифл... сите беа меѓу трпеливите.

86. И Ние ги воведовме во милоста Наша... сите беа добри, навистина!

87. И Зунун кога замина намуртен... Па, помисли дека нема да го казниме, но во темниците повика: “Нема друг бог освен Тебе; славен биди Ти, јас сум, навистина, меѓу зулумќарите!”

88. И Ние му се оѕвавме и го избавивме од тешкотијата. И ете, така Ние ги избавуваме верниците!

89. И Зекерија, исто така, кога го повика Господарот свој: “Господаре мој, не оставај ме сам, Ти си, навистина, меѓу наследниците Најдобриот!”

90. И тогаш Ние му се оѕвавме и му го подаривме Јахја, а жена му ја подобривме. Да, тие брзаа во добрини и Не повикуваа и во желба и во страв; постојано ни беа потчинети.

91. И таа која ја сочува девственоста. И во неа тогаш Ние вдахнавме од духот, творот Наш, и одредивме да биде, таа и синот нејзин, знамение за световите.

92. Оваа ваша заедница, навистина, е единствена заедница, а Јас сум, навистина, Господарот ваш - та, обожавајте Ме!

93. И тие меѓусебно се разединија во наредбата нивна. Нам сите ќе ни се вратат.

94. Па, кој работи добри дела а е верник... ќе му се признае трудот негов; тоа Ние, навистина, го забележавме.

95. Недозволено е за жителите на градот кои ги уништивме да не ни се вратат, навистина!

96. Кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога сите луѓе низ стрмнина ќе се спуштаат...

97. и кога ќе се приближи ветувањето вистинско и кога очите на оние кои не веруваа ќе им се скаменат: “О тешко нам, бевме рамнодушни кон ова, бевме неверници!”

98. Вие и оние кои ги обожававте освен Аллах, навистина, ќе бидете гориво џехеннемско; во него за навек ќе престојувате.

99. А тие да се богови не би влегле во него; и сите во него за навек ќе останат;

100. тие во него ќе дишат тешко и ништо не ќе слушаат.

101. На оние кои претходеа, навистина, Ние им дадовме од доброто Наше: оние од него се оддалечија.

102. Вревата негова не ќе ја слушнат; ќе бидат во она кон што им стремат душите нивни, постојано!

103. Не ќе ги вознемирува најголемиот ужас; ќе се среќаваат со мелеките: “Ова е Денот ваш што ви беше ветен!”

104. На Денот во кој Ние ќе ги свиткаме небесата како што се витка хартија за пишување. Како што почнавме со првото создавање исто така тоа и ќе го возобновиме. Ветувањето е обврска Наша. Ние сме, токму, Извршител на тоа!

105. Ние веќе и во Зебур запишавме, по Теврат, дека земјата ќе ја наследат добрите робови Мои.

106. Во ова има, навистина, порака за луѓето кои се побожни.

107. И Ние те испративме само како милост на световите!

108. Кажи: “Ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па, ќе бидете ли, тогаш, Послушни?”

109. А ако, пак, ги свртат плеќите, кажи: “Јас веќе ве опоменав за злото, иако не знам дали е блиску или далеку она што ви е ветено.”

110. Он го знае, навистина, изговореното на глас и Он го знае, при вас, скриеното.

111. И јас не знам: тоа е можеби искушение за вас и уживање до време одредено.

112. Рече: “Господаре мој, пресуди вистински! Господарот наш, Милостивиот, е Оној од кого се бара помош против она што го опишувате.”
Odgovori


Skoči na Forum: