08-10-2023.18:32
4.СУРА
ЕН-НИСА (Жени)
Медина - 176 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
1. О луѓе, плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден човек. Од него создаде жена. И од нив расеа и мажи и жени многу. Плашете се од Аллах, со Чие име се повикувате, и меѓу роднините. Аллах, навистина, бдее врз вас!
2. Дајте го на јетимите имотот нивни, и не заменувајте го доброто со лошото, и не трошете го имотот нивни со имотот ваш. Тоа, секако, е голем грев.
3. А ако се плашите дека нема да бидете праведни кон јетимите жени, тогаш, венчавајте ги оние жени кои ви се дозволени: по две, по три, по четири. А ако, пак, се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш, доста ви е една; или со оние кои ви се дадени во сопственост. Ете, така ќе бидете најдалеку од неправдата.
4. И дајте им ги на сопругите од се срце нивните венчани подароци, а, ако пак, оние ви подарат нешто од тоа, трошете го на најдобар начин и со уживање.
5. И не давајте го имотот ваш на безумните, кои Аллах ви ги даде да управувате со нив, а имотот нивни за нивна исхрана и облека трошете го, и зборувајте им учтиво!
6. И проверувајте ги јетимите се додека не стасаат за брак, и кога ќе усетите дека се зрели, тогаш, предајте им го имотот нивни. И не трошете го расипнички и брзо додека не пораснат. Кој е богат - нека се воздржи, а кој е сиромашен - нека троши скромно. Кога ќе им го предадете имотот нивни, побарајте присуство на сведоци. Доволно е полагањето сметка кај Аллах!
7. На мажите им припаѓа дел од она што го оставиле родителите и ближните, и на жените им припаѓа дел од она што го оставиле родителите и ближните, било да е многу било да е малку: делот пропишан!
8. А ако се присутни при расподелбата од потесната фамилија, јетими и сиромашни, ним, од имотот, подарете им, и зборувајте им убави зборови.
9. А ако оние, пак, остават зад себе потомство без заштита нека се плашат. И нека се бојазливи од Аллах и нека зборуваат вистина.
10. Оние кои го јадат имотот на јетимите бесправно, навистина, фрлаат оган во стомаците свои; наскоро ќе се пржат во огнот Сеир.
11. Ете, Аллах ви остава во васиет, што се однесува до вашите деца, да им оставите: на машкото дел колку од две женски. А ако, пак, бидат женски повеќе од две ним им припаѓаат две третини од она што го оставил а ако е едно му припаѓа половина. А на родителите, за секој поединечно, шестина од она што го оставил ако има дете, а ако нема дете, во случај да го наследуваат родителите, на мајката & припаѓа една третина. А ако има браќа - на мајката и следува шестина. Ова е по васиетот и подмирувањето на долгот. Вие не знаете кои ви се поблиску, во поглед на корист, родителите ваши или синовите ваши. Тоа е наредба од Аллах. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!
12. И вам ви припаѓа половина од она што го оставаат жените ваши ако немаат дете, а ако имаат дете, вам ви припаѓа четвртина од она што го оставаат по направениот васиет со кој се одредува или по подмирувањето на долгот. А ним им припаѓа четвртина од она што ќе го оставите ако немате дете, а ако имате дете, ним им припаѓа осмина од она што ќе го оставите по направениот васиет со кој се одредува или по подмирувањето на долгот. А ако мажот и жената нема кому да остават, од нагорна или надолна лоза, а имаат брат или сестра - на секој од овие му припаѓа по една шестина, а ако ги има повеќе, тогаш, сите заедно учествуваат во третина по направениот васиет или по подмирувањето на долгот без да биде некој оштетен. Васиетот е од Аллах. Аллах е Зналец и Благ!
13. Ете, тоа се границите Аллахови. Оној кој е послушен на Аллах и на пејгамберот Негов ќе влезе во џеннетските бавчи низ кои реки течат. Во нив за навек ќе остане. Ете, тоа е победа голема!
14. А оној кој е непослушен на Аллах и на пејгамберот Негов, кој ги преминува границите Негови, ќе влезе во огнот. И во него за навек ќе остане. За него има казна срамна.
15. Кога некоја од жените ваши ќе направи прељуба побарајте четири сведоци против нив, а ако, пак, овие посведочат, тогаш, задржете ги во домовите додека не ги стигне смртта или додека Аллах не им отвори пат.
16. А ако, пак, двајцата тоа го направат, од вас, тогаш, прекорете ги, а ако се покајат и ако се поправат, тогаш, поминете преку тоа! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
17. Да, простувањето кај Аллах, навистина, е за оние кои ќе направат лошо од незнаење и кои потоа веднаш ќе се покајат - така, ним Аллах ќе им прости. А Аллах е Зналец и Мудар!
18. Простувањето не е за оние кои работат лоши дела. Кога некому од нив ќе му се приближи смртта, ќе рече: “Јас, навистина, сега се кајам.” Не е, токму, ни за оние кои ќе умрат како неверници. За нив Ние подготвивме казна болна!
19. О верници, не ви е дозволено да ги наследувате жените спротивно на нивната волја. И не нанесувајте им штета за да грабнете дел од она што им го подаривте освен ако не направат очигледно срамно дело. И учтиво однесувајте се кон нив. А ако, пак, имате некаков презир кон нив можеби во она што ги презирате Аллах ќе ви даде добро големо.
20. А ако сакате да ја замените жената со друга жена и ако нејзе и дадовте многу богатство од тоа ништо не земајте. Зарем тоа насилно ќе и го одземете. Тоа, очигледно, е грев!
21. И како ќе им го одземете кога бевте отворени еднисодруги и кога оние од вас добија цврст договор за брак.
22. И не венчавајте ги жените кои ги венчаваа вашите бабовци. Она што беше - веќе помина. Тоа е срамно дело, гнасота и лош пат, навистина!
23. Забранети ви се да стапите во брак: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, и сестрите на бабовците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките на брат ви и сестра ви, и мајките ваши кои ве доеја, и сестрите ваши по млеко, и мајките од жените ваши, и пасторките, кои се под ваша закрила од жените ваши ако со овие имавте брачен однос, но ако со нив сте немале брачен однос, немате грев. Забрането ви е да стапите во брак и со жените на вашите родени синови и со две сестри истовремено. Она што беше - помина. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Џуз 5
24. и мажените жени, освен оние за кои ќе стекнете сопственост преку заробеништво; тоа е правило Аллахово за вас! А останатите ви се дозволени доколку посакувате, од имотот ваш, венчани подароци да им подарите, а не само блуд да направите. А жените ваши, со кои уживавте, па дајте им ја, според пропишаното, наградата нивна. И, доколку се спогодите по обврската, не ви е грев да се задоволите. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!
25. А оној меѓу вас кој не може, заради подарокот, да венча немажена жена, верничка, тогаш, нека се венча со верничка од оние девојки кои се преку заробеништво во ваша сопственост - а Аллах најдобро го знае вашиот иман - бидејќи вие сте едниодруги. Венчавајте ги, тогаш, со одобрување од нивните сопственици и дајте им ги подароците нивни учтиво како на честити жени кои не прават прељуба и кои не земаат пријатели скришно. А ако, пак, овие прават прељуба, како мажени, им припаѓа половина од казната предвидена за мажените жени. Ете, тоа е за оној од вас кој се плаши од прељуба. Но, за вас е подобро да се стрпите. Аллах е Простувач и Сомилосен!
26. Аллах посакува да ви објасни и да ве упати по патиштата по кои одеа оние пред вас, и да ви прости. Аллах е Зналец и Мудар!
27. Аллах посакува да ви прости, а оние кои се поведуваат по страстите, посакуваат да ве турнат низ стрмнина голема.
28. Аллах посакува да ви олесни, а човекот е создаден слабичок.
29. О верници, не трошете го еднисодруги имотот ваш на недозволен начин. Трговијата, ако еднисодруги се договорите, не ви е забранета. И еднисодруги не убивајте се. Аллах, навистина, кон вас е Сомилосен!
30. А на оној што ќе го направи тоа насилно и неправедно Ние ќе го фрлиме во огнот. Ете, тоа за Аллах е многу лесно!
31. Ако ги избегнувате големите гревови, кои ви се забранети, Ние ќе ви ги простиме малите гревови, и ќе ве воведеме низ благороден влез.
32. И не тежнејте кон она со што Аллах ве одликува еднинадруги. На мажите им припаѓа дел од она што го спечалија, а и на жените им припаѓа дел од она што го спечалија. Барајте од Аллах за да ви даде дел од добрината Своја. Аллах, навистина, знае се!
33. И Ние за секого оставивме наследници на она што ќе го остават родителите и ближните. А оние со кои склучи договор - дајте им го делот нивни. Аллах, навистина, е Сведок за се!
34. Мажите се појаки од жените според она што Аллах ги одликува еднинадруги и според имотот свој кој го трошат. Па, добри жени се оние кои се побожни и кои се чувари, во скришноста, на она што треба да се чува, и во што Аллах ги чува. А за оние за кои се плашите дека нема да бидат послушни - посоветувајте ги, одвојте ги во постелата и удрете ги! А ако, пак, ви се послушни не барајте начин зло да им нанесите. Аллах, навистина, е Возвишен и Голем!
35. А ако се плашите дека и двајцата ќе се разведат, тогаш, побарајте помирител од неговото семејство и помирител од нејзиното семејство: а ако двајцата посакуваат да се помират - та, Аллах ќе ги помири. Аллах, навистина, е Зналец и Известен!
36. И обожавајте го Аллаха и ништо немојте да Му здружувате, и кон родителите, и кон ближните, и кон јетимите, и кон сиромашните, и кон соседите блиски и соседите далечни, и кон патниците, и кон оние кои со посредство на заробеништво ги поседувате - однесувајте се добро. Аллах, навистина, не ги љуби оние кои се надуени и горделиви!
37. Оние кои се скржавци и кои им наредуваат на луѓето скржавост и кои го кријат она што им го даде Аллах од добрината Своја. А за неверниците Ние подготвивме казна срамна,
38. и оние кои го делат имотот свој во очиглед на луѓето и кои не веруваат ни во Аллах ни во Денот ахиретски. Оној кој Шејтанот го има за другар, навистина, колку лош другар има!
39. А што ќе им биде ако веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и ако делат од нафаката што Аллах им ја даде? Аллах за нив знае се!
40. Аллах никому нема да направи неправда ни колку трошка. А ако направи добро Аллах ќе му го удвои и од Себе ќе му даде награда голема.
41. Како, тогаш, кога ќе донесеме од секоја заедница по еден сведок, а тебе ќе те донесеме како сведок против нив!
42. На Денот тој, оние кои не веруваа и кои не беа послушни на пејгамберот, повеќе би посакале да ги покрие земјата. Од Аллах не ќе можат да сокријат ниту еден збор.
43. О верници, не пристапувајте во намаз во пијана состојба с# додека не знаете што зборувате, ниту џунуби додека не се избањате, освен ако сте на пат. А ако сте болни и ако сте на пат, или некој изврши нужда или пак се состанете со жените, а не најдете вода, тогаш, земете тејеммум со чиста прашлива земја. Со неа, со испрашените раце, допрете ги лицата ваши и рацете ваши. Аллах, навистина, е Помилувач и Сомилосен!
44. Не ги гледаш ли оние на кои им е даден дел од Книгата како работат со беспаќето: посакуваат да скршнете од правиот пат.
45. Аллах најдобро ги знае непријателите ваши. Аллах е Доволен Заштитник и Доволен Поддржник!
46. Од Евреите има кои го одземаат вистинското значење на зборот и зборуваат: Чувме ама не сме послушни” или: Чуј ама никој нека не те чуе” или: Дај ни предност,” превртувајќи со јазиците свои и напаѓајќи ја верата. А кога тие би рекле: Слушнавме и послушни сме” и: Чуј, и погледни не!” ќе беше тоа, тогаш, подобро за нив, и поисправно. Но, Аллах ги проколни заради неверството нивно. Меѓу нив веруваат само малкумина.
47. О вие, на кои ви е дадена Книгата, верувајте во она што Ние го објавивме, што е Потврда за она што веќе е при вас, пред Ние да ги избришеме лицата и не им дадеме изглед како што е задната страна или пред да ги проколниме онака како што ги проколнивме претставниците на Сабота. Наредбата Аллахова е делотворна!
48. Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а се, освен ова, простува кому сака. А оној кој Му здружува на Аллах здруженик, тој, лажејќи, прави голем грев.
49. Не ги гледаш ли оние кои ги чистат своите души? Но, не! Аллах чисти кого сака. И ним не ќе им се направи штета ни колку голушка урмина.
50. Гледај како фрлаат лага врз Аллах. Ова е доволно за да се направи јасен грев!
51. Не ги гледаш ли оние на кои им е даден дел од Книгата како веруваат и во волшебништво и во Тагут, и кои зборуваат за неверниците: Овие се поисправни од оние кои веруваат исправно.
52. Тие се оние кои Аллах ги проколни: а на оној што ќе го проколни Аллах - тој никогаш не ќе најде поддржник!
53. Или кога оние би им дале удел во власта, тогаш, ни најмалку нема да даваат на луѓето,
54. или им завидуваат на луѓето за она што им го даде Аллах од добрината Своја. И на семејството Ибрахимово Ние му дадовме и Книга и Мудрост и власт голема!
55. Па, од нив имаше и кои веруваа во тоа и од нив имаше кои одвраќаа од тоа. Џехеннемот Сеир е доволен за нив!
56. На оние кои, навистина, не веруваат во ајетите Наши ќе ги фрлиме во огнот, сигурно: Кога кожите нивни ќе се испечат Ние ќе ги замениме со други кожи за да ја искусат казната. Аллах, секако, е Силен и Мудар!
57. На оние кои веруваа и кои работеа добри дела Ние ќе ги воведеме во бавчите џеннетски низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат, и за нив во Џеннетот има чисти жени, и Ние ќе ги воведеме во сенка ладна.
58. Аллах, навистина, ви наредува да им ги дадете на луѓето аманетите нивни, и кога ќе судите меѓу луѓето да судите праведно. Советот со кој ве советува Аллах, секако, е најдобриот. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!
59. О верници, бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот и на оние меѓу вас кои ви се претпоставени. Ако не се согласувате во нешто, доколку верувате во Аллах и во Денот ахиретски, тогаш, обратете се до Аллах и до пејгамберот. Ете, тоа е најдоброто објаснување!
6о. Не ги гледаш ли оние кои мислат дека веруваат во она што ти се објавува и во она што беше пред тебе објавено; посакуваат да им се суди пред Тагут а веќе им беше наредено да не веруваат во него. Шејтанот сака да ги талне во беспаќе далечно.
61. И кога ќе им се каже: Дојдете кон она што го објави Аллах и кон пејгамберот - ќе ги видиш дволичните како сосема одвраќаат од тебе!
62. Па, како ќе биде кога ќе им се случи несреќа заради она што го направија рацете нивни? Потоа ќе ти дојдат, колнејќи се во Аллах: Ние само сакаме да направиме добро и да има разбирање.”
63. Оние за кои Аллах знае што има во срцата нивни. Не обрнувај им, тогаш, внимание, посоветувај ги и кажи продорни зборови!
64. Ние испративме пејгамбер само да му се биде послушен со одобрението Аллахово. А оние кои направија зулум за себеси да дојдат кај тебе и да побараат, навистина, прошка од Аллах и за нив пејгамберот да побара прошка - ќе видат дека Аллах е Простувач и Сомилосен!
65. Но, не! Се колнам во Господарот твој! Оние не ќе веруваат се додека не те именуваат за судија за она за што се расправаат еднисодруги, се додека, потоа, не усетат во душите свои - за она за што ќе им пресудиш - теснотија, и се додека потполно не се предадат.
66. А Ние да им пропишавме: “Убивајте се!” или: “Истерувајте се од огништата ваши” - тоа ќе го направеа само мал број од нив. А да постапеа според она со што се советуваа ќе беше подобро за нив и ќе беа поцврсти во верата,
67. тогаш ќе им дадевме, од Наша страна, награда голема,
68. и Ние ќе ги насочевме по патот вистински!
69. На Аллах и на пејгамберот послушните ќе бидат со оние кои Аллах ги дарува со добрината Своја: пејгамберите, искрените, шехидите и добрите. Е, само колку добри другари се тие!
70. Ете, тоа е добрината Аллахова; доволно е што Аллах знае!
71. О верници, не напуштајте ги претпазливостите ваши, тргнете во мали дружини или тргнете во големи дружини!
72. Од вас има, навистина, и такви кои ќе се откажат и кои, ако ви се случи несреќа, велат: “Аллах ме дарува со Неговата благодат со тоа што не бев со нив присутен,” -
73. а, ако, пак, ви се случи да победете, со добрината Аллахова, ќе речат, сосем сигурно, како да немаше никаква љубов меѓу вас и меѓу Него: Каква штета, па, да бев со нив ќе имав добивка голема!
74. Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет. А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема!
75. И што ви е па не се борите на Аллаховиот пат за потлачените: мажите, жените и децата кои зборуваат: Господаре наш, извади не од оваа населба чии жители се насилници; помогни ни Твојот удел да ни биде заштитник, и помогни ни Твојот удел да ни биде поддржник!
76. Оние кои веруваат се борат на Аллаховиот пат, а оние кои не веруваат, се борат на шејтановиот пат. Борете се, тогаш, против пријателите шејтански. Сплетката на Шејтанот, навистина, е слаба!
77. Зарем не ги виде оние на кои им е речено: Запрете ги рацете, намаз извршувајте и зекат давајте! И бидејќи им беше пропишана борбата, една дружина меѓу нив се застрашуваше од луѓето, како што е застрашувањето од Аллах, или некое застрашување уште посилно, велејќи: Господаре наш, зошто ни пропиша борба? Да не поштедеше до едно време блиско?Кажи: Уживањето на овој свет е мало. За богобојазливиот... та, Ахирет е подобар. Нема да ви се наштети ни колку фитилот.
78. И каде било да се најдете... та, смртта ќе ве стигне. Па, било да сте и во кули високи. А ако ги снајде добро зборуваат: “Ова е од Аллах”, а ако, пак, ги снајде зло, зборуваат: Ова е од тебе” Кажи: Се е од Аллах.” Но, што е со оние луѓе? Ни малку не разбираат од говорот?
79. Секое добро што ќе ти се случи - та, од Аллах е, а за секое зло што ќе ти се случи - та, од тебе е. Ние за луѓето пејгамбер испративме. Доволно е што Аллах е Сведок!
80. Оној кој е послушен на пејгамберот тој е послушен и на Аллах. А оној кој ги врти плеќите - та, Ние не те испративме како нивни чувар!
81. Оние зборуваат: Послушност!” И кога те напуштија една дружина меѓу нив, тогаш, ноќе, замислуваат нешто друго. А Аллах го пишува она што го зборуваш во сон. Избегнувај ги! Потпри се врз Аллах! Аллах е Доволен Закрилник!
82. Зошто оние не размислуваат за Кур’анот? Да беше тој од некој друг, а не од Аллах, во него ќе најдевте сигурно несогласија големи.
83. А кога ќе им дојде некоја вест за безбедноста или за загриженоста ја разгласуваат. А ако ја пренесат на пејгамберот или на оние меѓу нив, кои наредуваат, би го знаеле оние меѓу нив она што би можеле да го знаат. А добрината и милоста Аллахова да не е кон вас, освен мал број, ќе го следевте Шејтанот.
84. Па, бори се на Аллаховиот пат - одговорноста твоја е само твоја - и поттикнувај ги верниците. Само Аллах може да ја допре силата на оние кои не веруваат. Силата и казната Аллахова се најјаки!
85. На оној кој се залага за добро посредување му припаѓа еден дел од тоа, а на оној кој се залага за зло посредување му припаѓа дел од одговорноста за тоа. Аллах бдее над се!
86. А кога ќе бидете поздравени, отпоздравете и вие со поздрав уште подобар или возвратете го истиот. Аллах, навистина, ќе пресуди за се!
87. Аллах, нема друг бог освен Него! На Денот суден, во кој нема сомнение, Он ќе ве збере. А кој има од Аллаховите зборови поискрени!?
88. Што ви е па да се одделите во две дружини во врска со дволичните? А Аллах ги потисна заради она што го спечалија. Посакувате ли да го упатите оној кого Аллах го остави во заблуда? А оној кого Аллах го остава во заблуда никогаш не може да го најде патот!
89. Оние би сакале вие да бидете неверници како што оние се неверници: да бидете еднакви. Па, нив не земајте ги за заштитници се додека не се иселат на Аллаховиот пат. А ако ги свртат плеќите - тогаш, пофаќајте ги и убивајте ги каде било да ги најдете. Од нив не земајте ни заштитник ни поддржник!
90. освен оние кои ќе се сокријат кај племе помеѓу кое и вас има договор, или кои вам ќе ви дојдат а не си дозволуваат нивните срца да се борат против вас или, пак, да се борат против луѓето свои. А Аллах да сака моќта нивна ќе ја управи против вас и оние, тогаш, ќе се борат против вас. Па, ако не ве задираат и ако не се борат против вас - и ви понудат мир, Аллах не ви даде за право да бидете против нив.
91. Вие ќе наоѓате и други кои посакуваат да бидат безбедни кај вас и кај луѓето нивни. Секојпат кога ќе се повикаат кон сплетка ... та, прифаќаат. Па, ако ве задираат, и ако не ви нудат мир и ако не ги спуштат рацете, тогаш, пофаќајте ги и убивајте ги каде било да ги стигнете. Што се однесува до нив, Аллах ви дозволува против нив јасна власт.
92. Верник не може да убие верник освен по грешка. Оној кој ќе убие верник погрешно, тогаш, треба да ослободи еден роб верник и да даде крвнина на членовите од неговото семејство освен ако не ви се смилуваат. А ако е од оној народ кој ви е непријател а е верник треба да се ослободи роб верник. А ако е од оној народ меѓу кого и вас има примирје нека даде крвнина на членовите од семејството негово и нека ослободи роб верник. Па, ако не најде, нека пости два месеца, едензадруг, барајќи прошка од Аллах. А Аллах е Зналец и Мудар!
93. А оној које ќе убие верник намерно, тогаш, казната негова е Џехеннемот. Во него за навек ќе остане. Аллах врз него ќе го разлее гневот Свој, ќе го проколни и ќе му подготви казна голема.
94. О верници, кога ќе тргнете на Аллаховиот пат мислете добро, и на оној кој ќе ви упати поздрав, не велете му: “Ти не си верник!” Ги барате ли добрата од животот на овој свет? Па, кај Аллах има богатство големо. И вие порано бевте како нив па Аллах ви даде предност. И мислете добро! Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!
95. Не се еднакви верниците кои остануваат дома - освен неспособните - и оние коие се борат на Аллаховиот пат и со имотот свој и со животот свој. Оние кои се борат на Аллаховиот пат, и со имотот свој и со животот свој, Аллах ги одликува со еден степен над оние кои остануваат дома. И како било, Аллах на сите им вети награда. Аллах ги одликува со награда голема оние кои се борат над оние кои остануваат дома;
96. со степените Негови, прошка и милост. Аллах е Простувач и Сомилосен!
97. На оние кои ќе си нанесат зло за себеси, мелеките кога ќе им ги земаат душите, ќе им речат: “Што беше со вас?Ќе речат: Бевме потчинети на земјава”. Ќе речат: Не беше ли земјава Аллахова широка да не можете да се иселите? Па, Џехеннемот е престојувалиштето нивно. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
98. Освен за немоќните мажи, за жените, за децата кои не можат да се снајдат и кои не можат да се управат по патот.
99. Ним Аллах, има надеж, да им прости. Аллах е и Помилувач и Простувач!
100. Оној кој ќе се исели на Аллаховиот пат на земјата ќе најде многу места и простор. А оној кој ќе излезе од својот дом, иселувајќи се кон Аллах и пејгамберот Негов и кого ќе го затекне смртта, наградата негова е - Аллахова. А Аллах е Простувач и Сомилосен!
101. А кога ќе кренете на пат по земјата, ќе немате грев да го скратите намазот. И ако се плашите дека неверниците, ќе ви направат сплетка. Неверниците се, навистина, ваши очигледни непријатели!
102. А кога ќе се најдеш меѓу нив и кога ќе извршуваш намаз со нив, една дружина од нив нека клања намаз со тебе, и нека го земе оружјето свое. Кога ќе паѓате на сеџде, тогаш, нека оние бидат зад вас, и нека дојде друга дружина која не извршила намаз и нека изврши заедно со тебе, и нека го земе оружјето и нека внимава зашто неверниците би сакале вие да не внимавате на оружјето ваше и на товарот ваш па да навалат врз вас во еден замав. Немате грев ако сте спречени од дожд, или ако сте болни, да го положите оружјето ваше, но, сепак, бидете внимателни! Аллах, навистина, на неверниците им подготви казна срамна!
103. А кога ќе донесат одлука за намаз, тогаш, споменувајте Го Аллаха и стоејќи и седејќи и лежејќи. А кога сте безбедни, тогаш, навистина, намаз извршувајте. Намазот за верниците, секако, е пропишан во време одредено.
104. И во потрагата на непријателите не малаксајте! Ако, според тоа, вие поднесувате бол... па и тие, навистина, поднесуваат бол, онака како што и вие поднесувате. Вие од Аллах се надевате на она што тие не се надеваат. Аллах, секако, е Зналец и Мудар!
105. Ние, навистина, ти објавивме Книга со вистина за да судиш меѓу луѓето со она што Аллах ти го обелодени... И немој да бидеш оптоварен со предавниците!
106. И барај прошка од Аллах. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
107. И не расправај за оние кои самите себеси се изневерија! Аллах, навистина, не го љуби изневерникот и грешникот!
108. Бараат да се скријат од луѓето, а не бараат да се скријат од Аллах, и Он, токму, е со нив и кога дрдорат зборови со кои Он не е задоволен. Аллах го опфаќа она што го работат!
109. Ете, вие сте тие кои разговарате со нив за овој свет, но пред Аллах, на Денот суден, кој ќе разговара со нив? Или кој ќе биде закрилникот нивни?
110. Оној кој сработи зло или кој себеси си наштети, потоа побара прошка од Аллах - ќе го најде Аллаха Простувач и Сомилосен!
111. Оној кој ќе спечали грев, навистина, ќе го спечали за себеси. Аллах, секако, е Зналец и Мудар!
112. А оној кој ќе спечали пропуст или грев па го припише на оној кој не е крив, јасно, ќе понесе и клетва и грев.
113. А да не беше добрината Аллахова кон тебе и милоста Негова една дружина од нив имаше намера да те натера во заблуда, но оние самите себеси во заблуда се натераа, и во ништо не ти наштетија. Аллах ти објави и Книга и Мудрост, и те поучи со она што не го знаеше. Добрината Аллахова кон тебе, навистина, е голема!
114. Нема никакво добро во состаноците нивни тајни освен оној кој наредува садака или јавно добро или слога меѓу луѓето. А на оној кој ова го работи заради задоволствата Аллахови Ние ќе му дадеме награда голема!
115. Оној кој ќе се одвои од пејгамберот, бидејќи му беше објаснет Патоказот, и кој ќе следи друг пат од оној на верниците, Ние ќе го свртиме онака како што се врти тој: ќе го фрлиме во Џехеннемот. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
116. Аллах, навистина, нема да прости да му се припише здруженик, а ќе прости, кому сака, с# друго освен тоа... Оној кој му припишува здруженик на Аллах веќе паднал во беспаќе далечно.
117. Оние повикуваат освен Него: се повикуваат на жени кипови, се повикуваат само на Шејтанот непослушен:
118. Аллах него го проколни. Рече: Ќе им го одземам, сигурно од робовите Твои, делот пропишан.
119. И сосем сигурно ќе ги скршнувам, и сосем сигурно ќе им донесувам лажни надежи, и сосем сигурно ќе им наредувам, и сосем сигурно ќе му ги сечат ушите на добитокот, и сосем сигурно ќе им наредувам па ќе го менуваат творењето Аллахово.” А оној кој ќе го земе Шејтанот за пријател, а не Аллах, ќе се нурне во пропаст очигледна.
120. Он им нуди ветувања и ги изневерува. А Шејтанот ветува само измама.
121. Пребивалиштето нивно е - Џехеннемот. И од него не ќе можат да се спасат.
122. На оние кои веруваат и кои прават добри дела Ние ќе ги воведеме во бавчи џеннетски низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат. Ветувањето Аллахово е - вистинско ветување. А кои се поискрени зборови од Аллаховите!?
123. Тоа не зависи ни од желбите ваши ни од од желбите на Следбениците на Книгата. Кој ќе направи зло ќе се казни и не ќе најде, освен Аллах, ни заштитник ни поддржник.
124. И оној кој ќе направи добро дело, верник: машко или женско... онаквите ќе влезат во Џеннетот и не ќе им се нанесе зло ни колку голушка од урма.
125. А кој има подобра вера од оној кој го предава лицето на Аллах, а доброчинител е? Ја следи чистата вера Ибрахимова. А Аллах Ибрахима го прифати за пријател!
126. И се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах опфаќа се!
127. И оние бараат од тебе решенија во врска со жените. Кажи: “Аллах ви донесува решение за нив - и она што ви е кажувано во Книгата - и за жените јетими на кои вие не им го давате она што е пропишано, а вие сакате да склучите брак, и за нејаките деца - и кон јетимите да бидете праведни. И за секое добро кое ќе го спечалите - па, Аллах, навистина, го знае тоа!
128. Ако некоја жена се плаши од безверието на нејзиниот маж или од рамнодушноста - тогаш, немаат грев да се склучи договор меѓу нив; договорот е најдобар, зашто душите се наклонети кон лакомост. Ако правите добро и ако се плашите - Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!
129. И колку да сакате вие никогаш не ќе можете праведно да се однесувате кон жените ваши. Кон никаква наклонетост, тогаш, не понесувајте се, една од нив во неизвесност да ја оставите. А, ако се договорите и ако се плашите, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
130. Ако двајцата се разделат, Аллах од дарежливоста Своја, ќе им даде во изобилие. Аллах е Неизмерен и Мудар!