09-10-2023.16:51
СУРА
“ЕЛ-ХАКК” (Час неизбежен)
Мекка - 52 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. Час неизбежен!
2. Што е тоа Чаз неизбежен?
3. Е, па, знаеш ли ти што е тоа Час неизбежен?
4. И Ад и Семуд кијаметот го сметаа за лажен!
5. Па, што се однесува до Семуд... беа уништени со гласот силни,
6. а што се однесува до Ад... беа уништени со ветрот кој фиука гласно и кој метеж остава!
7. Кој дојде да ги потчини нив седум ноќи и осум дена без прекин. . , па да ги видиш луѓето покуткани како да се трески урмини, попаѓани?
8. Па, гледаш ли дали остана трага од нив?
9. И фараонот и оние пред него, оние кои ги рушеа градовите, доаѓаа со гревови.
10. И тогаш беа непослушни кон пејгамберот на Господарот свој и така Он ги погоди со казна прекумерна.
11. И бидејќи водата надојде Ние ве понесовме во бродот,
12. за да ја направиме, секако, опомена за вас, и увото што слуша да ја слуша.
13. И кога ќе се дувне во Сурлата со дувеж еден,
14. и кога земјата ќе биде разнесена а брдата расфрлани со удар еден...
15. на Денот тој,тогаш, ќе се случи пропаста на светот!
16. И небото ќе испука и тоа, на Денот тој, ќе биде кршливо,
17. а мелеките ќе бидат на чошињата негови и ќе го носат престолот, на Господарот твој, на Денот тој, над нив, осум мелеки,
18. на Денот тој вие ќе бидете претставени и ништо од вас не можете да скриете.
19. Па, што се однесува до оној со дадената му Книга, во неговата десна рака, ќе рече: Еве, читајте ја оваа книга моја.
20. Јас, навистина, замислував дека ќе си полагам сметка.
21. И тој ќе биде во животот задоволен,
22. во Џеннетот возвишен,
23. чии плодови ќе му бидат блиску -:
24. “Јадете и пијте, и пријатно нека ви биде за она што го работевте во деновите што минаа.”
25. А што се однесува, пак, до оној со дадената му Книга, во неговата лева рака, ќе рече: О тешко мене! Е, да не ми беше дадена Книгава!
26. Да, не знаев за моево полагање сметка!
27. О тешко мене! Само смртта да ме докрајчеше!
28. Богатството мое ништо не ми користи;
29. се што е мое отиде во пропаст.
30. Земете го и,тогаш, заковајте го,
31. а, потоа, во огнот, пржете го,
32. а, потоа, во синџири, седумдесет лактови долги, врзете го,
33, тој, навистина, не веруваше во Аллах, Голем,
34. а ниту, пак, поттикнуваше да се нахрани сиромавиот...
35. Па, денес за него, овде, нема пријател близок,
36. а ниту храна друга, освен загадотина,
37. што ќе ја јадат само грешниците.”
38. Но, не! Јас се колнам во она што го гледате,
39. и во она што не го гледате...
40. тоа, навистина, е Говор објавен до пејгамберот благороден;
41. не е Говор на поет; малкумина верувате!
42. а не е Говор ни на волшебник; само малкумина се сеќавате.
43. Тоа е Објава од Господарот на световите.
44. А да зборуваше против нас зборови некакви,
45. Ние ќе го фатевме за десната рака, силно,
46. а потоа ќе му ја пресечевме вената што куца
47. и никој меѓу вас не ќе можеше да го спаси.
48. Кур’анот е Опомена за богобојазливите, навистина!
49. Да, Ние знаеме дека меѓу вас има лашковци,
50. и тој ќе биде хасрет за неверниците!
51. Куранот, навистина, е Вистина,
52. па, слави Го, со името, Господарот Голем!